Ми фали времето кога можев да си пуштам музиче на раат и да си кулирам...сега не можам ни да седнам и да се опуштам на раат од што премногу ми е загреан мозоков...
Ќерка и плачела по мајмунот, па морала да го украде... Леле колку се смеам... Јас знам жени што плачат по мајмуни, па на сите им е ок тоа. На фемина да се отвори тема, 90 посто од коментарите ќе бидат - МАЈКАТА СИ ЗНАЕ НАЈДОБРО ШТО Е ДОБРО ЗА НЕЈЗИНОТО ДЕТЕ. Ама да ми простите, ова е ненадмашлива мајка - краде мајмун за своето дете. Леле каква причаааа...хахахаха... украла мајмун. Вчера 3 години затвор за 150 ќебапи...ааааааа!!!
Им се возхитувам на лугето, каков мир и тишина имаат во секоја куќа секој двор и на секоја улица. Се е скоцкано, се знае редот и за автомобили и за велосипеди и за пешаци и миленичиња. Ги гледам само како излагаат од дома палат тоа колата и да ги нема, секој по своја работа, навечер иста приказна се вракаат и уживаат секој за себе. Каков мир и спокој. Толку култура и учтивост, насмевка на лицето и добар збор. Ова е тоа што секој човек може да се успокои и да си гоне своја работа. За викенди се оди по трговски маркети на море и на прошетки, обожавам кога ги гледам младите парови како јаваат на коњ покрај песочните плажи во касна есен. Не ви кажав дека отсекогаш го мразам летото, ако одам на плажи и такви патувања одам секогаш во септември, неможам да го трпам сонцето на +40 степени, и ми се одмилува автоматски се по ред поврзано со одмор. Едвај чекам да дојде свежиот септемвриски ден, чустувавам посебна милина во касните есенски часови, спокој во душата и ладничко свежо време. Тука е и џагорот на децата со ранчиња на рамена и многу други ствари поврзани со есента, едвај чекам да ми застуди малку од малку и да се стуткам под некое кебенце и да си пијам топол чај или кафе небитно. Се занесов премногу, но не бега, уште малку ке дојде...што не е било и што не е поминало.. Поздрав дами се читкаме
Сакам да кажам дека мразам кога е се во последен момент,кога се одолговлекуваат работите и незнам што ке биде до скоро последен момент....но сепак тука е Господ па знам дека Неговиот план е најдобар.
И повторно сум со мислите во хаос. Стравовите се враќаат, не буквално, ама тука е некој страв од иднина. Небаре ако го изустувам тоа може да се уништи... Како плановите да се бели облачиња што за миг можат да се уништат и пуф ... ги нема. Чекорам храбро, не сакам и никогаш не сум сакала да покажам слабост или емоција пред луѓево и верувам... Сакам да успеам во остварување на дел од планот, поголемиот е веќе решен... Целата сум во неизвесност, уште недела дена чекање, а баш треба да бркам работи кога ќе бидам на одмор... Ама живот... Така требало да биде и така се мора. Или ништо не се мора ? Па да. Се е ствар на нашите лични избори. А јас избрав нов живот. Денес уживав во денот до максимум. Сабајлево со бирократии, па кафенце кај мене со друштво, другар ми ми донесе тон порции со mousse, знае дека ги обожавам неговите чоколатни делишеси. Се занесовме, се расприкажавме, планови, иднина, разделби ... И ете ја мајка ми ручек ми носи, ама убави беа тестениниве, па дојдов да ви кажам дека научив како се чувствувам. Не дека нема среќа. Страв било. Ама можам да го победам, секогаш можам да излезам од таа мала комфорна зона што ми ствара бариери. Секогаш.
