Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Еден ден ќе ја ставам во списокот со исполнети желби,...

    [​IMG]
     
    На Lella, crazylady, Annath и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.542
    Допаѓања:
    55.326
    Пол:
    Женски
    Велат дека секоја промена оди кон подобро,само јас изгледа одам со промени кон некој лош нагорен пат,тенка е линијата меѓу доброто и лошото да,секогаш бев далеку од лошото со илјадници километри,ама како изминува времето,посебно овие неколку денови ,сватив дека треба да им вратам со лошо на многу личности,доста беше да го трпам нивниот отров,секој кажан збор кон беше отровен,а на истите тие луѓе им враќав со мед јас,секогаш несебично бев тука за нив,им помагав и психички,физички и умствено и уште на кој друг начин не,ама доста беше па,и јас сум имала граници бе,само не сум знаела да ги поставам;)
    Ова што го напишав за дотичните ми олесна искрено,само камо нив да им го кажев,ама не Рама колку и да се сили ке биде лоша,добрината во неа победува секогаш:devil:овие ми се некои моменти и изливи на бес,ама искрено добро се почуствував денес кога за многу работи дотичниве зависеа од мене а јас ги оставив на цедило без ни еден кажан збор,потајно во мене славам,иако не е Христијански:)

    И така,вечерта може да почне,одам да славам јас,ако слушнете хистерично смеење и фрустрации,да знаете од мене се:D:P
    Ај со здравје,чиарс:beer::d:
     
    На 2212, samovila.red., purple..m и 12 други им се допаѓа ова.
  3. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    1. Многу мразам РАДОЗНАЛИ ЛУЃЕ.
    Се наведна ко божем да фрли ѓубре за да види што пишува на документите! А ние демек глупи сме па не приметивме.........
    2. Само во МК имате жални врби во река засадени и палми кои се тушираат...со народни пари.
     
    На kjukli, Annath, sparklie и 11 други им се допаѓа ова.
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно како народот не сваќа дека секој човек е личност за себе со свои маани доблести свој карактер и став, врз основ на своето минато и животни стории.
    Секој човек си е различен сам по себе и за себе си е.
    Неможам да седнам да ја тупам за некој што не му ја знам маката, зошто така зошто онака.
    Ете бидејки така сака и така му е арно на душата зошто друго може да е, си седнал да му солиш памет или да го збориш едно та исто, зошто?! Зар ти влегол дома, зар те поткусил за леб и со леб.
    Свашта.
    Секој си има свој стил, свој вкус и тоа ми е океј.
    Многу ме нервира кога забележувам некој како упорно дебатира се кара и дискутира, се докажува ми е смешно, а притоа не се свести дека имаат различни карактери, ставови и гледишта кон животот, различни маки у куќи си имаат.
    Абе јас сум тоа што сум, си се носам така, така ми е убаво, ми прилега, си имам свој карактер и свои гледишта кон животот и точка.
    Ти си таков каков што си, можеби различен, но си тоа што си.
    Завршена прича.
    Е не туку ке седам и ке оговарам, ке се замарам што правел комшијата и пријателката, упорно ке докажувам на некој нешто и некои истории и политики како да немам друга работа.
    Абе народот очите си ги ископа, а глувците оро играат!
    Се дур гледаш по комшијата и му береш гајлето ке си патиш, зарвори си ја устата најарно, и гледај си пред твојот праг.
    Многи ме иритира фактот што кога сум во македонијава само за едно ме стопираат на среде улица и ме прашуваат
    "кога дојде"
    Ааааа, аха.
    "А кога ќе си одеш"
    Се среќаваме утре, задутре, после една недела, и пак истото прашање(facepalm)
    Абе зар сум ти дошла дома да ти се трупнам па се та едно исто да ме прашуваш, незнаеш друго што да кажеш?! Ме маваш или ?! Која е целта на секојдневниот муабет.
    Празни лејки.
    Кога дојдов дојдов, ке си одам кога ке ми прдне на .....!
    Ете така.
    Имајте убава вечер дами, се читкаме :*::mm::f:
     
