Една од работите кои најмногу ме нервираат е реченицата :``Мора да разговараме``. Ме вади од памет,ме штрека. Мразам и изненадувања. Мене и најпозитивното изненадување ми е негативно заради факторот изненадување. Што да правам,таква сум,ги калкулирам работите до крај и не сакам ништо неизвесно. Од друга страна па ме нервираат и луѓе што се лутат,а не кажуваат зошто и очекуваат да им ги прочиташ мислите. Кога има некој проблем,треба веднаш да се каже и да се реши проблемот. Претпоставките за тоа што се случува само го продлабочуваат проблемот.
Поискрена љубов,солза и прегратка ,не сум видела на други места освен на Аеродром и Болница..па луѓе мои,зарем мора секогаш кога се разделуваме со некој од икс причини на кратко или засекогаш скраја да е,зарем само тогаш треба да плачеме,да се гушкаме најсилно? НЕ! треба секогаш и секаде,не губете време,ако сакате некој признајте му,ако ви се плаче,исплачете се,животот е еден и не знаеме што може да добиеме утре,а што да изгубиме.......
Кога Тој се смее времето како да ми застанува. Завчера се прскавме со шишиња, тој почна да се разбереме застанале комшиските дечиња не гледат и се смешкаат, којзнае што си мислеа за двајца Среќни будали Еден ден нема да го видам и превише ми недостига....
Одма без да размислувам би заминала во планина. Во некоја куќа, без интернет, без мрежа, без луѓе, без гужви и галами....подалеку од се....на неколку дена мислам преубаво ќе ми дојде. Во близина да има река, од самиот звук мозокот се опушта, сабајле со првите сончеви зраци се слуша џагорот на птиците...ливади, цвеќиња, трева...преубаво....Уште да ја најдам викендичката/куќичката и се пакувам. Кој знае кој филм ми останал во глава, па што ме манала ваква идеја. Ама супер ми звучи.
Сдк....Извозев 9.5 км и веќе умрев...најдобро да вртам назад да не треба да го качувам точакот во ЈСП....
@Cka ... и паметните знаат да згрешат. Почесто кај нив може да се случи тоа, бидејќи мислат, размислуваат и донесуваат одлука после долга анализа. Така да таа мисла е сепак релативна за мене. И не се' зависи само од нашите одлуки ... Вие сте ја имале и таа среќа да истраете заедно како целина. Нека ви е најубаво, нека ви е љубовта вечна. Реткост е денеска таква среќа.
Утре е Света Петка, голем верски празник за нас христијаните... се спремав и со нетрпение ќе појдам уште рано в зори. Голем верник сум...постам, се молам поштувам празници, и да, имам спокој во душава. Проблемите секако се тука, но ќе ги надминам , знам ќе се потрудам. Уште нешто Никого и никогаш не дескриминирам, се запознав со едно девојче случајно, и многу ја засакав, работи во кафич, со мака си заработува и се труди, животот и беше пекол, без пари, социјално и такви ствари, живее во едно мало собиче, ја познавам на видик уште од мала, сите ја одбегнуваа и малтретираа, се дружеше со циганки. Уште кога ја видам ме огрева во душава толку е позитивна весела секогаш љубезна и несмеана, голем борец. Чиниш незнае како изгледа животна суровост. Со задоволство ја викам да дојде ми го разубавува денот, исто како бионергија. Другиве не ја сакаат им било гад или незнам што. И немам зборови околу тоа, не би ни вредело да коментирам за нивното мислење спрема девојчето, само ќе кажам дека девојчево е постигнало дупло повеќе од нив во животот, во секоја област, нека им е на чест на таквите луѓе што мислат дека се недодирливи и дека центарот на светот се врти околу нив, себичноста им тече во вените. Само ќе кажам господ гледа па враќа. А на девојчево му посакувам да си постигне се сама што немала, и така е доволно паметна за да не се замара со било кој и што ќе рече. Имајте убава вечер со многу љубов и хуморот нека ви биде задолжителен моден детаљ!
СДК ... кога не очекувам, кога се дистанцирам од еден дел од животов ми ... Кога едноставно се препуштам на неговиот тек како оди нека оди, нека ме носи негде, било каде ... Кога воопшто не делувам со мојата волја, тогаш ми се случуваат најубавите животни ситуации. Затоа само се препуштам сама на себе, опуштам кочници ... нека животов ме вози каде мисли дека треба да стигнам.
Во последно време ми се губи апетитот и храната ми нема вкус па затоа си идам на темата Фемина инстаграм ѕиркам што зготвиле феминките и ако ништо друго барем очиве ми уживаат во добра храна. Посебно би сакала да се најдам во друштво на @Winter Lady i @Serafima и да научам многу работи да приготвувам и со драга волја би била дегустатор на слатките на @Serafima. Имам забележано дека кога се готви и се јаде во друштво се е поубаво, послатко и повкусно. Помнам некогаш кога бев некаде 15 години заедно со другарките за викенд се организиравме си приготвувавме палачинки и сладолед, грицкавме чипс, гледавме филм потоа игравме карти или монополи ....ех времиња. Носталгична сум и навистина ми фали некој за кого ќе ми биде мило да зготвам нешто убаво, торта, колач, да направам пица или макарони потпечени , да уживам на тераса со добро кафе и пиво и добра музика, кој знае можеби еден ден навистина ќе има некој кој за кого би готвела убави јадења секој денама засега реалноста е друга сама меѓу четири ѕида и по цел ден само кафе, кафе , кафе
Многу убаво кажано, го делам истото мислење према работите што ми се случија во животот. Секогаш "планираната" работа ми трга наопаку, после тоа животот ми дари некое чаре некоја надеж некоја убава работа неочекувано. И јас заклучив дека никогаш не треба да планираме, бидејки работите се случуваат така како што се случуваат неочекувано и спонтано. @fallenangel да ти се пофалам оти знам да готвам, ме бива, хоби ми е... здравје има време ке простирам слики, сега засега неможам таква ми е ситуацијата, да не испадне се фалам а нема доказ... инаку зборот ми беше ако си за може едно ручече една седенка да направиме со наслов, за сите гурмани, женско друштво кој е за нека се пријави
Оф боже колку ми недостигаат моите Ќе се почуствувам ептен полна со негативна енергија,и сама си се тешам дека можам да ги слушам сите по повеќе пати во денот,дека сите се живи и здрави и дека сепак сме далеку но овде сме сите во нашава Македонија иако јас на една тие на друга страна. Бројам денови за да ги видам