Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Tumblr.123

    Tumblr.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2014
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    Уште малку остана од летото.. Многу бргу помина како вчера да не распуштија и сега повторно треба да заучуваме. Оваа лето, за прв пат не го очекувам првиот школски ден. Отсекогаш сакав да одам на училиште, да ги видам другите деца, симпатијата, па дури и наставниците. Оваа школска година воопшто несакам да започне. Сега ќе бидам прва година. Треба да одам во училиште каде никого не познавам. Ново место, нови деца, нови професори.. ми се лоши. Не сум некоја што бргу се спријателува. Имам страв од тој ден, дека некој нешто ќе ми префрли, ќе ми се исмева, дека нема да се вклопам во новата средина.. Сите другарки се разотидоа на разни страни, и јас предосеќам ќе си останам сама.. Изгледа малку претерувам. Станувам параноична, секоја вечер го сонувам првиот ден, некогаш убаво, некогаш кошмари.. И така. Никогаш не сум се плашела волку.
    Како и да е, мора да се оди, тоа е:|
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
    Одам денес да платам некој сметки ова она, и една пред мене да плати и таа на ред беше, и бара оваа на шалтер лична карта, вади лична карта
    Sredno, nema poubavi denovi od ovie vo sredno uciliste. Ke zapoznaees novi drugari. Eh da mi se vratat tie denovi, tie smeski, tie ludila se bi dal.
     
  3. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    44.398
    Пол:
    Женски
    Истото ова го мислев и јас кога се запишував прва година средно. Една недела додека се средуваа списоците со ученици,бев разделена од другаркиве,само за одморите се гледавме,ми се чинеше ќе умрам од осаменост.Многу несигурно се чувствував во новиот клас,се плашев дека некој ќе ме навреди или па дека нема да ме прифатат. :tmi:
    Само ќе ти кажам да не се плашиш толку,за брзо време ќе се навикнеш,биди комуникативна и опуштена,разговарај и запознај се со новите соученици. Факт е дека со сите нема да се здружиш,ама сигурна сум дека ќе си најдеш супер пријатели со кои делите слични интереси. Мисли позитивно и биди си опуштена. :sun: Со среќа нека ти е,само 5ки да редиш!
     
    На Luna91, Kukla994, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.537
    Допаѓања:
    55.312
    Пол:
    Женски
    Од срце се радувам на нечие успевање во животот,се гордеам со оние луѓе кои макотрпно работат на остварување на своите соништа,чекаат истрајно да се остварат истите и не се откажуваат лесно при првиот пад или препрека,во животов често ми се случувало да не знам што сакам или да знам а да не се изборам за тоа,искрено многу жалам за многу пропуштени шанси и прилики,за многу пропуштени животни усовршувања,знам дека од некаде ќе излезе и мојата среќа и ќе се издигнам од состојбава во која се наоѓам моментално,осеќам дека како Феникс ќе се дигнам од пепелта..а до тогаш ќе им се восхитувам на другите борци некаде од страна како ранет војник...
    Еднаш некој ми рече зошто со гордост зборувам за оние кои успеале во животот,зошто се радувам за туѓиот успех,а чекај малку што треба да направам? да бидам огорчена и исфрустрирана како да ми се тие виновни мене? Секој човек си е ковач на сопствената судбина,било тоа да е среќна било несреќна,сепак на крајот на тунелот,останува една мала светла точка,една надеж која води кон подобро утре,надеж за која велат дека последна умира,она што треба да направиме е да не ја оставиме да згасне во никој случај!!!
     
    На 2212, Candid, SV1911 и 25 други им се допаѓа ова.
  5. bombona23

    bombona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.817
    Одамна немам искачно само да видам некој. Убаво чувство. А кога видам не престанувам да гледам.
     
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.740
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш ми било тешко кога требало да се држам на дистанца.Поготово, кога станува збор за личности кои ми значат (или поарно звучи / значеле , ако го земам в предвид изминатото време).

    Може ли, да се прекине пријателство без ниеден збор? Очигледно, може. А причината за неговото згаснување? И самата не ја знам.Ах, може да се прочешлале некои мои мислења, оти едно време ме мачеше кај се изгуби тишината во која уживав.Нејсе, наместо отворено да се разговара и да проба да се подобри во позитива другарувањето, на првата пречка отиде во неповрат.Цела кнедла во грло ми стоеше кога само сакав на вистинскиот датум од мојот роденден годинава, да испиеме едно кафе.Заедно.

    И баш штета што не се оствари.Не ги слушна зборовите што ги чував за тој ден.А сега, нема ни да ги напишам.Гледам дека не требало да се бираат денови, ниту да се чуваат посебни прилики за да се каже она што навистина ни‘ е важно.Што фајде сега кога ќе нашкртам? И онака испариле, кога во моментот не биле кажани.

