Слатки зборови, блескави идеи, надежи напишани на невидливо парче хартија кои ги забораваме кога нештата ќе ни се лизнат од рака. Неконкретни поими кои звучат убаво како некоја мелодија што може да се претвори во приспивна песна. Ветувањата не се физички опиплива работа. Анализата на мислите и сеќавањата перманентно се ставени на парчиња бели листови кои ни одекнуваат како ѕвоно на секој прв час. Тоа не е акција која е јасно зацртана. И не постои гаранција дека ќе биде онака како што велиме. Лесно е да се ракуваме со мислите. Тежината се чувствува тогаш кога ќе треба да ги прегрнеме и утешиме со нешто повеќе од споделен гест во раната мугра. Ветувам дека ќе сакам со мојот висок сенс за хумор, иако ретко кој ми се придружува во ројот насмевки. Знам дека не ме разбираат, ама сакам да ме прифатат така како што јас се навикнувам на нивната посебност. Ќе зборувам толку многу што понекогаш ќе треба да ми ја затворат устата, иако наездата од зборови не е лесно својствена за мене. Ветувам дека ќе сакам низ лицето на моите (не) успеси, низ моите трудољубиви раце, низ мојот отворен ум дури и кога светлото само тлее, а не свети. Така е тоа. Понекогаш може да ме замолчат со едноставноста на нештата и нема да обвинувам, но ќе го повишувам тонот и ќе правам шеги тогаш кога ќе посакам да ги избегнам непријатните вистини. Игра на неред која е совршено несовршена за да си ветам дека тоа што за неколку дена ќе бидам за една година повозрасна (не постара) е добра работа.
Ете, некаде било запишано единствен пат кога ќе се разболам во лето да биде на одмор. Прекрасно! Сега седам на тераса и ги гледам луѓето како си уживаат на плажата. Ај со помин нека ми е, отидов до долу да се напијам еден чај.
Како што поминува времето, а и годините, научив се што имам на ум да си кажам. Порано мислев и бирав зборови, сепак да не навредам некого. И jас излегував будалата. Исто така научив и да не се замарам со тоа што и коj кажал нешто за мене. Коj ме знае, ке знае да разликува дали кажаното е вистина или не. Иако тие што наjдобро ме знаат се броjат на една рака,за ништо не ги менувам. Бидете свои, држете се до вашите ставови, ама не се ограничуваjте. Читаjте повеке, слободно истражувajте, не дозволуваjте некоj да ве предомислува затоа што на тоj му смета. Имаjте убав ден со позитивни мисли, се што е ваше ке доjде.
Од многу мислење и глава боли.Ги пуштам мисливе нека летаат каде сакаат! Не им се замарам.Абе многу ми е гајле више,колку и да размислуваш за некои работи сепак така ќе си останат и тоа е тоа.И шо е важното у сето ова, дека за тоа ја шо си го тупам мозокот не е ни толку битно всушност.Затоа,хепи деј.Хепи ми. Уживајте феминки
Не сум омилена во секое друштво. Знам и зошто Порано се нервирав, се траќав од земја... Ама сега сум радосна што не сум имала дружба со секого. Епа дечки, незнам : - да се лигавам - да делам комплименти безврска - да ,,стегам,, лајкови - да умирам од смеа на секој ваш глуп виц или досетка - да ти се упикуем у гз за да ми се ,,најдеш,, некогаш - ако ме прашаш за искрен совет или одговор, нема да го чуеш тоа што ти го сакаш ... ... Ама затоа јас сум СВОЈА. За мене никој не рекол -ПУШАЧ...или..БУЉАШ..или...ДЕБИЛ И да не се жалате како демек сите сакаат да ве искористат....само за тоа и служите...за ништо друго.
Мислам дека и друг пат имам пишувано за дедо ми. Прекрасно, милно, ситно по раст човече од 85 години. Не е многу образован и учен, млад останал сирак и уште пред да знае доволно добро за тоа како да се издржува самиот себе позади него останале уште 6 помали братчиња и сестри кои чекале леб и утеха. Често го набљудувам по дома без да знае и му се восхитувам на тоа какви се не изуми му истекнуваат за да си го олесни секојдневието. Луѓе тоа е просто чиста физика. Толку логично и точно ги поставува работите што и не ми се верува дека не го ни слушал тој предмет во младоста и дека сето тоа е производ на неговиот ум. Често му викам дека да имал среќа да се роди во некое друго време дека сигурно ќе бил голем научник што ќе го променел човештвото. На тоа само ќе ми се насмевне и ќе си удри некоја шега на негова сметка, сакајќи да ми се „надоврзе“ на хуморот. А уствари толку е скромен што никогаш и не помислува дека сериозно го размислувам тоа. ...Зборот ми беше, оваа генерација денес има можност да прави големи работи, па макар и дошла од ваква црна дупка од држава каква што е нашава. Имаме начини да ги преточиме идеите во нешто вистинско и да ги натераме луѓето да ги видат и слушнат, само кога би трошеле малку повеќе време на себе осознавање. Никој не е генијалец за се, ама просто убедена сум дека секој има нешто коешто перфектно добро може да го прави па макар и фишеци за сончоглед и семки да прави, ама тоа да бидат најдобрите фишеци за сончоглед и семки што човештвото некогаш ги видело.