    На Lella, purple..m, crazylady и 20 други им се допаѓа ова.
  5. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Единствена моја другарке, немам каде ка кажам а да не се расплачам. Твојата прерана смрт е не сватлива, не преболива. Ми фалиш секој ден повеке од претходно, ми фали да се смееш на моите глупости, ми фалиш да ме искитикуваш кога ке погрешам, дури ми фали и различното размисслување и водење инаеет. Ахххх болка болкааа големааааа ;(
     
    На mal.ecka, kjukli, Lella и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    Денес читав по македонските портали ќе имало метеорски дожд па цел ден како мало дете се радувам. Секое лето гледав најмалку по 3 ѕвезди како паѓаат, а оваа лето ниедна и многу ми е криво. Цело време одам со главата во небо ама нема, не паѓаат. :rofl:
    Си се спремав денес со грцки, сокче и нешто благо и после одам на тараса. Од 1 до 3ипол ќе имало најголеми шанси да се виде нешто, да се надеваме ќе се исплати седењето надвор толку време. Другарките нејќат да ме дружат, страв ги било после да си одат дома, еее. Сама ќе си гледам, гајле ми е.

    И ќе си замислам желба, да. Ако се сетам навреме, од возбуда може да ја заборавам и желбата. (fingers)
    [​IMG]
     
    На Lella, purple..m, Madam-A и 12 други им се допаѓа ова.
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.998
    Пол:
    Женски
    Кога ќе видам со што народ се замара и од какви мравки се прават слонови, па то детаљни и непотребни анализи, и во реален живот, и на интернет просторов, па ми иде да си се пољубам во огледало и да си речам „Е, алал да ти е, сестро. Мњах.“
    Видете, и јас знам да го тупам некогаш, ама брате мили бре, кога не ми чука - не ми чука, па не знам каква апокалипса нека се дешава...а тоа е 95% од времето.
    Зошто бе 10 минути да се правдаш дека ти каснел автобусот, сосе опис на возилата и околните минувачи? Па другиов ја впива таа информација подзинато, па анализира дали има простор тоа да е лага, па ќе го расправа муабетот со трето лице, мислиш најбитна-на-свет информација е.
    Земља зове...на обично кафе касниш! Хорхе каснеше на состанок што требаше да разреши воен конфликт, па не се оправда пред два милиона исплашен народ.
    Или па што значело смајли во порака. Хесусе! Свети криптолози и криптографи, смајли е.
    Ми иде да делам флаери „Вие и вашите т.н. проблеми не сте толку битни ко што мислите дека сте“, али ќе биде сфатено во потценувачки контекст, заеби.

    Абе, разладете си тоа главчиња, кренете си нозе на тераса и сркнете си го кафето на екс ако така ви сака душата. Без она клише „кафе/чај со цимет, дожд/ѕвездено небо и добра книга/филм“, еве нека биде само вие, комовачата и мозокот на пасење. Дозволете си да бидете несмасни без да правите драма од тоа, расипете го пола на маица ако пошло, опцујте си се за тоа, ждригнете, па изнасмејте си се.
    Уште на илјадници им се случува истото што и на вас во моментот, и пак светов не престанува да се врти, ниту пак времето застанува.
    Вие изгледа толку немате проблеми, па трошите нерви на баналности само за да оставите впечаток дека имате којзнае каков бурен и интересен живот.
    Дишете...
     
    На samovila.red., kjukli, Lella и 24 други им се допаѓа ова.
  8. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.507
    Допаѓања:
    35.183
    Пол:
    Женски
    Мислам.. се е јасно тука. :)
    Колку родителите ти мислат добро, толку нема ѕвезди на небото.

    11224726_3173661772743138_2145897037039466092_n.jpg
     
    На kjukli, Lella, purple..m и 25 други им се допаѓа ова.
  9. Dreamer-V

    Dreamer-V Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2015
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    460
    Пол:
    Женски
    Денес излегувам од дома и еден дедо се качува на велосипед, а бабичката го испраќа со зборовите :" ќе имало некаков дожд вечер, да си дојдеш рано од село, да не те фати некое невреме". Љубов бе, ми се насолзија очите:inlove:
     
    На samovila.red., kjukli, Buttterfly и 30 други им се допаѓа ова.
  10. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.619
    Пол:
    Женски
    Никогаш не му верувај на оној кој сака нешто што е твое.
    Пријател или не, потребата е надмоќна емоција!
     
