Тоше во една песна праша 'Што е тоа во лугето тажно да живеат во животи туги' ? И јас се прашувам до каде може да оди човековата љубопитност? Пазарувам често во ист маркет.Има една млада продавачка со која освен Добар ден немам друга комуникација.Ја приметувам кога идам често сака да ми се упика,ке излезе од зад каса и ми ги шлапа на образ децата,ги штипе што јас ужасно мразам.Не ни е познаничка и не гледам причина тоа да го прави.Вчера одам пак.И ми вика на каса:Ти имаш фб?Јас викам да.Ок ај дај ми име и презиме да те најдам сакам сликите да ви ги гледам . О боже што да и одговорам сега а да не ја навредам. И реков фб ми е само за луге со кои приватно се дружам извини. Остана навредена .Де де нема да те изедам ако ти ѕирнам сликите малце.Ете таков одговор добив. Да ми пратеше покана самата може ете и ке ја прифатев (големо чудо) ама кога ми кажа вака директно:Дај фб за слики да ти видам,тоа не ми се допагаше.Лугето имаат огромна потреба да се вмештаа во сечија интима,живот.Па уште ако ги спречиш во тоа(а имаш право на тоа) излагаш ти крив а они прави
@joy1, јас не сум голем дечар (мислам, сакам деца, им се насмевнувам на улица, им мавтам ама никогаш не би галела или бакнувала туѓо дете кои не ме знае) па можеби поради тоа така гледам на нејзината постапка ама многу бре психопатско ми звучи тоа „да ти ги гледам сликите“. Мене искрено страв ќе ме фати некоја рендом особа така да ми каже
Верувај мн нападно девојче е.Има околу 20-22 години.И секогаш го допира бебето кога одам.И имам кажано не ја допирај на лица она пак.Со истите раце фаќа пари,картици и на крај бебето мое.Вчера капак беше со фб.Буквално така ми рече:Сакам сликите да ти ги гледам . Би престанала таму да пазарувам само поради неа.
Абе може и да нема нечесни намери, ама не ми се јасни луѓево, не можеш тек така да му влезеш на некој во интимен живот, кој ќе го споделиш со кој ти сам одлучиш. Јас обично на таквите им велам немам фб, не можат ни да ме најдат немам профилна и не прифаќам покани од секој, само некој што јас сметам дека ми е близок.
Здраво женски. Been a while. Во случај да сте заинтересирани, сакав само да споделам. http://deadflower94.tumblr.com/post/126663881489/your-favorite-happy-place
@mime87 Среќен ти пат, и дај боже да те прати вечно успехот каде и да си. Убаво ми е на душата кога читам вакви постови, кога некој човек си има одредени замисли и упорно со сиот свој труд се труди да изреализира и да успее. Кога самот себеси ќе се пронајдеш ќе успееш во нешто макотрпно бореејки се, се градиш самиот себеси, градиш цврст карактер со свои принципи, градиш самосталност и свест за свои обврски и гледишта кон животот. Имаш своја пара, и ја трошиш рационално нешта кои вистински заслужуваат да те наорават среќен. Убаво е чуството кога одиш подалеку и подалеку кон животот, запознаваш разни култури и традиции всушност се запознаваш и самиот себеси, ги прошируваш твоите капацитети и способности, ги прошируваш твоите видици кон светот, дека е голем и поразличен исполнет со различни животни стандарти и принципи. Сваќаш дека светот е преубав преголем се зголемуваш ко човек и сваќаш дека животните ситници и не се баш толку битни. Убаво е да знаеш да стекнеш почит спрема секоја вера и култура да немаш предрасуди за останатите поразлични од тебе, да се знае да се живее со се и со секој да бидеш светски човек кон сите и се, да сте толку различни а толку блиски. Поздрав дами
@mime87 , колку пати сум ти пишала дека сè ќе се среди, дека не може цело време на една иста точка да бидеш... Пресреќна сум за тебе и ти посакувам многу успех и нов поубав живот онаму кадешто имаш шанса за тоа.
Тешко е да се процени кој какви намери има денес... Ама ете не знам, според ова што го напиша, мене касиеркава ми остава впечаток на зборлеста и директна личност која нема скриени намери. Можеби сепак преостро си изреагирала, мада ти си знаеш најдобро, не би јас да се мешам. Имено да, имаш право да ја заштитиш својата приватност, меѓутоа ако подобро размислиш со самото впуштање во социјалните мрежи, практично ја губиш. Зошто колку и да се обидеш да превенираш, искористувајќи ги сите можни опции, ако некој сака, ќе најде начин и продре во твојата интима. Зборувам од искуство, бидејќи ми се има случено личност со која воопшто не сум во контакт, а ниту ја имам на социјалните мрежи за пријател да дојде и` рече "Валерин, ми се допаѓаат твоите статуси" Од таа изјава потполно се збунив, бидејќи сметав дека доволно вешто сум го "скоцкала" профилот од очите на јавноста, што на крај се испостави дека не е така. Дури после извесен период од една наша заедничка пријателка дознав дека кога ја викнала кај неа дома седеле и ми го разгледувале профилот. Не се налутив, само ете, се замислив и сфатив колку современата комуникација го олеснила протоколот на информации. Дали е тоа во ред или не, не навлегувам, битно ти кажувам чисто да си знаеш.
