Човек од све може да избега,ама од судбината бегање нема. Каде и да одиш, со тебе носиш три работи: сенката, болката и минатото.Но, едно нешто секогаш ќе те пречека таму каде што си тргнал... СУДБИНАТА.
A кој тоа те нападна? Сите искажаа свое мислење и став, токму како шт направи ти. Ти не сподели информација, сподели маалски оговарања. Ако сте ја гледале жената во таква состојба со години, зошто не сте презеле нешто, да повикавте медиуми и да апелиравте до институции пред да биде предоцна?
@LivingGlam , во темана и тука, значи едноставно ве молам не ме цитирајте. Споделив реална информација, не е маалско оговарање. Предочив како е ситуацијата, што довело до краен стадиум. Тоа не ме прави нечовек. Толку Немаше потреба меѓу редови да се нападне. Уште еднаш не ме цитирајте повеќе ќе ве замолам.
А јас пак не знам кога ќе престанете да цвикате кога некој ќе ви реплицира и ќе проба да повлече некоја дискусија за оние неколку збора што сте ги испратиле на форумов. Особено па кога очигледно се коментира на пост што јас сум го напишала, ама не уствари јас не сум била прозвана. Прозвана сум и тоа како и да, сакам да дискутирам, твое е секако да не ми обрнеш внимание доколку тоа вистински го сакаш. И повторно, не е работава за правење светец и безгрешник....за тоа треба многу повеќе. Ама за да се сожалиш над човек што умира во беда и да не ти е сеедно треба да си само малку човек, ништо повеќе.
Прашања од типот - зошто немаш дечко? и јас на твои години имав 2 деца воопшто не ме допираат, иритираат. Сеедно ми е што мислат луѓето за мене, посебно оние луѓе кои немаат свој живот, па се мешаат во животот на другите. Самите сме креатори на својата судбина. Не ме интересира воопшто што правиш Ти и другите. Вашето Дај Шта Даш - мене не ми е доволно. И јас не сакам да сум сама, ама па нема поради тоа да дозволам секаков да застане до мене.
Кога се сака се бара начин, се друго останато е само изговор, затоа не е само да се откажеш после првата препрека, ако сакаш ќе се бориш до крај со нештата кои ти претставуваат пречка, на денешно време ретки се ваквите луѓе. Поздрав имајте убав ден
Ме контактираше бренд за облека за реклама, кај што аплицирав пред некое време за блогерската програма и скроз заборавив. Аплицирав и не очекував дека ќе ми одговорат, затоа што блогерство не е застапено кај нас и немаме огромна публика. Еве сега проверувам мејл, им се допаднал блогот и решиле да ми испратат нешто по моја желба. Си одбрав со мерак и сега ќе го чекам да стигне. Звучи како ситница, ама многу се радувам кога ќе добијам нешто со сопствен труд, колку и да е мало. Иста ваква радост имам и кога ќе нацртам нешто и после ќе го изведат, без разлика дали е едно парче мебел или цел ентериер. А спремаме и проект со уште две (форумски ) блогерки, толку сум возбудена и едвај чекам да биде објавен, соработуваме со прекрасни луѓе, деновиве ми се ептен исполнети со убавини. Не е ова фалење, радосна сум. Патем, да ви честитам на сите бруцоши, многу сум среќна за вас. @Anabelle.Amorette и @Someonespecial ви испраќам најубави желби, се надевам дека успешно ќе го завршите факултетот и ќе најдете работа по струка, двете сте неверојатно интелигентни, не се сомневам дека тоа ќе се случи.
Честитки до сите бруцоши. Да 'кршете' нозе и со лесно Ви посакувам многу успех и среќа во академската година и многу многу 10 ки. Уживајте во студентскиот живот. И после секој положен испит не заборавајте.... Посебен поздрав до @Anabelle.Amorette и @Someonespecial
Животот за некој е мајка ,за некој маќеа..не постои среќен живот,постојат само среќни моменти...секојдневно се соочуваме со среќа,тага,болест,глад,изобилие,немоќ,плач,крик,љубов,тага,предавства и што уште не,водиме тешки борби со самите себе и со околината,ама тоа мора да биде така,така било од памтивек,и ќе биде се до крајот..а кој ќе опстои најдолго во овај борбен ринг на животот,се знае оној кој е најсилен
Таман еден ден ќе се решам да се напијам кафе со сите салтанати; ќе мучкам со машинче, ќе ставам млеко, ќе си играм со чоколаден прелив, со хопла и Плазма, ќе ставам и цевче во шолјата ... и ќе ми се истури. Секогаш по можност врз најбитните листови. Животе, несреќо, зашто ме људи избегавају работава. Очигледно не ми е судено да пијам кафе со лезет, секогаш мора да биде набрзина ко небаре да го крадам.
