Штета за тие таквите... Токму на нив го посветив тој пост. Глупавоста не се мери преку смисолот за хумор...нит може нит знае секој да се шегува.
Спојлер: * Затоа што Еми не се сите луѓе исти по карактер.Затоа што заемот постоел како таков од дамнина но постоела и чесност да се врати во договорен рок.Затоа што не знаеш кога животот ќе те стави пред свршен чин да немаш друго чаре освем да се задолжиш.Затоа што пријателите затоа служат,кога ќе треба конкретна помош а не само рамо за плачење.И спремна сум да помогнам кога можам и колку можам. Не чини кога тој нема срам да те погледне во очи а знае дека должи.И дека се луксузира купува веспи на децата,летувања,нова гардероба.Е тоа не чини.
Ах заборавив, и луѓе што спонтано уз муабет кажуваат колку плата земаат ми се дно. Или те прашуваат тебе дали/колку земаш.
Епа затоа сум створила таков став каков што имам погоре наведено. И затоа што ЗА ЖАЛ, ова не е дамнина, а луѓето не сме сега тие што биле некогаш. И не ми беше целта да провоцирам Луничка, туку баш напротив искажав мој став во однос на проблемот затоа што ме допре, затоа што сме почувствувале на своја кожа како е да помагаш константно финансиски, а после тоа да бидеш одминуван на улица.
Или на пример: "А каде/што работат твоите?" Не знам што е со луѓево ама прашањево од рандом ликови, кои ме виделе три пати во живот сум го слушнала буквално, најмалку 30 пати. А не работат моите којзнае што, најнормални, секојдневни работи, со солидни, средни плати. Еднаш психологот во средно ова ме праша. Онака си застана во сред хол за да ме информира нешто што немаше врска со муабетов, нешто за некој проект зборевме што требаше да се прави, почнавме муабет и оп, прашањево "на место". Се збунив. Ама го најдов лекот јас за таквите. Одма им викам: "Не смеам да зборам за работата на моите, во опасни води се, па и вас да не ве вмешувам, знаете тоа како иде." Дно.
Со внук ми често си ја слушаме една песна ,Ја сам цица маца ,баш сам посебна... ја има на јутјуб да не објаснувам детален опис...е сега арно ама таа цица мацата е малку бајаги пополничка од мене , леле бе луѓе кога и да види внук ми и цуцла вади од уста и јадење остава и се,и возбудено вика на цел глас тетеееее,те-те ,е да ,ова ми го прави од како ме нарече прв пат тете на 9 месеци,кутро дете ,кој знае со какви очи ме гледа мене па да му личам на таа мачката, подобро ќе беше да ме споредуваше со некој анѓел од Викторија сикрет
Од оваа позиција гледам зошто кај нас толку е развиен национализмот. Па да кажеш дека си ова или она, одма по некоја логика си посебен... Во Америка... му е гајле на глупиот американец што ти си влав или рус по потекло, човек е човек, а пред се е потрошен ресурс за кој на никого не му е гајле бре. Во Македонија си ги носиме како ордени на посебност. И да не сакаш, околината те тапша... Те тапша што универзумот ти ги плукнал претците ваму и таму и по логика на нештата ти си таму и си спој од ова и она. Многу си успешен...
Вчеравечер утврдив дека мојата е куќа е прогонета. Сериозна сум. Најпрво си реков ми се причинува. Ама после сфатив дека навистина нешто силно тропа на таванот, и тоа токму на местото над мојата глава. Јас каква што сум паничарка, срцето 300 на саат и само се џарам во празно накострешена. И тогаш пак, бамбарабум пам, на спротивната страна од собата. Викам само до мене ли е, полудев ли? Станувам од кревет, гледам мајка ми гледа преку прозорецот. Вика мислев од надвор доаѓа. Потоа стоевме едно време џарејќи се в таван кога пак почна да тропа. Ми вика изгледа некое пиле е или глушец, нашле дупка и се протнале. И си викам, да, секако. Пак си легнав. Си читам од телефонот, си лежам, кога одедаш, постерот што е најблиску до мене (речиси цел ѕид ми е со постери излепени еден до друг, овој беше последен.) се откачи од едната страна. Јас си викам ништо де, и онака не го залепив целосно, ништо не е, какви духови, какви бакрачи... И тогаш се откачи целосно и падна под креветот. Јас цела изрипав. По неколку секунди шушна од под креветот, се поместил под мене. Сцрето ми чука како лудо, сите спијат, јас сама со пуштена струја в соба. Одеднаш пердето се помести. Не измислувам, жими сè, навистина се помести. Да ти се плукнам во први Њутнов закон, ова што го доживеав им попречува на сите закони во физиката. Помислив дека сонувам искрено, сакав да се разбудам, па после ми текна, а што ако имам парализа во сон пак? Но за среќа, тоа беше последно и ја преживеав ноќта без никој да ме убие. И така од нигде никаде, види што ќе ми се случи, мислам дека си скратив неколку години од животот вчеравечер.
