Најгрдо нешто во живот ми е кога преспивам на ново, непознато место и перницата ми е неудобна. Затоа ми остана во навика, секогаш со мене да си ја земам мојата најудобна перница на која сонот ми е најслатка прошетка до рајот. И ете, старата добра на баба ми - „еден ум, за што попрво“ се покажа и во РЛ - на сета таа мака, си ја заборавив перницата и затоа се чудев зошто по пат имав константно чувство на вина дека заборавив нешто важно. Буквално, малку си го заборавив сонот по дома, ама и не е нешто ново на кое не сум навикната и за кое би се жалела. Eте, смешно или не, ама тоа е мојот живот без мојата перница - хорор, хроничен хорор со потечени очи и големи подочници. Се укочив од вртење и менување пози за спиење; сврти се на лево, зјапај во ѕид, кога ќе ти се стопли увото, сврти се на десно - нејќит. Ајде малку на грб, ама сепак не, грдо ми е да зјапам во плафон. Сврти перница, преврти перница, стој на раце, колут-напред, направи ангел во место и неколку склекови и на крај ми остана уште да си ја треснам главата од ѕид за да пробам дали ќе можам да се успијам поуспешно така. А тој си спие, ко да нема проблеми во животот, а не пак со перницата и одвреме-навреме ми го блада името. Го будам и го прашувам што му е - да не му е лошо или пак сонува нешто безврска, ми вели: „Ете што ми е, ниту во сон не ме оставаш на раат.“ Ако не ми успее успивањето со чајот од маточина, ќе си го начнам жестокото за експрес-резултат, така ми се чини.
Hahaaa @Mischella, dobro e sto samo pernicata e taa koja sto ti fali za dobar son. Mene mi nedostiga i mi e potreben celiot moj krevet, inaku nisto od spienje prvite 5- 6 dena na bilo koe mesto.
Поздрав до сите возачи... Инаку дојдов да кажам дека мразам дволичност и дволични луѓе од дното на душава,сеедно дали се тоа блиски или далечни познаници.
Сдк...иако многу пати е докажано дека не бадијала е онаа народната, дека волкот е дебел во вратот оти сам си ги врши работите, јас по не знам кој пат пробувам да ги демантирам народните мудрости.... Па така, една многу важна работа, оставив друг да ми ја заврши...и нормално, после неколку месеци мафтање, утрово ми вика: - јбг брат, не излезе како што планирав... И сега јас што да му одговорам...
@ninja35 Не мора ништо да му одговараш на"братот" , туку одговори си самиот на себеси и извлечи поука од случкава дека не треба да очекуваш од другите бидејки секогаш ке се најдеш во ќор сокак, едноставно тебе ти гори под нозе а не нему.
Oна кога во една песна со минимални измени ти е опишан целиот живот. Како оној кој ја пишувал да ти ја отворил биографијата, и успеал сите твои мисли, подвизи и спомени да ги сплоти во неколку стихови...
Jaс пак не знам зошто ова е вечна тема на размислување меѓу народот, не ми е јасно кој се замара за вакви работи да размислува.Еве јас у вц одам и сама, но пред да одам прашувам некој од друштвото дали е за во тоалет, ако му се оди нормално.А најчесто одат по две, за да си ја придржат ташната, оти знаеме колку е чисто да ја оставиш некаде внатре или онака да се погледнат во огледало, па да не одат само за тоа, одат со онаа на која и се моча и сл ствари...не знам што е толку голема филозофија за размислување и зошто некој толку го интересира тоа.Ова ми е ептен банална тема на разговор...а и зошто некој би претопставил декаам немаш другарки, врз основа на тоа дели одиш сам у тоалет, мислам тотално не ми е јасно зошто некој би размислувал секунда на тоа дека некој оди сам во толет.Како демек седиш и некоја оди во тоалет и вие го правите муабетот еј види оваа сама оди во тоалет, како тоа сигурно нема другарки...што знам.Инску феминки ова не дека ве напаѓам да не сфатите лошо, само го констатирам овој чуден феномен
сдк ..и јас одам сама во тоалет и да имам друграки без разлика со кој сум излезена одам сама во тоалет ..пр ако седеме во некој ресторант друштво и глупо ми да викам ајде во тоалет ..едноставно се извинувам и станувам од маса и одам..кога сум во бар може да виканм една да додје со мене или јас со неа ....незнам зошто вака размислувате и на крај краева кој како сака така ке оди во тоалет
-Ти на кој факултет си ? Антропологија. (Сега следуваат разнорзни потпрашања.) -Аааа...антропологија да, да. А што беше тоа ? -Антропологија, тоа беше наука за жив..? -Археологија мислиш девојче ? Не, туку антропологија. -Ам , то е едно исто. -Антро По Шо ? Еве завршив, уште ги има ваквите.
Плис, не се обидувајте да ги рекреирате сликиве. Очи болат од лошите агли, немањето фокус, а и пола слика е влакнестата рака на мушкарацот anyway.
Ништо лично и no hard feelings, мене така ми имаат кажувано и такви муабети имам слушано. А што да се очекува кога ова потекнува од основни и средни школи? Сите имаат некаква криза на идентитет.. Во последно време некако сум зависна од Нескафе. Денот не ми се исполнет ако не испијам едно.
