Понекогаш се прашувам како изгледам во очите на другите. Со сите се однесувам различно, а сепак сум своја. Дали и за другите сум истата онаа која ја гледам во огледало? Јас, инаку сум затворена личност, која со тек на време се` повеќе и повеќе се отвара. И баш тогаш сум вистинската ЈАС. Зборлеста, ведра, насмеана... И баш поради тоа што сум повлечена и затворена при секое ново познанство, оставам погрешен впечаток. Оставам впечаток на срамежлива, несигурна и недруштвена личност. Многу пати ми рекле дека не се опуштам доволно. Или пак дека сум расипувач на забави. А не знаат дека кога подобро ќе ме запознаат, ќе сфатат дека во мене се крие забавна и луда девојка.
Брука мемори Фрајдеј т.е. Сатрдеј веќе. Ми текна на моето прво искуство на ескалатор. Ќе си подмочнам. Шип ин а биг сити на 7-8 години, времето - грч ладно, а јас „дотерана“ во маслинеста панталона, сребреникаква јакна до колена и од оние шаренине капчиња со тропки на врвот (икона стила од мали нозе, don't hate), одам на шопинг. Леле луѓе, тоа беше најстрашниот момент во мојот дотогашен живот. Ами како сега да пуштам нога, па ќе ми се заглави, па ќе стапнам на пола скала и ќе се издигнам...си цупкав во место, пушти нога-врати ја. И ко тоа да не беше врвот, мајка ми ја натерав да застане долу со апарат да ме слика. Таа долу, ко делегат некој да чека, се наместила со апаратот и се смее ли смее, јас горе играм „један напред, назад сад“...абе, ко од индиско село да не донеле. И ајде мина тоа, си ги земаме развиените слики и ја гледам неа за стомак се држи од смеа, ама не ми кажува зошто. Кога потпораснав, случајно ја откопав сликата и доживеав единствен момент на смеа и жал за себе истовремено. Каде.побогу.ескалаторот.ќе.се.движи.на.слика?! genius.jpg А што време истрошив и што маки видов дури да стигнам до фамозната позиција, кога можев ко човек да си застанам на тој што не работеше, кога веќе толку ми било мерак. Ама мајче не е мајче ако не ме истрола. После меморијава, ќе размислам двапати пред да заклучам дека некој е приглуп. Здравје, бар спомен за внуците...за кога ќе се осеќаат глупаво.
Почнувам да ги разбирам оние истрауматизирани љубоморни девојки и дечковци. Не сакам да сум им во кожа... Се почесто гледам зафатени дечки во долги врски, со фак бадис и женски, да не речам више мажени кои имаат повеќе слики и тагови по места со други луѓе, особено мажишта и знаеш тоа као се дружиме, јас сум отворена со муж ми и знае дека ми се само другари... тоа така транспарентно, а она што ќе го видиш во живо...сиротиот срце ќе го стрефи. Добро бе, каде ви е совеста? Сериозно сум скептик околу нормалноста во луѓе кои постојано се некаде излезени, насмеани, ништо не прават во животот и се познаваат со милијарда луѓе и се на у пизду материну, иако седнале еднаш на по едно кафе. Како што немањето на пријатели е лошо, така и потребата да се закачуваш на 1000 различни луѓе е исто лоша, ако не и полоша. Не е завист, туку е просто невозможно!!! Го дискутирав со колешката баш, нејзината теорија е дека се страшно осамени во себе, мојата е дека бегаат од дома зошто не можат да останат сами со себе и имаат проблем со вреднувањето на себе си, шефицата заклучи, биполарност. Еве не знам... Немаш бре енергија да дишиш ако си излезен на доручек, кафе, ручек, кафе, вечера, пијачка, па и дискотека ако е ден од четврток до сабота. Мора да си сериозно биполарен и тотално еуфоричен за да држиш толку енергија. Нејсе. 8ми март, би рекла дека е денот на учителките, а не на жените. Каква посебна сорта ми се учителките сами по себе, просто симпатични колку се заспани и потресени. Им ја почитувам вредноста и важноста, но само ако вистински си ја одработуваат работата. Посветено! А не како што бев сведок на испад на учителка која губи нерви и се дерња по дечиња со зборовите - глупаци едни, ментални едни така пред сите, во јавност и тоа и потоа следи муабетот, се намало почит према учителките,а кеси полни подароци... Ах...да не не помине постов без мрчење, као ич го немаше до сега. Ич не сакам кога луѓе се симнуваат од автобус и застануваат пред самата врата од која излегуваат се уште патници, а тие паметните се мислат на која страна да фатат да се движат. Ми оди клоци да им мавам за да кинисаат. Не можеш да излезеш од автобус, се буткаат сите за да ги заобиколат. Исто така многу ме нервираат луѓе кои стојат пред трафика небаре се во аптека. Пола саат мислење за весник, цигари и мастики. ТРАФИКА е побогу!!! За брзо удоволување на потреба, а не да стоиш и да се мислиш не баре работиш на хигисовиот бозон. И убавото за крајот. Нема поубаво од детска љубов, нема ништо поубаво да направиш дете да се чувствува убаво, сакано и сигурно...
