Значи МЕ ЗАБОЛЕ за СЕВЕ И ИГОР ТИЈАНА И МУЖ И ТАМАРА И ГОЛИТЕ СЛИКИ КИМ КАРДАШИАН И ГЛУПОСТИТЕ... има ли нешто НОРМАЛНО да се прочита по ова порталиве
Сакам луѓе кои се лојални, искрени, паметни, не се ограничени и прости, наоѓаат среќа во мали работи...Луѓе во чија близина секогаш се смеам, позитивни, човечни,луѓе кои не се злобни и завидни, луѓе со КАРАКТЕР. Е со вакви луѓе ми е најубаво и имам најубави односи. Искрени односи и безгранична љубов и разбирање. Едноставно не можам да функционирам и да комуницирам со некој ограничен, прост, нечовечен, користољубив и дволичен. Не можам и не знам.
Од секогаш посакував да имам сестра,животот ми подари брат,кој е постар од мене,го сакам и го почитувам,а посебно го обожавам внучето кое ми го подари,и често му велам дека Внук ми го сакам повеќе од негоама од никогаш не сме биле блиски како брат и сестра за жал..додека пак со мојата прва братучедка,24 часа сме заедно по цел ден,знае за мене скоро се,исто и јас за неа,поминавме многу работи заедно имавме лоши моменти и добри,заедно стекнавме многу животно искуство,создадовме заеднички тајни за кои само ние две си знаеме,во животот најмногу доверба имам во неа,иако не онаа 100 постотна доверба,денес ми кажа дека ја избраа за работата што имаше аплицирано,ќе оди во странство,се изнагушкавме и се изнаплачивме,од кога немав плачено,цел живот сум како камен,просто се зачудив...и кажете ми што ќе правам јас без неа? знам не се во прашање години,ама и овие месеци ќе ми изгледаат како вечност и посакувам се најдобро ,да се врати како вистински професионалец и доградена личност...а јас ќе ја чекам,ќе бидам на истово место и ќе си тапкам во место,и ќе ја заменувам привремено со другите другарки,кои патем не ми влијаат баш најпозитивно
Стварно ми е преку глава да одржувам контакт со луѓе кои ме бараат само кога им треба нешто. Се трудам да бидам дружељубива и да им дадам шанса, за на некој начин самата си докажам дека грешам и дека не се такви луѓето...ама не...досега не успеав да се убедам сама... 100 пати јас сум била иницијатор за кафиња, собирање по дома и слични глупости. Некогаш успевало, некогаш не. Никогаш тие не рекле да се видиме, АМА затоа пак кога ми беше роденденот ми се јавија за частење обавезно да сум ги частела...еј 1000 год.се немаме видено, и тоа е ваша вина, зошто би ве частела??? зошто да трошам пари за вас?? Кои си заслужија, кои ми се јавуваат секој ден да ме прашаат како сум, кои ме викаат за кафе секој втор ден, кои се со мене во секакви срања, кои не ме оставаат сама, кои ми приредија огромно изненадување на полноќ....е нив си ги частев, и со нив си го поминав мојот роденден.... Роденденот ми беше пред месец дена и нормално ни сум ги частела тие што ми се јавуваат специјано за родендени и слави, ни пак ќе ги частам...од такви бегам од сега. Не може да се одржуваат стари пријателства само ако еден се труди...исто како што не може да функционира врска ако само еден партнер се труди, така и другарство. Толку. Убави спомени имам со вас ама за жал таа страница од мојот живот, каде што се испишани вашите имиња... ја затворам. П.с. Мајка ми купила нов омекнувач или детергент или не знам што и да е... преубаво ми мириса цела соба и алиштата и ќе си се изедам сама уште малку од преубавиот мирис
Периодов најдобра другарка ми е осаменоста, за никаде сум. Престанав да излегувам не дека претходно не бев дома прибрана ама излегував почесто а сега еве веќе втора недела сум дома, постојано сакам да сум сама, не ми се разговара со никого, веќе и музиката не ми помага, освен со дечко ми со друг ниикој не разговарам, нередовно јадам, навечер не можам да заспијам, очите постојано ми се полни со солзи и како некој да ме стега за вратот па тешко можам да земам воздух. Не сум добро еве признавам ништо веќе не може да ме насмее, па дури ни тој, постојано ми се вртат разни мисли во главата, за се изгубив интерес претходно волонтирав, правев накит, постојано нешто променував низ собава, смислував некои нови иди и наеднш сето тоа згасна, испари. Осамена сум премногу Собава е моето прибежиште, овде се чувствувам сигурно. Овие четири ѕида станаа цел мој живот. Навистена не сакав да биде вака.
