Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Addy

    Addy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2015
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Спиење за мене вечерва нема:bandit::(Скакулец ми влезе преку прозор и сега се скри зад шкафот:worried:
    Страв ми е да не ми скокни ке умрам.Прозорец да не можеш да си отвориш:doh:Ајде вчера вечер со пајак спиев а вечерва со скакулец.:bug:
     
    На ivanchos, QweenSM, m.i.g и 4 други им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш ми бил интересен феноменот бркање на деца од дома, откажуење у весник, закани, ќотеци и триста чуда коишто би произлегле како последица на скршнување на детето од патот којшто родителот му го има зацртано. „Детето ја посрамотило фамилијата со нешто“ ... често го слушам ова како фраза. А, тоа нешто најчесто е толку банално што боли глава. А, родителот не го посрамотил детето на пример шо му опнал ултимативна казна пошо останала трудна, или ѝ се десило нешшто друго што не би го оправдале комшиите. Мене, искрено, мислам дека детето повеќе би ме натажило на денот кога би дознала дека почнало да пуши цигари, отколку кога би дознала дека ѝ се згрешило и останала трудна додека е под мој покрив, или е со некој дечко не-одобрен од комшиите, на пример.

    Понекогаш ме интересира како би одговориле таквите луѓе на прашањето зошто имаат деца. Иако сум сигурна дека одговорот не би ме задоволил, ете, ме интересира што конкретно би навеле како причина. Абортус и оставање деца во дом било неодговорно. А откажуење и бркање, на пример, одговорно е. И така се прави детето да изгледа како една дамка што си ја исчистил од животот. Или си мислеле дека ако имаат деца, сè глатко ќе оди, евентуално повторувајќи ги нивните грешки што не е премногу страшно? Е па, не оди тоа така. Додуша и како ти се падне на играва на среќа наречена живот. Најсилниот завет за постојаност, сметам дека го даваме пред нашите деца. Сепак, ние одбираме да ги донесеме на свет, не го бараат тоа тие од нас. Не викам дека е лесно да си родител. Но, не сметам и дека е задолжително за секого, по секоја цена.
     
    Последна измена: 6 август 2015
    На samovila.red., blackstyle, eliesaab и 37 други им се допаѓа ова.
  3. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Јас одамна стојам зад ставот дека
    НЕ СЕКОЈ Е СТВОРЕН ДА БИДЕ РОДИТЕЛ

    Иако на многумина ова ѝм е болна тема, потребно е од време на време да се изнесе на 'маса', зошто баш тие таквите ги естаблираат горенаведените самопрокламирани догми.
     
    На <3 pleza4e <3, eliesaab, t-sweet и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.542
    Допаѓања:
    55.330
    Пол:
    Женски
    Вчера се осеќав како експериментално глуФче,буквално да,на мене се "вежбаа" 3 ца студенти,волонтери или што и да беа:wasntme: брее мајката,оставени сами да прават што сакаат во огромна болница како клиничката во Битола да нема доктор е срам на векот,седев на еден кревет како наркоман некој а тие 3 ца на маса,таа на средина ме испрашуваше симптоми ова она,а другите околу неа се потприја на маса и буквално си лежеа на раце,и не можеа да се согласат шо да ми прават,како да ми го решат проблемот и по 2 саати мислење и контрење ме пуштија во друго одделение,аферим бе:rofl:посреќна од мене немаше тогаш..и нека не ме сваќаат погрешно лицата од тоа поле,мислам нашиве млади феминковци кои студираат медицина,не вреѓам професија,само не ми се губи време и ми е драг животот,неможе да имаш доверба во стари доктори,грешки прават а не деца од 19-20 год:Dво тој момент се осеќав како некое стручно лице и јас,им кажав за нешто да ми испитаат стручно кажав како е , и таа едната ми вика од кај знаеш ти шо е тоа,и тој едниот вели од интернет од каде,и им викам сега на интернет ќе се излекуваш побрзо :D:D

    П.с за да си го накренам малку шеќерот моментално пијам Кока кола и ми вика сподели бакнеж со Стојан,ајде нека се јави Стојко на рецепција8-|
     
    На 2212, samovila.red., eliesaab и 19 други им се допаѓа ова.
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    Сакам да ми се случи ЉУБОВ...Голема,страсна,вистинска љубов,го молам универзумот да се погрижи за тоа фала многу...
     
