Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Секогаш ме радувало ваквото сончево време. Сега ми предизвикува тага. Колку треба да бидеш опустошен и колку треба да сакаш да се скриеш за да те нервира сонцето?

    Како душава да ми е соба полна прав и нечистотии што денес сонцето ги осветли и ми дозволи да си ги видам.

    Во свет полн со луѓе ,можно ли е да бидам така осамена?
     
    На sparklie, eliesaab, kala21 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189
    Чувството кога долго време размислуваш и пак не можеш да донесеш одлука...
    Дали сум јас неодлучна, дали секогаш има нешто ново што ме тера одново да размислувам :?: и секогаш се враќам на почетокот.
    Како да знам дека го правам вистинскиот избор, како да одберам меѓу два огна, како да знам од кој помалку ќе се изгорам...
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Ти стиснав лајк заради начинот на изразување, не поради тоа како се чувствуваш. Чувството на празнина не е за допаѓање.
     
    На Barbie20, Waka-waka, Dvolicen и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.017
    Допаѓања:
    90.738
    Пол:
    Женски
    Добра сум за тие што заслужуваат , а оние другите самите ќе осетат и почуствуваат која сум навистина јас :|
    Колку човек е подобар толку повеќе на глава му се качуваат -Оваа навистина е многу убаво кажано ...
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.415
    Допаѓања:
    159.224
    Јас јадам цела милка за доручек.
    Ви како те?
     
    На tessie и Gea им се допаѓа ова.
  6. swatkoto

    swatkoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    11
    ;( ;(

    Животна раскрсница - јас сакам да готвам истражувам, да го живеам животот, А моите сакат да работам тоа што учев (програмирања дрн дрн јариња), појке платено вакво онакво, јас појма заинтересираност нула!

    Да пробаш тоа што е погрешно - да изневериш? Си го сакам дечко ми најмногу, АМА се требало да се проба во животот, и сега што правиме, кандидати неколку. СТРАСТ или РАЗУМ?

    Тешко ми е на душичката, не е лесен животот, предизвици многу, велат предизвиците треба да ги прифатиш но што ако се против сопствената воља, сите те туркаат де ваму де таму, не прашува никој што сакаш!!!!! Преморена сум, сакам само да имам работа која ќе ми ги обезбеди основните потреби, да си имам семејство, дечина со мојот дечко. :|
     