    Прочитана или не, пораката си стои.Туку, за оној ден.Не се налутив, само ми се виде разочарувањето во очите.Се надевам дека ќе бидете (иако мислам дека веќе сте) едно огромно друштво.И мило ми е за тоа.
    ~
    Баш се впуштивме да дискутираме на тема доверба.
    ,,И да сакаш некому да веруваш, пак не можеш.Можеби понатака, кога ќе помине извесно време, ама пак нема да биде она истото‘‘. Ме погоди директно, па немав што да додам.Па, и молкот се прифаќа како потврда, зар не?
    ~
    Пуштив нови личности во животов.Сменив фризура, па полесно се дише.Го заокружувам летово како една убава целина.Одморена, ама не и баш спремна за Септември.Уште десеттина дена, на видик ќе се нови предизвици.Мора да поработам на една идеја, па да пробам да ја реализирам.Ама, се‘ полека.

    И нека залади.Си чекам и :rain: Во меѓувреме и ветерот надвор што дува ми годи.
    Туку, поздрави до третата смена. (highfive)
    Никако да се научам рано да легнувам.Ете, ме разденува вака, скоро секогаш. :coffee:
     
    На SV1911, Snow-Star, Salome и 11 други им се допаѓа ова.
  7. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Тапа лето. Тапа период.
    Порано искрено му се радвав на летото, сега е онака. Сезона.
    Ми е страв да не остарам во душата премногу, да не станам пресериозна и да не ја изгубам радоста во малите нешта. Се помалце и помалце работи ме радуваат како малечко дете, а нели таквата радост е најпотребна и не прави живи....
    А не знам во вакви услови, ваква средина како можам да опстанам...
    Арно и толку што сум океј................

    Мааа биче боље. Мора да е!
     
    На Lady Phoenix, joy1, Аliсe и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Многу луѓе живеат сеуште во минатото,заради тоа и тапкаат во место,тоа што било за жал или среќа неможе да се промени затоа е минато.

    Ако сакаш да имаш убава иднина, пушти го минатото да си замине со насмевка.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Winter Lady, marama и 6 други им се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Ми здосади од секојдневието, ми здосади сонцето што бие во очи секојдневно на максимални температури и напорната борба за да земам малку свеж воздух, ми здосадија и оние плажите и морето, и мирисот на пржен пипер со јајца од кујната.
    Сакам промена, свежо време, турболентна и работна недела, сакам љубов и емоција, сакам прошетка и целодневна седенка со друштвото, онака од срце да се насмејам.
    Сакам и да седнам со љубовта на нашето место да пијам пиво и да мезам добра храна проследена со долги разговори и љубовни моменти малку освежување и добра доза на зафраканции на наша сметка, ги сакам караниците низ дома и слатката страна на животот.
    Не, не ми е исполнет животот, осаменоста ме убива, но ќе дојдат и подобри денови.
    Пријатен ден :f:
     
    На Lella, Rama, eliesaab и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.369
    Пол:
    Женски
    Оваа недела купив фустанче,летно, на попуст. Ептен мераклиско, со ацтечки шари на изразот .
    Со него , на белешката, идеше ако прилог пердув. Не се зачудив , дека мотивот на фустанот беше со шари индијански ,ај па си реков не е чудно. Ама ете , пуста глава гледа широка слика па почнав да копам, да копам.... И ми беше чудно ај што иде пердувсо него , но која е целта кога нема ниту нешто за закачување на него ниту пак некоја игличка како брош да го носам.... Која е причината што стигна до мене? Не добив одговор , се стабилизирав го закачив на таблата над мене . Го посматрав неколку дена.. Синоќа сонував ангели, ангели како ми го повикуваат името. Се разбудив , ставив чај и реков ајде да почнам да видам општо за ангелите. Што да видам, што да чинам ? :angel: С И Н Х Р О Н И Ц ИТ Е Т. :angel:

    9f1816fc7f8b46ac522ca05fdb17d958.jpg
     
    На SV1911, Lella, Rama и 18 други им се допаѓа ова.
  11. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Го мразам Скопјево, ме гуши ли ме гуши. Со нетрпение го чекам денот кога ќе си заминам и никогаш повторно нема да се вратам. Ја мразам и куќава која цел живот само болка и тага ми дава.. Спомени, мачни, претешки.. Никој не ме разбира повеќе, може не им е ни грижа. Со надеж чекам да дојде 2016, знам дека многу ќе промени. Можеби нема веќе да живеам тука каде секое ќоше е страдање, можеби ќе успеам да се изборам да избегам. А, тогаш, е тогаш навистина ќе се препородам. Каде и да сум, што и да работам не ми е битно, само да не сум тука.
     