    На samovila.red., Candid, eliesaab и 20 други им се допаѓа ова.
  6. purple..m

    purple..m Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Што убав ден е денес. Моето внуче полни една годинка - сонце на тета е тој. Едвај чекам да отидам после кај него, да ги видам тие мили очиња и да ме исполни со позитивна енергија уште толку! Имајте убав ден како мојот луѓе, поздравче :*
     
    На samovila.red., eliesaab, ivanchos и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Инспирацијата периодов ми е 0 ама ќе пробам да шкртнам нешто во името на третата годишнина на Форумот :)

    3 години на Фемина!!

    Форумов ми е издувен вентил, се што немам храбрст да кажам во реалниот свет го кажувам овде, запознав преубави девојки, паметни и пред се искрени прјателки.
    Секој период од животов, секоја промена, секој пораз, успех го споделував овде.

    Се надевам дека ќе има уште прекрасни моменти кои ќе ги споделувам со Вас, се надевам дека некои од Вас ќе ги запознаам лично и дека ште многу ќе се дружме.

    Во тоа име за сите по една по едно коктелче. Cheers!

    [​IMG]

     
    На samovila.red., eliesaab, QweenSM и 27 други им се допаѓа ова.
  8. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Децата се најголемото богатсво на едно семејство, кое треба да ги изгради и оформи во парави личности и да им го покаже правиот пат.......тоа го можат само родителите....
     
    На Candid, QweenSM, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 5 други им се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.271
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    До мене е, или овие здруженијава за животни стварно забегаа? Секоја чест за страста и каузата, ама пристапот им е толку агресивен што сами прават да ги игнорираш. Сите испаднавме убијци бе.

    Кај мене во маало има две мачки што редовно имаат пород. Сите им даваме храна, ама мачињата се слободни. Си наоѓаат своја територија, некои одат далеку па доаѓаат само на посета, е сега... некои не преживуваат (ќе се разболи, ќе излезе на улица...)

    Пред некое време друга (трета) мачка се омачи кај мене во двор, четири дадов во добри домови, едно остана кај мене, а уште едно мачката си посвои зашто немаше мајка... сама го прифати. Леле луѓе, кога ми се закачија овие. Кастрирај та кастрирај. Во моментов се значи 5 женки (две се мали ама ќе пораснат). Морало да ги кастрирам зашто инаку ќе роделе мачиња и тие ќе шетале, ќе ги згазеле коли и на тој начин јас сум ги убивала. Абре леле, како е убиство ако оставам да се родат и да шетаат слободно и им давам храна и внимание колку што можам? Ни ги бркам ни ги фрлам во контејнер. Да не оставам ни да се родат не е убиство. Ај некој нека ми објасни зашто јас не можам да сфатам.

    И плус, не знаете колку е добра и мила мајкава. Сега остана едно од нејзините и плус посвоеното, ама ги дои веќе подолго од вообичаено, не ги остава сами и премногу се грижи за нив. Ако ја стерилизирам (колку бесчувствителен збор!) што живот ќе има? Која ќе и’ е целта? Вака гледам дека е среќна.

    5 женки од маалово јас сум требала да ги кастрирам ако сум имала совест. По 1500 за кастрација... ама еднократен трошок било, со тоа ќе сум спасела животи. Абре ми се залепија и готово, и тоа затоа што помогнав за едно животинче што требаше да се храни, па така "ме открија" дека "дозволувам" мачки слободно да живеат како што им е во природата.

    И уште нешто упорно повторуваат - како сите касапи биле психопати. Не навлегувам во тоа, ама саламите и виршлите што им ги даваат на животните откај се? :^) Да не ги пуштаат кучињата слободно да ловат? Или вегански да не ги хранат? Ах брее, колку ги почитував порано за трудот кој го вложуваат и колку ме нервираат сега со оваа агресивна кампања по социјални медиуми. (wtf)

    Ги мислиш воздигнати индивидуи со емпатија, а толку се ограничени... чудо.
     