Како мала на овој ден секогаш добивав подарок од блиска пријателка на мајка ми. Никогаш не ме изоставаше, а имав само 5 или 6 години. Премногу се радував на подарокот. Ми имаше подарено чешел и огледало, друг пат парфемче од бон бонс. Толку помнам, но никогаш нема да и заборавам. Сега јас ги радувам нејзините деца кои се многу помали од мене. Ахх детство. Колку само ми недостига тоа да бидам дете. Дефинитивно тоа беше најубавиот период од мојот живот. Јас не го славам 8ми Март. Ќе им подарам само на мајка ми, баба ми и идната ми свекрвица подарок, ете едно мало внимание. Реално заслужуваат и повеќе од тоа. Значајни денови се ближат, а за брзо време ќе заминам на одреден период надвор од државава. Не е од што сакам туку морам. Дефинитивно најдобра инвестиција е кога вложуваш во себе и во своето образование.
Незнам зошто се изнервирав за глупости станвам во 8 часот и солзичка ми се тркала на образите,да заплачив како мало дете што денес нема да ја добијам мојата ружа од него... (ми иди шамар сама да си залепам)
Ептен ги сакам оние денови кога ќе станам,ролетните веќе некој ми ги отворил,сонцето ѕирка,јас завиткана на топло во кревет,наспана,се тегнам и сфаќам дека е сабота А знаете што ми е глупаво? Кога изговор на 12 годишни девојчиња за нивното однесување како 18 годишни и излегување по кратки фустани и штикли им е-еднаш се живее! Да? Па ајде ако не сите во седмо ќе се глупираме како недозреани некои,ќе се тетеравиме во штикли повисоки од оние на Ким Кардашијан,ќе се лигавиме со повеќе дечковци од сопствените години и ќе покажуваме деколте што на 20 би било непристојно да го покажеш,а не па во седмо.Генерацииве како што доаѓаат кој од кој позатупавени.Фејсбук им е главна опсесија,секојдневно ставање нови слики такозвани "selfies" и по 50 лигави коментари од типот на најубава,лепотица,срцка и други. И многу пати родителите се виновни,кога ќе видам првооделенче со ајфон... Тогаш сигурно не е до детето,разгалено до бесвест. Не дека јас некоја голема,созреана,сум растела во осумдесеттите па споредувам генерации,ама знам барем дека овие денешниве се отидени во бестрага буквално.Swag имале они,што ќе им е школо,тато има пари! Него,не планирав толку да кажам,само дека фемина одамна ја немам посетено,не сум во тек веќе,кој со кој се раскарал во Модни критики,ќе прочешлувам сега низ теми,да видам што сум пропуштила Убав ден,Среќен празник девојки
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... SRZ8MJiZTU Ова не се вика херојство! Да претепаш сограѓанин за слободна земја! Луѓето имаат животи, но незнаат како да ги ценат туѓите...
Барби20, не си свесна со твојот пост, колку само ме опиша. Ноќеска случајно да не сум месечарела? Сум го потрефила твојот пасворд и сум пишала мислење, тука? Спиев тринаесет часа. Тука нешто има сомнително. Озбилно, се подзамислив. Да не зборам за роднините. Еднаш еден роднина се јави на домашен телефон, за да ја праша нешто мајка ми. Мајка ми не беше дома, така и` му реков. Фала, чао, пријатно. После тоа збори со мајка ми: - Леле, да слушнеше само колку муабет си изнаправив со Елена, кило ипол. Озбилно, за комуникација понекогаш стварно не ме бива. Ми треба време, едноставно. А тогаш, кога ќе му дадам време на времето, зборам ко празна воденица. Ретко кој може да ме сопре. Се вртам за сто осумдесет степени. Пред некое време, викнав на кафе повеќе луѓенца. Се разборевме и добив коментар од другарка: - Елена, ти си ова? Јок, мој покојни деда луди Милојко. Што би рекол Хер Жика Павлович. Навистина се ретки тие што ме знаат, онаква каква што сум. Не дека сум дволична, ама едноставно сум премногу срамежлива. И кога ќе ми се погоди друштвото... Бежи од мене, док главу не изгубиш. А да, ќе заборавев. На сите девојчиња, девојки, жени, мајки, баби, прабаби им го честитам денешниот празник.
