Резиме за форумскиот лик. Во почеток само читаш постови , со некои се согласуваш со некои не, па добиваш желба нешто да искоментираш или да прашаш.Правиш ник по своја воља и замисла и секако ако е слободен.Поставуваш пост и неминовно се втурнуваш во форумското море.Почнуваш да пливаш во теми кај треба и кај не треба посолуваш некаде пепел некаде сол некаде памет.И сите те препознаваат добиваш фанови а и оние кои не се, собираш пријатели ,набиваш кондиција...и еден ден сфаќаш колку време си посветил на форумот и колку душа си оставил тука ,па ладно се тргаш и одеднаш стануваш посматрач. Да,да постојат фази кај секој форумски лик и ти што го читаш ова најверојатно си во некоја фаза. Се додека еден ден не се угасиш и не чувствуваш потреба да се логираш.
Какво лошо време дојде,ако на девојче дадеш убав збор комплимент,одма гледа на лошата страна види го сељаков како ми се пушта,што му е бе на овој нешто звезди ми симнува а порано се знаеше за кажан убав збор добиваш едно благодарам и итн и итн. Не штедете на убави зборови, чувста, љубов... делете ги, премалку ги има околу нас, нека се множат ...
Збунета сум. Не знам што да мислам и направам. Чувствата ми се измешани, а можеби и неутрални. Човек, еден совршен човек,во секој поглед...Добар, културен, убав, паметен, сака да започне со мене еден нов почеток, базиран на доверба, разбирање, љубов, среќа, исполнетост, убави моменти.Човек што не го знам толку долго, но доволно...Да, сето ова сака да ми го пружи, а јас знам и дека ќе биде вака, но дали го сакам тоа сега? ! Дали јас сум подготвена за сето ова. Јас како личност која сака да е независна,слободна, дали можам сега да започнам едно вакво подглавје, или сеуште не. Што и да одлучам, знам нема да згрешам, бидејќи верувам во таа судбина и дека све што ќе се случи е со некоја оправдана причина. И сакам да кажам дека потсвеста игра голема улога. Треба да знаеме како да работиме со неа и како истата да ја контролираме. Мене понекогаш и страв ме фаќа од истата. За убавите нешта не, туку за оние помалку убави. Многу убави работи до сега што потсвесно сум ги посакувала и мислела, ми се исполниле. И сега мислам дека и ова е дел од тоа. Да запознаам некој со кој би се пронашла. Некој што е сличен на мене. Некој што е социјализиран, не е ограничен, сака да патува, да се дружи, со еден збор да ужива во животот и работите што истиот му ги нуди.
Некои луѓе го разбираат само јазикот на насилството, повишениот тон, заканите, пцовките и некултурата. Со нив, секој обид за разум ќе ве одведе единствено во тежок пораз на сопствениот интелект.
Ми се плаче...ми се вришти...од зајадливи и злобни луѓе што ми дишат у врат...да,имам проблем со лицето,имам акни и да,не поминува,се шири по цело лице и не ми дава мир,ме бутка во депресија и ми се плаче. Доста ми е од прашања од типот:А зошто ти е тебе такво лицето,а зошто не земеш ова да ставаш,а зошто не си купиш од она да мачкаш,а зошто не идеш на дерматолог,аа,мора да имаш некој голем здравствен проблем,не испита јајници,хормони,крв??? ААААААААААААААААААААА,ми доаѓа да вриштам.Доста ми е веќе од сите,од душебрижници кои немаат свој живот и своја работа,што само знаат да паметуваат.
@Скопјетесакам да се надоврзам на муабетов. Не е дека немаме џентлмени во денешно време, туку немаме дами. Јас обожавам машко со убаво однесување, некој кој ке ми дава комплименти (не претерано да ми трга столче или да ми бакнува рака)но да знае да се однесува убаво. Не се изумрени таквите мажи туку сменет е контекстот во кој егзистираат. Меѓутоа за некој да се однесува така со мене, треба и јас да се однесувам како дама. Така да, кога нема дами што знаат да прифатат комплимент нема да има и такви машки што ке дадат комплимент :/ за жал
Се согласувам потполно со твојот став и твоето размислување,затоа и реков дека времето е премногу сменето,дека добар збор кон женска особа веќе се прифаќа како пуштање,замарање,симнување звезди ради тоа што немаат појма што значи зборот дама.За жал се помалце и помалце дами ке имаме,а и со тоа нормално све помалце и џентлмени.