    Последна измена: 6 август 2015
    На samovila.red., eliesaab, ivanchos и 24 други им се допаѓа ова.
  10. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    10.474
    После два дена туфкање и мрзоволно влечкање низ куќава и официјално можам да ви честитам на сите вас што ви успева да работите од дома (wfh):| Од икс причини голготава ќе треба да продолжи и во наредните две недели па Господ нека ми е на помош со сите рокови што ми висат над глава. Мисијата репрограмирање засега е тотално неуспешна.
    Никогаш не сум сакала да си ги помешам тие две работи и секогаш сум се трудела што помалку да читам или пишувам нешто поврзано со работата одкако ќе се приберам во моите четири ѕида. Само мејл гледам, ама и за тоа се трудам до утредента да не вратам, затоа што сакам и јас, а богами и останатите да ми го почитуваат моментот на одмор и да не си добијат впечаток дека сум им достапна на тацна кога ќе си посакаат и ќе им текне. И мене ми требал некој да ми заврши нешто просто или да ми даде инфо после 5-6 попладне, па не се дрзнувам да го барам, си го потам газот сама. Дури и кога имам прекувремено работа секогаш останувам во канцеларија. Макар и 12 саати ко коњ да работам дента, ама да знам дека кога ќе си го преминам прагот дека може со сите четири у вис да поминам ако ми се сака се додека не ми заѕвони повторно алармот.
    Дома си е бре за да си шеташ по гаѓи и никој да не те замара. Е така.
     
    На eliesaab, Mama25, SV1911 и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.945
    Допаѓања:
    203.235
    Пол:
    Женски
    Изреволтирана сум... многу... секој ден се повеќе и повеќе расте мојот револт... толку млади животи отидоа, а државата со прст не мрдна да им олесни на некој начин... има пари за музеи и тркала, нема пари за помош на болните и настраданите?! Како тркалата и музеите ќе му помогнат на овој напатен народ?
     
    На eliesaab, Mama25, SV1911 и 24 други им се допаѓа ова.
  12. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Секогаш бидете спремни да помогнете некому, да промените нечиј живот .И тогаш ќе бидете сакани многу повеќе отколку што ќе очекувате.
     
    На samovila.red., eliesaab, QweenSM и 11 други им се допаѓа ова.
  13. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
    Лута сум на себе и на сите вас, тука околу мене, на ова парче земја што не правиме ништо за човечкиот живот да биде повреден од сите споменици, мостови, тротоари... Не, не сум лута, бесна сум!
     
    На ivanchos, Mama25, SV1911 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Денес се ќе измешам во темава и многу работи ќе кажам нека не ве чудат неповрзани работи ама последнава недела конзумирав дијамант маргарин (нели тој во се се меша) и затоа сега во постов се ќе измешам така ми делува маргаринот де и затоа баби и жаби на еден пост нека бидат ставени.:lol:

    Следен пат кога некоја типка ќе му се обрати на својот дечко/маж сеедно гледајќи ме во очи и потсмевајќи ми се со коментар од типот" види ја оваа" ќе застанам и ќе ја прашам што оваа? И ќе и се претставам да ја сум таа и ќе ја прашам а ти која си што се дрзнуваш кон мене да вперуваш прст а ја не те ни познавам? :fubar:

    Вчерашниот ден бев во град со пријателка од Загреб со неа се гледаме еднаш во годината но времето и разговорот секогаш ни се квалитетно поминати, секогаш има што да си кажеме на најразлични теми, се потсетуваме на некогашните спомени од детството каде сме се шетале, со кои лица сме дружеле итн.
    Тоа што замалку ќе ми ја упропастеше вечерта (ама не им го дозволив тој луксуз) беа некои коментари од некои личности од типот како погоре спомната ситуација и плус уште една ептен навредлива ситуација од пријателка со која се знам долго време од средно училиште и која довчера идеше кај мене на кафе јас најљубезно ја поздравувам, искрено мило ми беше што ја гледам, а таа во очи ме гледа и му вели на својот дечко леле колку е грдо облечена и не ни причека грбот да го свртам да не ја слушнам.:fubar:
    Горделиво си се однесував до крај на вакви глупи коментари како да не сум слушнала или како да не ми се наменети мене но мојата пријателка не остана глува на тие коментари и од само првиот ден гледајќи од страна процени ситуацијата во која се наоѓам само едно нешто ми рече секоја година си во истиот вител falleangel ти мораш да си заминеш од овој град или да најдеш повозрасни пријатели со исто интелектуално ниво како твоето ,ова што сега го видов вечерва е само слика за тоа колку се прости, невоспитани луѓето од овој град, исфрустрирани си ги лечат своите неуспеси и немоќ потсмевајќи им се на други и верувај вакви воопшто не ти ни требаат во животот.

