Само што дознав дека жената на првиот братучед треба да се породи за еден месец. Не знам зошто чекале до сега да ми кажат бе, па порано ќе почнев да се радувам. Едвај чекам тоа малечко да порасне, па да го шета тетичка. Добро, знам дека уште не е родено, ама премногу се радувам. Сигурно секој ден после школо ќе одам во посета на бебушко и ќе ги замарам дома. Среќни вести насекаде. Само нека остане така.
Опкружена со многу луѓе,со огромна гужва на Широк сокак,со пијачки околу мене и добро муабетче,јас сепак наоколу гледав несвесно,како да чекав да се појави Андреј,на моменти ми се причинуваше дека го гледам,доаѓа кон мене во гужвата,и да,ќе преминев преку 300 луѓе и маси,ама не се појави.....додека го чекав а не се појави,другарка ми ми мрчеше ќе си правела лажен фб да го мањачи бившиот и да му прави проблеми со женската,секако не ја поддржав ама кој ме слушна....Утревечер пак со исти луѓе,пак на исто место,е дали ќе ми се посреќи да го видам Андреј,кој знае би сакала да го видам,потребна ми е само една прегратка или поглед од него,не можам лесно да му простам за се,ама сакам да го видам!!!!
Роднините не можеш да ги одбираш, ама можеш да ги избегнуваш... Се шалам, знам колку е тешко да имаш негативци дома. А реално гледано, ретко во кое семејство не постои барем еден таков. Се учи со тек на време да се ограничиш од влијанието нивно, оти таквите тешко се менуваат. Не се секирај, има и полоши работи Спојлер Извинете што сум малку офтопик...
Ова светов и младината се оде надоле место нагоре. Во диското преска се чудевме со друштво за една бедна пијачка да има како и голи ќе се соблечат во сред диско. Па толку ли немат пари 60-70 денара е една пијачка па ке се продавам за ситна пара аоо..незнам што да кажам со отворена уста останав. Она 15 години од 32 меша ли му меша ли му ..он цело време и плаќа пијачки утрето низ град се фале со пијала кој ја частил како гордост да ии како најголемо постигнување у живото да и е што се качила повисоко од кревето .. ..и незнам тава гордост ли ее да се фалеш оти врсник на татко ти частил те пијачки оти ти бил дечко ..незнам само во што си заљубена во него и аудито негово?! Едноставно незнам како да ги наречам спонзоруши или проститутки ? Како и да ее незнам додека ќе оде ова вака каде е гордоста и достоинството ваљда во неповратна .
Јас сваќам дека сите сакат модерни да бидат де,ама не сваќам бе жени како тоа пред да излезат не се гледат во огледало...Не ми е нормалноо за викенд луѓето да се облекват како за на свадба,аман бе толку се неизживеани?Катастрофа....Ги кренале фармерките до под мишка сите МОДА БРКАТ,абе сестро неможиш фармерки да носиш со висок струк ако имаш газој и колкови како диреци,да се разбериме сега,а за стомакот да не коментирам подобро... Оние crop top што ги носат ми изгледат убаво на високи слаби девојки и се носат малку пошироки а не пикнати во нив прецвикани стомакот на изволте градите исто така,уште малку да можат по градник или по купачи ќе излезат ужас... Па тоаа муцките прецртани,косите претапирани со 100 кила надградба,па лосиони со светки,море трепки залепени абе со сите нишани,и за каде за да седнат една пијачка да ја пијат во кафич 3 сати ... Сите со 10 кила отпоќе СЕ УБЕДЕНИ дека се згодни и модерни како Ким Кардашијан,е па сестро дебела си не си згодна... Прска овај градот кичерај...Збогум животе...
Денеска сам на работа...може ќе ми е досадно ама барем психички ќе се олабавам....ќе го фиксирам крстот, цел ден...
Се сеќавате како ви се жалев деновиве дека ми се присакува одморче ? Епа уште сум у таков mood. Аквапаркови и базени не проаѓаат кај мене. Се тоа вештачко, бљак. Нејсе, сакав да ви кажам вчера сретнав еден драг професор по музичко. Никогаш не сум знаела да пејам, ама човекот отсекогаш ми давал и ми дава потпора и мотивација за живот и напредок. Сум пеела соло за негов атер со мојот никаков глас, сакаше да ме ослободи од стравот од предрасуди... и покрај тоа што немам глас. А музика сакам, и често знае да ми каже ти си добар музички критичар... Вчера ме сретна во градов, се замуабетивме и вика нејсе, ти си добра водителка и глумица. Јас ти се восхитувам постојано, ме гушна така милно и ме праша до кај сум. И оп, доаѓа жена му, тетка Станче ( и неа си ја обожавам скроз, луѓето се срцки, и двајцата просветни работници полни елан ) и му вика, ајде бе професоре, од септември се предава, што ги малтретираш луѓево. Мојот омилен професор. Не од љубов и афинитети кон предметот. Од професорот како таков, неговото внимание, секогаш знаел да извлече најдобро од мене и да ме поттикнува да работам, во доменот кој мене ми лежи и ме интересира. Ни требаат вакви луѓе во просветата. За секое дете да може да си го пронајде својот пат. И за да секој живее во љубов... и работи. За да бидеме луѓе а не роботи.
