Денес после месец дена се собравме колегите на кафе. Добро како можев јас значи со луѓе кои не се знам цел живот се знам само 3 и пол години толку да се зближам, да се слушаме со скоро сите нонстоп во денот по телефон, кој е странство да пиши насекое и да збораме на скајп и неговото присуство да мислиме дека е тука. Луѓенца морници ме полазија како јас ова година крајот на Мај ќе се одделам од овие суштества, како? Толку многу сме зближани еден со друг шо е чудо буквално, нејќам ни да помисла мна разделба, толку ми е убаво на душата, но секогаш она шо е убо одма ќе помини Со другарките шо сум цел живот, би очекувала брзо да ме издат, како и веќе шо ми напраја, ни телефон имат кренато, нити па имат пишано, ама нека ми ќе помини и ова. Со душа чекам на факултет, со душа, За потаму ќе му ја мислам тогаш. Тажна сум и среќна, неможам да се одлучам Поздрав.
Кога бев дете и имав некој проблем ,најчесто поврзан со школо или другарките,што ме мачеше ,научив дека кога разговарам за проблемот,одеднаш не ми изгледа толку голем и несовладлив. Обично вечерта пред спиење ме мачеа ваквите работи,па се научив да разговарам или со баба или со дедо и да споделам. Малиот чудак за организирање во мене,си ги организираше и проблемите. Па почнував да им ги кажувам од најмалиот,кон најголемиот. Ми олеснуваше,се шетавме малку низ маало и заспивав. Споделувајте ги проблемите,дури и да немаат навидум решение,олеснува многу и одеднаш не изгледаат огромни. Непријатните работи се само препреки што не тренираат за нашето утре.
Дојдов до тој степен кога веќе не ми е гајле што другите мислат за мене, туку гајле ми што јас самата си мислам за себеси. И да ви кажам, многу е убаво така. Најубаво. Убаво е кога конечно ќе си ставеш граници во животот, кога конечно ќе определеш што сакаш а што не, кога конечно ќе си ги средиш мислите и чувствата и кога некои работи ќе оставиш позади тебе. Олекнува многу. Како камен од срце да ти паднал. Само сега оставаме на времето, ќе видам кај ќе ме носи животот. Се надевам само кон убавини, сепак заслужено си е.
И повторно сонцето зајде и сплавна темница над целото небо. Излегов да се изладам од секојдневните горештини. Го гледам секој авион како слетува и полетува и ме облева толку тажно жалосно чуство како баш јас и како баш таму неможам да слетам и да го прегрнам, да останам засекогаш во неговата прегратка.... Помина доста време откако се бориме за нашиот сон, каде и да тргнам не бива без него, без него се е пусто се е безнадежно...оххх боже кога ке се сетиш на нас и на нашите маки Душава ми гори а небаре се правам силна пред сите и како тоа јас можам и сум борец. Толку осаменост при толку луѓе и при толку света! И возот проага се слуша како оди нагоре па се враќа надоле сите по своја работа а јас по која?! Не не, не се сакам ич кога сум ваква, ке пројде некое време и пак се вракам на тагата и болката, мислам дека никогаш нема да се опоравам вака сама, се дур не отидам до него Ке дојдат и тие денови кога ке седнеме ко сите заљубени ке наздравуваме со пиво ке се радуваме смееме и пееме во знак за нашето добредојде заедно!
Многу сакам да сум опкружена со позитивни луѓе,добри, човечни, приземни, луѓе со карактер.И многу сум среќна што и сум опкружена со такви. Друштво, роднини, блиски...Едноставно ме исполнуваат, секој миг поминат со нив ми е преубав и вреден. Вистинското богатство е ова. Кој мисли дека е нешто друго, многу греши. Уште нешто ми фали за да биде се комплетно ,но тоа е во моето срце, а знам дека мораме некогаш да се помириме со судбината и тоа што ни го донел животот. Имајте убава вечер.
Збор два и јас да чкртнам за овие bubble nails wtf? Абе видете ваму не секој светски тренд е добредојден и не секој мора да се следи..се е ствар укуса да,ама немојте бре да шетате наоколу со вакви нокти како да имате ставено миноњи на вас,и кога ќе размислам подобро изгледа инспирацијата за ноктиве потекнува од Minions стварно изгледа грозно,како габички да имате на нокти
Уште еден лајк и 800. Еее до кај дотера, 254 мислења а 800 лајкови. Него, сакам да кажам дека официјално се откажувам од разубавување на денов и неделава. Полоша здравје.. А сакав и на масажа да одам утре.. Ама не, другата недела ќе ја посветам на релаксирањето.. Или некоја после неа
Мажот е створен заради опстанок,жената заради смисол.Нема потажно нешто од неспособен маж и бесмислена жена.
Ај тие buble nails ама овие... Аквариуми http://www.24sata.rs/ako-su-vas-grb...trend-ce-vas-tek-ostaviti-bez-reci-foto/16407
Ме зезате? Прв пат го гледам трендов. Стварно има женски што носат вакви нокти? Јас уште не разбирам надградба од било каков вид, а не ваков хорор. За среќа не сум видела некоја со вакви 'меури'.
Ете ме, скоро на површината. Испловив од сите заблуди, од сите глупи и неточни сфаќања за животот. Не верувам во ништо. Не се оптоварувам повеќе со напотребни работи. Зашо да мислам на некој кој не се замара за мене и ниту еднаш во година да ме праша барем како сум или да ми каже едно здраво на улица. Сфатив дека сум згрешила во врска со мислењето за него. Зашо сум мислела дека е кул она мрзење по клупи, она дрдорење безврска, она шеткање по некој улици шо скоро нема многу луѓе? Шо сум мислела пред скоро 1 година? Згрешив во врска и со мене. Секогаш сум грешела. Блиските ми ја напунија главата уште од мали нозе. Перфекција. Не постои. Никој од нас не е перфектен. Секогаш кога ќе видам дека некој има подобри оценки од мене или во било шо е подобар сум се “гризела“ самата себе “Мора да си подобра од другите!“. Имам повеќе од доволно, материално стојам супер, благодарение на моите секако, ама има нешто шо со години не ми ја давале, дека нејзиното его е поголемо. Цели 8 години во трка за кој ќе излезе подобар родител пред очите на луѓето. Во секој втор човек го барам тоа. Сега сфаќам зашо за многу луѓе сум имала грешка мислење. И секој ден си размислувам “Каде згрешив?“ ама не било до мене. Ама сега сфаќам, до нив е. Таквите луѓе ко нив никогаш не биле ни добри кон мене. Слушајќи го ова ми дојде така одвнатре да си ја испразнам некаде душичката. Сега сум посмирена. Имајте убаво попладне!
Само шо се вратив од Охридот наш па од автобуска до дома ја раскрвајв раката Па сега можам слободно да се вратам на фемина во омилените теми, да си читкам како порано онака рает, релаксирано. Имајте убав ден
Прочитав дека некоја мајка украла мајмун, кој се викал Лука, од зоолошка во Скопје за ќерка си.... Еее се присетив во времето за мене мајка ми ко крадеше мајмуни, лами....солзи не можам да запрам....времиња.... Инаку денес пак истото. Тие што ме нервираа пак ме нервираат, тие што ме сакаа пак ме сакаат, тие што се прават дека им е гајле за мене пак се прават дека им е гајле и така се во круг. Ама во пмс сум и мора некого да отерам у пм за убаво да го зграпчам денот.
Знаете што е најголемо богатство? Бебиња! Е јас од вчера сум побогата со уште две внучиња. Пресреќна сум!