Знам дека сум многу тажна кога по цел ден висам на форумов. Не дека нешто пишувам, туку читам се и сешто за да си ги отргнам мислите. Стигнав и до темите од свадба, а многу сум далеку од неа хахах. Веќе многу време пробувам да си го вратам животот во прав колосек, но на секој чекор- саботажа. Незнам ни што да пишам, само солзи ми се тркалаат од очите... Како ли залутав волку многу... Не можам никој да задржам до себе, во ниедна работа не успевам, се чувствувам толку осамено и безвредно... Како да сум заглавена во некоја видео игра и никако неможам да преминам на следното ниво...
Насам ефтина гардероба од Шутка, или на распродажба. На одмор немам 2 години отидено ама не се срамам. Имам другарки само леле немам пари а само за блуза во зара даваат 2000.знаеш ефтина, на попуст.... Си ги знам можностите, во скапи продавнищи не ни влегувам ич.
Нема коj друг да те заебе ако не твоj близок. Имам роднини од помал град. Каj што не се разбираат од нотарски работи туку ти солат памет како да го направиш ти тоа. Ем им обjаснуваш како стоjaт работите, и како на дрво да збориш. Ако мислите дека ке ме заебете мало сутра. Туку убав ден е денес. Нема да дозволам мала расправиjа да ми се уништи денот. Секогаш се си доага на свое место колку препреки и да поминете.
И повторно ќе кажам, со убави и добри луѓе се оди подмачкано! Денес си станав убаво, рано - рано, се средив, скоцкав, си отидов до маркет, си изнакупив намирници, си се вратив, си испив едно преубаво, млечно, кремасто, слатко кафенце со музиче и успат почнав нова книгичка да се релаксирам, чик лит. Имав договор со една мнооогу драга братучедка, најдрага на цел свет, повеќе од братучедка и другарка ми е. Веган е и си купивме намирници за вегетаријанска пица, па си готвевме заедно еве до пред малку, си снимавме клипчиња, кујната абе лудница од мириси и зеленчуци стана! Колку вкусни беа пиците само, ммммм И така си напраивме топ муабет, со неа секогаш имам супер дискусија, искулирано девојче без комплекси, позитивна, со многу интересни ставови, спремна секогаш да размисли и одговори на секое зошто ... Падна и нов договор за аквапарк утре и смудис за појадок, не се гледаме често, далечината си го прави тоа ама поповрзани не сме биле никогаш. Го користиме секој момент за правење нови интересни нешта, дружење, едноставно уживање. Денов преубав, релаксиран, исполнет... Одам да читнам нешто па на кафица код друга...
Ми фали една тема да се спукаме, како на пример на времето ''Во бел фустан на туѓа свадба'', да има зашто да го отворам форумот и како кокошки да си лечиме фрустрации и да си вадиме очи. Не замерувајте, пмс ме дрма а нема на кој да го исфрлам бесот...
Врнееееееееееее!!! ЛЕле колку сум среќна играв на тераса. Конечно ќе може да се дише И стомакот ме боли ниско, ако може да се олеснам уште посреќна ќе бидам,па да си се гушкам со принцезата Вчера и ги исправ алиштата и цела куќа мирисаше на нив, колку убаво, ги гушкав, ги ставав на стомакот, ја замислував како ја облекувам.. едвај чекам да ја земам во прегратка.
Она чувство кога се враќаш од одмор со препечени раце,рамена и фаца... Ми се чини дека од мене оган излегува . Иако бев на само 4 дена таму,мене ми беше преубаво,се'што е убаво кратко трае,камо да можев да останам подолго. Еден од омилените делови од патувањето ми е слушањето музика додека си гледам низ прозорецот надвор. Времето додека стигнам до одредената дестинација брзо минува,а јас занесена во песните си уживам во погледот. Си лежиш на плажа,си гледаш во езерото пред тебе,а на слушалки ечи ова : Уживанција до бескрај! Со тешко срце го распакував куферот. Денови исполнети со смеа до солзи и зезање со друштвото,шеткање,сликање,одење на плажа...па и шмекање на едни лепоти,кхм . Се вратив пред 2 часа,а веќе ми недостига тоа. Плус годинава ни придојдоа уште две другарки во друштвото и беше супер! Најинтересниот одмор досега,едвај го чекам следното лето за уште поголема забава. Туку...не ми е јасно со кој памет одат женскиве на плажа со шминка!? Еве ги и две од другаркиве мои такви... Разбирам дека секој сака да си е дотеран од глава до пети,ама на плажа одиш ,во вода влегуваш,ќе се направиш лом на лице од 10те килограми шминка. Не се оди со шминка на плажа бре,во вода влегуваш среден,излегуваш во очите ко да те избоксирал некој,наа олкави црни кругови. . Сто пати кажав без шминка доаѓајте,поарно за вас,ама не,подочниците ќе им се гледале. Ами седете си такви ко ракуни во очите кога ќе излезете од вода,your problem. Друга работа по која е многу важен е овој одмор е тоа што другарка ми конечно се виде со едно момче после долго време.Се бендисале децата,паднаа договори да се видат ииии...После прошетката,на враќање ги пречекавме фатени за рака,ај со среќа нека им е .
