Знаете што сфатив? Колку оооодамна ама баш оооодамна се немам асолно 'издувано' (изнаиграно и изнапеено) и убаво поминато. Ама така добра ЖУРКА ми фали. Толку сум се заозбилила бре. На 24 бетар од филозоф сум се направила. Цццц... Особено рок, да земам да ја измавам косава нанапред и наназад. И притоа никој да не ме познава. Арно рече една членка погоре, ако не си го направиш животот забавен-ништо. Не чекај некој друг да ти го направи.
Нема нешто поубаво од оној момент кога мал и спонтан коментар од тебе, ќе предизвика нечија насмевка од која зрачи чувство на пријатно изненадување, задоволност од себе и свесност за некој свој квалитет... Без разлика дали ќе предизвикаш личноста дискретно да се наведне и да погледне што тоа убаво носи денеска, ќе стане свесна за свој талент за нешто што ја бива а срамежливо вели дека е само хоби, или за својата интелигенција и зрелоста на своите ставови. Едни од бесплатните, а бесценети нешта на овој свет од кои сите имаме потреба, се убавите зборови... а уште попрекрасно е чувството кога се упатени на скромни луѓенца, несвесни за својата убавина - без разлика дали надворешна или внатрешна.
Не можам да ја тргнам насмевката од моето лице, но и тврдоглавоста. Не е мој тип воопшто, не ги има карактеристиките што ги сакам кај еден маж, не зборува, не правиме длабоки разговори, не е опуштен, многу е срамежлив, а убаво ми е со него. И додека на сите им велев дека нема шанси пак да излезам со него, еве после месец дена сеуште се гледаме. Постојано му ги барам маните, очекувам во секој момент да згреши нешто. Го бркам со муабети дека не сакам да сме официјално заедно, а всушност само се плашам да пуштам некој да допре до мене. И најлошото, се прашувам како Д. ќе го прими ова. Кретен сум, знам.
Сакам да подарувам. Сакам да ги правам луѓето среќни. Се шетав низ Охрид и случајно на една тезга ја здогледав книгата што другарка ми одамна ја бара. Појдов и ја купив и неможев да дочекам да ја видам и да ја изненадам. Не се опишуваше таа нејзина насмевка, таа среќа.. Па силната прегратка.. Чиниш целиот свет сум и го подарила. "Jaнг, прекрасна си! Толку многу те сакам!“ - ми рече. Душата ми се наполни. И знам, го напишав постов како кој знае што да се случило, а е сосема мала работа. Ама ако. Затоа што среќата е во малите нешта!
Ова моево "нормално" да и се случува на некоја друга девојка ќе полуди. Да ме гледа што правам некој што не ме познава, ќе мисли дека јас сум полудела.
Кога бев девојка многу се занесував..ама ептен.. Секое лето пред да одам на одмор со недели собирав ВИКЕНД РОМАНИ , незнам дали се сеќавате на нив... Да имам за 10 дена , за секој ден по едно...оти по 50 страни се, одма се читаат Во секој викен роман главната хероина беше мирна , скромна и на крај ќе и се закачеше некој богат вдовец или ерген или некој чиј развод е во тек и обавезно човекот имаше вила на море па одеа заедно таму Додека на плажа ги читав романчињата ако нешто ми засенеше над мене, одма помислував дека и мене некој таков ме нашол. Сега баш ми текна и неможам да се изначудам на глупоста моја... Младост-лудост.
Парче душа и сите можни нијанси на акварелни бои прават некаква слика. Невидлива и таинствена за нечии мисли, а за мене претешка до изнемошеност. Имам две четки. Едната е наводно нова и лаички ја користам како апликатор, а другата е со подебела и поцврста структура. Стара е и се уште употреблива, лежи на дното... а драга ми е и грижливо ја чувам. Со неа ги бојадисувам изградените темели создадени во духот на едно изминато време и ја одржувам цврстина со надеж да ја победам новата ера со нејзината развратна и изопачена пресметка на вредностите. Наивно е да се верува дека се добива битка од доминација на темнината кога на теренот се отвора фронт од непозната мешаница. Се почесто ми се заморни сите тие потези на влечење на четката, барање поинакви контури и блендање на чувствата кои си навлекле светлина според тежината на бојата. Се гледам себе си распослана на тло како безволно трагам по најсветлата од присутните, а секаде само микс од шаренила. Светлината е помрачена... Ѕидовите бараат нови линии по современи стандарди. Посегнувам по апликаторот и почнувам да цртам. Го будам уметникот во мене каков што не го познавам. Иксривени и бледи линии ми излетуваат на душата, бојам со стисокот на прстите, погледот ми се губи, сијаличката трепери, а јас упорно и макотрпно ја градам целината, а таа е недогледна и речиси недостижна. Ми се истура чашката со вода и боите на парчето ја губат смислата покрај оние на персискиот килим. Се откажувам од можноста да бидам сликар со акварел. Сакам да дејствувам низ светлите тонови на сликата. Можно ли е да создадам сопствено уметничко дело од боите на душата? Многу прашања, а малку можности ... Можеби некогаш и некаде ...
