Не знам што ми текна така си го отворив моето шкафче под кревет каде што чувам се и сешто, демек да го расчистувам. И така чистејќи најдов една тетратка на мама, лепена со слики од дјуран, дјуран од битсли итн... Ми ја даде она пред 2-3 години и ми рече да ја чувам, ја лепела она во нејзините тинејџерски години. Навистина колку убаво било порано, а јас сега што да лепам на пример и да сакам таква тетратка не можам да правам. Или ќе земам цитати ќе препишувам од белешките на Лајла Грејс. Си го најдов и споменарот, а во него пишувано разно - разни глупости од пред 4-5 години, а ракописот да не го коментирам. Си ја најдов и омилената алка од тета, која што ми ја купила кога беше на одмор во Турција. Па е во плава боја, една од моите омилени, си ја ставив на рака. Сега ќе пијам чај и ќе читам книга, а потоа во кревет затоа што утре имам многу за учење. Колку голема шолја чај да ми дадат мене пак нема да ми е доста, обожавам да пијам чај особено кога е ладно и навечер, а во последно време и со некоја добра книги. Почнав да сакам да читам книги, еден огромен плус за мене, сама си делам пофалби што да правам. Ајде добра ноќ феминки!
Знаете ли што заклучив дека ми фали во животот? Просечност. Тоа што најмногу го осудувам и го критикувам во големите, широки и многу често изгубени народни маси, е тоа чудо, мене ми фали. Просечна фамилија, без поголеми осцилации, без црно минато, без црни овци, без проблематични особи кои те оболуваат и трауматизираат за цел живот. Некоја просечна, монотона, глупава професија, по можност најдена или пренесена од родителите, затворена во канцеларија со нула креативност и можност за напредок, со работно време од осум до четири. Врска, по можност ужасно долга, каде што веќе не се ни држите за рака затоа што нема ни љ од љубов, а камоли нешто повеќе, што знаеш дека до тебе има некој сигурен, некој што не е совршен, ама добар е, ќе помине, ужасно просечен. Просечно животарење, не мора да си најдотеран, најпрекрасен, некои патичиња и јакниче ќе поминат, просечно фризурче што само треба да го зачешлаш насабајле, некои просечни оценки и просечен факултет, ништо повеќе, ништо помалку. И некое друштвенце, закоравенко, кое секој викенд испаѓа на исти места, седи на истите маси, а потоа продолжува во истата дискотека. Секоја пролет, лето, есен и зима е истата приказна, истите работи се прават за секоја НГ, за секој Мај, за секој летен одмор. Просечно функционирање, односно вртење во истиот затворен, безбеден и веќе познат круг, во кој се вртиш со години и години и години. А внатре ти е убаво, топличко, се' е познато, знаеш дека нема нешто уау да се случи, ама па нема ни некои трагедии. Животот си осцилира во една совршена оска, која никако не скршнува, туку тивко си тлее, на средината, си крчка тивко и спокојно. Во средината, ни погоре, ни подоле. Е тоа ми е болката мене, и тоа ми фали. Знаете зошто? Оти мозокот не треба да им се замара толку колку што се замара мојот. Животот на таквите отсекогаш им бил и им останал таков, не знаат за ништо повеќе, не почувствувале, и не чувствуваат потреба од нешто што никогаш го немале. Што би рекол еден другар, секој со своите амбиции и интереси во животот. Ама никако не можам да ги смалам моите, пробав, се смалив самата јас. И животна желба ми е да кажам дека сум просечен човек, дека не сакам ништо повеќе од тоа што го имам сега, без да излажам. Јас сум супер задоволна со тоа каков ми е мојот живот во моментов, здрава сум, права сум, млада, убава, имам прекрасни луѓе околу мене, целиот свет чека на мене, испаѓам, се дружам, не можам да речам дека нема промена од состојбата во која бев. Сакам да престанам да барам и да грабам уште повеќе и повеќе и повеќе, и да си речам доста ми е. Ама не можам да останам, стоејќи само под едно големо, високо дрво, кога знам каков поглед има од горе. Тоа е мојата болка во животот. Повеќето се благодарни за сенката што дрвото им ја нуди и се повеќе од среќни да стојат под него, заштитени, а јас ќе се задоволам само ако се искачам на највисоките гранки и вдишам со полн здив, додека над мене има големо, топло сонце. Секој со своите амбиции, интереси, а би додала и... болки.
За себе не си оставивме ништо освен неколу горчиливи спомени,можеби сеќавања можеби навраќања мали посети кои му ги должиме на минатото.За себе не си оставив ништо освен лузни по кожата,кај клучната коска и на десната рака. И нему не му оставив ништо,освен вечност.Запишана.Му оставив бесконечност. Не му оставив мали ситни нешта кои ќе го потсетуваат на мене ниту една фотографија,му оставив празнина,по тишина да ме памети. По мрак да ме препознава.Вечно да ме бара,никогаш наоѓа. Еј,не сакав ниту јас вака,знаеш.По утрата знам.Но еден ден знаев дека бесцелно е да останам.Така ќе се убиевме.Или барем она што остана од нас. Градов,урнаини.Траги ,некогаш тука имало земјострес толку силен што оставил траги и празнини,распукани фасади и скршени души. Љубов.Некогаш таа диши,а ти ја одминуваш ги затвораш очите и се правиш ја нема. Некогаш е така ти велам некогаш треба само да заминеш. Премолчувам. Пробувам да зборавам. Заглавена. Крадам погледи,однеси ме некаде.