    На samovila.red., kjukli, purple..m и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.862
    Допаѓања:
    142.580
    Знаеш колку лесно манипулативен народ има, кој е истовремено лекомислен и мрзлив, кога ќе видиш како наседнува на фотошоп. Да е некој повозрасен без основни познавања на Пеинт, не па нешто подобро, ај ќе речеш, се лаже.

    Ама кога некој ДИПЛОМИРАН ПРАВНИК кој живее и работи во Скопје, кој положил правосуден испит, кој е магистер по право, компјутерски образвоан, ќе се насамари на Министерство за Џус, ми иде да се смеам и автоматски да се иселам од тука. И тоа само заради проста раја, неписмен свет, на кој да му речеш дека магарето лета, ќе ти каже дека убаво мафта со крилата, оти му е тешко да ја крене главата и да го накриви вратчето.

    Никој не може да ме убеди дека е некој непособен да помине на Рекорд и да прочита дали пишува џус или не, битно се изнасмеаја, а всупност шегата беше на нивен грб.

    Дечкото кој го направи фотошопот сигурно се чуди до каде стигнала шегата, па дури и оној „директорот“ на Проверка на факти, кој се смета за најпаметен новинар, се закачи на јадицата и не го провери фактот и се исмејуваше. Дискредитација на целата негова работа. Од денес па натаму тој е за мене неспособен. Впрочем како и сите останати новинари.

    Истиов м-р по право, со положен правосуден се исмеваше на пресудата со ќебачињата. Сите други неправници можат да се валкаат по земја ради одлката на судот, ама не очекував од него. Да ми зависи ноктов у животот, па не би отишла кај него да ми е адвокат. Оти он треба да знае повеќе од рајата. Рајата не треба да знае, ако знае, он нема да има леб.

    А и Телма да си консултираат правник, не е лошо, или тој што го имаат, да го пратат по ќебачиња.
     
    На samovila.red., Abeja, Snow-Star и 6 други им се допаѓа ова.
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Полека почнав да се навикнувам на осаменоста и не се плашам повеќе од неа ниту ја доживувам како нешто трагично.
    Во мисливе ми се разгоре фантазијата, желбата, копнежот за убавите работи кои можеби допрва ќе се случат и будна ги сонувам сите убави мигови на некој начин си ја потхранувам душата со тоа.
    Помислувам дека одлепувам со тоа што повторно си поставувам нови цели, рокови на исполнување на задачи, ги создавам во мислите луѓето кои ми недостигаат но истовремено и копнеам за сосема ново опкружување, во сосема друг град, нов почеток, нови луѓе, нови пријатели,нови искуства убави и позитивни нормално.
    Сеуште тлее надежта во мене дека се си има своја причина и последица не случајно се рекло илјада зошто и илјада затоа што.
    Засега имам само прашања во глава но не и одговори иако верувам дека еден ден кога коцките ќе се поклопат ќе ги добијам одговорите и ќе ја разберам целта на овие искушенија и страдања.
     
    Последна измена: 12 август 2015
    На kjukli, Lella, natemila и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.369
    Пол:
    Женски
    Не знам кому да му кажам , никој нема да ме разбери, а претпоставувам некои и ќе се налутат.
    На кого да кажам , не знам .....знам,не сум сигурна, сигурна сум.... Не знам ништо ај . Само знам дека не сакам веќе околу мене просечни луѓе , во вид на партнери за врска. Значи повторувам не сакам да навредам никого, нит да омаловажам не мие тоа намерата ама ако така излезе тоа е затоа што барам некој според моето ниво. Тоа не значи дека треба да се богати, манекени, со докторати и Армани саати.... Значи стварно ама не можам и не можам да бидам веќе со луѓе во кои нема муабет. Не знам , се мислам дали претерувам, дали барам нешто невозможно, дали сум во ред затоа што околината налага да се чувствувам како да барам нешто поразлично од сите... А од друга страна знам дека сум во ред, колку и на другите ова да му изгледа дека не е ок, за мене и моите барања е доволно.