    Кога сум сама дома без моите оро и чочек играм заедно со моите мачиња :lol:раат сме барем неколку часа и секогаш денот ми започнува убаво , пуштам музиче :music: денсам:dance:потоа зимам чистам и ја средувам куќата, си правам појадок, ручек и кафе по мој вкус, јадам, ги хранам мачкиците и на крај вртам низ тв каналите и морам да признаам навиките од детство не ми се променети уште гледам македонски народни приказни.

    Некои филмови колку и да ги гледам никогаш нема да ми бидат досадни на пример Сам дома, Училишни пластичарки, Глупавиот и Поглупавиот како и Комесарот Рекс кој денеска го загледав и ми се појави желба да си имам едно такво паметно и убаво куче.
     
    На samovila.red., eliesaab, ivanchos и 11 други им се допаѓа ова.
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.033
    Допаѓања:
    36.161
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ве пресретне онаа најмала инспирација и мотивација не ја запоставувајте.
    Убаво е да зацртате уште еден план, да сонувате уште еден сон, да ја зголемите волјата, да ги собирате плодовите на трудот...
    Но секогаш внимавајте на нештата што ги сеете зад себе. Чекорејќи напред, дел од погледот фрлете и назад за да бидете сигурни во вашите дела. Морате да ги научите правилата за да може да бидете подобри играчи од останатите.
    Тајната за успех е во умешноста да ги скриете изворите на креативност.
     
    На samovila.red., eliesaab, Annath и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    18.009
    За да не ми се расипе впечатокот, преферирам прво да ги исчитам книгите па после да ги гледам филмовите,
    Откако ги прочитав книгите, си ветив сама на себе дека кога ќе имам слободно време ќе си ги изгледам сите филмчиња од Николас Спаркс. Изгледа тоа време дојде . Ќе се затворам сама кај мене во соба со пуканки во рака , исклучувам телефон, интернет и се надевам дека никој нема да ми го прекине раатот и да ме види како цмиздрам пред монитор. (facepalm)
    Ако не си направите самите да ви е убаво, никој нема да направи.
    Имајте убава вечер.
     
    На samovila.red., eliesaab, tessie и 12 други им се допаѓа ова.
  17. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Не бе, јас не знам што функционира во државава како што треба. Претпладнево во Сити Галери во Центар налетав на пријателка и додека зборевме ни се приближи чуварот и кажа дека имало кражба. Девојкава си влегла во Теранова да си проба и оп ташната и ја снема. После десет минути уште едн гражба. Е ај ве молам објаснете ми што прават чуварите таму? А ни камери нема ... Се врткаат добро истренирана двојка, девојката краде во продавниците,а газдата ја чека надвор да му ја предаде робата. Во сред бел ден, и никој ништо не гледа..
    Внимавајте премногу девојки, добро се обучени си ја вршат работата беспрекорно. Секој ден има минимум 10 кражби. И се уште нема никакви камери, чуварите се за украс, полицијата ме реагира..
     
    На samovila.red., eliesaab, Tove Lo и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Дечко и девојка сте? - Не. *Тогаш што сте? - Ако ти кажам нема да ме разбереш... *Зошто? - Затоа што е долго и тешко за објаснување. Ама дојди и седни до мене и слушај. Не сме дечко и девојка, но се грижиме еден за друг, си недостасуваме... заедно си поминуваме преубаво... тој е дечкото која ме прави среќена.. ние сакаме да се видиме... *Епа, зошто не сте заедно?? - Тоа е животот, кој не ни дозволува да сме заедно...
     