  7. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.415
    Допаѓања:
    159.224
    А зошто твоите родители да ги носат твоите одлуки?
    Ако сакаш да го правиш тоа во животот, мора да најдеш начин како да се идржуваш правејќи го тоа што го сакаш.
    Твоите сакаат да си среќна, ама некогаш за да бидеш среќна треба да им бидеш помалку лојална.
    Ако најдеш начин како сама да се издржуваш и да правиш тоа што сакаш, тогаш имаш право на се. А ако очекуваш твоите да ги задоволуваат твоите потреби за пари, а ти да се забавуваш, тогаш имаш лоша пресметка во својата глава.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Денеска понеделник...дали конечно ова ќе биде оној понеделник кога почнувам диета и ја спроведувам успешно до крај? До сега премногу понеделници, премногу неуспешни обиди,неисполнети ветувања, газот ми станал како кинеска гласачка кутија-можам на него да ја истетовирам картата на светот со размер 1:100000, образите-да не правиме муабет, третооделенец со шестар може портрет да ми направи, не, не, не,дефинитивно денеска мора да биде тој понеделник. Од Нова Година навака, од празници, родендени и фамилијарни славја, глава неможам да кренам и на секое од нив, кусни си, пини си тоа ќе ти остане, ахам да, единствено што ќе ти остане е спојлери на сите страни :!: Еве, баш вчера, повторно софра-собиранка, повод роденден и веќе знаете, се она по ред како што си иде, од предјадење до десерт, еден куп луѓе, секој со свои манири и мора на масата да има некој што бистри политика,масира со своите убедувања и не прифаќа никакви аргументи од оние што имаат поинакво мислење од него на конкретна тема, ама се наоѓа некој провокатор од типот „Перо контраш“ и му контрира пркосно до крајот на вечерта; потоа некоја теткица што вади пластично ќесе од ташната и собира од чиниите што и дојде до рака, демек ќе носела на нејзиното куче, а сите знаат дека нема домашен миленик; онда ниска дебељушкаста стринка, која тврди дека не јаде ништо и не и е јасно од што се дебели, цело време ја скенира масата и „пробува“ по малку со изговор да не ја навреди домаќинката, а она збрише пола и повеќе од принесеното и понекое непишано правило има слабушкаст маж кој ништо не мези, ништо не збори, туку единствена преокупација му е да дрмне уште некоја чашка, па откако ќе почне жена му неприметно да го гази под маса, тогаш мисија до крајот му е скришно на екс да исцица уште некоја жолта, а ако ракијата е на домаќинот, тогаш бара и за дома едно шише, за масирање кичма, не за друго :drunk: ; скоро секогаш има по некој „бизнисмен“ што едвај душа врти од први до први со трафиката што ја земал под кирија, а држи предавања за претприемништво, мислиш разговараш со Доналд Трамп; до него фин брачен пар со ќерка тинејџерка која цел вечер ги масира со прашањето „Кога ќе си појдеме дома?“ и обавезно некој лузер од семејството со пубертетски бубуљици, што уште го ставаат на маса во другата соба со помалите деца. Последни доаѓаат ќерката на првиот братучед (иначе од љубов омажена) со нејзиниот маж што ја наследил фирмата на тате и нивното дете со ваков поглед ]:) .Домаќините се предиплуваат од среќа кога ќе ги видат на врата, зад грб |( , по глава го тапшаат детето што едвај чека да планинари по намештајот и да го реновира станот, додека мајка му растрза локуми за кучката што не и го направила успешно маникирот, а татко му :smoke: и не мрдаат со мал прст, не, не, не, погрешно се разбравме детето не е невоспитано, само е темпераментно :^) И разни други фацки, се испорасприкажав и да не се оддалечувам од темата, е да, токму од тие фамилијарни збирштини и празници, сега треба да се ставам на преживување или устата да си ја сошијам, да оставам само малку простор како за цевче, за вода да не приумрам.
    Надвор сонцето исцерено, ама му се гледаат забите, да излезам можеби ќе ме изгриза да ми ги намали копаните или и на него му е страв да ме гризне, да не качи холестерол? :?:
     
    На Barbie20, Buttterfly, ilipili и 9 други им се допаѓа ова.
  10. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    Најсреќен од сите беше тренерот кога ме виде сношти на тренинг. Уште посреќна бев јас, затоа што се вратив, застанав повторно на паркетот, повторно дадов кош. Не очекуваат претешки тренинзи, со пренапорни загревања, вежби, повторувања и тренинг утакмици. На почетокот на март почнува продолжение од лигата, мораме да сме спремни, кондиционо и технички. Ги цитирам зборовите на тренерот: „Девојки, ние сакаме да бидеме број 1. , а тоа мора да го постигнеме. Без пот, напор, нервоза која е се почеста во вашите години не можеме да постигнеме успех. Ајде да покажеме кои сме ние, кои сме ?“ И сите во еден глас: „СТАРС“

    За утре имам 300 работи, уште едно мое внуче прави роденден. :party: Чудно колку брзо лета времето, како вчера да се роди, а кога ќе погледнам малку наназад и ќе се присетам на сите денови изминати со него, не ми изгледа така. Имам и три теста, Биологија, Физика и Хемија. Треба да се туширам, и да и помогнам на мајка ми во правењето на тортата за внук ми. Плус тоа закажав за на Skype во 17:30, и имам еден куп домашно по математика. Треба уште 15 минути да одам на тренинг кој може да трае и 3 часа (зависно од планот на тренерот).

    Имајте најубав ден Феминки, и не заборавајте: На врвот секогаш има место !
     
    На ana-girl и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    1.603
    Пол:
    Женски
    Здодевно помеѓу овие четири ѕида, чувствувајќи ја самотијата, решена да го видам синото небо, да видам нови личности.

