Вака читајќи постови и твитови, човек ќе помисли којзнае каква сина крв им тече зад аватарите, не дај боже некој да ги запознае во вистински живот.
Мајка ми се сеќава на детенцето, кое, без наметнување од дома или нешто, го минувало слободното време читајќи молитви и шетајќи со кандилце по улица. Ене сега владика е. Луѓе знаат што сакаат уште од мали нозе. Предодредени се за тоа нешто и нема отстапки - целат и тераат. Блазе им. А постоиме и онакви што сакаме да сме криминалистички психолози со Брус Ли талент за кршење кичми, али истовремено да сме едноставни девојки со клише проблеми и cheesy врски од типот на Кери Бредшо (чисто рандом славниве ко за споредба) и компанија. Да сме со маса непознати луѓе на авантура некаде на други континенти, ама да сме и дома, во комфорна зона, со својот омилен јорган и топлината на домашните. И ај...
Девојки јас заминувам,ви посакувам на сите све најубаво следете ги вашите соништа,не се плашете да преземите ризици,следете го вашето срце,немојте да останвате во врски каде што nе све среќни не ја правете истата грешка како мене само напред одете и не погледнувајте назад...
@mime87 среќен пат и имај само убавини во животот. Ти испраќам пријателска прегратка и цвет за среќаи секако најсветлата ѕвезда за да ти го осветли и покаже вистинскиот пат до убавите нешта.
Секоја чест на тие што ги имаат деактивирано фб профилите огромно браво...а уште поголемо браво за тие што воопшто немаат направено профил, знам дека се малку ама сепак постојат Нека се укине веќе еднаш ова ѓубре па да се спасиме сите....
Форумов стана едно големо место за хејтање и додворување.Можеби некои ќе се пронајдат во постов.Но искрено секојдневно сум сведок на голем број хејтања и „давање совети“.Почитувам критики и воопшто не ми сметаат туку ме тераат да се поправам и да сменам нешто.Можеби сум саркастична на моменти,но едноставно таков ми е карактерот.Сепак никогаш не сум хејтала на форумов.Од друга страна е додворувањето кое е милиони пати полошо од хетањево.Јас разбирам поддржување и наоѓање сличности со некои членови овде,но она од типот „Ееее Мирка јак ти е постот во СДК“ или „Злато мое од каде ти е јакава блузичка,прекрасна е и прекрасно ти стои? “ Ова не ми е воопошто јасно.Со додворувањево ништо нема да постигнете.Искрено од ден на ден се помалку добивам желба да го вклучувам форумов.Знам дека сите сме изморени од тролови и со секоја нова тема мислеме дека се тие,но забораваме дека постојат луѓе кои навистина нема кому да му се обратат па единствено решение е форум.Како девојки на девојки да си помогнеме ние додаваме бензин на огнот.Разочарана сум од форумов,разочарана сум бидејќи имавме многу добри членови а сега истите можат да се избројат на рака.Секако сега имаме повеќе членови.Но добар процент од новиве членови ги сметам за додворувачи и хејтери.Поздрав
Ги ценам луѓето што на ден кој мене ми е посебен знаат да се јават и да ми честитаат. Ретки се таквите кои те бараат кога не им треба ништо.
Како е во реалниот живот така е и тука. Кога имам некој проблем и сакам да слушнам други мислења и совети не би пишала бидејки освен осудување и напаѓање друго нема да прочитам. И после сите, па ова е форум не може да се каже се што вие сакате да слушнете. Ок, сфаќам критика, различни мислења од моите и се тоа, ама, има голема разлика од критика до осудување. Сепак, нели, ова е форум.....
Ако е ова форум,сепак не ни дава право сите да ги понижуваме.Сум забележала нешто што искрено ме става во дилема.Ако некое прашање некој популарен член постави веднаш му се одговара на најфиниот можен начин,ако си нов член и го поставиш истото прашање ќе те направат ренде.Со ова не сакам никого да навредам.Во никој случај.Само сакам да кажам од каква перспектива јас го гледам форумов.
Среќа е кога ми лази бубамарата по дланка така нежно и невино, среќа е и кога го слушам звукот на птиците и пластовите од морињата и океаните. Среќа е штом ќе се вивнам во височини и заминувам таму каде што морскиот воздух штипе за нос, а дишалото ти се отвора како на медвет, каде што воздухот испушта мелозвучна симфонија, каде што стујата ти струи низ крвта. Среќа е кога со другарките ќе јадам салата и пијам жолта. Среќа е кога сум до љубовта и ме мачат неговите закачки и плачки. Имам уште многу среќи, и уште троа таги! Се е точно и и сосема пропорционално пресметано. Пријатна вечер уживајте и смејте се секогаш и секогаш!
