Пола од времето што го трошат за политички пропаганди на фејсбук да го трошеа за факултет и учење, ќе си ги оправдаа работните места кои ги држат и ќе направеа нешто добро за себе пред се, па и за општеството. Преплавност со политика и линкови на нивните партиски челници, те едните те другите. Добро остана ли некој без партиска книшка во општеството, и на домашните миленици да можеа ќе им извадеа. Згорзена сум и исплашена да ви кажам право, колку вреди човековиот глас и достоинство... Посебно што оваа појава полека но сигурно ни стaнува "нормална" и прифатлива. Е мене не ми е, ниту пак сакам да ми стане нешто на што ќе замижам.
Не знаете колку многу сум благодарна за се што имам,се што ми дал Бог. Имам прекрасни родители,сестра,гледам,слушам,зборувам,одам...и за крај го имам најдобриот партнер до мене.Секогаш е до мене и вчера ми го потврди тоа сигурно,секогаш ми помага да излезам од некаков проблем,депресија.Ме поддржува,ме чува,ми верува и ме сака многу,што уште да побарам ? Покрај него се чувствувам толку многу сигурна,заштитена и сакана...не се опишува со зборови. Благодарна сум за се и сите,ги чувам. Ти благодарам за се Господе,многу сум благословена со се што имам и среќна.Посакувам сите да бидете среќни како мене,сакани.Посакувам да го најдете вистинскиот партнер за вас,кој ќе биде секогаш до вас. Пријатна вечер
Ја сакам црната боја. Го сакам црното. Црно па се не види. Црно. Топла боја. Едноставна, но многу сложена во исто време. Измешано минато, измешани спомени, измешани соништа се во црно. Нив ги има во црната, таа боја ги претставува. Жалење. Тоа е нај застапено. Тагата. Црната е најдобра, ти одговара со се. А, со душата најмногу. Ќе носам црно. Топла боја е, како мене. На изглед црно, грдо им изгледа. А не ја гледаат внатрешноста на таа боја. Кои приказни ги носи.. Ќе престанам да носам црно, само кога ќе измислат потемна боја. Ја сакам црната боја.
Колкав оптимист сум,а што песни глупи слушам.Абе чоек да се расплаче .И не..неможам да ја сменам желбата да си слушам такви песни , едноставно ме смируваат. Секој ден ми е одење ваму таму,цел ден зборувам и се смеам ..па и тоа до некаде уморува.После долг убав ден си пуштам тажна песна и уживам.. И да..дрво без емоции сум да напоменам ..сум станала многу нечувствителна,нит плачам ,нит ништо .Колку би сакала еднаш да се исплачам ..да се развикам да си кажам се што ми стои на душа и да не сецкам.Но тоа сум си јас..инатливото дрво без емоции Самер Имајте убав ден
Која жена може да помалку од три саати да излезе од џамбо ? Жив пример е мајка ми.. Ете ги со татко ми се враќаат од купување, со 350 кеси во рацете, се качуваат по скали, да не дојдев на време не им бегаше да бидат утепани Де кутија ваква, де ваков балон, де онакво мендо, вакво аливче, такви пижами, се што било за бебе во џамбо, ене ги сега во ходник, само во ходник собира толку кеси Од 2 до 8 моиве не се дома, на татко ми му се смачило Мерак ми е, и јас сакав да купував, ама баш неделава најде да бидам втора смена на школо. Ги отворам кестите, аливчињата само колку се малечки, Зар толкаво мало бебето е ? 100% е колку едно шише А тетин ми баш е татко И требало на тета нешто, и бидејќи тато неможел да и однесе, му рекол на тетин да оди тој, а воедно да си го види и синот. Тетин не се ни качил до кај тета, го оставил тоа и си отишол, а тато му се јавува и го прашува Зошто не се качи ?, тетин му вели има време, цел живот ќе го гледам Ајт, утре кога ќе го видам ќе ви кажам дали е колку едно шише
Го знаете она чувство кога сакате нешто а не знаете што кога нешто ве нервира и кога не знаете што е тоа и се нервирате што незнаете што ве нервира, тух ама објаснив Кога еден саат шетате во маркет со намера да си купите нешто да јадење а излегувате со нешто сосема трето - непотребно. Кога Тој ви фали и кога сакате сега и веднаш да е тука и да го гушнете најсилно што можете.. Ете така се чувствувам денес а бога ми и наредните денови ќе биде вака .