Се чудам и не можам да се изначудам. Како стареам така будалеам. Еј да ми кажуваше некој дека ќе се заразам од болестА РИБАРЕЊЕ НЕМАШЕ ДА ПОВЕРУВАМ, АМА ШТО Е ТУКА Е ЈАС СУМ ЗАВИСНИК. ОПС ЗАВИСНИК ОД УБАВИ НЕШТА. Кулирам со трската во рака, езеро, планина, милинааааааааа. Ноќите како створени за љубов (за кого како), ама јас уживам во висините на планината и ширината на езерото (вештачко). Убав викенд пријатели виртуелни, јас знам каде ќе одам, а ВИЕ????????????
@GirlLove Јас бетер сум бабами има по возбудлив и поинтересен пензионерски живот од мене... @crimson слободно да си полудиш ако тебе ти е убаво те боли увото за дугите што ќе речат... (ај и мене нека ми го затруби некој истото)
И пак истото чувство.. голема кнедла во грлото која никако да ја проголтам. Пак тежина голема на душата која не ја поднесувам, а често морам за да продолжам. И како годините изминуваат се повеќе станува тешко. Се чувствувам преморена..
Денес незнам што ми е и позитивни и негативни вибрации се измешани во мене али ок то е... Веќе одамна имам некое чуство во мене можеби на некој ќе му биди смешно ама јас така си чуствувам,знам дека таму далеку некој ме чека мене,ДА ме чека да ја фати мојата рака и да ги излекува моите рани,толку јако ми е тоа чуство што дури мислам дека е вистина,и знам дека ќе се најдиме незнам како и каде ама знам дека ќе се споиме...Ова чуство го имав и дури бев во врска верувале или не,знаев дека друг човек ме чека некаде далеку и дека ова не е то то...
Ајде девојќи денеска да се ослободиме од лошите мисли и да ги занемериме лошите чувства,болката и тагата и се друго негативно И ДА УЖИВАМЕ.Ајде барем денеса..колку да се рефрешираме.
Имаше една мисла некаде, ваква: Треба да си паметен само два пати во животот - кога бираш животен партнер и кога бираш професија. Оној кеј не е паметен тогаш, ќе мора да е паметен цел живот. И јас одбрав. Одбрав професија која е интересна и која ме исполнува. Професија која не е досадна, која е жива и која ми одговара на карактерот. Уживам во неа. И одбрав совршен маж. Маж кој се откажа од своите принципи, само за јас да сум среќна, кој секој ден прави нешто за јас да се смеам, кој ми ги подари и сонцето и месечината во раце, маж со кој од ништо не се плашам. Имам чувство дека и санта мраз од невидени размери можеме да скршиме и дека се можеме заедно да направиме.И кога ќе се погледнеме, знаеме дека се што правиме е за нас. Оти толку многу љубов не сум почувствувала во градиве за никој, никогаш. Тој ми е семејството, тој ми создава семејство, тој ми даде се. А јас можам само да му возвратам со сета сила на таа љубов, оти повеќе не може никој од него. Фала ти Господе за се што ми даде во животов. Посебно него, баш ваков каков што е, со сите маани и доблести.
И покрај лошите мисли што ми се вртат низ глава, пак сум си среќна Денес е мојот ден, денес ми е роденден. Со сите мои најблиски ќе го прославам, се надевам ќе ме усреќат Нека ми е среќен роденденот, па феминки повелете на торта
Моето СДК денеска и го посветувам на @marama . Кога ти го прочитав постот се вратив точно пред 4 години и 10 месеци. Случајно ептен случајно го запознав него, многу поразличен тип од момчињата кои пред тоа ме привлекуваа. Ни во сон не ми паѓаше на памет дека можам да се заљубам. Беше доста симпатичен, културен, имавме заеднички работи, но сепак чуствував дека не е мој тип. Почнавме да се дружиме и ми годеше неговото друштво. Кога започнаа додворувањата од негова страна си велев дека е подобро да се тргнам за да не му давам лажна надеж, нели не е мој тип. Но не можев. Постоеше некој магнетизам кој што не ми даваше да заминам . Напротив се повеќе и повеќе не поврзуваше. Мааните кои кај другите премногу ми сметаа, кај него ми станаа симпатични. Од ден на ден се повеќе ми влегуваше под кожа и пред да се освестам БУМ, Луна се затреска. И не згреши . Од сето тоа сфатив дека некогаш во животот работите не се толку очигледни како што очекуваме да бидат. Верувам во судбина. Верувам дека таа ни го крои животот по нејзина мерка, не по наша (јас мислев дека не е мој тип, но судбината не се согласи со мене). Затоа препушти се ако ти е убаво. Не се оптеретувај дали е твој тип или не е. Ако во моментов те исполнува, зошто да престанеш со тоа? На крај судбината ќе одлучи што ќе биде со вас двајца.