Нема ништо посовршено од стара македонска песна. Ги преслушувам и потпевнувам. Толку собрани емоции у купче не можат да се најдат на друго место. И не само метафорички, туку тие звуци навистина го галат секое сетило. Може да се изживее цел еден бестселер во тие неколку минути. А посебно сакам кога се препеани у модерна верзија и притоа звучат посебно убаво. Имајте убава вечер.
Загина младо момче. 26 години. Не можам да се соземам цел ден! Хаосот, паниката, стравот во очите на сите наоколу. Господ да им помогне на неговите - нема зборови кои ќе ги утешат. Колку малку непромисленост треба за да згасне еден живот.
Кога ќе дадете пари на заем треба да бидете спремни на 2 работи 1.Да го изгубите пријателот 2.Парите никогаш да не ви бидат вратени
омГ...ќе се убијам..не се сите вакви идиоти верувај.. ако сакаш да изгубиш пријател..позајми му пари..ќе немаш ниту пријател..ниту пари..
А зошто давате пари на заем? Наречете ме како сакате, јас пари на заем нити давам, нити барам! Срам ми е да барам, учена сум да располагам со колку имам и ништо повеќе. Жирант на кредит исто така... ќе си заврши работа и после ќе ти мавне одјеб... ти ќе си ѕвониш на телефони, ќе одиш на врата, ратите не платени а тие како во земја да пропаднале. Кога после 1000 обиди, на 1001 ќе дојдеш до нивното височество ќе добиеш ни помалку ни повеќе туку: ''Епа ај сеа вие плаќајте ги ратите, ние кога ќе имаме ќе ви вратиме''. (ова пресен случај во фамилијата). Затоа, секој нека си пушта нозете колку му е долга чергата, во вакви времиња на ти - дај ми, ноуп.
Сдк Во животот никогаш неможеш да знаеш каде ќе те однесе патот. Случаен разговор може планина да помести, да помогне и одмогне, да се вроди некое искрено пријателство или љубов или проблем да се создаде. Ете тоа е животот каков таков и никогаш неможеме да живееме по нашиве планови, никогаш не можеме да кажеме никогаш бидејки животот е промелив како времето, и покрај сите поставени ставови и цели со тек на време никогаш неможеме да кажеме дека така ќе биде, некогаш и ке се срониме некогаш и ќе попуштеме, некогаш и построго ќе се однесуваме. Некогаш едноставно пријатно или лошо ќе се изненадиме, некогаш ни се местат коцките според саканото, некогаш и почесто не е така но сепак има убави можни моменти и решенија за било кој проблем. Кога од една страна ќе завртиш грб и ти се чини невозможно и изгубена битка од друга страна секогаш доаѓа некоја нова и пореална битка и страст кон самата судбина. Животот не е опис тој е пат испреплетен со најразлични раскрсници, добри и лоши интересни и збунувачки. Животот е нашата судбина скројана по нашите животни достигнувања упорности и карактер.
Никогаш не сфатив зошто означуваат на една слика 10 души, кога има само една личност на неа? Толку му се битни тие +10 лајкови од означените?
сдк ..мене не ми претставува проблем да позајмам 1000 или 2000 и да не ми ги вратат ...сум имала случаеви и не ми ги враќале и не сум ги ни побарала и ако имам пак би им позајмила ...е сега ако се работи за поголема сума над 3000 ден најпрво ке размислам за личноста што ми ги побарала дали ке има од каде да ми ги врати колку сум блиска со таа личност итн ....а за плаќање кафиња ,ручеци и ред др ствари да не правиме муабет сум плаќала со кеиф дека јас сум сакала иако таа личност што сум и плаќала не се потрудила ни едно кафе да ме почасти ама не замерувам ....но нели се има свои граници ..најпрво треба да видите кому му позајмувате дали има шанаси да ви бидат вратени и кога ке дадете ако помине време побрајте си ги.....
Навистина не ја разбирам потребата после раскинување или кавга со партнерот веднаш да се постира некој срцепарателен текст,песна или статус по социјалниве мрежи. Ова повеќе ми делува како обид да се придобие внимание, па дури и сожалување од таканаречените пријатели и ништо повеќе,а секако и дотичниот после прочитаниот роман божем ќе падне во несвест и ќе им потрча назад у загрљај. Како не сфаќаат дека интимниот живот треба да биде само помеѓу нив двајца и дека со ваквите жалопојки не оставаат позитивно мислење за себе како личности.