    А сите такви , сите такви врски околу мене.... Побогу и за девојки за кои сум имала високо мслење , избраникот нејзин ...шо да ти кажам.... Дали луѓето се потценуваат кога одбираат парнери , или јас па сум ги преценила одредени. Шо муабет да правам со некој последна книга во 2 одделение што му била, компјутер не користел дека преку телефон нели на фејсбук седи , факултети-филмови-музика тоа се у канта ....
    Ами добро ај да сме 17 години па да се пронаоѓаме себеси, па да лутаме ама сега ли на овие години ?
    А и јас па шо пишувам за нив, нека си идат ако ..... него никој не ме сфаќа , сакам некој со мене на Morrissey шо ќе дојде, некој со кој ќе зборувам за духовно патување,за искуства низ животот , за лични планови остварувања и цели , за хоби ..... И ми се смачи од сите како немало совршенство или "спротивностите се привлекувале".... Е ќе барам совршенство, спрема мене нели .. Може за вас не постои оти мислите дека не сте совршени.. и продолжите да идете со затуцани сељаци ,коцкари, бивши наркомани,мајстори, шофери ......И нека изгледа дека вреѓам , тоа не е заради професијата ..туку затоа што човек со таква работа ,не може ,ама не може да напредува , да се развива .....
    Ама вас ви одговарало така , така викате..... Епа јас сум принцеза, мене не ми одговара!
     
    На kjukli, fallenangel, vitamina и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Eve konecno da najdam vreme da pisam nesto na kratko.
    Ke pocnam so svadbata koja bese i poveke od ona sto ocekuvav. Jas sum najsreknata zena na ovoj svet. Odmorot seuste ni trae, posetivme preubavi mesta niz drzavava a za dva dena veke odam vo mojot nov dom. Mi se dopagja pocetokot na ovaa nova etapa od mojot zivot. So nego. ♥♡
     
    На samovila.red., joy1, kjukli и 26 други им се допаѓа ова.
  15. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    44.398
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека сум згрозена од условите во кои мора болните луѓе да престојуваат по болници. Едноставно не можам да опишам. И лани и годинава еве имав прилика колку-толку да видам какво е.Тие неколку дена додека беше таму, ја посетував баба ми,имаше операција на колкот,лежеше во болница,па завчера пак во друга болница отиде,повторно има болки,не беше баш добра со здравјето.

    Добро бре,болници ли се,штали ли се?! Дали луѓево се нормални?! Кој болен човек би се чувствувал подобро во болница каде,како прво и основно,не се дава здрава храна за болните? Лани во болницата на болните им даваа паштета и салама (facepalm)...Која хранлива вредност ја има нештото за да му помогне на болниот да оздрави побрзо?! Друга работа,по собата на подот си шетаа мушички,мравки или што и да беа...тоалетот,да не зборувам,незачистен веќе 2 милениуми,чаршафите со флеки,неубаво испрани,а чистачките и медицинските сестри со свои очи ги видов како си седат со шолја кафе в раце гледајќи серии,додека жените што беа во собата до баба ми викаа од болка. За баба ми од дома земавме и облека,и чаршафи,па и малку храна.Разбирам дека и тие треба да имаат пауза,разбирам дека и нив одмор им треба,но никако не можам да разберам како во тек на смена човек може смирено да си седи пред ТВ додека болните викаат по медицинскиот персонал,трпат болки и од операции и од се' живо и диво!? Само што поскоро баба ми дома да си дојде,да ја видам на нозе,здрава и жива,па да ја посетувам пак секој ден. :sun:

    Секоја чест на исклучоците,докторите и медицинските сестри кои го даваат максимумот од себе за да му помогнат на болен човек,штета што такви многу нема.
     
    Последна измена: 13 август 2015
    На samovila.red., joy1, kjukli и 23 други им се допаѓа ова.
  16. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.482
    Допаѓања:
    34.159
    Пол:
    Женски
    Видете вака...кој сака како сака нека си се фарба...арно ама Господ нека ми прости,ама ко видов едно девојче заедно со мене шо учи како се напрај во косата си помислив дека го видов пинк пантер како човек. Не знаев дали да се крстам со двете раце или да се удавам.Ќе си ја упропасти кутрата косата.Од ко ја знам ја фарба и еднаш не ја одморе.Розева косата палената ја направила.Ах мори...Ако пинк пантери нека се шетаат по битолските улици.Рингтон-пинк пантер музиче ако ставам...јас од утре како Гарфилд ќе се офарбам бе.Либерти фор хеар,јеап:bow:
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.741
    Пол:
    Женски
    И така, се убедувам самата себе дека постојат случајности...