Како идеше тоа со СОЛЕТА НЕМА ДИЕТА! Па јас и би рекла со @Serafima Нема диета! Отвараш Фемина инстаграм, ги гледаш сликите (сите) посебно нејзините, и се буташ во фрижидер! Апетит на ниво!Абе еден ресторан да си отвори, мислам цела Фемина ќе отиде на дегустација! Мастершеф си,Gordon Ramsay да ти се поклони треба Jamie Oliver Такоџе! Значи еднај чекам да заврши летото! Сакам да дојде окомври, ноември, да си облечам капутче, чизмичка, да ми мириса на презимско време, магла околу мене, мрсулче од нос, и дефинитивно знам дека нема запотена мишка веќе! Не го сакам сонцето, го сакам ама во умерени граници, што е ова печење, топење асфалти, не може да се дише, не па да се просперира нешто повеќе Живот на 40 степени дефинитивно не е за мене
Колку само мразам кога во исто време правам повеќе работи. Читам статии низ сајтов , пишувам пост и секогаш испуштам интерпункциски знаци од брзање или не ми е естетски напишан постот некој ќе рече неписмена е оваа ама не можам да задржам фокус на една ствар па згора на се со едно окце загледувам во кафето што си го варам и да ако не претече тогаш ќе зоврие и нема кајмак. Друго што сакам да кажам е дека убаво е чувството кога на некого ќе успееш да измамиш насмевка на лицето и ќе му го подобриш расположението со убав кажан збор, скромен подарок. Тоа се ситници кои можат да направат една личност да грее како сонце во текот на целиот ден.
У последно време често слушам изјави од типот „Ееее, ова фејсбуков ми ја растури врскава“. А бе златен, Цукерберг ли ти е крив што девојка ти е болно љубоморна и ти го бара пасвордот, а ти не можеш да се воздржиш од турање лајкови на женски у купачи и долен веш и праќање кисчиња и срциња по пораки со „другарка“ што си ја аднал пошто на профил се сликала со натртен гз? На страна навлегувањето во приватноста и собирањето лични информации од страна на фејсбук како компанија, тој претставува нова „технологија“, како и секоја друга - со добри и лоши страни. И нормално, може да се употребува или злоупотребува. Е сега, дали ќе ја користиш за да останеш у контакт со драги луѓе со кои ретко се гледаш од некоја причина или за промоција на твоето бебе, самиот себе или како дејтинг-сервис, тоа си е твоја одлука. Ама последиците од глупостите што ги правиш се на твоја глава, не бива да кривиш некој друг. Ми се свиѓаат и оние кои триумфално кажуваат како го избришале профилот, како да направиле некакво достигнување за Нобел и како со тоа да ги решиле сите проблеми. Па ако немаш фејсбук, љубоморниот ти дечко ќе ти го проверува телефонот, за да види на кој се јавуваш. Или мејлот. Или поштенското сандаче. Или ќе ги праша комшиите кој ти доаѓа додека не си на работа. И тако даље. Секој прво треба да си ги реши проблемите кои ги има со самиот себе, а потоа и со партнерот. Само така ќе може да има нормален живот и здрава врска. Се друго е барање изговори и справување со последиците, а не решавање на проблемот. Така да, не е до фејсбукот, до луѓето е.
Сдк дека никоj не ми е крив што седам навечер до ниедно време, никоj не ме тера да станувам во 8 сабаjле. И после Цацко ми е крив што цел ден ми се спие и не можам да се освестам. Никогаш не сум спиела до 2-3 попладне, никогаш немав проблем да станам рано. И сега ми остана навиката рано дастанам и да го фатам денот. Туку решив да направам промена во животов моj. Како за почеток ке идам на фризер утре. Секогаш одевна фризер од што морав, дури и заборавав па ко метла ми станала косата. Ама сега е време за нови работи.
Значи, во денешно време ако си девојка со облини треба два пати да разгледаш и да размислиш каде ќе се поставиш на плажа затоа што има разни манијаци кој ќе се наредат околу вас,ќе ве изнасликаат од сите агли и,како шлаг на тортата,ќе ве постираат на фејсбук као демек да се испофалат еј видете какви женски има околу нас или не знам која им е целта. Боже сачувај!
Човек со тек на време си се навикне на се', си држиш и топло и ладно, си ги имаш сите конци во рака ама не е тоа што сакаш. Никогаш не е тоа што сакаш, туку мораш да си прифатиш и да се задоволиш од она малку што ти го пружи животов. На ситници се радувај да, ама цел живот не можеш со ситници да се задоволуваш, па ќе ти се ску*чи. Да има нешто, да има некој да ти го краде здивот, да те збунува со појава, да мечтаеш, да имаш причина да се будиш наутро, да имаш планови да исполниш, кафиња да испиеш, на забави да присуствуваш, да живееш или барем да се чувствуваш жив.. Мислам тоа ми фали во животот, тоа е. Вака е празно, досадно... Истата рутина секој ден, исти луѓе на исти места, па досадно е... Сакам да спакувам куферите, не ми се седи тука. Без повратна. Некаде далеку.