Знаеш дека треба да бидеш на тврдокорна диета кога панталоните што си ги купила пред една недела ти се тесни Ова веќе вонредна ситуација станува,си го менувам видот од човек во мало прасе Време е за масовни промени,физички и психички Време и да дојде лето Во моментот сонувам да се шетам со фустанче,со апостолки и наочари на глава,па да си седнам со друшките на убаво коктелче,па да пливам во бесконечни води..Мераци. МИ треба простор,ми треба чист воздух,ми треба љубов,многу љубов.МИ треба да се загубам во нечии прегратки,да сонувам за големи нешта,да остварувам цели и да градам цврста иднина. А постов стана бушава азбука,ама пак никогаш не сум била во завршување на нештата,ниту пак во пишување на јасни реченици,таква сум си јас,измешана меѓу зборови Имајте убава и исполнета вечер,драги мои
Денес го гледав отварањето на Параолипијадата во Сочи. И нема од Македоноја ниту еден учесник.Барем еден да имаше ! Ги гледам американците цела баталјон,Сочи има.Корејците,јапонците,италјаните и тие не се поарни.А бе добро нека има многу.Ама и од секоја земја нека има барем по еден учсеник.Некои беа само 4-5 души,а Украина само еден имаше и си велам -Ај овие имаат барем еден учесник,ние ни тоа не го имаме.Не можеше некој да се покажи!? Али отварањето преубаво беше!Фасцинирачки беше целата церемонија! Ајде доста беше Сочи,се селиме Босна. Еве деца од Битола за пример си се! http://setaliste.com.mk/sport/fudbal/61 ... =%5B212871 Огромно Браво за Кико и Бојан ! Уште да извадите нешто дечки! Еве ги децата! Битола треба да се гордее со нив
Спојлер Ааа мојот убавеец Абе најјаки се секако дека ќе направат нештоо иначе ова за прв пат го кажувам ноо еве..3 дена не одев на училиште и испукав дома од досада ..Ми фалеа другарчињата со кои редовно си се смејме и си прајме по некое мајтапче..Но најмногу разговорот со нив..
Не сакам скап поклон. Доволна е една ружа и се надевам дека ке ја добијам. Мајки, свекрви, снаи, ќерки, жени и девојчиња среќен 8ми МАРТ И еве ви од мене на сите по еден цвет
Е многу ме нервира кога некој ќе ми каже: -Не ти честитам осми март уште не си мајка,мала си! ШТОООО? Па ја колку сум запознаена овој празник треба да се однесува на сите женски особи,а не само мајки!!!!!! Нели тогаш жените ја добиле рамноправноста со мажите( барем само формално) Тоа значи и јас го славам,а ако не сакате дадете подарок,со тој изговор,подобро не спомнувајте ништо!!!
KОГА САКАШ НЕКОЈЈ да сретниш абе ги бараш сите можни начини на свет,ама сепак мислам кога ги бараш залудно е на крај ти се појаавува особата од никде никаде ептен слуучајно затоа рекле Случајните средби се најубави добра ви ноќ девојки
Попаметниот попушта, глупавиот се нервира. Е така треба да гласи целата изрека. Затоа не се нервирајте.
Оа е тетката која е заслужна што на овој ден добивате цвеќиња и подароци, а се вика Клара Цеткин Која се борела за правата на жените.
Денес беше чуден ден.Пред се за мене.Излегов од дома рано сабајле и патот ми го пресече црна мачка.Тогаш опцув .Отидов во град,тоа што имав работа ја завршив и накај дома ме исра врап4е .Си реков тогаш: леле каков ден прво мачка па после врап4е .Е сеа е ок.Ни многу зло ни многу срека.Денов се избалансира добро е . .Искрено за утре мојот подарок за мама ке биде кремата за раце која ја порачав од Oriflame.Е сеа да не биде едно нека бидат три.Ке купам една 4околада и едно нес мало од 10 денари.Мислев да земам цвеке ама ке треба 100ден да давам .А ова ми е поевтина варијанта .Тоа го правам затоа што и те како мама ме изненади додека бев на чет на Фемина.Ми ја купила марамата која и ја покажав еднаш и ми ја стајла во кутија врзана со сламка И ми ре4е носи ја утре коа ке искачаш,срекен оми март керко а ја, ја се збунив едноставно занемев .И како да и дадам само една ствар кога заслужува повеке. Многу ја сакам,али немам некој финансии крај себе а и тие што ги имам не сакам да отидат баш за подарок на мама.
Досега за добивање подароци и не ми помогнала многу.Кога се изборила за правата требала да нагласи дека важат за сите од женски род,или сепак на луѓето повеќе им одговара самите да прават селекција,сега сум девојка_не треба поклон,требало мајка да сум?кога ќе сум мајка-ке викаат баба требало да сум и се така.Да ми е жива и здрава мајка ми само таа сватила зошто се слави 8 март и за кого се однесува,па затоа и само пд неа добивам подарок.
Какви безосетни, ограничени, зајадливи луѓе има. Mногу зборуваат, а ништо не кажуваат. Сакам и се обидувам да ги сфатам ама не бива, се повеќе се нервирам. Добро е што се наоѓаат и доста исклучоци па околностите се олеснуваат. Инаку јас сум супер. Се дешаваат по некои работи не е толку монотоно. Читам редовно ама ретко нешто да куцнам. Овој период ми е и поолн со обврски ама поубаво е кога се чувствувам продуктивна. http://www.youtube.com/watch?v=4KEEXyRL0qE
Дека им се заблагодарувам на мојте драги феминки кој вечерва ми помогнаа да се справам со мојот проблем ви благодарам девојќи што би правела без вас