- Мамо, добив 4 на тестот. - А што добија *insert сите познати имиња од клас*..? - Епа... Станко доби 5... - Е како можел тој да научи и разбере за 5, а ти не? ... - Мамо, добив 4, ама никој во класот немаше 5! - Не ме интересира за другите, тие не се мои деца туку ти! Е, нешто најтрагично кога станува збор за однос родители - деца, ми е токму фактот дека на прашањето дали ни се познати муабети од овој тип, повеќето би одговориле потврдно. Фактот што многу често споредувањето со другите деца од страна на сопствените родители е дел од секојдневното воспитување, почнувајќи од најмала возраст буквално со искарикираните горенаведени муабети, па сè до ситуации кога станува збор за однесувањето, квалитетите и интелигенцијата, посериозните избори и одлуки на веќе млада личност. Не, ваквиот пристап не е мотивација и не допринесува за кревање на амбициите, туку може само да резултира со израснување на тоа дете во никогаш незадоволна од себе личност. Личност која ќе се претопи во сивилото на неисполнетоста со себе поради анализи на тоа што имаат другите, а нему му фали, личност која покрај 100 свои постигнати успеси, ќе го гледа 101-от успех на другиот. Затоа, ако воопшто од оваа перспектива имам изградено некоја јасна замисла за тоа како се гледам себеси како родител, првата точка на листата ми е дека никогаш не би го споредувала своето дете со другите.
Ја не знам шта се дешава ово је пут без повратка.Појма немам од која песна е стихов ама како ме опишува моментално и со расположение и со однесување кое е во крајна граница на сенилен човек. Ми рекла мајка ми fallen трк до продавница и купи ми смоки јас јслушнав цигари и се враќам со цигари а таа ми вели кој ти рече цигари? Потоа вели кај го скри маслото а ја појма немам каде сум скрила и фино лепо и велам не знам кога таа вели ех бе во фрижидер си го скрила ама дете што ти е тебе паметот ти летнал некаде, нешто не си тука со паметот. Искрено и не сум го ставив паметот на оф малку да одмори од многу мислење на глупи работи и проблеми народски кажано си правам бајрам со паметот Туку со ниет сум кадија или паша да се сторамсе нешто ми е удрено на зезање ама ако за арно да е што би рекле оние од турскине серии. Поттикната од еден убав оглас за продажба на добро уреден стан и со убаво место во центар во друг град за 36.000 евра почнав да размислувам како најлесно да најдам пари па си помислив што убаво би било да ми се падне лото, бинго (ама па не играм )па да си го купам станов, да си се осамостојам, да си патувам во светот што убав мир ќе си имам а може ќе имам и многу пријатели и куп дечковци па што може има вистина дека парата го врти светот така да ако имаш пари тие ко муви некои ќе ти се залепат.Може стварно е крајно време да почнам да играм бинго, лото , да земам грепки или да почнам да се коцкам па што кој нема среќа во љубовта може во коцка ќе излези некоја среќа.
Hey i just meet you, and this is crazy, ќе те украдам за ќерка ми што плаче по мајмун, и ќе те носам во Кавадарци maybe!
Јас сакам тигарче и сега ќе и кажам на мајка ми да спрема алатите и утре одиме да плачам а таа да го зема тигарчето. Шо ми беше зборо... Ми летна мислата ете.. Ццц. А, да. Иам потреба да бидам сама в соба и тишина да биде и преку прозорецот да влегува свежиот воздух од дождот што заврна прееска. Некогаш толку осеќам дека ми треба да бидам сама. Сама со себе. Да си се 'видам' сама себеси, да анализирам до каде сум.
Ако нешто наjмногу мразам, тоа е кога ке видам прстите на нозете надвор од сандалите. И тоа се почесто го гледам низ градов. Или купете други сандали или барем поголем броj земете одидтите што ги носите. А не пола стапало да ви излегува од сандалата. Далеку од тоа да сум совршено облечена и jас, ама се трудам да изгледам нормално.
Како одминува времето сваќам дека ми останува уште пола од моето студирање тука, а и живеење. За да одам по патот на моите соништа и да си ги исполнувам моите цели ќе треба да се одселам, осамосталам и да си го продолжам школувањето и живеењето во една од најубавите држави, барем според мене. Во држава каде ќе можам да си ги исполнам соништата,да се надоградувам и каде знам дека мојот труд ќе се цени и почитува. Тоа тука кај нас го нема, со сигурност знам. Но и покрај тоа како си одминува времето како да чувствувам некоја мала носталгија, но не и предомислување секако. За кого носталгија, за што? ! За моите најблиски и блиски секако, за оние со кои ги поминувам најубавите моменти, за околината, за валканите улици низ градов, за метежот, големата бучава...Каков и да е ,ова е градот во која поминав многу години, во кој се родив, во кој почнав да живеам ,во кој прв пат се насмеав, заплакав, во кој научив многу работи, лекции, како да се спревам со различните типови на луѓе, како оние кои се полни со злоба да ги заобиколувам, да ги препознаам вистинските вредности на луѓето, да научам што е вистинското богатство во животот и ред други работи, кои се многу важни за мене. Се надевам ќе си ги исполнам моите соништа и цели ,а сите овие работи, каде и да сме, си ги носиме во нас. Тие всушност секогаш ќе живеат во нас.
