Цело лето скоро, додека бевме дома, сме со гости од странство. Ги сакам овие денови кога куќата ни е преполна, со блиски, со добри луѓе, а уште поубаво ми е кога ќе видам колку и на нив им е пријатно и удобно, во секој поглед, кај нас и се чувствуваат како дома. @Someonespecial @kala21 @Anabelle.Amorette Девојки честитки за уписите на факултет, со лесно да ви биде студирањето, и да дипломирате, а потоа и магистрирате и докторирате!
Пред 3 недели добив унапредување на работно место, позиција. Одсекогаш сум верувала во себе, сакам и имам желба да работам, да бидам лидер и да ги водам луѓето и тие да ме следат. Имам желба да работам со луѓе, да помагам, да бидам постојано во комуникација. Успеав успешно да се прилагодам и да се справам со поголеми обврски кои се во домен на мојата нова работна позиција. Знаев одпочеток дека Можам. Не се сомневам во себе, верувам. Пред мене е отворен еден нов хоризонт. Пред мене се сите мои соништа, желби, мечти и предизвици кои еден ден ќе станат дел од мојата реалност. Некои веќе се остварија. Најважно е да знаеме што сакаме. Поставување на целите и остварување на истите една по една. Секој ден е различен, поубав и поубав од предходниот. Ако постои силна желба, постои и реална можност за нејзино остварување. Ништо не е недостижно.
Го гледам светот онака од секоја перспектива слушам и неможам никако да поверувам како тоа ние луѓето дојдовме до ова дереџе. Како тоа секој на секого си нанесува зло и се сити на туѓи несреќи....толку нечовечност и нехуманост боли и ја руши нашата заедничка иднина. Гледам слушам и размислувам која е нашата пред се човечка должност што се изгуби и ја снема, ојде во неповрат.... Нашата должност кон овој свет е да бидеме хумани битија. Нашата должност како личности е да имаме пошироки видици за сметка на ограничените гледања на работите, бидејки според "ефектот на пеперутката" секоја наша и најмала акција се рефлектира на целокупното човештво. Должни сме како хумани битија да помогнеме, да споделиме, да кажеме убав збор, да дадеме подршка и за другите а и пред се за себеси. Да гледаме кон другите со емпатија, почит и разбирање. Да бидеме авантиристичко настроени, да се дистанцираме од секое зло, да не учествуваме во погрешните одлуки на некој друг, да дадеме отпор кон неправдата како кон нас така и кон другите; Бидејки не постои лично добро ако сето околу нас е лошо. Должни сме да бидеме сплотени во тешки времиња и пред предизвиците. Должни сме заедно да изградиме една заедничка подобра иднина. Да ние луѓето си ја применувавме нашата должност светот не би тонел секој ден се повеќе и повеќе кон дното.
Во последно време гледам парови околу мене за кои баш во буквална смисла можеш да ја употребиш изреката: Убавите круши, свињите ги јадат. Тој убав висок, насмеан, лепотан а таа до него да не знаеш дали му е баба, дали тетка од Америка, дали братучетка транвестит или што? Битно за рака се држат, ќе се бакнат еднаш и сфаќаш дека му е девојка...ооо Господе....или слаба некоја исушена само ушите на неа и останале ама битно татичко е директор и до неа и се залепил најзгодниот дечко (одат за озбилно) кој ја изневерува со 70 други девојки... Или обратна ситуација, девојката манекенка ко од модна писта земена, симпатична, убаво тело а дечкото до неа мешавина од мистер Бин и Николас Кејџ...ама брате мили пун ко брод Сите дозволуваме овие да управуваат со нас....обично ливче хартија....