    Уште на прагот од вратата го почувствував свежото утро. Продолжив да чекорам.. Одам по овие улици, незнаејќи која ми е целта.. талкајќи и гледајќи ја сиромаштијата и бедот. Од едната страна луѓе кои се решиле да заработат пари колку за леб, се тресат на ова студенило и продаваат. Од другата страна пак луѓе кои ја прегазиле гордоста и решиле да просат за да преживеат, заедно со нивните деца измрзнуваат.. а јас се вртам наоколу и се чудам зошто излегов од собата со самотија, зошто го напуштив тоа место, за да ги гледам овие тажни лица? Не престанувам, продолжувам да чекорам, незнаејќи каде да погледнам, секаде е исто. Наеднаш гледам човек кој вика „Крадец! Фатете го! Ми го украде паричникот“.. гледате ли до каде стигна светот? Почнаа со крадење за да преживеат. Уште поголема тага ме облева и се прашувам „Ова е сон или реалност?“.. Поминуваат покрај мене луѓе, непознати лица.. сакајќи да им се обратам, да ги отпоздравам, да се запознаам.. Но не, толку време сум била затворена во самотијата што не сум разбрала дека надвор се случува хаос. На кој и да му се обратев не можеше ниту да ми возврати, брзајќи, барајќи работа, засолниште.. Сега и оние кои стоеле цврсто, кои не покажувале дека немаат ни за леб се излезени, бараат подобар живот. „Па добро луѓе, што се случува? Каква е оваа бедотија? Што ви е вам? Зошто сте толку збунети?“- зачудувачки им се обратив. Од другата страна, еден стар човек, кој за малце немаше да го познаам дека е соседот Миле, па толку се изменил.. повеќе не е цврстиот дедо Миле кој секогаш ни даваше зрели јаболка од неговата градина. Сега и тој се бори да преживее во овој ужасен свет. „Еј, мила на дедо“- ми се обрати како некогаш, ја преминав улицата „Ги слушнав твоите зачудувачки прашања. Како сиот свет да е изменет нели?“-повторно ми се обрати.. „Па да, во голема криза сме, како што гледаш немаме ни за живот, се пропаѓа. Се уништуваме, но вие младите имате време да го разубавите овој сив свет.“. Седнав покрај него на клупата во паркот, морници ме лазеа, очите ми се полнеа со солзи. Си мислев, можеби да не се затворев во собата со самотија ќе помогнев да не се случи ова? Чувствувам вина.

    Седејќи до дедо Миле, најдобриот сосед, ми протече солза. Тој тоа го примети, ја потпре мојата глава на неговото рамо и почна да ми раскажува за детството, ми рече да ги затворам очите и да мислам дека сум дете, дека како некогаш си играме со другарчињата на улица, а мене топката ми паднала во неговата градина. Тој тоа го видел и топката ми ја подал, насмеани и среќни биле сите околу. Ми рече да не мислам на овој хаос, да замижам и да мислам дека тоа било кошмар, а сега, во најскоро време ќе се разбудам. Се разнежнив, почнав се повеќе да плачам, дедо Миле ме остави, не ми рече не плачи.. напротив ми велеше „Исплачи се, полесно ќе ти биде“.

    Плачев и само една мисла ми го одземаше вниманието „Зошто се затворив во таа соба, зошто мислев дека мене ми е најтешко.. кога некој надвор не може да преживее..зошто?“...
     
