Slucajno naidov na IQ test i rezultatite me iznenadija,181 mi e IQ mozebi sum se potcenuvala dosega,stoznam,bujrum testot http://daily.mk/zabava/test-kolkav-vashiot-iq
Eдна од доблестите кои особено ги почитувам е ненаметливоста и мудроста на оние луѓе кои секогаш знаат да се постават во зависност од ситуацијата и близината со одредена личност, да ја почитуваат приватноста на другите и што е најважно од сè - да препознаат кога навистина од нив се бара совет. Затоа што понекогаш е тенка линијата помеѓу давање совет и мешање во нечиј живот...
Љубовта е најсилното и најискреното чуство и емоција за човековиот живот. Што има поубаво од личноста која ја гледаш и како партнер и како пријател и како животен сопатник?! Од личноста што секогаш и засекогаш останува покрај тебе и во лоши и во среќни моменти, кога ти подава рака без трошка цинизам, и не бара ништо за возврат освен топла прегратка, која знае да те неасмее и кога ти е најтешко, а кога се радува неизмерно кога ти е најлесно. Кога пеперутките ти играат во стомакот од секој негов благ и невин поглед! Љубовта е грандиозно чуство, чуство за кое вреди да се бориме и да си го заштитиме.
Од кај да почнам, кога ни самата не знам каде сум, нити пак можам да се препознаам. Секое сабајле, секој ден, се прашувам: - Дали сум ова јас? Дали е оваа истата Ајрон или Ајрон 2 во друга верзија? Се трудам секој ден да испливам кон површината, да се пронајдам себеси , но, нешто ко упорно и намерно да ме повлекува надоле во длабочината со цел да не можам да стигнам до самата јас. Страв, страв ми е многу.
Ништо не може така добро да ме расположи како музика од 80тите и 90тите. Посакувам да сум родена бар 10 години порано.
Значи седам сама и се смеам...... Одиме кај одиме екипава, овојпат бааги се собравме, едно есјуви (што викаат америве) наполнивме и се враќаме троа покасно, кој поднапиен, кој прејаден, кој заспал, кој дреме.. И гледаме по патов полиција на секој чекор, морее, викаме, што стана работава, де овој, де оној го запираат. Ништо ајде, леле викаме, ако не запрат, вака така, овој ќе го уапсат, тој ќе го уапсат... Таа напред што вози ни вика шшшшшшш, не ме паничете, ние хихи хаха отпозади. Ко за малер и Марфи нели.... Абе на 10 минути од дома, вррррррррр, ни мавна чичето со тоа стапот, леле, паника се крена, назад сите со појаси треба, ние никој нема, ајде сите тегнат појасите, оваа напред вика ЛЕЛЕЛЕ ви реков да ќутите, музиката се гаси и иде чичево, го отвораат џамов, а ние како во некој виц , седнати по овој распоред од назад напред - еден кинез, еден апла црнец, три европејки од источниот дел, две азијаткињи и две американки, а полу афро-американка со некое хиспаник третинче го вози есјувито... Од овие, кинезот, црнецот и двете азијаткињи без појаси, а ние другиве го држиме појасот со рака, демек врзани. Абе како се погоди првпат без појас се возевме, ај демек назад сме, не мора... ете иронија значи. Фацата му беше прајслес, кога не осветли сите, па и во бело комбенце, како за во лудница... Па викаме ако сакаше казна да пише, Американкиве ќе речеа дека не носат во некоја институција, или па опција два, ние ќе игравме на карта УИ НОУ СПИК ИНГЛИШ, па белки ќе не пуштеа... Јас се напив троа нешто за опуштање, овој свети и не гледа, мене смеа ме фаќа, ми иде да му речам госпојне аман заман, видете ја екипава, пола не знаат да кажат здраво на англиски, ништо нема да направат... Не измерка сите и ни вика чичево, а вика проблем да не има нешто, демек, зошто заправте? Вика шоферкава, па господине вие ме заправте, овој и вика не бе госпожа, ви дадов знак да продолжите само напред. После вика толку се испаничив што мислев дека ме запира. И ај рутина... Демек пиевте ли пред да возите, не господине, травче да не пушевте, нееееееее (оваа како оџак пуши што возеше,ама ај), епа ајде пријатна вечер, ако има проблем јавете ни се. Важи, ајде, пријатно, кога му ја летна после, немој некој пак да ја запре. Није мене чудно како је нас Бог створио, него како нас је саставио. Умрев.