Влегувам кај баба во соба прелетувајќи и слушам, "ќе добијам! " од телевизорот... Кочам на контра со нога, погледнувам, турски филм гледа баба, а оваа што вика потоа " ќе те убијам! " . Сестро, ти дефенитивно имаш добиено, земи си чоколатце, сладолетче и наместо да убиваш седни си како секоја нормална... Добра ви ноќ !!!
СДП која е потребата на луѓево да се фалат, да глумат дека се богати, а доаѓаат од просечни семејства?Родителите им црнчат за едвај да им пружат одмор или партиципација за факултет... Едноставно, која е потребата да се прават нешто што не се?
Седам сама во соба, читам на кревет, прозорот отворен, а надвор слушам само штурци. И не знам зошто, ама целата атмосфера, самиот мирис на воздухот, ме потсети на семејните одмори во јули. Мислам дека сите имаме по некоја летна симпатија од тинејџерските години За мене тоа беше еден дечко што го среќавав секоја година, зашто престојувавме веднаш до неговата викендица. Прво не знаев како се вика, па додека го гледав од тераса, се обидував да му дадам име според ликот Мислев дека се вика Никола или Филип, ама на крајот дознав дека се вика Ѓорѓи. Го гледав секое лето и никако не успеав да соберам храброст да му пријдам. Се дружеше со други дечки што имаа викендици во близина, па беше тешко да се вклопам во друштвото. Сите се знаеа од мали, заедно беа по цело лето, а јас таму бев само 10тина дена. Плажата ни беше веднаш преку улица, и се сеќавам дека една вечер таму правеа некаква забава. Имаше музика, запалија оган, свиреа на гитари, а јас умирав за да отидам и да се запознаам со него. Одев по 10 пати дневно во продавница за да поминам покрај неговиот двор. Цел одмор правев планови како „случајно“ да налетам на него и да почнам муабет. Така поминуваше секоја година. Епилог на целата приказна - никогаш не се запознавме. Никогаш не го сретнав низ Скопје, а денес не знам ни како изгледа, зашто го немам видено со години. Само памтам дека беше многу добар пливач. Можеби требаше да почнам да се давам кога ќе плива во близина, па да дојде да ме спаси Шала на страна, како тинејџерка, никогаш не мислев дека ќе дојде ден кога слободно ќе правам муабет со некој тип, дека сама ќе пријдам некому, дека некој ќе ми даде телефонски број. Мислев дека никогаш нема да го победам срамот и дека ќе си останам сама Things I wish I could tell my teenage self - ќе си фатиш дечко и ти
СДК... Среќна,среќна,пресреќна..... Денес ми е роденден. Прв роденден со други размислувања, други желби. Прв роденден како МАЈКА. Можеби една година постара и со поголеми обврски ама Мајчинството нема цена.... Секој роденден,прослава или било каква веселба ја дочекувам еуфорично.А посебно родендени на моите блиски и мојот се разбира. Лани ова време бев на одмор со саканиот,а годинава го славам со двајца најсакани-маж ми и син ми.
Секогаш кога сум тажна во мислите ти се враќам ТЕБЕ. Знам дека покрај се' се грижиш за мене. Те чувстувам. Недостигаш, како по обичај. Но, те замислувам тебе и твојата широка прегратка. Не смеам да мислам на тебе, ја имаш неа. Но сепак, те мислам и ми помага сцената како те гушкам, а ти ме тешиш.
Велат убавината на животот е да си сакан. Месециве, деновиве никогаш помизерно не сум се чувствувала. Мака е да сакаш некого а да не ти возвраќа на тоа, но уште поголема мака е кога гледаш некој кога пати поради твојата невозвратена љубов, некој кој не заслужува да пати. Не знам веќе како да го утешам, не знам како да му објаснам. Мислам дека јас пред него ќе потонам. не можам да гледам како пати. Животе, зошто не си фер ?! Сите сакаме да бидеме среќни а тој го заслужува тоа. Те молам прати му ја најголемата среќа на светот, знам дека премногу барам ја имам најголемата љубов во мојот живот до мене но сакам сите да се среќни. Ми се плаче за спиење ама поради овие мисли кои ми шетаат не можам око да склопам. Не знам дали е поради проклетиот ПМС или поради сето ова што ми се насобра ама ми се одмили и спремањето на море, посакувам да заминам некаде далеку, ама овој пат сама !
When I say I understand it doesn`t mean I understand, it doesn`t mean I agree, it doesn`t even mean I`m listening.
Ја имам фатено едно моме по начинот на пишување, приказна менуваш ама тоа не можеш да го смениш де, колку си писмен, толку си... имаше 2-3 профили, имаше разни драми на секој од нив, сега гледам со еден е активна, дали се стабилизирала во животот, што како... не знам, кој што го прави среќен. На пример, ја во моментов би се усреќила од една гооооооолема чинија овошна салата, да лежам на лежалка покрај базен, да шмркам лимонада, да читам книга... Ама ладно, упм.