    На vinozito1, Kaylie, Desert.Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.260
    Допаѓања:
    43.877
    Ryuichi Sakamoto и се’ е ок. Мастилави облаци и несоници на биро.
    Баш кога ќе помислам дека можам да се скријам во некоја песна, истата ме издава. И прави се’ да биде пак, одново и одново видливо.
    Во петок ќе има мои песни на фотографии по повод мултимедијалниот настан на Лице в Лице. Треба да се појде и да се помогне, со збор, со дело, со купено списание, со емпатија кон овој свет што многумина ги остава без Дом, без да посакаат. Двете песни ги напишав во еден здив и не ни помислив што тоа може да ми значи. Јас, втора смена на работа, плус на слава. Не можеш да си секаде. Ако. Не ни треба да се појавувам секаде, си мислам. Чај од црвена лаванда од La Cha и ново мало шољиче со отпечатоци од мачкини шепи. Платата ми ја снема одеднаш, како со магионичарско стапче. Ама здравје... Пред се’.
    Од Телма ми јавија дека ќе треба да давам изјава за дигитална книжевност. Денес! А јас - пост ноќно, грда како гурелаво маче. Им реков утре. Нема проблем. Да се доведам до ред. Сфаќам и тоа - нема можност за втор впечаток на прво случување. Ми студеше цел ден вчера, па чајувам за да не очајувам (омилениот слоган што ќе им го пуштам и на аксц-овци) и му пишувам да си дојде поскоро, зошто инаку ќе полудам. Ништо не се случува, освен биртијашење со фини колешки и пеење песни насекаде. Мислам дека треба цртки да си ставам по сите меанчиња кај што сме седеле и лезетеле и сум се фатила за микрофон. Срамота нема. Кај може да има, кога срцето ти бара да се распее во една тивка чалгиска, или па да го возобнови Јонче со Ако умрам ил загинам? Па тоа, раце во воздух, палта зад рамо, скршени чаши ама насмеани лица. Родена сум за сцена, не за математика, логика, сфаќање од прва и миење чинии. Денес во ДМ на ребро и дијаспорски муабети со Мери и моја пичола. Знам само дека гравитацијава ме држи во неизвесност, а кај и да е ќе ме катапултира некаде на друго место. Како што врви времето, не стануваш помлад. Стануваш се’ позагрижен и поцврст, наспроти мевцето од меката школка што се крие во тебе. Таму ако те боцне некој, крвариш и касаш. И сакаш да си поарен после тоа, ама не си. Тешко некако тоа. Еве измив чинии. Дури и зготвив пире за моите. Исправ алишта и најдов начин да ги искористам сите шишенца од вода што ги добив за подарок од мојот ревносен твитерај. Немам желба ни да пишувам веќе овде, ама убаво ми е на душичката да си се испразнам, да си испотраскам на тастатурава и после да се чудам зошто светов бил зол. Зошто? Зошто му ја даваме интимата да ни ја цица како вампир... Ај да престанам, најдобро ќе биде!

    А вас ве очекувам, лице в лице. Петок.
     
    На ana-girl, ilipili, anuskaNESTLE и 7 други им се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.480
    Допаѓања:
    91.988
    Пол:
    Женски
    Додека синоќа ги препишував старите рецепти на мајка ми во мојот тефтер ми се навраќаа спомени од тоа кога тој колач излегол прекрасен, кога не се погодил. Па погачата прв пат кога ја правевме сите заедно, новиот рецепт од тортата која речиси секој ден ја правиме и се смешкав додека моите се чудеа. Мајка ми коментираше дека денес со речиси се достапно на интернет е малку смешно да се запишуваат рецепти, па и не ни верувала дека некогаш ќе посака некоја од нас да си ги има за себе.
    Почнав тефтер и за сестра ми, а таа па се налути како сум можела и да помислам дека неа тоа и е потребно? Што ќе и биле?
    Рецептите на мајка ми сигурно ги има и на нет, но за мене препишувањето од тој тефтер има значење. На времето кога почнале со запишување на рецепти многу од нив се запишани од татко ми. Убав, лесно разбирлив ракопис. Колачи и торти еден куп, а тој воопшто и не ни јадел благо, но сакал постојано да има.
    Особено се радувам на оние рецепти каде што е напишано и во кој број на тавче треба да се пече :lol: :$

    Во меѓувреме една веќе се печеше. Веќе добро познат рецепт, кој сите по дома го обожаваме. Утрово пофалби и од комшиката.
    Мајка ми па сака да не фали што сме направиле и со задоволство и кажуваше на комшикава како постојано го правам ама овој пат најубаво се погодил.

    Многу жени сме по дома, па си ги поделивме домашните обврски. Секоја си го зема она што го сака, а за среќа па и немавме некои проблеми, не сакаме исти домашни работи.
    До кога ќе трае договоров баш и не знам, но за почеток добро го почитуваме. А и до кога би траел? Жени! :wasntme:
     
    На Mishela, ana-girl, Barbie20 и 16 други им се допаѓа ова.
  14. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Златно расположение ВРАТИ МИ СЕЕЕЕЕЕЕ!!!! |( :headbang:
     
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    СДК сега па од глава не ми излегува :@
    ццц Елисо мори за вака ли беше... :doh:
     
  16. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Среќата е во малите нешта. Во утринското кафе со дечко ми и опуштено музиче. Во мини-генералката што ја правиме заедно со него со откршена музика до даска. Во 10 минутниот разговор со мајка ми по телефон, кога се обидувам да и го пренесам оптимизмот што ме обзема и да и префрлам малку позитивна енергија во нејзиното сиво секојдневие, за да знае дека сум среќна. Дека тогаш и таа е среќна. Нејзината смеа на телефон е моја најголема среќа. Краткиот телефонски разговор со сестра ми, која е километри далеку, кажувајќи дека ја сакам. Среќата е во кутијата цигари, кафето и чоко-бисквитот пред мене на масиче :).