    На samovila.red., Sanjichka007, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Да се пофалам, денес ни се роди уште една гордост на мајка и татко во друштвото.
    Па да ве почестам, многу сме среќни :sun: :inlove: ,
    mekici.jpeg
    еден за сите , сите за еден финционираме во друштвото, т.е нашите мажи, ние жените по комплицирано. Како и да е им се чудам за блискоста и после 20 години се дружат интезивно и се трудат да не се оддалечат без разлика на сите семејни и работни проблеми и обврски. Имаат многу поголемо пријателство отколку нас жените.
    Многу сум размислувала на темава и дојдов до еден заклучок: дека ние жените не само што сме поразлични и покомплицирани, туку имаме и многу повеќе обврски отколку нив па затоа, страна, на женската комплицираност, и да сакаме неможеме толку да живееме и да се гледаме, мажите како мажи работа, дома, кафеана :makeup: а жените работа дома деца работа. Шта чеш?!(waiting) :yawn:
    Се наканивме бар еднаш да појдеме на кафе, за кејфот на мажите, ни се качија над глава, но не успеавме бидејки детенцето од пријателката се раскенкави, и толку остана. Дај боже за бољи дани некогаш можеби ке отидеме. :!: А можеби и нема...
    Денеска ми беше поспецијален ден бидејки како и за тоа бебенце и за сите други се радувам како за свое..а кој не би се радувал за мали невини душички, дај боже посакувам сите да си имаме и да ја искусиме таа радост во животот, всушност мое мислење и став е дека всушност и за рожба и љубов живееме, се раѓаме, играме пееме, се образуваме, се шетаме лудуваме, се заљубуваме и животот го продолживаме за рожба ...љубов ....
    Тука е и работата, каде што сметам дека не одржува во животот, животот не би имал смисла да го поминеме седејки дома, работа пријатели и пари на никој не е на одмет.
    Она чуство кога еднаш или два пати годишно ќе се збереме цело друштво на куп, преполно со зафраканции, пиење јадење, дрижба, смеење е неописливо, тие моменти ке ги паметам засекогаш во животот, и дај боже се да е за добро и уште многу заеднички дружби да имаме.
    Пријателите и психата одат заедно како мултивитамин. :inlove:^_^
     
    На samovila.red., Mrs.Bass, eliesaab и 21 други им се допаѓа ова.
  20. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Знаете во моментов ми се посакува одмор ама тооолку многу, одмор во смисла на одмор на море / езеро.
    Овој крај на јуни / почеток на јули го заборавив. Обично после секој бурен период, со обврски, мал милион случувања, нови луѓе, креативност, духовитост, па и згора на се прекрасните дружења и Црногорски луѓенца...

    И како да не бидам на раб на депресија после ваков хаотичен јули ? Work & pleasure, баш. :nod:(hollest)

    Така ми се посакува да помине неделава со сите пропратни срања, па фино да си отидам со моите недела дена на кулирање. Да си ги обновиме семејните завети, а нема ништо поубаво од хармонија во семејството.

    Па наутро покрај езеро, шеткање, џогирање, може и ролерки да си земам. :wasntme: Never try, never know. 8-|

    Па фино доручече, замислете само кроасанчиња тазе од пекара со кафенце, онакво кремасто, млечно, слатко, големо... Јаготка на шлагот е семејниот дух.
    Отсекогаш сум ги сакала семејните оброци. Веројатно дека не сме често сите заедно, секој со свои обврски и тие ретки ручеци ни се нешто најслатко... А пак да знаете какви манџи прави татко ми, уфф прсти да излижеш... И лазањата на мајка ми... :smirk::angel:

    Па следи одма после тоа пакување сендвичи ( со татко ми сме задолжени за тоа ), подготовка за на плажа, па цееел ден излежување на песок, возење со педалинки, изграње карти, по некое пивце со семки, кафиња... Или пак ако немаме сендвичи одиме во ресторант на ручек и се враќаме на плажа до доцните попладневни часови...

    Туширање, средување, вечери, луна парк ... :inlove:

    Фората за постов ми беше една преубава фотка која случајно ја сретнав, поставен појадок, кроасанчиња и кафенце на преубава цветна тераса со поглед на море... Во последно време поим за совршенство од појадок ми е кроасан со кафе. И убав поглед со убави луѓе, секако.

    Затоа што убавите моменти се споделуваат со најмилите... :l:
     
    На eliesaab, mila89, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.