Многу ми се допаѓа ова смајли што си ја удира главата од ѕид ама сепак посакувам да има уште две едно што се крсти и едно што се удира во гради. Некои личности кога се изјаснуваат за одреден став ги доживувам како да викаат и за одредени теми се преминуваат некои граници со тоа што некои форумџии кои се изјаснуваат со став, мислење и совет се наречени прости, ограничени и со не знам какви не погрдни имиња што не би требало да се преминуваат граници од коментирање, советување до навредување и плукање по одредени членови. Додека други се расфрлат со својата среќа и својот живот нели потсмевајќи им се на другите кои се во вистинската неволја и имаат сериозен проблем и истите тие се дрзнуваат да коментираат а и самите кажуваат не биле во таква ситуација ама затоа многу добро го знаат виновникот за истата и кој го создал проблемот. Почитувам објективни личности кои знаат да ја видат и другата страна на паричката затоа што секогаш има две страни на приказната, повеќе можности и избори. Колку побрзо се разбере дека за танго и кавга се потребни двајца толку подобро ќе се согледа реалноста и вистинскиот проблем или изворот а набрзо потоа ќе се најде вистинскиот одговор или решение. Мудрост и добар совет ќе добиеш од човек чија коса уште во младоста му белее или опаѓа и лице кое има брчки што се сведоштво дека тој човек страдал и чекорел по трнлив пат па затоа е свесен за несреќите и неволјите на луѓето во и не лечи комплекси и фрустрации со несреќи на другите туку поседува душа и срце а не желба за признание или лајк на форум.
CДК дека ете , приметив чудно човече сум. Некогаш иако знам колку малку треба да мрднам со прстот за да излезе нешто , јас макаааа немам. Еве и покрај сите бенифиции од медитирањето крајно време е да си ставам ред во таа работа.Подобро да ги спречам мислите, отколку да се изнамачам па тек тогаш да се решам да седнам да се опуштам. Би сакала првото нешто по будењето да ми биде таа вежба. Па нека си тера цел ден после. Од друга страна пак , денес добив една прекрасна кутија за накит а на него илустрација со мојот хороскопски знак... Мајка ми ми ја подари .Па се запрашав зошто баш денес ја добив. А си имав некои мистериозни прашања, некаков вртлог енергија осеќав деновиве ....И ете ја оп , затоа ја добив , да не заборавам .Од каде тие прашања, па и толку многу. Шо да праиш , таква ми е природата. Порано многу читав за мојот знак, а во последно време некако го занемерив. Замаена , се нешто друго читав ....што велат ѕвездите за другите знаци. И приметив , да. Сум сменила , сум научила да не го вклучувам алармот за тревога само затоа што некогаш имам сценарио во главата. Сега ќе си ставам малце вино, да не дискутирам за вакви теми во петок. Не заради викенд што почнува , или заради повод затоа што виното е секогаш исто , се менуваат само чашите и луѓето што го пијат. "Живела Шкорпија"
Зошто ние жените секогаш кога ќе решиме да воведиме некои промени кај себе си,секогаш почнуваме прво од косата,правиме шопинг и толку демек се се среди,генерално е така,чест на исклучоците ех,колку промени сум ветила самата на себе,ех да има уста и да знае да зборува оваа моја коса ,да каже што се не истрпила при секој мој ненадеен "излив" на промена Ми се смачија веќе ваквите "мини-промени"сакам нешто погорко,нешто поцрно,нешто појако,нешто по вау,нешто што ќе ме измени од корен,а и ќе почнам да работам на тоа И ,да,само жалам што нема да ме држи долго умот на ова,јас сум дупло Ракче,и мора се да ми оди напред-назад,морам да имам често контрадикторности и судири сама со себе,како инаку
Ви благодарам девојки за подршката жими све срцки сте,и јас на сите све најубаво ви посакувам од срце
Јас би ти препорачала едно горко турско кафе за почеток. А за знакот да не се жалиш, најмили се ракчињата
Мајка ми: - Ако не си ја платиш сметката ќе ти го исклучат телефонот. -Добро, не е страшно, не дека многу ми треба. Мајка ми: - Мене ми треба, плати! Она кога се будиш, те фаќа паника каде ти е мобилниот и слушаш дека мајка ти зборува и зборува и зборува. Да, ни ги краде мобилните Не била она крива што ние сме на сметка и што бројките на нашите екрани се поголеми
Сдк....она кога никој не те бара цел ден и одеднаш сите сфаќаат дека не можат без тебе и дека мора вечерта да ја поминат со тебе....а тебе баш ти е гајле...
Еве како типична женска сега фино и лепо ќе се затворам во соба со неколку чоколади покрај мене размислувајќи за некои нешта... Да си го избистрам умот.