Не можам да сфатам, толку ли не ви е возбудливо? Толку машински почнавте да гледате на сите работи? Муабетов ми е за сите матуранти што сега се запишуваат на факс меѓу кои и јас. Како не ви е мерак сами да си ги завршите сите работи околу уписот и запишувањата? Да истражите се за факултетот оти тоа ви е иднината наредни 3,4,5, 6години. Зашто почнавте у стил "Ае кој ќе станува, па гужви, чекања.. Ае мама ке однесе, неам друга работа" или скорз незаинтересирани кои чекаат да средуват кога ќе им дојде јајцето до гзот па после целите се хаотични па ги фрустрираат и оние околу себе со својата неорганизираност?? Па јас лично, сум презаљубена во својата досегашна а и идна професија. Заљубена сум во мојов иден факултет и моето завршено средно зашто тоа ми е најголемиот сон уште од 5то точно. И да, видете со колку сопствени напори ми се остварува полека, без никакви врски, без ничии интервенции. Едноставно сопствен успех. И горда сум на себе. Зашто знам дека и понатаму ќе биде така. Сите коцки на свое место се поклопуваат, да не урочам пред резултати. Но да се вратам на муабетот.. Се осеќам како вчера да беше првиот ден во основно, кога бев најсреќното дете на светот оти почнав во школо. Како вчера да беше денот кога поднесов документи за средно и врискањето кога ги видов резултати дека сум примена.. Незаборавно чувство кое и по толку години пак го имам во себе сега. Цел месец бев и се уште сум толку еуфорична, сакам да е се скоцкано, прегледано, сигурно, ништо да не искрцне. Немате ли мерак да отидете до деканат и со свои раце да ги предадете своите документи? Иднината ви е тоа. Знаете дека сами сте си ја скроиле и потпишале. Јас никогаш не би можела да имам сигурност во друг такви работи да предадам без разлика кој е. Едноставно моја работа си е тоа. Академски граѓани на кои маме и тате им ги завршуваат работите. Срамота. Зарем еден никаков одмор и перчење по Грчка со селфи стапоине ви е поважен од ова? Не можам да разберам, со должна почит. Дали е до мојот начин на сфаќање или стварно стануваме апатична нација, еве не знам. Проценете сами.
Депресијата и анксиозноста се тешки, навистина тешки чуства и емоции. Животот е суров, нечовечен, злобен, лицемерен, тежок.... Блазе на оние луѓе што имаат цврст карактер и помалку чуствителност, знаат вешто да се изборат со сплетките на животот, останатите луѓе кои се преемотивни и чуствителни кои земаат се здраво за готово се одаваат на црните мисли и депресијата ги обвзема со стравот од надворешниот свет и вечните животни предизвици. Секој човек мора да се бори и избори за својата среќа и насмевка на лицето. Ме нагнаа проблеми со луѓе што ми наметнуваат свои ставови, а притоа не размислувајки за моите чуства и потреби, силна сум јас не се давам, и со ова ќе се изборам....и ова ќе помине. Пријатно попладне млади дами
Ако сакате да ви се одјаде и изгубите апетит, пуштете го оној Антонио Јас тражејќи го 24 Kitchen за идеи што да зготвам, налетав на овој, а мислев дека го тргнале од каналов. Ми се слоши кога му ги видов бучкурушите со сѐ и сешто измешано што му дошло под рака. Бљак
Нешто од внатре ме тера да истражувам,да дознаам зошто си го сменил работното место,ете тоа го дознав случајно,ама не и кои се причините за тоа,работното место ти беше омилено,со газдата бевте како другари долги години,а и освен тоа таму работеше твојата омилена колешка,повозрасна од тебе и со 2 деца,ех колку ти верував на почеток дека ти е само колешка,и ете успеа на крајот да не раздели,те изгубив јас да,помина многууу долг период,не знам дали се мафташ уште со неаако се мафташ срам да ти е,а уште повеќе и неа,к..а низаедна,не да си гледа фамилијата ќе "оди" со помладо дете од неа Туку,се си мислам ви ја разоткрија "тајната афера",ви се нарушија работните односи и колегијалност,и те шутнаа од работаах бе глупав Андреј,глупав,на крајот си го доби само ти нели? кучката сеуште таму работи,тоа го знам..е браво бе дете
Добро бе дали се нормални со оние селфи стаповите или не се? Ментални господе боже,ми е гајле некој ако се налути,по глупаво нешто не сум видела во животот... Денес одам на базен по 100 години на едно кафенце опуштено,келнер немаше со свеќа да бараш,тргнувам до шанкот да викнам некој или да порачам,тие застанале на сред пат го испуштиле тој стапот 2 метра осет да се немало да се тргнат,потоа си одиме нагоре по Широк сокак пак застанати други,се местат со тој стапот кадар барат,еден човек по глава ќе го удреа,па извинете што одев до шанкот да си порачам пијачка баш во моментот кога се сликавте,и извинете што мора онака општо по пат да одиме кога ќе се сликате вие и од ништо да пазиме некој вгла со стап да не не мани оти мора да се најди доба кадар и да се обезбеди добра слика ,господе боже кој левел на неизживеаност...
Спаднав на ниво да одам на кардиолог, а тој да ми дава совет дека сум за невропсихијатар... Доообро... Уште малку ми фали да си ги соберам работите, да се поздравам со сите и да ме снема од овде. Уште мнооооооогу малку... Ќе живеам со кози на планина, ќе одам во Индија, ќе јадам сув леб и ќе се бањам во бара, ама ќе уживам во животот.
О господе.. Стварно ли мислат дека омаловажувајќи ме мене, ќе се издигнат себе? И дека стварајќи некоја си лажна слика за себе, ќе привлечат внимание? Не, нема. Незнам што толку лажење, измислување некој свој свет во кој веруваат само тие. Ама луѓето не пијат нафта. Јас уште по малце. Големината на човекот не е во длабочината на неговиот џеб, неговите скапи алишта и слично. Друго нешто треба.