СДК ... се' што ве прави среќни, се' што ве исполнува со позитива, правете го, чувајте се себе колку можете. Мазете се и пазете, приуштете си се' што мислите дека ви прија. ... Животот е поклон кој треба најдобро да се употреби. Не се знае кога ке му заврши употребата ... ...
Сум пиела кафе на милиони места низ Македонијава и по некоја држава низ светот,ама како што сум пиела милина кафе денес во Бигорски Манастир,мислам нема ни во другиот живот да го доживеам тоа,каков мир имаше успат со кафето,не однесоа во една голема просторија нас гостите ,ни сварија кафе,Отецот зборуваше ние слушавме,после излеговме да го прошетаме цел Манастир,наоколу светска убавина,имаше многу искушеници и помошници,си ја гледаа наоколу работата и трчкаа на сите страни...само жалосно е што ваков душен мир не знаеме да и пружиме целосно на душата,или пак тоа го правиме на сто години еднаш,не ни се погодува ништо,мора и она духовното да го напниме со интернет мрежите и комерцијалноста,на крај зедовме да сликаме упорно и да снимаме и ние со друштвото и сите гости..сега кога враќам филмот назад се каам,зарем имаше потреба да сликаме 3875 слики,место целосно да се опуштиме во божествениот мир кој го нудеше тоа свето место?
Абе, а овие што си посветувате песни сами на себе, си пружате ли и рака да си честитате за успесите? - Еј, браво, царе. - Знам, еј...алал да ми е.
Луге каква мрза ме има фатено не сте свесни. Ниту факам нешто ниту мрдам. Едно кафе едваj го направив и пет саати го тегнам.
И кога ми е најдобро и кога ми е најлошо во животот јас го спомнувам Бог.Фала ти Боже,помогни ми Боже
Ќе се правам дека не гледав Охрид фест туку бангладеш фест. Уби ме туѓа срамота. Водителкава ептен мизерна, депресивна, монотона, антипатична. Никаква организација, нула. Да не беа Нови фосили кои му дадоа квалитет на фестивалот, ќе им пропаднеше истиот. За песните, од тие што ги видов и слушнав неам коментар. Гласањево ХАХАХАААААА А и плејбек пееја и бираат победник бе оф хахаха.
И не ми се верува дека сеуште има луѓе кои штракаат на глупите вируси на фб со надеж дека ќе видат нешто повеќе глупи !!! Инаку да ви кажам дека се радувам , многу се радувам на луѓето околу мене, имам златни пријатели кои ми го исполнуваат секој момент со убавини и кога некој својата среќа ќе ја сподели со мене ах поубаво нешто нема Само си велам : да сме живи и здрави и од убавини да не куртулиме не само ние туку и сите вие
Е зашто победи Влатко Илиевски со онаа кога имаа исти поени со Пајтоси, ебати гласањето и фестивалот. Требаше бугарките да победат, барем голи гзови покажаа. Ми се приспа од никаквиве песни. Влатко ни за приспивна не кења добро, на ништо не личи кога "пее"
Покрај неминовното седнување на куферот поради преполнување на истиот со разни потребни и непотребни работи (бај д уеј совршен куфер би ми бил некој extra large size, во кој покрај сите парчиња летна облека со која сум си замислила комбинации за прошетки, би можела да го ставам и предметот кој секогаш најмногу ми недостасува кога престојувам некаде надвор од дома - перницата )... за мене задолжителен дел од подготовките пред да влезам во меѓуградски автобус ми е полнење до 100% на сета електроника низ дома што би овозможила пополнување на тие саати во истиот, со слушање на омилените песни и сликање разна природа и допадлива позиција на облаците на небото по пат. Затоа и секогаш местата покрај прозорец ми се омилени. Неколку дена традиционално разладување во Берово, со прошетки на свеж воздух, многу смеа и пријатни муабети со блиските, ќе ми бидат совршено полнење на батериите после летово доста исполнети со чекање резултати, гужви и формалности околу уписиве. Добра ви ноќ, а од утре се читкаме од мојата омилена тераса таму...