неможам да ја соберам целата тага во моето срце што ја чуствувам многу е мало за да ја собере ќе препукне
Идат избори ќе фрчат казни на сите страни пазете си. Прегеска ме стопираше полиција и ми побара возачка и сообраќајна дозвола стандард и на крај ме прашува “Да не имаш нешто алкохол пиено?“ на што јас му викам “Не, немам пиено“. Стварно немав ништо пиено, ама реално кој би рекол дека пиел алкохол во таква ситуација. Ништо не можеа да ми најдат така што си продолжив. А интересно е тоа што сите возила беа стопирани така што се створи мини колона од 2-3 возила. Што ти се вика избори, по секоја цена да се казни народот и буџетот да се наполни. Вие што немате 2 години поминато од возачката седете си мирни не возете после 23 часот ќе окркате казна после никој нема да ви е крив.
Кога излегувам со машки на кафе муабет нема некои негативни коментари и провокации. Ако забележат убава марама, инетересен стајлинг, знаат да речат: аааа нешто денес си различна, супер си. Се тераат опуштени муабети, хумор на наша сметка, малку жалење од светов....и се чувствувам супер. Дома си доаѓам насмеана. Кога излегувам со женски е друга приказна. Прво се осеќам дека сум на рапорт или на кастинг за Викторија Сикрет. Што ти е косата ваква, лакот за нокти не ти одговара, бојата од фармерките не чини, многу руменило имаш, малку имаш, кај ги купи обетките... И откако ќе заврши тортурата, на која во мене превртувам очи, нема опуштен муабет. Прво се оговара на големо, никој околу нас не чини, само ние сме најпаметните седнати во кафичот. Нема смеење на наша сметка, дури и имаш страв да кажиш нешто да не бидеш погрешно разбран. Не, нема дебатирање за проблемите во светот, зошто ќе се искараш. И дома си доаѓам испиена. Порано не беше вака. Како наеднаш сите да се сменија. Се оптеретија и опседнаа со изгледот и покажувањето како јас сум д бест. Сликава кажува повеќе од доволно.
Потполно те разбирам.Јас сум личност која се дружи исклучиво со машката популација.Од никогаш не сум се пронаоѓала во женските испрашувачки-трач муабети.Ситуација исполнета со самобендисаност и психичка тортура и скриена доза на лицемерност и интрес само може негативно да влијае врз тебе.Ако имаш можност,дружи се почесто и верувам дека средбите ќе ти бидат опуштени и забавни без да го преиспитуваш во себе секој кажан збор.Машките се вистински пријатели кога се работи за доверба.
Работев бидејќи имав работа, а саботи никогаш не ми платиле. Работам за да ми е завршена работата и чисто лицето. Јас ја сакам мојата работа. Ниеден празник, дури и верски не ме спречил да отидам и да сработам, за се да е совршено. А ти имаш увид во мојата трансакциска што вака сигурно исфрлуваш неточни реченици, или ти денеска со запотена мишка виеше оро, оти овој ти е единетвен ден у годината? Оти ако не си се навредила, не гледам причина да репилицираш со таква омраза. Исто така, жените ја поддржувале Роза кога се трудела за женските права. На фемина кога ке кажеш дека си работел, одма 20 жени ти наоѓаат закачка. И нормално лајкови на постот. Толку се почитуваат жените меѓусебе денес, а вчера кога мешаа на столовите, тоа го правеа за мажите повеќе да ги почитуваат, а они меѓусебе ќе се понижуваат и мразат. Оти подалеку не стигнале од мразење на другите.
