СДК дека многу ми недостасува, сакам да е сега покрај мене, да го гушкам, да го мазам...премногу си го сакам. Сега откако почнав да одам на работа сфатив дека го сакам повеќе отколку што мислев Не ни се погодија смените неделава тој втора ,јас прва и поради тоа многу ми недостасува
08.08. датумот кој што целиот мој живот ќе го паметам. Денот кога ме збуни и ме изненади како никогаш до сега. Како вчера да беше паметам кога ми кажа : спремај се ќе одиме на вечера. Сега штом ќе ги затворам очите пред мене ми се појавува истата таа вечер. Пред мене ја гледам истата преубава глетка како тогаш,маса со преубав поглед на море и свежо цвеќе на неа,големи чаши за вино,преубава љубовна атмосфера. Месечината мислам дека светеше како никогаш до сега,како и со неа да си се договарал за се да биде совршено.... Омажи се за мене, биди моја жена - зборовите кои сеуште ми одѕвонуваат во глава. Мислев дека сонувам, неможев да верувам на сопствените очи дека пред мене стоеше најубавиот веренички прстен . Излив на измешани емоции,плачев како мало дете солзите сами ми навираа,се смеев ,а се сеќавам дека бев изгубена неколку секунди. Заборавив каде сум,заборавив на луѓето кои беа околу нас .... Незаборавна ноќ,незаборавна вечера,моменти кои ќе ги паметиме вечно. Денот кога ми докажа колку навистина сум важна за него. Нема ништо поубаво кога ќе ја добиваш секојдневно љубовта за која што си сонувал одсекогаш. И за крај како беше тоа : Сите љуовни приказни се убави но нашата ми е најомилена
СДК ... жената е секогаш субјективна во своите ставови. Од страв да се соочи со себе и сопствените маани, стравови, пропусти, неуспеси ...
Еден ден ќе патувале и пет големи пластични кутии со пиперчиња, домати, оривче нешто со мевце, кифли замесени, копанчиња плус да не дојде кусо. Еден ден ако не поминеш со домашно зготвено кое ќе го распостелеш низ цела хауба ко шведска маса, нема да ве биде. Како бе жени не ве мрзи секојдневно да готвите? Разбирам мерак за храна и готвење, ама секој ден? Или кога ќе слушнам -маж ми не сака сува храна, сака готвено да му е. Aко сака нека си готви. Работа, деца, чистење по дома, и уште обврска да чувствувам дека мора ручек со сите салтанати да има. Таков ручек јас двапати во неделата правам, останатите денови е нешто набрзина или суво. Пржени јајца не било јадење, изволте, нека свитка сарми, и јас ќе јадам.
утре на брат ми ну е роденден полни 27 години епа брате СРЕКЕН РОДЕНДЕН и СЕ НАЈУБАВО ВО НЕГО за друго не се секирај сестрати е до тебе како и твоите родители и најблиски роднини ТЕ САКАМЕ СИТЕhug:
Sdk deka se naogam na mestoto kade go pominuvav sekoe leto od 10 juni do 31 avgust. Mesto koe mi dava mir i spokoj. Ne sum dosla 2 godini a i ne e povtorno nisto isto ve nema vas mojte najdragi baba i dedo. Gi nema vasote nasmevki slatkite zborovi i sekogas iskreni soveti. Tuka sim sega so moeto najdrago go nosam da gi vidi korenjata da vidi se no nekako e prazno dzidovite ladni...... Mi falite kamo da bese bar malku pogolem od poslednata sredba ke bese poinaku....neznam dali i koga povtorno ke dojdam ne se lutete ako retko go posetuvam vasiot vecen dom no zivotot e takov ....... zivotot e takov a jas imam za kogo da se boram. Ve sakam i go sakm mestovo beskrajno
Што е тоа што некому му дава право да одземе човечки живот? Како некој може да си игра со судбина на невин човек, да дозволи две дечиња да растат сами ... што, што е со овие гадови што си играат Бог? Толку сум станала емотивна, еднаш ќе изгледам вести и три дена ќе го плачам човекот. Се молам откако чув, иако мали се шансите да го ослободат, ама ете пуста верба и надеж. Вчера на дечко ми му се истурив од плачење, а тој само вели - што се замараш, тие што треба не прават ништо, а тек па ти што ќе смениш. И така е, ама срце ми се кине откако го изгледав видеото, постојано си замислувам како ете конечно сум основала фамилија, си имам планови и сонови за иднината и оп, од нигде никаде на мојот последен ден од работа некој крвник решава дека е време мене да ми ја одземе слободата, да го казни моето семејство. И замислувам како без леб и вода, без никаква надеж, моите деца ќе мора да се снаоѓаат без мене, дека утре нема да го дочекам зашто некој решил дека доста ми е живеење. Би била избезумена од страв, а тек кога кога ќе ми текне дека на некој сето ова му се одвива во глава. Ве молам сите кои сте во можност да се помолите, да запалите свеќа, а јас и оваа вечер ќе легнам со надеж дека заложениот ќе се врати жив и здрав дома, Бог е голем!