Оние балкански собиранки на парови... Па строго мажи со мажи , жени со жени, никако да се измешаат оти мислиш немој, готово, одма некоја оргија ќе никне. И тоа додека мажите пробуваат да направат смешка од некоја глупост и не се замараат ама со баш ништо, жениве обавезно зборуваат со снижен тон и се жалат за од се' по нешто. Побогу, и да немат на што ќе се пожалат, само колку да си го заслужат местото во кругот. Токму од овие причини сум среќна ваму каде што сум. Колку сум благодарна за луѓево во мојот живот, ми се плаче, еј. (Баш сега кога сум во емотивниот период во месецот.) Не се' многу, ама многу се кул, што да ви кажам. Дури имам и кул „непријателка“ која обожава да се натпреварува со мене, а јас, предизвик никако не одбивам. Еве, грицкам чипс со вкус на сол и оцет, и мислам на сенешто. И алишта треба да ставам за перење...
Кога те граделе во темелите од вените им течела врела крв за навек да крвариш и страдаш. Македонијо. Вечна слава на загинатите војници. Карпалак 2001.
Сдк Честит празник нека е и за многу години, денеска празнично расположена...... Девојки ви посакувам убав ден исполнет со ведрина, а јас одам да се подружам со куферите слушалките на уши прекрасните панорами низ еу, и да си го фатам првиот авион со карта во еден правец.
Пред малку одев во продавница и пред мене човек си шеташе куче, и одеднаш му вика на кучето: Слушај ваму, ако не се измочкаш сега овде, да знаеш до вечер нема да ти дадам јадење Инаку уште еден прекрасен ден за главоболки
Многу ги сакам оние фамилјарни собиранки. Целата куќа полна, гласови, смеа, џагор... Иако не по многу радосен повод, ептен сум среќна што куќата повторно е полна со истите лица кои секогаш ми предизвикуваат насмевка на лицето. Само баба ми фалеше... Фалеше да ги нуди сите со јадење по стопати, да се радува на децата, внуците, сестрите... И по шест месеци фали исто како првиот ден, само времето минува, а болката оди се закопува сè подлабоко. Како и да е вчера беше прекрасен исполнет и радосен ден. Моето душиче само трчаше низ ходникот и се кикотеше, почна веќе и да зборува, а јас и братучед ми само трчавме по него, нè измори, нема што, едвај чекав да се залепам за креветот . Зборот ми беше, сум заборавила да бидам тоа што сум. Сите несвесно глумиме пред целиот свет надвор, сите носиме некаква маска на лицето која нè прикажува во многу поубаво светло. Секоја чест на луѓето кои не се плашат да бидат тоа што се, кои не влегуваат во калапот кој го прави општеството. Вака со сите роднини околу мене, можам да бидам тоа што сум, да не се грижам што ќе помислат за мене, бидејќи без разлика на сè знам дека тие никогаш нема да ми помислат лошо, во никој случај. Па тоа е тоа луѓе, се испразни куќата сега за сега, јас сум спремна за следната тура филмчиња со шише ладна вода покрај мене, бидејќи не, не се трпи. Пуф.
Денеска е голем празник,нека ни е на помош С.Петка.Иначе денешниов ден го поминувам со луѓето што ми значат премногу,и тоа ме исполнува и радува.Убав ден луѓенца
СДК сега ќе направам кафе и ќе уживам во остатокот од денот... нов член сум на форумов и мислам дека одбрав баш супер и симболичен ден за зачленување. 08.08.2015 0 + 8 = 8 0 + 8 = 8 2 + 0 + 1 + 5 = 8 Три осмици. Нека е аирлија, не знам што симболизираат три осмици но секако подобро ми се чини отколку три шестици. На здравје на сите што уживаат со попладневно кафенце во моментов.
Со добар маж доаѓа и голема одговорност. Не знам зошто, ама сите способни мажи што сум ги имала или сретнала во животот биле и по малку напорни. Под способни мислам и паметни, снаодливи, мажи на место. А сум запознала и такви лежерни, што не се замараат за ништо, многу малку љубоморни, ретко фаќаат нешто по дома и многу лесно можеш да ги изманипулираш... Според сите мои повозрасни женски роднини овие вториве се подобри. Дали искуството тоа го вели, не знам... Ама знам дека нејќам муле за маж, дефинитивно.
Ме насмеа со овој дел. Не знам како вие жените го перцепирате тој збор муле, но за мене муле е оној што не знае да бекне, што ќути како риба, што е трапав, изгубен, што само некои глупости му се случуваат во животот и нема појма во животот. Значи дефинитивно негативен збор е како сакаш врти го.
Баш така. Што мора мене да ме чека да нарачам во ресторан зошто му е срам, јас да трчам секогаш сметки да плаќам, да се плашам да не умре од глад ако не сум дома или ако му дадам една мочана обврска и таа да не ја заврши. И да знае и друг канал на ТВ освен Eurosport.
Темата е предолга но сумирано во кратки црти ја доловивме поентата. Јас мислам дека секој бега од такви луѓе, кај па ти налета на такви. Искрено не знам како да ги опишам таквите луѓе... ем мулиња ем разбиени од некоја меланхолија до тој степен што не се способни ни од фотеља сами да станат. Тоа е тоа, голем е светот има секакви. Генерално за да се успее во животот мора да се трча и стално да си во динамика, а не да се препуштиш на судбината и меланхолијата и целосно да те однесат како што цунами носи се пред себе.