Ах со овие ново печените певачи и нивните ковери.. Разбирам, има некои што стварно ги бива и зошто да не си се истакнат луѓето. Ама има некои, од досада го работат тоа. Зошто стварно кога нешто не бива, не бива. Незнам зошто сами си се глупирате. Застанал дечкото, англиски појма нема, ги тегне зборовите, мислиш Бон Џови на сцената... Ај момче седи си мирно на газето!
Е незнам што ми требаше да го поукнам(боцнам) на фб неговиот најдобар другар,на бившиот де Си седам вака касно,и добив таква инспирација,додуша детето не е апсолутно ништо виновно,освен што има таков кретен за другар( патем во многу добри односи бевме,и од кога се скарав со кретенот,ни крив ни дужен го делетнав јас) е ај оставам настрана се,не ми е јасно,што сакам да постигнам со ова,во каква беља ќе влезам свесно наново,зарем помислувам дека би можела да се видам со другар му,секако другарски декој знае....ај може ќе се спријателиме наново и тој ќе ми кажува за новите девојки на кретенот,и успат ќе си пиеме кафенце,шо убаво нели? м? wtf?!
Значи цел е*ан ден барав да купам свежи печурки, ми се пријаде сос од печурки со стекче и помфрит ги прошетав сите поголеми маркети, сите пиљари, пазарот и не најдов Дури една постара тетка во една пиљара ме праша: какви се тие свежи печурки
Штотуку ја открив мистеријата за моето зезање и поправање на лошото расположение до денешниов хороскоп ќе да е.Камо среќа се што е напишано вистина да биде. Доста се Меркур и Нептун ми влегуваа во куќа и во знакот време е Јупитер да ги замени иако доцни малку, цели 12 години кој знае кај скитал додека маки си мачам јас. И да за веста на денот со мајмунот да си кажам и јас коментар покусо да не останам.Не ми е јасно зошто да се краде мајмунот за да се задоволи каприц на мало дете кога едноставно можеш да му објасниш на детето или да му раскажеш некоја приказна од типот ама тоа е негов дом, сите негови пријателчиња се таму, не сака тој да се двои од нив и дрн, дрн а не вака со глупости само белја на глава си добија од играчка плачка испадна работава.
Сдк дека кога ја прочитав веста за кражбата на мајмунчето прво помислив дека е шала на некој интернет портал а после слушам и на вести и не сеуште не сакам да верувам до каде замина овој денешен свет Е какви родители па какви генерации ќе израснат страв да те фати
Креативност левел „А што ако плачела за лавот“. Чисто на муабетот, и на Драган Вучич му текнала истата реченица. Јеј. Дали и вас голем дел од денот ви е исполнет во остварување на очекувањата на другите? Дали кажувате реченици кои знаете дека соговорниците сакаат да ги слушнат? Дали се облекувате по стандардите, дали кажувате шеги кои знаете дека ќе бидат сфатени и општо прифатени или во најдобар случај, се воздржувате од коментирање нешта кои ви се на ум зашто знаете дека нема да наидат на позитивен фидбек? Сте го изгубиле ли и вие искрениот детски дух во вас како и јас... како и сите нас? Храброто суперего во вас веднаш ќе крикне дека нема намера да ги задоволува потребите, желбите и очекувања на луѓето, ама дали е во пријателски однос со идот, вие си знаете. Свесно или не, повеќе или помалку, сите сакаме да бидеме прифатени и посакувани. Сите сакаме да ни признаат дека сме умешни, успешни, паметни и духовити. А тоа е како дрога, кога ќе го добиете првиот медал за заслуги, потоа ќе сторите сè за да добивате уште медали и ќе отидете до таму, да се загубите себеси. Не е важно на колку години, човек секогаш треба да ја врати загубената детска личност и да се откаже од дрогата наречена исполнување туѓи очекувања. Важни се сопствените желби и потреби и нема виша цел која ќе оправда тие да бидат потиснати. Човек мора да пронајде што го прави среќен и не смее да дозволи никогаш, ниту едно туѓо правило да го спречи во остварувањето на сопствената среќа.