Секоја жена знае, може и треба да биде убава, вистинска, моќна, совршена. Ако не за целиот свет, тогаш за себе и за оној кој заспива во нејзините прегратки..
Веќе пола саат сум со најголема насмевка на лицето, се изнагушкав за сите пари со моите и во себе сè уште потскокнувам од среќа. Сакам да се пофалам и да ве частам ситеее, guess what... од денеска и официјално станувам академски граѓанин на Република Македонија, студент по англиски јазик и книжевност. Примена сум и тоа во државна квота меѓу првите 10!!! Cheers!
Ајде стигна и Анабел бруцош...Колку чудно ми звучи,бруцош До вчера што се вели,кажував дека го мразам средното училиште,дека не е ништо посебно...Мене лично еве,не ми беше нешто посебно,ама сега се свестив што ме чека допрва и сфаќам дека ми недостига средното,по малце. Отварам на iknow системот: државна квота,на место 3. Од стол потскокнав! Еве и солзи од радост на очи ми дојдоа.Ајде со среќа нека ми е,исто и на сите други бруцоши на фемина,да ни се фалите овде што побрзо за десетки на испити!
Честитки од мене до сите бруцоши на фемина ! @Someonespecial @Anabelle.Amorette јас ви посакувам само успеси да ве следат во текот на студиите, а за десетките пак, воопшто не се сомневам А и на сите останати бруцоши им посакувам успех и уживајте во убавиот студентски период !
@Someonespecial @Anabelle.Amorette Честитки и до двете, со просек 10 да го завршите факултетот и да се вработите според струката. Честитки и до сите останати кои се запишаа на факултет, се најубаво ви посакувам.
@Anabelle.Amorette @Someonespecial Женски баш се израдував за вас, честитки и од мене, само успеси и сите 10ки да си ги наредите.
Мајка ми, е од оние луѓе, што никогаш ама баш никогаш не кажала за некој/а дека не е убав/а, ружен/на или некој друг погрден збор на сметка на нечиј изглед. За неа сите луѓе се убави. И ако некој искоментира за некого дека не е убав/а... одма следи нејзината реплика - "Е оти? Што му/и фали?" И сите ги остава чудно збунети на неколку секунди и тука следува промена на тема, наравно нели. Без разлика што навикнав на тие ситуации, никогаш не здосадуваат, оти фаците на другите во тие моменти се priceless. ******************************** Ми се оди некаде. Барем на една недела, сама. Да одморам психа од се и сфашта. Да одморам мозок.. да се наспијам ко човек и да го рехабилитирам крвотоков. Не го можам веќе овој турбулентен живот. Ми треба одмор... немам веќе коса вишак за да ми паѓа после секој стрес.. и ниту вишак живци за губење повеќе... ми фали мир.. ******************************** Највеќе од се, ги сакам луѓето што ја разбираат мојата чудна смисла за хумор, и што се себично несебични е со нив би можела да го потрошам целиот живот. Преку многу можам да поминам и замижам во животов, ама преку егоизам... фуј!!! НИКОГАШ!
https://www.facebook.com/pages/Worldwide-Accessories-Gifts/685411708236287 Ах бе, да е жив и здрав али експресов уште многу ќе проќарат од него.
Искрено мислам дека никогаш нема да научам да не си ги земам работите при срце...веројатно тоа и не се учи, таков се раѓаш и мака мачиш со текот на времето да отрпнеш малку од малку. За многу работи може мува да не ме лази и да бидам флексибилна, ама за она што вистински ме допира просто ме здоболува до коска кога ќе дојдам до некоја точка на вриење. И криво ми е што тотално небитни особи ми создаваат кнедли во грло, криво ми е што од кога ќе им го свртам грбот очите ми се замаглуваат од солзи, од бес, од неправда. Понекогаш мислам дека ќе имам повеќе разбирачка со првиот камен од кој ќе се сопнам на улица, отколку со некои луѓе. ...И така. Особено катастрофален ден по новначинкот ми се познава, ако имам пари де Фала Богу денес тоа не беше еден од проблемите. Експрес лажно полнење на емотивен кратер : ))) Типична клише жена, ама пофино ми дојде на душичката. Мислам дека сите попусти во градов ги искористив, уште малку па и машина за садови ќе довлечкав. Шуќур се си има граница, па и мојава налудничавост