Денес како по обичај, брзајќи да стигнам до пошта со намера да подигнам куп хартии (како за потпал), полна до гуша со нервози поради безброј глупости и не толку глупости, успеав на неколку минути да заборавам на сè, кога одненадеж мало девојче ме грабна за рака. Ми ја стисна раката, ги ококори очите и ми рече: „Ииии, сакам да бидам како тебе!“, а потоа продолжи да ми се смешка и да ме држи за рака додека не дојде мајка ѝ. Сирото дете, не знам што толку виде во мене, ама ужасно посакувам и се надевам дека нема да станеш како јас. На светот не му требаат луѓе кои си ставаат сè толку при срце, се нервираат за глупости и дозволуваат смотани луѓе да им го расипат денот. Не ја научив и не ја научив оваа лекција и на овој испит секогаш паѓам, а спасот не го гледам ниту во полагање пред комисија, презапишувам до недоглед.
По не знам кој пат стојам на крстопат и морам да донесам тешка одлука. Уште една од многуте Господ нека ми е на помош!
За прв пат во животот го следам МОЕТО СРЦЕ,за прв пат не дозволив никој да влијај на моите одлуки за прв пат мојата среќа не зависи од никој за прв пат сум вистинската ЈАС 100%,е убаво е чуството... Уште многу ќе слушат за мене и за моите испеси,уште многу... Добро утро дечки,убав ден на сите...
СДК... Во намерата да ги оствариме сопствените планови и цели толку им даваме брзина на чекорите што ја занемаруваме опцијата за кочење и стоп. Вртоглаво се обидуваме да стигнеме таму каде што мислиме дека треба да бидеме. Одлуката да ја притиснеме функцијата за издишка е можност да сфатиме дека сме токму таму каде што треба да бидеме. Стартувањето со поголема брзина не секогаш е гаранција за успешно поминување на патеката.
