Си го најдов совршениот парфем за мене. Деновиве само од него си ставам, вчера дури и кога си легнав си ставив за полесно да заспијам. А да, машки парфем е иначе.
Фармерки до мишки, блуза над па да се гледа стомачето де ако малку дебела битно да се гледа нели во мода е. Па сликана во вц налакирана црвен џиш лак, ноктот заврткан во ханзаплас ама битно има јака боја на лак мислам секси де, плус уба поза си фатила таја со муцките испрчени. Ма најуба си шо се секираш. Деца од 12 години кај дековците спијат, овие па големиве од 18 се мажат абе мераци. Дефинитивно на подобро одиме. Македонија вечна. П.С. Неќам никој да се навреди, само одредени личности од такт ме вадат.
Само што се вратив од фризер. Сега полесно се чувствувам кога ја ишишав косата. Ги сакам промените во мојот живот и брзо се навикнувам.
И ние што дипломиравме, магистриравме, положивме правосуден, шетавме низ светот, имавме по 20 дечковци и скитавме до рани зори, па одевме на бурек, па право на базен, се омаживме и ќе имаме деца. Поздрав до алапачките што ги омажија ќерките на 20, а за нас викаа дека од школовани скитнички ништо не бивало, чим на маж и фамилија не мислеле од мали.
Браво значи имаш IQ колку и Леонардо да Винчи. Како можете да помислите дека тестовите се точни, со ваков IQ сега ќе беше член на Менса. Не верувајте се што ќе прочитате бе луѓе.
-4 кога ќе биде - 20 ќе го прославам животот ама полека.. Работа добра, куча исто. Паметот ме служи се надеваме на подолго. Инаку сум на свадба, ко јас да сум невестата сум возбудена во подготовки сум да. И така тече се, сега засега убаво ми е. Доаѓа најубавиот период септември - октомври мераци.
Umorot si go pravi svoeto. E nemozam poveke PUKNAV kolku poveke brzas tolku poveke bavno gi srabotuvas rabotite. I ete solzite sami kapat e nemozam poveke mi treba son i relaksacija e placka sum
Целиот живот се бориме со некаква си болка,целиот живот се бориме сами против себе ради одредена причина.Но дефинитивно болката е најдбориот пријател на човекот,кога сите ке те напушатат болката е секогаш тука,само таа не си оди.
Како се наближува 1 септември се повеќе се чувствувам исплашена. Сите ми викаат средно било интересно и поубаво. Од друга страна па сум среќна затоа што конечно нова средина, нови луѓе, ќе се дешава нешто. Зборев и со мајка ми и неа ја потсетив на првите средношколски денови. Ми кажуваше дека и она била исплашена како мене без потреба. Чудно како лета времево, сеуште паметам кога тргнав во основно, а сега ќе одам во средно. Неприметно поминуваат годините.
Posledna sansa..i vecerva ako ne dojde i ke me izgubi zasekogas..ne mu go kazav ova ama taka planiram da napravam bidejki ja pretera.
Колку мразам разгалени деца абе чудо нешто. Кога ќе видам некое како се тегне, плаче, урла за да му се исполни некоја желба, ми иде да го фатам и да го удавам. Без разлика чие дете е. После расте и кога ќе дојде во тинејџерските години тогаш бетер се прави Има и машки разгалени ама додека се помали, а после повеќето се прават демек мажи станале и не се лигават толку (секако има исклучоци што си остануваат цел живот разгалени синчиња на мама), ама женските створења се ауф Само устата да ја отвори одма желбата исполнета. Е од такви бегааааммм....ни за другарки ги сакам, ни за ништо. Се молам само брат ми да не ми донесе некоја снаа таква, ама го гледам и него го нервираат тие шмизли, па фала богу....ваљда нема да го прелаже некоја таква. Такви не треба да се мажат туку нека си седат цел живот со татко им и мајка им и тие нека им исполнуваат секакви желби. Како можат некои деца со убаво да побараат нешто, убаво ќе ги замоли неговите на пример за некоја играчка и да ти е мерак да го гледаш. Да не жалиш пари. И се е до воспитувањето од дома. Како ќе го научат додека е мало, така цел живот ќе се однесува. Еве сега случајно сретнав едно девојче од комшиите, 11-12 годишна се нашминкала, кармин, туш, сенки, пудри, штикли облекла, фустанче и до продавница да одела Кога ја видов њфт? НА што личи бе? Ја гледаат од дома? Дете ли е, што ли е....ќе го уништи лицето.... E ваква беше нашминкана, ко Џокер. Инфаркт некој ќе добие на улица ама добро сигурно се акала од ѕид дома и тие баш морале да и дозволат таква да се појави. Никогаш нема да дозволам да ми биде разгалено детето....
Полош ден од денес амин.Туку да не го подречам има уште некој саат останат од денот.Некој ме има урочено.Поинако неможам да сватам што малер ме бие цццц.Капак на се ми беше простотилукот на работа.Ми доаѓа да си ја чапнам чантата и дома.Ама не сум толку храбра или будала?!?!?!?!
После секое збогување и заминување, никој не е повеќе ист,ни онај кој заминал ,ни онај кој останал...вечна дилема ми е од секогаш,кој губи повеќе ,дали онај кој заминува ,дали онај кој останал да чека? Во секој случај,времето и растојанието си го прави своето,ништо нема да биде повеќе исто,само тоа го сватив
Значи страшно ме иритираат слики од типот на оние "најзаљубени прави',каде им се гледат само двете дланки,та нозе ќе сликаме т.с патиките(ова особено ако се марка).Ова најчесто на инстаграм го гледам.Демек нешто ќе изиграваме мистериозни,па ако ве интересира кои сме сами дознајте.Пфф нема грешка.Ова ме асоцира на недораснати дечишта од по 14 15 год.што ставаат слика чисто да се знае дека се заљубени,па ако си толку заљубен стај слика ко секој нормален пар.Не ќе изиграваме криенка тука како на некој да го интересира какви патики носите или каков часовник имате на раката.
Понекогаш посакувам да сум безчуствителна, барем за миг да престанам да се јадосувам и да мислам, да не ме боли и да не ме пече душава. Посакувам барем единствениот сон да ми се отствареше во животот, да можам да отидам таму, далеку од се и да започнам нов и поразличен живот, да ми завршеше самотијата и солзите, да ми тропнеше на вратата љубовта и среќата. Но не, немам таква ѕвезда ништо не ми тргна од рака, ниту пак се насмеав а камоли да бев среќна. А сега?! Сега се дружам со дождот, љубам да го гледам и чуствувам, останавме јас и дождот и да се тешам дека таму некаде ќе го здогледам можеби некогаш виножитото.