Дa ме види мaјкa ми тoрти кaкo прaвaм притисoкoт ќе и се кaчи. Не знaм дa oтвoрaм стрaнa, дa oдберaм тoртa и дa oдaм пo рецептoт. Мене ми текнувa вo мoментoт и пoчнувaм иaкo пoимa немaм штo имaм a штo немaм дoмa. Нa крaј ќе излезе нештo...блaгo. Пред некoе време јaдев лиснaтo сo блaгa урдa и oти ми беше превкуснo решив денес некoј кoлaч сo фил oд урдa дa прaвaм. Испекoв еден пaндишпaн и пред крaј нa печење стaвив урдa вo кoјa измaтив јaјце и шеќер. Дa прoбaте, вкуснo е. Ми се виде тенкo, ни зa кoлaчи не е, пa нaпрaвив уште еден фил oд хoплa и чoкoлaдo. Уште е тенкo, штoм пoчнaв бaр дa личи нa тoртa. Пo дoлгo бaрaње нaјдoв мaлку бисквити и еден пудинг oд вaнилa дoмa. Еден, aмa бoље иштa негo ништa. Стoрив и oд негo фил сo мaргaрин и шеќер вo прaв, и еве јa сегa се лaди вo фрижидер. Ќе јa сликнaм aкo личи нa нештo, нo бaр знaм декa ќе е вкуснa.
Сдк дека си патиме од луге кои се знаат и секогаш се во право. Што и да им се каже, не чини и те убедуваат дека си направил коj знае каква грешка.и дека нивното решение е правото и идеалното. Нив се им смета, никоj не ги разбира, па сега си земаат за ьозвола да досагаат на други. И секогаш само за една тема се прави муабет како нив им е тешко и никоj не ги разбира. Да не ме разберете погрешно, секоj може да си ja каже маката. Ако можам да помогнам, тука сум. Ама не некоj да ми го губи времето со еден ист муабет. Далеку од тоада сум идеална исовршена jас, ама од ваквите бегам што подалеку. Срека немам многу такви во моja околина
Кога ќе се разочараш од некој близок, нема смисла во животот да веруваш во некој подалечен ... Секогаш има исклучоци, но тие се мал процент во целинава ...
Растојанието меѓу креветот и ѕидот - место кадешто мистериозно исчезнуваат работи и на кое никогаш не ти текнува да ги бараш... туку по правило ги наоѓаш при генералка кога ќе заборавиш дека воопшто некогаш си ги имала, а моментот сепак ти предизвикува насмевка на лицето...
Кога ќе сфатат некои жени кои се умислени дека се секси и убави дека никој не ги вреѓа тврдејќи дека се грди, туку дека се сосема обични и просечни?!?! Имате проблем во прифаќање на својата просечност жени едни. А некои од вас колку и да се трудат да бидат секси, и со деколтеа, и корсети, и чипки, и пози, и црвени кармини, и све, никогаш нема да бидете тоа. Или го имаш или го немаш и не се учи... секогаш ќе бидете како викаше една феминка тука - тофу... со тело на ковчато момченце...
за да озборуваш некој прво тргни од твојот живот види дали е совршен ти како личност физички и психички дали си совршен па потоа зборувај за другите....не заборавај никогаш од каде доагаш колку и да се искачиш високо....да ширеме љубов ,да се дружиме ,ништо не правеме со тоа да се градиш како личност врз несрќата на друг ...приафтете ги сите такви какви што се никој не е совршен нема ни да биде...исмевањето и озборувањето се резултат на необразование,некулутура и проста работа....
Да, само кај нас родител може да ти каже дека твојот живот не е твој туку е негов. Мислам стварно?????
Колку само сум разочарана од се периодов.. Најмногу од пријателството, да почнам од онаа која највеќе ми вреди.. Прва работа е што ја сметам за најдобра другарка а незнам колку е тоа вратено, знаете оноа чувство кога не си најдобра пријателка на твојата најдобра пријателка? хах, тоа. Поминував односно поминувам низ еден период кога ми е се преку глава и токму во моментот кога имав потреба од еден добар разговор, од оние посебните разговори за да знаеш дека не си сам она реши да ми покаже дека сум сама.. Другата “другарка“ постојано сака да покаже како во се е подобра од мене (а не е ) и пред некој ден ми кажа како сонувала „чудни“ работи со дечкото што ми се допаѓа веќе осум години . Сестра ми еднаш ми има кажано „Јас имам една другарка, ти имаш многу ама една немаш“ и сега сфаќам колку е само тоа точно..
Да си ми жива. Сакам да се надоврзам на постот на @presiosaP и да кажам дека многу курчење и удирање во гради не оди секогаш на арно и со тоа што ќе плукате по некој, ќе оцрнувате и ќе го исмевате не значи дека вие ќе се издигнете до небото и вашиот живот ќе биде совршен. Дијамантот блеска и има убав сјај дури и кога е во кал ама затоа прашината останува прашина дури и кога ќе се вивне до небото. Сестра секогаш е всушност најдобра другарка, подобро разговарај со неа отколку со било кој...