    На samovila.red., Rama, Jenniffer и 15 други им се допаѓа ова.
  12. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.577
    Допаѓања:
    175.066
    Колку луѓе имам прекрстено.....само Господ знае....
    Чудно е што ако од прва не го запомнам името,нема да го запомнам ниту по 100 пат.
    И ако во главата ми влезе некое друго име,личноста ќе си ја запомнам по тоа име-она што јас сум си го зацртала.
    Деменција? Незнам,можеби,скраја да е.
    Се јавувам кај овие во топ-шоп и правам нарачка за бејби булет.Девојката упорно ме корегира -нутри булет.
    Ок.
    Одам во пошта да ја подигнам пратката(Бејби булетот),ја бараат вработените и велат нема пакет на твое име,неможеме да најдеме,а колку голем е пакетот?Абе,незнам,им велам ,нарачав бејби булет.ААААА нутри булет,чекај да видиме...Да,бе да,нутри булет.....
    И така дома,постајано ги нудам моите со сокчиња-кашички од бејби булет,постојано ме корегираа и на крај дигнаа раце од мене-ако сакаш така ок,мајко,нека биде бејби булет,навистина си инаетлива.
    Ма не сум идиот,само така од прва ми влезе во уво,а дали е бејби или нутри-сеедно,важно е булет дека е.
    Замислете да беше бејби рулет....е дури тогаш ќе беше жалосно.
     
    На Giovanna, eliesaab, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  13. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.619
    Пол:
    Женски


    Добро утро луѓенца! :*
    Добар ден повеќе ама за мене утро зошто сега се будам. :lol:
    Си го направив кафенцето и си ја пуштив песничката погоре. Секое утро се будам со неа, незнам зошто ми шири некоја позитива, ме потсеќа на нешто убаво.

    И уште само 10 дена до Септември. Долго очекуваниот Септември. Септември 2015, што го чекам 10 години. А сега останаа само 10 дена... :inlove:
     
    На Lella, purple..m, Anabelle.Amorette и 2 други им се допаѓа ова.
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    36.152
    Пол:
    Женски
    Несомнено е се помал процентот на луѓе кои за обична работа, некогаш и безначајна, неколкупати ќе се заблагодарат и срдечно ќе ни ја стегнат раката.
    Тоа е онаа раритетна група која го зачувала човечкото во себе и чувствува потреба да возврати со гестот на култура. Додека на мнозинството може и ѕвезди да им подариме, со пријателска титула да ги закитиме, пак нема да умеат да ја ценат посветеноста. Луѓето се претворија во нечовечко битие, ги закопаа убавите зборови, ја изгасија насмевката и посегнаа по алчност. Сурова е денешницата кога не демне лицемерие од секој агол.
    Во толкава мера е изразена зајадливоста што и во воздухот циркулира човечкиот немир.
    Како што ветерот му е непријател на малиот пламен од кибритчето, така злото му пркоси на доброто. Работите се одвиваат по нарушен биоритам необичен за оние што имаат поставено граница на афинитетите. Пред да го пречекориме прагот на новиот ден, во име на сопственото позитивизам ако секој од нас да му даде предност на доброто и ги ослободиме мислите од континуираната тортура изразена во планови и броеви, иако “Доброто со добро се враќа” е одамна банална фраза, ќе се потрудиме да ги поместиме параметрите на ништожност на човештвото.
    Ако секој влее надеж за да го победи ветерот и дозволи пламенот да гори и да му го затопли срцето, благодарноста ќе заживее и ќе растрепери нечија душа. Мала е волјата за да се запали огништето и да се сруши светот каде себичноста е на цена, а добрите дела од утопија да ги вратиме во реална замисла остварлива како некогаш.
    Ништо не е невозможно кога ќе му дадеме шанса на возможното.
    Факт е дека не може да контролираме се што ни се случува, но може да ја исконтролираме нашата реакција.
     
    На samovila.red., Rama, kjukli и 9 други им се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    почнав да одам на кратко во Јеховини сведоци преку молитва да ми тргне на подобро
    (мајка ми ако дознае ке ме отепа)
    ама не гледам многу ефект барем за сега
    (замена за конверзејшн)
    да си ја прочистам душата на некој начин;(
    и барем да го подзаборавам АКО воопшто може
    лугенца мили тешко ми е се намаме видено месец и нешто
    а ко пред малку да се виовме
     
  16. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Пуштање на сељак левел: Не сакам турци јас, ама турчинки баш сакам! ;)
    [​IMG]



    О, зошто баш мене ваквите?! :rofl:
     
    На Priroden, CameliaMiller, veren и 17 други им се допаѓа ова.
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.530
    Пол:
    Женски
    Те освоил сигурно :D
     
    На veren, samovila.red., tirkenbal и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Одма и тоа, не мислев два пати. :D
     
    На veren, Lady Phoenix, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Чест ти напраил со муабетот, наместо да си поласкана... и ти си за нигде, мислам стварно. :rofl:
     
    На Adina, kjukli, Salome и 6 други им се допаѓа ова.
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.530
    Пол:
    Женски
    ^
    A инаку ме потсети:
    - Како се викаш?
    - Сара.
    - Wow каква чест, така се вика и ќерка му на Исус.

    (facepalm)
     
    На veren, ozbilnazena, SV1911 и 16 други им се допаѓа ова.