Добро бе дали се нормални, вчера бев да платам сметка за струја во Комерцијална банка и ми вика од 1 август наплаќаат + 25 денари провизија. Заборавив да ги прашам случајно да не почнале да наплаќаат провизија и за сметките за вода, парно... Ама што е многу, многу е, стварно претеруваат! Луѓе немаат пари за леб, а тие гледаат како се повеќе да украдат од народот, воведувајќи непотребни трошоци.
Длабоко се поклонувам пред хирурзите, пред нивната храброст, мирна рака и сталожени мисли... Всушност целата ситуација го смени начинот на кој гледам на животот. Свесна бев дека "денес си, а утре можеби веќе нема да постоиш", но конечно вистински разбрав што навистина значи тоа. Кога само неколку мигови се пресудни, кога разделбата би значела дека веќе нема назад, дури тогаш сфаќаш дека нема таква работа како "премногу дадена љубов". Бурата помина, а се надевам во иднина ќе следат само среќни мигови...
Некој малер ме има фатено, саде сељаци се вртат околу мене. Ми иде више на оглас да дадам: "Кој изгубил сељак, кај Сањичка007 нека си го бара. "
Кога ќе легнам да спијам сакам да се одморам убаво, а не уште толку да се заморам и кога ќе станам да сум ко претепана. Ама кога сонувам баш тоа ми се случува. Има некои сонови толку морбидни, толку реални, толку ме заморуваат. Сонувам некоја мешавина на минатото и можеби иднината. Чудно е, ме исцрпуваат. Сакам да се измисли апче, да се напиеш пред легнување и ништо да не сонуваш. Најлошо е што кога ќе се разбудам уште ги памтам, уште мислам дека сум во сонот и не знам што да правам. И сабајле нешто слично ми се случи. Станав, не знаев до вц да појдам, ама ај некако го најдов и таман излагам од вц некој заѕвони на врата. Брат ми уште спиеше па ајде јас бушава, исплашена од соновите, по пижами отварам врата. Пред врата застанале 2 жени и 1 маж, и таа постарата ме прашува дали овде живее Цветан. И кажуавм не, па дури и во близина како што знам во поблиските комшии нема Цветан. И таа пак упорно ми вика ама овде ни кажаа дека живеел, знаел да гледа на икони, не знам што и женава си влага дома Јас на врата застаната и веќе нервозна и викам НЕМА ТАКОВ ОВДЕ, БАРАЈТЕ НА ДРУГО МЕСТО.... И таа старата ми вика: Извини, вие како се презивате? И ја њтф? зошто? И таа ми вика па да се извинам, да не погрешивме нешто Што има врска како се презивам? Господе чувај ни го паметот на сите....Само им ја треснав вратат пред нос. Таа можеше баба да ми биде, а другата жена и мажот малку помлади беа....Со сета почит, не знам кои идиоти беа....Битно видов регистрација на колата од ПП беше.... После тоа, пола саат главата ја мавав од ѕид за да бидам сигурна дека не сонувам.....
Мaж кoј не пие пивo, не е мaж. Мислaм ствaрнo...кaкo мoже мaшкa oсoбa дa изјaви, aaa јaс пивo не пијaм ?! А у брaте (сестрo) извини мoлим те. ТИ ГУБИШ . Сoучешче. Вaшa М,
знам дека брат ми го интересира Историја па да отиде систер утре да праша на филозовски за на историја оти господин брат е мрза светска а систер а сестрава душа дава да му тргне на подобро само да не го сретнам еден од чуварите(со кој се бркавме година и нешто) а татко ми на глава ми се качи со него едвај престанаоти ке помисли девојкава ме следи, луда е по мене(бог да цува)
Значи кога имам пари во мене, ќе си најдам рачка некоја и обавезно ги трошам. Како очи да ми бодат! Наместо да си зачувам некој денар... ама НЕ! Не постојат пари на светов што јас не можам да ги потрошам.
сдк ..можеби во животот нема да го добиеш тоа што го сакаш но сигурно ќе го добиеш тоа што ти е потребно.. нека помине жешково веќе испопаѓавме....јас да кажам аман од лето значи стварно е претерано топло...
Значи ако возите скап автомобил тоа ви дава за право во град со малтене 10 000 жители да возите 120 ? Аман од сељачини. Дебилчини. Провинцијалци што си купиле џип со парите на мама и тато па ќе те газат на пешачки. Аман бе луѓе, аман од некултура и непочитување на прописи и закони! И тоа во мало, малецко местенце. Настрана ова што ќе ме згазеа, си викам, ај барем убав џипов, немаше да умрам тукутака.
СДК ... сама се прашувам, можно ли е толку некој друг воздух и друг амбиент да ми влијае позитивно и здраво на организмот, а овој тука во сопственото родено место каде живеам толку време, да ми штети во секој поглед?! А се трудам, самата си давам позитива ... си повторувам дека не е така ама џаба. Има нешто таму што тука нема и нема да го има. Кислород! Во секаков облик и во секаква смисла.