Прва помисла сабајле ми беше, како ќе ја поминам зимата дома без парно и да ви кажам вистина, како?Оние кои се топлат на печки и дрва, а ја увиделе разликата со парното, знаат на што мислам.Мојот ум толку е преокупиран со тоа дека може нема да најдам работа настрана и дека ќе морам да продолжам да живеам дома со моите, па ми проектира се повеќе и повеќе вакви мисли, што ете дури и на парното помислив, толку материјална ствар и нечовечна мисла оти некој нема ни толку. Не можам да ви опишам кој страв го имам во мене, никогаш не сум се чувствувала толку неизвесно и несамоуверено.Мајка ми ми вели што се нервираш кој нашол работа уште одма, ама не е така, таа не сфаќа дека не ми е само тоа дали ќе најдам работа на струка или не, туку и тоа што нема да сум сама и подалеку од дома, а како да и кажам мамо не можам веќе да живеам со вас, ми треба слобода и самостојност.Да не ме сфатите погрешно, ги сакам моите и имам прекрасен топол дом, ама...ме сфаќате, не сум единствена со такви мисли. И никогаш не мислев дека ќе го кажам ова ама ми фали Скопје, не како место, туку како секојдневие... Ако не најдам работа таму, секако дека ќе барам туку било што, ама самата помисла дека ќе морам да останам туку и да бидам 24/7 во градов ми го крши духот.Единствена светла точка во градов ми е дечко ми. Многу ми е тешко тоа што самодовербата ми е намалена многу, мислам дека не сум способна да го работам она што го учев, дека ќе се разочарам себе и сите кои имале доверба во мене, дека нема да успеам...иако се убедувам дека не сум лоша, дека сум вредна и паметна и способна и дека никој не бил генијалец уште прв ден на работа, сепак ме мачат тешки мисли. Знаете јас не сум личност која патувала многу, која одела по одмори и го шетала светот, впрочем сум била жими на 3-4 места настрана од државава, едноставно немав средства и не се срамам од тоа, но имам таква огромна желба да патувам, секоја година се повеќе и повеќе ми расте таа желба, ми ги притиска градиве и не знам уште колку ќе издржам...имам толку многу планови, желби и сонови и се плашам дека само тоа и ќе останат.Што е човек без изживеани сонови, само парче место и коски, без душа и спомени. И најтешко е кога човек треба да одбира помеѓу две работи кои ги сака најмногу.Тој сака да остане овде, сега за сега, не е личност со големи амбиции, убаво му е моментално како што му е, го сака градов, си ја сака работата и секојдневието и која сум јас да му го одземам тоа.Иако чека шанса да замине настрана, сака и јас со него, а јас...како да одам настрана и да работам како келнерка цело време, кога учев толку многу и толку многу си ја сакам струката?Тој ме подржува, никогаш не ми рекол не барај работа, не го прави ова или она, сакам да гледам позитивно, си велам има љубов, животот си го замислуваме заедно ќе успееме, ама одвреме навреме се замислувам...што ако разделеноста си го направи своето...значи буквално не знам на што сум, како константно во мене да има две лучности кои се караат меѓу себе и еден ден едната вели се ќе биде добро и ќе се наредат коцките, другиот ден другата вели се ќе оди у пм. Немирна сум и цело време ме мачи, де една де друга работа. И за крај нека дојде побргу есен, не го можам веќе летово, бескорисно ми е, топло ми е, ме тера на нервоза, не ми е соодветно на расположениево, целото весело, шарено, ми се потсмева.Го сакам септември, ми носи обврски(барем ми носеше досега), сакам да си облечам кратки чизми и кожна јакна, сакам да врне и да шушкаат листови, да ме подржува во тежинава на душата.
Најлоша маана ми е тоа што не знам да молчам Сто пат сум рекла плановите што ги имам нема ги кажам на никој. Оти кога ќе пропаднат се нервирам и плачам и најтешко од се ми е кога некој ќе ме праша: Eјј а што бидна со тоа и тоа? и заглавувам, молчам.. да признаам дека ми пропанал планот нема шанси, па ќе наоѓам изговори, рачки, ќе се "вадам" некако, па ќе плачам кога не знам да си го држам јазикот за забите. Повеќе тоа не фала! Како рекле: Трај си и прај си Така од сега и јас.. Ќе планирам, ќе кројам и кога ќе има резултат ќе го кажам, претходно на никој ништо. Ај добро утро
Кога само би ги немало. Светот би бил прекрасно место за живеење. Ама изгледа животот сака да не научи на потешкот начин.
Стари песни, стари албуми..некои стари чувства... Не знаев дека селењето може да биде толку тешко. Лани, кога ја донесовме таа одлука не осетив ништо. Ама..како се приближува времето да се напушти куќава..ми е се потешко и потешко...Премногу спомени ме врзуваат за ова место. Завршувам со една ера од животов. Аххх..... животе ахх...