    Оти случајност е да налетуваш на едно те исто лице три пати во денот.
    Оти случајност е да налетуваш на некој, кој најмногу те повредил.
    Оти случајност е секогаш кога ќе седнеш да испиеш кафе, магично се црта пред тебе.
    Оти случајност е сепак, кога-тогаш да се соочиме со тоа.

    И постов е случајност, доаѓав едно да кажам, ама ми излегоа други зборови.. :|
     
    На samovila.red., kjukli, Simplicity и 19 други им се допаѓа ова.
  18. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.789
    Допаѓања:
    14.648
    Пол:
    Женски
    Фино си се дотерав, си облеков бохо фустанче, накит, си залепив по некоја металик тетоважа и спремна за излегување поминувам низ дневна. Татко ми ме гледа, ги спушта наочарите на врвот од носот и ме прашува: " Од кај ти се тоа тетоважите, во мастики ти се паднаа?"
    Ај објасни му дека сега тоа е модерно... :$:D:rofl:
     
    На CameliaMiller, joy1, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Оние што ме познаваат, знаат дека јас без mp3ка од дома не излегувам. Каде и да одам сама, слушалките ми се на уши.
    Си имав една убава виолетова mp3ка која секаде ја влечев со мене, арно ама оваа зима ја изгубив. Не ми беше јасно како, зашто јас во животот ни лабело немам изгубено. Буквално секаде ја побарав, сѐ превртев, ама после недела дена барање, се помирив со тоа дека никогаш нема да ја најдам. Бев 90% убедена дека ми испаднала од ташна во Дежа Ву, дури и неколку пати сакав да ги прашам дали нашле виолетова mp3ка, со замотани слушалки фатени во виолетово штипче за коса :$ Ама не прашав, си земав нова и ја преболев. Си реков, ако ништо друго, кој и да ја нашол - ќе слуша добра музика :)
    Минатата недела си го пакувам куферот растрчана низ дома, го ставам лап топот во торба, а од него ми испаѓа едно упатство, право позади биро. Откако не успеав да го извадам од таму со едно пенкало, морав да го повлечам цело биро. А таму - мојата mp3ка :party: Немате поим колку сум се израдувала!! Се пикнала баш во задниот празен дел, немаше шанси да ја најдам ако не го повлечев бирото. Иако се брзав, одма седнав да ги преслушам песните и да видам што сум слушала лани.
    Да слушате стара плеј листа, тоа ви е како да разгледувате фотоалбум. Сите песни ги врзувате со некои луѓе, настани и случувања. Повеќето песни ги немав слушнато со месеци, па беше убаво да се потсетам на оние што ми биле на repeat.
    Мразам кога губам работи, зашто сум многу организирана и секогаш знам кое каде ми е. Ама вака кога ќе си најдам нешто изгубено, ми доаѓа цел плакар да го растргам, случајно да не најдам нешто и таму :wasntme:
     
    На samovila.red., joy1, eliesaab и 33 други им се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Најубав начин за на некого да му кажеш се што мислиш во лице, без толку да ти се налути, е да се правиш дека си пијан...демек не знаеш толку што зборуваш ама сепак во лице му кажуваш тоа што мислиш...наубав совет од татко ми добиен во последново деноноќие :rofl:

    Инаку на сите под прозор серенади им пејат, а мене некој ми се изждрига точно под прозор 8-|
    Јас бетер култура од него му испцув се по список и ѕирнав да видам кој будала е....детиште некое било. :fubar: :swear: Си одеше по пат и ждригаше, а јас најмногу што мразам е ждригање. Аууу кој ќотек, ама буквално ќотек, го има јадено брат ми....а и на татко ми порано со недели не му зборував дека ждригнал дур пиел пиво.
     
    На samovila.red., kjukli, Luna91 и 7 други им се допаѓа ова.