Многу ми се допаѓаат мажи, во 40тите на пример што се сеуште средени! Значи да се разбериме, не ми се допаѓаат во стил да му се пуштам или да му се мешам во бракот или такви ми ти работи, туку ми се допаѓа фактот дека се држат! Жените почесто се средени, се грижат за себе за изгледот... Барем кај нас, реткост е маж во 40тите и нагоре да е сеуште привлечен и дотеран и среден и намирисан. Ама добро во таква околина живееме, немаштија итн... Во паркот еден маж помина... Џогираше, по тренерки така баш во раните 40ти, сериозно мерак ме фати кога го видов... Можеби па и до гените е, некој помладолики се, пофит... Не знам. Битно иако понекогаш е тешко и имаме побитни работи, сметам дека до некој степен мораме да се грижиме за себе и за телото наше. Имам еден брачед додека се ожени лепотан! Сите ми велеа ее онај брачед ти убав ваков таков... Се жени, 3-4 години поминаја сега каков е здебелен, опуштен.. Не сфаќам зошто толку луѓето после брак се опуштаат... Обврски, деца знам се се ама сепак бракот не треба да е крај на грижата за себе и животот во глобала. (има и исклучоци од се наведено да не се принавреди некој)
Сабајлево бев будна од пред 7.. со страшна тахикардија... и лешник у грло... Цел ден се обидував да се приберам... ама знаев дека нешто ќе се случи.. и чекав само... Брат ми имаше сообраќајка пред 3 саати..... среќа..добар е. Ама уште сме под стрес. Дај боже ова да е тоа.. и лошото по него да замине... Ми треба сила да го пребродам перидов.. Ако има некоја виша сила.. молам за малку мир...само малку спокој ми треба...
Сакам да кажам дека на жена само жена мојт да ја разберит кога имат проблем со ова мажиштава , дечковциве, фраериве, типојве........
Обично не плачам. Личност сум, што збирам во себе и тешко се отварам пред луѓето. Тешко се доверувам. Уствари и да не е така, и да посакам, немам кому да ја отворам душата. Тешко на мајка ми, само неа можам да и кажам се. И секогаш е спремна да ме сослуша. Еве на пример, прееска пред неа, плачев како нездрава, колку што ме глас држи. А за да ме расплачеш мене, треба да ми ја отруеш душата, да ми го скршиш срцето. Извини мамичке, несакав и тебе да те секирам, ама не е до мене знаеш, ми се собра се.
СДК...сакам да ги засмејувам луѓето, сакам да гледам насмеани ликови...вицови на моја сметка. Тие што се околу мене постојано се насмеани. Тоа не ме прави будала !! Будала е тој што нема поим дека прави будала од себе .
Имав еден професор шегаџија кој велеше " Јас си правам шеги на сопствена сметка, јас ќе си се смеам. Се додека ти не почнеш да си правиш шеги на своја сметка, немаш право да се смееш на моите" Луѓето се денес такви егоисти и суетни што и шегите на сопствена сметки ги сметаат за навреда.
Убаво е тоа да сакаш и да знаеш некој да засмееш Јас да ви кажам смешка.... И така ми се јавија 3 ученици..Двајцата имаат по 20,а другиот има 29...Овој од 29 срамежлив..а пак тие од 20 бетар.. Леле знаете што? Симпатичен е...Сладок, тој од 29 добро, не сум манијак и нема да го заведам да се разбериме со време, да не си помислите вака-така, шуш-буш И ајде домашна од минатиот час.... Напишал и ми ги дава двата листа а јас претходно му реков едниот само... Се усрами. И гледам реченици прескокнати, а другите точно напишани... Хм?! Ми вика:" Не ми беа јасни тие " Хмм, for sure? Е ајде... И почнувам да објаснувам, тој ме гледа в очи постојано.... И се смешка... Му викам:Е, оти вака нејасни. Тој:Така И знајте шо е најсмешно? Шо ми е комшија,живее зад мене. И на час секогаш иди во 3/4 пантолончиња, црвена блуза и јадранки Заборавив, да ви кажам дека пишуваа краток состав за себе,а тој напиша 1 страна... Шала на страна добар е, солиден.
Сдк Толку многу лошо се чуствувам во моментот, и многу се нервирам кога знам дека една ситуација е така и така треба да остане а всушност сеуште мислам и мислам и ме јаде зошто така и зошто онака. Престанав премногу да мислам и да се оптеретувам, живејам во сегашноста и се радувам за иднината каква и да е. Мојот пат кон мојата љубов сеуште ја чуствувам како достигнување за пат кон месечината и неможам сеуште да ја замислам, но решив дека и најдобро е така, сменив работи кај себе лично за мене и мојот мир, несакам да размислувам многу и да гледам на тоа што би било кога би било. И така ми е добро, препуштам на судбината да ми го покаже патот и собирам сили за ново утре. Ете така, пријатен ден дами, и не размислувајте премногу бидејки колку и да планирате плановите не се никогаш онакви какви што ние ги замислуваме, живејте во сегашноста и дајте му време на времето за иднината. Поздрав и пријатен ден
Многу ме нервираат препотентни и такви кои што мислат дека го имаат господ за муда фатено Добро добро, знаеме дека си директор/директорка но тоа не ти дава право да ме третираш како идиот и твојата работа да ја преувеличуваш а мојата да ја омаловажуваш.. И згора на тоа, па си ќутам. Не знам зошто не знам да си се одбранам, да кажам дека не е така, макар и да се искарам.. Лута сум на себеси
Ќе скокаш , ќе се лутиш и на крај пак по негова музика ќе играш. Ова по себе го знам А има и една народна - не го лути тој што го молиш Така да...мора да ТРПИМЕ
Влегува во канцеларија со спуштени ролетни со наочари за сонце, во десет минути муабет петпати ни кажува дека има фабрика и чепка насекаде без прашање. На крај се дере зошто не сме му направиле кафе и треска врата. Да, така се тераат бизниси. Уживај дека некој ќе те почитува и нема да превртува очи откако ќе излезеш.
Што е најтрагично, не беше тука газда, клиент беше. Многу ми е убаво што имам толку контакти со луѓе, ама можам книга да напишам за вакви ситуации.
Ма не, мене ми се случи оваа ситуација со клиент, во тој контекст го напишав ова. Си влезе, си се раскомоти, си праша кој е тука газда и очигледно за ублажување ситуација уфрли комплимент во стилот - „можеби некоја од елегантните дами“. Посакав да си повратам.