Денешниов празник на жената го чувствувам како веќе видено сценарио. Повторена слика,сеќавања и љубовни емоции од пред една година.Познатиот режисер на осмомартовската сторија е мојот партнер.И тогаш јас бев овде,а тој таму некаде.Далечината и не толку тешка и болна кога емоциите се искрени и вистински.Познавајќи го доволно добро за да бидам со него,не се ни сомневав во неговиот гест.Навистина ми значи нечии внимание,ама кога тоа е упатено од човекот што ме прави среќна,ниту илјадниците километри што не делат не можат да бидат пречка за вистинската љубов.Технологијата е брза и чудна работа.Но,честитката не беше упатена само по електронски пат.Додека бликнав од среќа и не можев да искажам благодарност,ме пречека пратка по брза пошта составена од парфем,чоколадо,марама и букет од моето омилено цвеќе.Целата блеснав како прекриена со зраците од љубовниот сјај,ме обзеде чувство на исполнетост,саканост,сигурност и некоја посебна еуфорија што долго ќе ме држи.И не е битен видот и брендот на подароците,туку начинот на кој е искажано вниманието и упатена љубовта.А за мене се доволни погледот и насмевката за да го прочитам епилогот од приказната. П.С. Верувајте во вистинската љубов.Таа се уште постои,само треба да ја пронајдете другата половина за да имате комплетно сценарио
Се изнаслушав од вчера па се до овој момент на глупи муабети : Ајдее папучарии трчајте по цвеќе, Ауу и ти ли се правиш папучар бе шо чекаш ред пред цвеќара, Леле леле колку се трудите да им угодите на вашите љубени, Господеее оваа го зборуваат искомплексирани женишта и девојки кои као демек не им е важен празникот,бегајј мааа плачеш за еден каранфил ама нема кој да ти подари.Па најискрено шо Папучар бил шо купувал цвеќе за девојка му Боже господи уште шо нема да слушнам бе Многу ме нервираат арогантни луѓе,толку самоуверени во себе и дигнати што не чекораат туку верувајте летат од занес .... Јас па напротив се радувам кога ќе видам човек кој внимателно одбира подарок за својата љубов, свежи цвеќиња,букети,украси,парфеми што ти уште не ... сите гледаат да изгледа убаво па и еден со друг се прашуваат : оваа добро е ,вака ќе и се допадне,ќе се изненади знам Ги гледам и се смешкам,затоа што знам дека и мојот љубен изгледа така кога одбира подарок за мене Честитав празник на оние кои ги почитувам и ги сакам на оние жени кои ми значат многу во животот ... саат време бев на телефон ама барем убаво си се осеќам сега душаата ми е исполнета Синоќа на мајка ми и направив честитка ,да бе честитка како кога бев мала што и правев... знаев дека ќе се изненади многу,знаев ! Поклон не и подговтвив но затоа и напишав реферати во честитката,а убавиот збор значи повеќе од се, нели Љубениот не е до мене но се потрудил да се почуствувам женствено,утрово кога се разбудив ми ја имаше напишано најдолгата смс порака - ме израдува ме изненади ме насмеа Го сакааам ! Малите нешта секогаш повеќе ме радуваат ! Среќен нека ви е празникот девојки имајте сите убав ден
Среќен 8-ми Март до сите вас! Ве сакам најмногу! Уште мноогу години да се дружиме и вака да си честитаме. Прекрасно се чувствувам кога ви честитам некој празник, а особено овој, нашиот!
Ни денеска не се наспав доволно ама ако, важен беше начинот на кој се разбудив... поточно татко ми ме разбуди со цвеќе во рака за да ми го честита празникот Потоа јас и го честитав на мајка ми, таа мене, па се јавивме по тетки, баби да честитаме... абе убавини А понавечер мислам дека ме очекува уште една роза Па се надевам дека денов ќе биде подобар од вчерашниот, да видиме дали ќе биде како што се вика -денот по утрото се познава Среќен 8-ми Март девојки, имајте убав ден
Ее феминки Среќен 8ми Март и уште долго да си го славиме. Инаку денов не ми е нешто посебен,времево некако ме прави депресивна,но тоа е. Се надевам дека до вечер ќе ме изненади нешто,да се надеваме.
Навистина убав ден. Нека ви е среќен осми март. Добив неколку подароци а дечкоми ми рече седии дома кидам да купам нешто хаха му реков само цвет е доволно несакам ништо повеќе само да е до мене дури ме праша што сум сакала да ми зготви за вечера мислам дека тука се спрема некоја романтика. И јас купив неколку подароци за најблиските и на сите женски што ти имав во именик им изнапишав пораки се надевам дека ги израдував бидејки сигорно не ни очекувале пораки од мене но сакав да им дадам до знаење ете дека некОј сепак мисли за нив. Сега уште мајками да ја израдуваме со убавиот подарок кој го посакува иако одамна престанав да и ги правам оние честитки за 8ми март но можам да се пофалам дека иако цртањето ми е една од најлоша страна мајками секогаш ја добиваше најубавата ружа на лист хартија и мпжеби нај тажниот а воедно најубљвиот текст напишан од едно дете. Денеска. Израдувајте ти сите жени околу вас тоа многу ке им значи.