Многу себични луѓе во последно време ми се накотија околу мене.Конкретно цел пост ке посветам под наводници на колешката што мува не ја лази и која е крајно безобразна и дрска и на која проблемите и се проблемчишта. Имено, дотичната се отепа од лигавење кај шефицата секоја недела само неа смените не и се погодени.Дошол брат и од Италија(иди 2 пати во годината еднаш лето еднаш зима),ке одела на еднодневна или повекедневна екскурзија со пријателки и сл . Алооо колегинице не ти е бре срам сама си бре ни дете ни коте секоја недела се нешто не ти чини?!?!?!?!?!Што да речиме ние останатите дома што не сме свртени децата да си ѓи видиме,ручек да направиме,а за генералка или шетање на повекедневна екскурзија ич да не зборам????? Крајности.Себичност.
Ме асоцираше на Смртта на Иван Илич Убаво дело, ретроспекциски делови, башка и доста те тера на размислување. ~ Значи еден добар шопинг, чуда прави.Го засилува и онака веќе доброто расположение. ~ Кога ќе слушнам веќе подзаборавена песна, има цела недела да ја слушам.Секој ден. Уште и тој црно-бел спот
ако боли не е љубов.љубовта не боли.таа ни дава сила да продолжиме напред. ако боли тоа е доказ дека нешто не е во ред.
Незнам дали е до мене, ама многу брзо се навикнувам на нештата и ми станува монотоно,сакам авантури и ризици секојдневно.Едвај чекам да тргнам на факултет, ми здосади веќе од околината каде што живеам , ми треба промена очајно, нови луѓе, нови нешта, нови навики here i come. Само јас ли сум толку загреана за факс или има некоја друга со ваква силна желба?
Вчера конечно завршив една обврска што ме исцрпуваше со денови. Следствено на тоа, конечно и дочекав раат од комуникација со особи што не ми се баш по мерак и психички ме исцрпуваат со нивните размислувања. Како и да е, се договорив да излезам и да се социјализирам малку ко за промена, се средив се облеков и таман да се фатам за квака почна да врне. Па се вратив па смислив друга комбинација и чекав барем малку од малку да престане затоа што не љубам да влечам чадори со мене освен ако не е крајно неопходно. Небитно...ме фати сафра после извесно време па решив да си тргнам накај автобуска иако се' уште пропрскуваше ситен дожд. И така ноншалантно си се движам покрај тротоарот, замислена и замајана некаде со погледот и одеднаш забележувам нешто како мало засенување над главата и слушам пријатен машки глас „Да не треба чадорче?“ Се вртам и го гледам таков оцерен, со ведар поглед, сосема непознат лик што ете реши да ми пријде и да понуди стреја над главава. Во прв момент се збунив, никогаш никој не ми пришол така во слична ситуација, из чиста мира, да се сожали над мене дека ме врне, иако доста често сум се фатила во таков момент поради погоре наведената причина : )))))) Љубезно си прифатив, уз смеа скршивме уште некоја реченица и така културно се раздвоивме во автобусот секој на своето омилено седиште. Поентата ми е, не е работава дека инстант љубов се створила, дека дечкото барал начин да ми се додворува, иако искрено ко на филм ми беше случкава туку ми остави силен впечаток еден толку мал гест на кој не бев навикната. Еве ми помина случката низ глава и денес, веројатно и во иднина пак ќе се присетам со ќеф. Па си викам, добро е...останала по уште некоја фина, неисфрустрирана особа на светов што ете така и текнало да помисли и на некој друг освен себе....И така повторно би баланс
Оф Господе ти Благодарам што си го чувал, ти Благодарам што не си дозволил да му се случи нешто. Раце и нозе ми се тресат, срцето ќе ми излета од градиве, дури му го слушнав гласот 100 пати умрев. Ти Благодарам Господе што ми го чуваше Не сакам пак да ги преживеам оние 5 минути додека го слушнам и се уверам дека е добро.. 5 најдолги минути во мојот живот.. Уфф А имав некое грдо чувство од сабајле, знаев дека нешто ќе се случи
Чуството кога така за викенд ќе си ја грабнам колата под рака ќе си пуштам добра музика, се погледнувам на огледало малку сјај и добра ноочара палам цигара отворам џам и бегам. Бегам што подалеку имам можност од секојневието, бегам вон државава без пасош граница и тракатанци, бегам во малку поразличен свет да се видам со поразлични луѓе, да пијам пораџлучно кафе и да дегустирам поразлична храна! Е ова ме инспирира, и ме радува, ми лади мозок и освежува. Љубам авантури и различности, љубам да патувам по автопат и авиопат, љубам да уживам во жувотот и секогаш да учам нешто ново. Пријатен ден жени и женски девојки и девојчиња, правете како што љубете да правете вие и како вам ви одговата и чини!
Еднаш ќе одам по фудбалски дрес во обложувалница и надвор врне врнееее...изгледа Сара Мејс се туширала кутрата пред некој ден и веројатно си потпевна од нејзиното Врне,врне и уште малку ќе не' наврне...Епа врни душо,влијае дождот така е...Така Симона...пак да одиш по дрес во обложувалница