СДК...како се чувствувате кога некој не така близок ќе ви даде поклон во евра во плик ? Не сте очекувале, едноставно доаѓа на кафе и дури се правда што ти заборавил роденден, именден.... Го држам пликото во рака со евра внатре и незнам како да реагирам ! Се прашувам дали сум ГЛУПА или сум СКРОМНА. Изгледа и двете се...ама повеќе она првото ќе да е !
Можеби тој некој осетил некаде каде згрешил па се обидува некако да ги промени работите на овој или оној начин, знаеш сакакви луѓе има и секакви сваќања, немој да помислуваш дека ти си глупа, тој некој си е глуп и плиток мислејки дека така ќе ги реши работите.
Ако тој , без разлика колку сум блиска со него/неа е некој кој редовно ми дава поклони за роденден, именден и други поводи, а овој пат закаснил или заборавил, ќе ми биде најнормално, ама ако е некој со кој немам такви разменувања на поклони ќе се запрашам која е причината што баш сега се сетил/а на мене. Може да е извинување, може да е подобрување на односи, може да е враќање "стари долгови" и уште многу работи, ти најдобро си знаеш.
Конечно утре моите стапалца ќе го почувствуваат топлиот песок на морско крајбрежје, ќе се изнадишам морски воздух. Цела недела релаксација, пливање, ама македонска работа- доаѓаш од одмор секако уморен од одмарање. Прво искачање од кола трчам на плажа, претходно облечена во купаќе гаќе под облеката, се соблекувам и веднаш се брцнувам во вода. Да ја испробам водата де, дали ќе ми биде тамам наредните денови. Нејсе, веќе почнав да се возбудувам за прв ден во средно, дури школски прибор почнав да разгледувам. Се чувствувам како првоодделенче. Нема да замарам со такви средношколски маки во постови овде, без гајле, добро дете сум јас, така ми кажа баба ми. Прилично краток пост, јас како што знам да се раскуцам- ова е ништо.
Цел живот ќе среќаваш луѓе кои ќе те прават среќен за момент. Но, најважно од сѐ е... да сретнеш еден човек кој ќе те прави среќен цел живот.
Ne. zena. podalecna rodnIna ne sum naviknata da primam skapi pokloni a evra pak IC! mozebi zatoa i ostanav onaka ooooo
Девојки да ви се пофалам конечно ми стигна авионската карта,сега некој ќе си помисли што ни е гајле за оваја и нејзината карта но јас сум среќна и сакам да споделам кога се чуствувам убаво... Па девојки вторник вечерта заминувам,и незнам што ме чека таму,со господ напред се надевам све ќе биди во ред,ќе дадам све од себе и ќе почнам сосема нов живот,се изнамачив ама знам дека ќе вреди и знам дека многу работи ќе се променат кај мене,се надевам дека далеку ќе најдам целосен мир во мојата душа Можеби нема да имам време толку да се дружам тука ама ќе ми недостигате и со задоволство кога ќе можам ќе се уклучвам ќе ве читам и ќе споделувам искуства
Среќен пат и све што си имаш во главата замислено да ти се оствари,нека господ биде секогаш до тебе.Скопје не те заборава
@mime87 прати ми карта мене, секако во еден правец . Каде и да одиш преубаво да си поминиш и да не заборавиш да ни пишиш..