По глупав повод за славење од 8ми март немам видено прв пат бев оваја година во ресторан по милион убедувања ајде ајде ајде и што,господе боже како јадење,пиење играње га не виделе креват раце вриштат порачват песни се тресат како незнам што да се случува имаше и ропаци опнати мажишта само на цели маси распослани уште малку по едно кофенце ќе му донесеше келнерот да си ги собират лигите абе добро овие мажите жени во MK IMAт видено,гради имат видено задник имат дома со дрво на не спијат случајно простотилок на квадрат. Па и дечко и двојки седнати нмуртени во тие фаците што а за што па кафаната е полна со жени дечковците очи истераја и сега 1недела тие дома очи ќе си вадат добро бе на 8ми март со дечкото под рака ,а пак овие жени што ги нарекувам повеќе од половина во кафана греој рснати миничите од по 500ка газот му се гледа нога да крени рснати чевлите на штикла од 3 метра од по 500ка и тие облечени како за на шипка нормално,остај тоа 3 кила пудра мора,ставала сенка на очи се заборајла стегнала некој кармин фосвор боја уште се замислуват нешто господе боже а да ги прашаш нешто од општа култура или да кажеш нешто паметно ќе те гледаат како телиња во шарена врата што се чудам и тоа и се,локање пиење поќе од мажите уффф која глупост кој простотилок неможам
Се молат македонските квази списанија да престанат да препишуваат и преведуваат статии од американскиот космополитан магазин. Тоа што го читав пред 1 месец,сега фино лепо си го препишале,смениле некоја сликичка,па уште и целокупната цена на списанието ја намалиле на пола.Па нормално кога е пола препишано! Понатаму,драги женчиња што мислите дека ако ги депилирате рацете ,влакната ќе ви пораснат појаки:-Нема тоа да се случи,со депилација го уништувате коренот на влакното најчесто и влакната после се поретки и помеки. Така што ако имате потреба депилирајте се ,само без мутави митови за депилацијата,од кожа ме вадат. А,да и престанете со oscarselfie фотографиите,на ништо не личат!
Престанете да посакувате да имате живот како другите, бидејќи не знаете на тие "другите" каков им е животот. Секаде има проблеми, животот не е бајка како што го замислувавме како мали, туку е една голема авантура и борба за добар живот и опстанок. Секој се бори со своите сили на свој начин за да успее.
Не го сфаќам шетањето по продавници и бутици и истовремено сликање со облека која ја пробуваш Барем кога се сликате нека биде без позадина со останатите парчиња облека за да не се гледа каде сте. Да не зборам кога ќе се влезе во Џамбо и кога со секое мече мора да се сликаат. Сега актуелен е престојниот маскембал така да очекувајте слики со маски кои ги има во продавнициве. И да, скришно од продавачките. Ем се срамат ем се штракаат. Инаку сум приметила дека Недела освен што е досаден е и депресивен ден. Најдепресивниот ден во неделата апсолутно. Сите денови се исполнети со некакви обврски, а овој освен со досадување и преместување од еден кревет на друг, и од тв на компјутер, ништо друго. Најнегативна сум токму во Недела. Најдраматични филмови си правам токму во Недела. Највеќе сум намуртена и највеќе никој не ме поднесува токму денес. Не дека и јас поднесувам некого овој ден, ама ај. Од една страна сакам да правам нешто интересно, од друга неможеш од кревет да ме дигнеш. Не е пмс. Јас сум. А имам тон работи за правење, како на пример да фатам да учам Не ви викам да имате убав ден, зошто досаден ден не е убав
'Кога некое машко ви ѕвони на телефон секој ден, кога ви пишува на FB нон-стоп и се интересира кога не сте излезени со него да не отидеш со некој друг, се грижи да не пушиш и да не бидеш пијана, се грижи за тебе во секој дел од денот дали ти е добро, како си.. - Вие сето тоа го сметате за ДОСАДУВАЊЕ и секогаш трчате по тие што не знаат воопшто ништо за вас и воопшто не се замараат со ваc. И после кога ќе ве искористат се жалите како улави, на FB ставате депресивни статуси "Мене никој не ме сака", "Сите машки се исти". Епа додека ги одбивате тие што се интересираат за вас, а трчате по клошари, и идиоти, ќе страдате СЕКОГАШ....' мхх...
Среќен нека му е роденденот на брат ми, се што сака нека му се исполни и се најубаво... Вчера значи што сум направила... хаха, се возам во такси и таксистот така да се покажи демек јакиот маж ми вика Среќен осми Март. Јас си бев занесена, не знам си мислев колку ме стегаат фармерките и по неколку секунди му одговарам така автоматски, фала исто . Кога стигнав се сетив што сум кажала и сум се убила од смеење
Или некој на фан пејџот се китеше со моја реченица? Ај убаво види ми ги мислењата, а потоа и тајмингот.
Отсега па натаму, ќе започнам да наплаќам за вршење на домашни услуги. Ме нашле најмало, па врти го. Ама ме нервираат овие мобилниве. Ај нека измислат полнење на мобилен, преку вифи или што било. Моментот кога ќе се вратиш малку подоцна од вообичаено, имаш исклучен мобилен (ради празна батерија) и на враќање ја гледаш сестра ти како лута, те бара низ населба, со куси панталони, во ниедно време. А претходниот ден, малку ви фалело за да се заколете. Не, не е смешно. Сите даваат подароци на Осми март, само јас на деветти. Фактички, ради тоа ќе се потепавме со сестра ми. А денес сме бубачиња. Дури и ја исфенирав. А зборот ми беше... Спојлер После ќе си правам палачинки. Е, не. И тоа со еурокрем. Е, не. После ќе си изматам белки и ќе си растопам чоколадо. Е, не. И ќе си ги кркам. Е, не. Денов ми помина доста солидно. Пак ја слушав Фатмаџул. И сите други репризи. А што е најтрагично, знам и како ќе завршат. А не ги гледам. Ама, се` ќе дознаеш, така иде тоа. Турска серија е, нема зезанција.