Празников отсекогаш ме асоцира на растрчани дечиња кои се кријат во својата соба подготвувајќи изненадување за мајките, некоја детска, наивна но најмила честитка, или со собраните пари бараат подарок за наставничката. Ах, може до после да ми текне да извадам некоја стара тетратка, да си се потсетам на поезијата... Мене па со годините ич не ми минува таа еуфорија за 8 Март, еве и ден денес освен купениот подарок на мама повторно ѝ спремам и честитка. Не бива без букет цвеќе, но и без рачно напишани топли зборови... А како убаво ми се погоди оваа година, во сабота, си имав петок кој со мерак си го посветив на тоа. Пак си направив еден домашен час по ликовно, извадив лепаците, украсните хартии и си се спремив за денеска, плус и заедно со тато со поклонот и така... Колку само ми е убаво на душата кога така ќе ја изненадам, израдувам. па уште секоја година така мило не` прекорува и мене и тато зошто сме се мачеле, зошто сум се трошеле, ми иде и јас да ја искарам. И да, морам да признаам дека се осеќам онака посебно, кога ќе ми честита 8 Март. Па големи веќе станавме, ќе си честитаме. А тато па, ко што е вицкаст, уште од пред неколку години ме зафркава, и мене по едно цвеќенце и чоколада ми купува. И така... ви посакувам преубав ден, убавината на празников и вниманието од блиските нека ви го заменат сонцето што не ни се појавува денеска.
Вчера неколку феминки се обидоа да ми помогнат и успеаа во тоа. Сакам да помагам и сакам луѓе што помагаат. Вчера 4-5 феминки ми помогнаа во врска со составот што не знаев ни како да го почнам не па да го напишам, а благодарение на нивната помош успеав. Како во животот не налетувам на луѓе како Вас на фемина? Тука 80% посто се одлични, а во животот на 20% како Вас едвај налетувам. Можеби бидејќи на фемина се е розово, а во вистинскиот живот не е, хм? Инаку нека ви е среќен 8ми март феминки. Уживајте во викендов.
Форумов ми изгледа како вистинско место на кое можам да добијам совет и мислење, па ако некоја од феминките е расположена да ми даде совет нека ми пише ЛП... Затоа што имам голем проблем за кој не можам да пишувам јавно, а навистина сум очајна и во безизлез.
нема подобро чувство од тоа да ја видите сопствената мајка како му се радува на подарокот кој сте и го подариле.Сите оние движења,изненаденост...едноставна радост. Честит празник мамичке!
Ова празников и целата побудаленост и женско его е само уште еден доказ дека во Македонија жените се уште не се ослободени од ништо. Барем духовно. Тажно е... па и материјалните подароци во него...
Колку убава еуфорија низ град. Луѓе растрчани на сите страни, бараат совршен подарок. Сите со по една или повеќе црвени рози во рака. Со ќесиња во рака, одат дома да изненадат некоја мајка. И купив подарок на мајка ми. Нешто што и треба, баш се израдува. Ја изненадив и баба ми. Среќна беше, ми се заблагодари сто пати а и при тоа кажуваше зошто сме се трошиле. Па еден е денот.. Среќен 8-ми март. Јас само сакам да одам на некое место. Да седнам сама, сама со мисли во глава. Да одморам. Далеку од реалноста. На некое вакво место. Колку да си го одбележам денот.
На сите големки овде од се срце ви го честитам празников.Дури и ако никој не ви подарил ништо сетете се на прекрасниве честитки на фемина.Ви благодарам што не советувавте како мајки,не дружевте како најдобри другарки ...Ве сакааам и имајте најпрекрасен ден
Си го добив најубавиот подарок за 8 Март.. од мојата другарка. Ми напишала колку многу ме сака , како се запознавме, како се заштитувавме од лошите деца, како и помагав кога и беше најтешко..Сепак не е многу скап подарок но на мене ми беше најубав.Ма највише си ја сакам
И уште нешто Драги мажи,ние жените сме ПЕРФЕКТНИ, затоа што не ЌЕЛАВИМЕ, имаме ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ден, можеме да облечиме СИНО и РОЗЕВО без проблем, сигурни сме дека нашите деца се НАШИ, имаме ПРВЕНСТВО во случај на бродолом, не плаќаме сметки во ресторани, ако сме изневерени ние сме ЖРТВИ, ако изневериме вие сте РОГОНОСЦИ, ние можеме да спиеме со другарка без да не осудат како ХОМЕСЕКСУАЛКИ..., можеме да обрнеме внимание на ПОВЕЌЕ РАБОТИ во исто време, жената на амбасадорот е АМБАСАДОРКА, а што е мажот на амбасадорката? Жената на претседателот е ПРВА ДАМА, а што е мажот на претседателката? И на крај ние сме способни да правиме се што мажите го прават и тоа на ШТИКЛИ!!!
Проблемот во „Ќе помине, со тек на време“ е токму тоа што никој не ти кажува начин како да го исчекаш времето. Па се бориш самата со себе да не се распаднеш, па потоа со останатите да не те докрајчат. Проблемот во „ќе помине, со тек на време“ е токму тоа што додека да помине, ти ќе изгубиш се.. срце, душа, желба, соништа, сила, надеж, планови... ете тоа е проблемот во „Ќе помине..“ што додека да помине, веќе нема да е важно ни што си ти, ни што сум јас.. нити што останало од нас..