Пред неколку години секој ден ми беше испланирам до детал. Знаев што ќе правам точно од колку до колку и колку време ќе имам за одмор и за дополнителни активности. Сега не можам еден ден да си го организирам како што треба... сите планови како од НЕКОЈ и НЕШТО да ми зависат. Убаво си планирав и си планирав си замислував се надевав, но ете не испадна како што сакав. Не се секирам, сигурно за мене ќе има нешто подобро зошто јас сум научена со мачење да го добивам тоа што сакам
Клишеа од типот „кафе/чај и добра книга додека врне“ да ми се објаснат. Само додека врне ли читаат книги и пијат кафе/чај? Или тогаш е поинтересно на инстаграм такви слики да се ставаат? Нејсе, си го зедов лаптопот од сервис конечно. Можам на раат да си продолжам со гледање серија.
Maybe it's sounds CrAzY, but не верувам во пропуштени шанси... Можеби сме ги пропуштиле од страв, несигурност.. НО, верувам во правење на НоВи... Да, со тие што сме ги пропуштиле. Знам и верувам дека ќе се случи нешто многу, многу ИнТеРеСнО.... To the NeW chances and changes...
По долго размислување и анализирање на самата себе ,сватив дека доста е цмиздрење и кукање за тој некој си кој не ме е.е 2%,ајт таму остани си во минатото,ќе те искорнам од срцево и нема веќе да напишам ни 2 букви за тебе ветувам,патем ионака во живо на никој не те спомнувам,само тука се олеснувам Поминавме убави времиња заедно,на моменти ме креваше до небо од среќа, а на моменти ми покажуваше како изгледа пеколот,се е искуство во животот,сепак нема да те мразам никогаш,ќе ни се вкрстат патиштата некогаш пак ,нема бегање ,на крај на свет да заминеме ќе се најдеме,ама тој ден јас ќе бидам со друг под рака,а ти со друга,иронично нели?ама што да правиме бе ,не ни било пишано и толку е,збогум засега најубав мој,барем во убавина никој нема да ти биде рамен никогаш и остави ме да бидам среќна,време е да ме направи друг среќна Велат дека во малите нешта е среќата,дека ситници можат да те усреќат,ама јас пустата секогаш барав големи нешта за среќа ,барав и трагав по совршенство,ама тоа да не постоело па,секој ја перцепира различно среќата и секој ја заслужува на посебен начин среќата,јас знам дека по секоја цена морам и сакам да бидам среќна,и знам дека ќе му дадам шанса на еден тип,комуницираме некое време онака другарски,се опседна со мене,толку е мил,љубезен,добричок,цело време ми обрнува внимание,следниот чекор треба да го направам јас,зошто го пресекувам него во се што ќе се обиде,така да следен голем чекор се очекува од мене,а и ќе биде тоа Збогум минато,сегашност биди помилосна молим те,а ти иднина внимавај што ми паковаш во твоите куфери,како и да е спремна сум за борба,започнете.... 1,2,3 .....
Една вест денес ме направи посебно горда. Несекојдневен успех на една млада личност, успех кој ретко кој успева да го оствари. Горда сум што го познавам, горда сум што ја познавам неговата мајка, што се дел од мојот живот. Посебно сум горда во каква личност израсна тоа дете, какви вредности успеа да всади неговата мајка која покрај образованието, единствено е заслужна за неговото воспитување. Се сеќавам на времето кога уништена од погрдни муабети, презир, кога неговиот татко реши дека не сака веќе да чуе за нив, со стомак до заби и куфер полн тага, реши да почне нов живот далеку од тука. Цел живот далеку од своите, без никаква подршка освен морална, без лош збор за оној кој никогаш не го виде своето дете, нити праша за него, на оној чие име го носи, но не и презиме, жртва за своето дете. И не знам дали е судбина или господ има вмешано прсти, зашто такви луѓе не заслужуваат друго, но татко му не се израдува на друго дете и прерано си замина од овој свет, сведоци велат дека умрел со неговото име на усните. Но вреди ли покајувањето ако немаш време да поправиш нешто? Горда сум дете на тебе и горда на твојата мајка херој, која успеа сама во туѓина да израсне и воспита таков човек како тебе.