    Среќата е во малите нешта. Во прегратките. Во насмевките. Во едно „Добар ден“ искрено упатен кон комшиите и продавачката која ме пречекува со насмевка, желна за два реда муабет. Среќата е во сонцето што силно светнало денеска и буди во мене чувство на енергичност, одлучност, непоколебливост.

    После дождот доаѓа сонце. И тоа топло, силно, сјајно, искрено сонце.

    Здрава сум, жива сум, млада сум. Среќна сум.

    Ве сака,
    Џоунс :*
     
    На Barbie20, Buttterfly, crazylady и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578
    Абе ја као феникс сум, турни ме еднаш, турни ме двапати.. турни ме илјада пати и пак ке ТИ СТАНАМ.
    Не се предавам бе, неее никако. Посебно не пред некој кој сака да те дупи(извињавам се на изразов), како што прави и со другите.

    Епа душо несреќна, јас не сум ти "другите", мене можеш да ме чепкаш колку сакаш, ама чепни ми го најсаканото и со едната нога в гроб си влегол бе. Трпам јас, ама се' си има граници бе.

    Ако со другите си изградил такво понашање, немој да очекуваш дека секој ке те трпи, ке се најде некој на кој му е пукнат филмот и ке си го добиеш. Немој после да биде ама јас не мислев, епа ке си мислиш за нареден пат пред да се обидеш да пикаш прсти кај што не ти е местото.

    Она сака во сечија врска да се меша, да украде дечко на некој, да го смува или пак нешто повеќе, па човече тоа најголемо достигнување е за неа! :o :D Кутра душа искомплексирана. Жалам вакви персони, искрено. Она сака секаде да си го пика гзот, а ако некој се обиде неа да и се меша, е тогаш не чини. Немој, бе! :o |(

    Наишла на погрешен човек, само тоа ке го речам. Јас сум искрено преморена од вакви подли работи, ама ако сака да игра.. ке играме, и тоа на нејзин начин. ;)

    Само незнам колку ке и се допадне. :?: :)
     
    На Jenniffer, lana.del-rey, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  18. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    дека ме боли глава два дена. Понеделник, чудно се осеќам. Сакам да сум и ја дел од оние кои со заклучок на Влада ќе идат на фитнес (само поради фитнесот бесплатен и ништо друго) и....ќе го направам светот , подобро место за живеење.
     
  19. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    СДК само јас сум тој малер...
    Неколку денови пред минатиот испит имаше сонце а јас бев дома затворена учев. Конечно кога помина испитот почна да врне дожд па и снег. Сега се случува потполно истото... За неколку дена имам испит и дома сум затворена учам на ова прекрасно време.Ах Вест,навистина немаш среќа да го искористиш сончевото време...

    Сношти комшивка ни,ни кажа рецепт за печени компирчиња..Со мајка ми денес заедно ги приготвивме.Превкусни беа. Морам да признаам дека јас изедов најмногу од нив.Ама што да правам?Не беше до мене.До нив беше.Зошто мораа да бидат толку вкусни?

    Сакам да бидам дете.И мајка ми го сака истото.
    Шетнете феминки и за мене. :*

    P.S да ве поздравам со едно песниче.
    http://www.youtube.com/watch?v=8mWFfgO1EZ8
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.415
    Допаѓања:
    159.224
    Не можам да ви објаснам колку сум среќна и оптимистички расположена!
    Свет полн со можности, дури и да си во точка на Скопје. Јухууу!!!
    Хелоу њу уорлд, АЈ ЛАВ ЈУ, ај ем ин лав уит евритинг.
    Уште едни карти резервирани!!!!
    Хир уи гоу!
     
    На ilipili, anuskaNESTLE, LilBaby и 3 други им се допаѓа ова.