Моментот кога falleangel ќе влезе во филм и ќе се претвори во еден од ангелите на Викторија Сикретси тоа пред бившиот дечко кој случајно го сретна низ град па ќе се исправи горделиво ко круна на главата да има,насмеана, дотеранка во прекрасен бел фустан,нашминканасо штикли абе греев така убаво како сонце преку денот, најсветлата ѕвезда и месечината заедно во ноќта (знам знам слушнав и јас умре циганката што ме фали па морам сама да се пофалам) а нему очи му истекоа од гледање толку го збуни мојата појава што за малку ќе му паднеа шорцевитекамо среќа да му паднеа, да се израдував малку и ја очи да исплакнев не само тој. И така ангелчето ваше чекори, поминува покрај него, па му краде погледи, па дури и насмевка му измами на лицето и таков убав сјај во очите ( и ова знам што значи ме поканува на кекс со поглед). Ама јбг сурова реалност никој ништо не проговори, нема бакнеж, нема прегратка како у романтичните филмови кога главните ликови си идат во сусрет ама белким ќе има у друга епизода малку поголем напредок па што и во индиските серии работите се случуваат бавно, бавно ама затоа откако ќе се случат траат вечно. Можи и мојава љубов така бавно да се освести што му значам, дека ме сака, па да се извини и оп љубовта ќе ни трае вечно. Заклучок Драги мои бидете секогаш убави и секси колку и да ви е тешко, дозволено е да се исплачите на форум и сами у соба по дома, да си кажете маката ама не дозволувајте болката секој да ви ја знае во реалниот свет за да не се хранат другите луѓе со вашата несреќа. Имајте убава вечер.
Ја гледам сестра ми седната на масата, прави куќичка од домино, вниматело реди една по една плочка ги врти, разместува, наоѓа начин секоја коцка да ја смести на своето место и баш кога требаше да ја стави последната плочка на врвот, раката и се лизна и сите коцки се разлетаа, баш последната плочка ја урна куќичката. Моментално мојот живот е ист како распаднатата куќичка, толку време се борев, преминав низ се и сешто, внимателно градев, се трудев да биде се во најдобар ред, барав начин да не остане никој повреден и токму кога мислев дека успеав, се уништи се. Баш како како и куќичката од домино. За мене е веќе завршено, за него само што не почнало.. Не знам што ќе се случи, само барам од Господ сила и трпение за да го надминам и ова.
Кога сме дошле доволно близу до класната природа на културата и класните вкусови мора да се споменат Кант и Пјер Бурдије. Кантовата естетика судовите за вкус ги сметала за нужни и општи од што произлегува дека тие се засновани врз внатрешните принципи на расудувањето и дека се независни од надворешното опкружување, индивидуалните преференци или од општествениот контекст. Либералната теорија од друга страна , вкусот го доведува нели во врска со индивидуалните преференции, но со јака моларистчка димензија , што добриот вкус го дефинирало како она што е добро, пристојно и општествено пожелно. Бурдије пак смета дека вкусот не е автономна категорија,ниту пак категорија која зависи од сензибилитетот и посебното чувство за естетика на поединецот туку се создава под одредени општествени услови кои се втемелени во хабитусот на одредена општествена група, која ја претставува несвесната основа на животните стилови Хабитусот ги обележува внатрешните врски меѓу општествената условеност и начинот на кој поединците или групите таа условеност ја покажуваат во вид на образец на мислење , однесување и вреднување како и субјективно доживување на тие обрасци. Хабитусот не е само ментален или духовен став туку се констируира на основа на различните пракси ,начин на говор , избор на јадење, облик на забава, гестикулации... Класата во Бурдијеовиот систем има многу посложена сруктура отколку во марксистичката теорија. Таа се иденктификува како посебна група на основа на одредени постапки и начинот на живот со чија помош се дистанцира од другите класи и групи и тоа ан различни видови поседување на капитал ( економски, симболички и културен капитал) како и трите основни класи (виша средна и ниска). Ниту една од групите не се рекламира и не признава дека е тоа што е , и несвесно се претставува како посебен поредок. Поздрав, Џ.
Pa bi sakala da se zapoznam so nekoj od forumov ako imaa nekoj nekaa pishee mozhe da staneme prijatelkii
мислев лоши работи се случуваат на другите луѓе,на силните.сега гледам судбината не бира ни луѓе ни време ни место.
Така ви е и во реален живот девојки, на почеток, каде и да си треба да се докажеш и покажеш и да заслужиш почит. На тацна никој не ви дава, рози никој не ви постелува, за свое место треба да се избориш. Не знам за какви понижувања зборите, нешто такво во драстична форма ретко среќавам на форумот, ама ако сметате дека треба да е подобро катче, пробајте направете го.
http://www.telma.com.mk/vesti/nepodvizhna-tetovchanka-zhivee-vo-ruinirana-soba Се испотресов пред спиење. Луѓе не смееме да дозволиме вакви работи да се случуваат, страшно е ова што го видов на снимката. Без разлика што женава е во катастрофално лоша здравствена состојба човечки е да се пружи помош и да не се мижи пред вакви работи. И не е важно дали има надеж за излекување и опоравување затоа што секој заслужува барем достојна смрт ако ништо друго. Во шок сум од тоа колку сме неспособни и немаме никакви капацитети да се справиме со социјално загрозените категории кои секогаш се третираат како најдолни ѓубриња. Уште солидарноста ни остана, ама и таа не е секогаш доволна. Греота е ова да се случува...греота и срамота!