пак ми се врати хаосот во глава него не можам да го надминам раскинавме во петокот во мислите не можам да престанам на една професорка што ми предаваше веке не сум во партија сега сум само волонтер(во ред крос) ме поканиле идниот настан за да присуствувам немам многу кредит да му се јавам на психијатарот немам што да мислам немам пари за мал луксуз мислам дека ке полудам
Моментот кога се качуваш во двокатен автобус на ЈСП Скопје и сфаќаш дека шоферот си пушел цигара во кабината и чадот смрдлив рамномерно се распределува, онака „убаво оладен„, низ целиот автобус... а сите прозори затворени!
На луѓето полесно им е да кажат дека сум таинствена, отколку да си признаат дека се премногу љубопитни.
И така бе се мачев, се мачев цели три дена без кафе. Ок, не баш без кафе. Ми се дотроши конзервава нес, па си купував од оние малите ќесички по 6 денари. Една шоља само 6 денари. Да бе. А топла вода, греење, млеко, шекер ? Нејсе, си дојдов на себе откако си купив нова конзерва. Ви зборев дека дома си пијам нес, топло, 1/3 вода, 2 лажици шекер и млеко другото. Ама има некоја посебна шема, померачки се со конзерва. Она кесите кога ги тресам чинам канцер ќе ме трефне, знаете што се содржат пластичниве кеси, така ? И како човек да му се радува на единственото задоволство во животот што не бара ништо за возврат. Е како де ? Друго да ви кажам се спакирав за сутра дан и се осечам феноменално. Ми стигнаа и фоткиве од евентот од пред некој ден, ма лепотица сум бре. Ако сретнете некој тазе евент со убава џенцка - таа сум!
Единствениот кој успеа да ме расположи и да ми го каже баш она што имав потреба да го слушнам без јас да кажам дека ми е лошо или слично беше никој друг освен другар што го познавам помалку од 10 дена. Ваквите луѓе ги обожавам и премногу ги ценам
Штотуку добив порака од "другарка" дека е заљубена во мојот бивш дечко, за кого знае дека уште имам некои чувства, а исто и тој за мене. Била заљубена до даска, и толку многу се опседнала, додека сум и кажувала за него, што дури го сонувала скоро секоја вечер. Не можела ништо да ми каже во лице, ни пак да се јави затоа преку порака ми кажува. Немала ништо ни да му каже нему, ни пак да превземе нешто, само што не можела да го крие се тоа во себе. И сега кога ќе го вратам филмот стварно е така. Кога зборував за него, секогаш ме прашуваше плус некои информации. Секогаш сакаше да знае нешто повеќе за него, ама тоа некако политички го изведуваше без да се сетам....мислам, ни на крај памет не би ми паднало дека е заљубена во него.... Браво еј. Не знам што да мислам и што да правам. Никој не може да си ги контролира таквите чувства, и не е баш крива дека се заљубила ама можела да се обиде да не дојде до тоа. Можела да не ме распрашува толку многу за него. Јас мислев ме прашува за мене да ми помогне, (сепак другарка ми е, на неа ако не и кажам на кого да кажам)... а таа си собирала информации за новата љубов. И колку пати јас нема да сакам да зборувам, а таа ми викаше да и кажувам за него наводно за да си ја олеснам душата..... Не знам стварно сум без текст. Господе чувај ме од пријателите, а од непријателите сама ќе си се чувам.... Знам го читаш форумов, ама не знаеш дека под овој ник сум јас. Може ќе го прочиташ ова и ќе сфатиш која сум. На тебе останува дали ќе го направиш првиот паметен чекор па да видиме што ќе правиме или дали е толку. Јас, после ваква порака, сум во шок и не превземам ништо.
Јас сум тип на човек што не може пред секого за брзо време да се опушти и да комуницира толку слободно,ми треба долго време за целосно да бидам слободна и да стекнам доверба,па и плус што не сум баш по некои воведни small talks за да започнам разговор со некој кој сум го запознала во скоро време. Сакам да разговарам на подлабоки теми,сакам да чујам различни мислења и ставови во врска со некои работи,да дознаам каков карактер има човекот,кои работи ги сака и слично. Некогаш и се плашам од запознавање и зближуваме со луѓе бидејќи не знам каков впечаток ќе оставам,да не бидам нападна,директна, а и не би сакала да се разочарам понатака, не знам каков карактер има таа одредена личност. Неодамна се здруживме ние другаркиве со две девојчиња,за брзо време се зближивме. Отпрвин мислев дека нема да се дружиме толку со нив,ама еве не' сега скоро секоја вечер заедно сме излезени. Не ми се верува дека за олку кратко време се зближив со нив, имаме толку слични мислења и интереси,дури чудно ми падна,ептен ми се погодија. Многу ми е мило што ги запознав,со нив сум многу слободна, разговараме на многу теми и ми се допаѓа тоа што имаат зрели размислувања. Баш се кул и комуникативни личности. И најважно,ме прифатија со сите маани и доблести,им благодарам .Тие се тип на луѓе кои малку зборуваат,а многу кажуваат,е такви најмногу почитувам.Се надевам дружбата ќе продолжи и понатаму. Спојлер