Креативноста е способноста за гледање на светот од поразличен агол и умешноста за поврзување на точките дури и кога тие сеуште не се видливи. Најчесто креативноста се поврзува со интелегенцијата, и главно е карактеристика на интелегентните луѓе. Не толку одамна мислев дека креативноста е карактеристика што човек или ја има, или ја нема, слично како и за шармот, харизмата.. Меѓутоа како што учев повеке за човечката психологија сфатив дека ваквите карактеристики не се нешто што човек магично го има, туку секоја од нив се учи. Со вежбање, со многу вежбање. Fake it till you make it, се додека не стане навика што ќе се извршува по автоматизам. Сакаме да бидеме креативни, а не превземаме ништо да го ставиме нашиот ум да работи на задачи кои најчесто ги одбегнуваме. Сакаме да имаме самодоверба, а не превземаме ништо за да се соочиме со нашите стравови, не превземаме ништо за да го промениме она заради кое се срамиме и не ни дозволува да бидеме она што сакаме да бидеме. Таквите каракеристики се поврзани помеѓу себе и ја прават личноста што ги поседува да се чувствува одлично во својата кожа и да шири таква позитивна енергија што те тера да сакаш да бидеш во нејзино присуство. Токму во таа состоја кога сме сосема ослободени, можноста за развивање на креативноста е уште поголема, се губи скептицизмот, и предизвиците веќе не се проблеми, туку можности. Со што ја потикнавте денес вие вашата креативност ? Се читаме
@Lella Можеби на покривот имало мачки кои бркале глувци, а за постерот и за завесата да не имаше отворено прозор или врата од балконот па дувнал ветер па постерот се одлепил и паднал, а завесата се помрднала?
Не, затворен е покривот од сите страни. Не беше тропало вака со години. Изгледа направиле некоја дупка птиците однадвор, којзнае. А сега слушам нешто како пиле да цивка. Инаку да, од терасата вратата беше отворена, и е оддалечена околу 7-8 метри од постерот, може од тоа да е, ама завесата не знам како, не беше отворен прозорот, или ми се причинило од толку страв.
@Lella Па нели вратата била отворена од тоа и завесата се мрднала, не било потребно и прозор да отвориш, доволно било тоа што вратата од балконот била отворена.
Љубовта е наш вечен поттик, вечна инспирација и имагинација за човековото творење и постоење. На љубовта и се потчинуваат дури и најсилните и најпаметните. За љубовта не постои лек, бидејки и самата љубов е лекот за душава. Љубовта е најсилна од сите страсти, бидејки истовремено ги напаѓа главата, срцето и сите сетила.
Не ми е јасно како и најубавиот ден знам да си го уништам и тоа од нешто за што најмалку мислиш дека ќе ти премине во толку голем проблем... А толку многу го чекав овој ден и сега се убив од нервоза.
А, па замисли ги оние што те имитираат во зборувањето, мислам на одредени реченици, фрази што ти ги користиш, некои твои финти..... Гад хелп дем.
Јас не знам за мерка. Ако некој ми игнорира порака, ќе му пишам 10 ако треба, додека не ми врати. А некогаш па, ќе изгасам телефон и ќе го ингорирам јас целиот свет, без мерка.
Денес 3 пати го прередив плакарот и еве пак нешто не ми е по мерка,па несвесно,цел ден го отварам,се мрштам и пак го затварам и ете,не ми чини и крај. Перфекционист сум за многу работи,ама ова ми е опсесија невидена. Ако не подредено по боја,материјал,ако не е здиплено до совршенство или испеглано збеснувам и душичката ми се смирува само откако се` си е на свое место.А до тогаш сум во состојба да поминам и по час,два во средување. Да не зборувам кога се менува летната со зимска обелка или обратно-тогаш е хорор. И да,мојата облека е хиерархиски подредена,секое парче си има свое место,во зависност од мојата љубов кон истото,се` додека не дојде некое поубаво и не му го украде тронот.
Ми дошле некои дома на гости, (не ги знам кои се, фамилија на мајка ми) и појдов кај што седеа од чиста култура да се поздравам и една постара ме прашува како сум се викала. И кажувам како се викам и таа ми вика ама мене во фацата ми изгледаш како да се викаш Климентина, може така да те викам? Леле добро, јас не ни планирав да седам тука со нив мислам кај ќе ме види на друго место па да ме вика Климентина? И цела извадена од памет, пошто не очекував такво нешто некој воопшто да ми рече некогаш во животот, не знаев што да речам Другите почнаа да се смејат, јас си стојам ко здрвена и засрамена и реков Да, да, може... и се изгубив, заминав, никогаш ни јас да ја видам неа, ни таа мене... После дознав не била ок со паметот....ама не ми е гајле. Ете и тоа го дочекав пред непознати луѓе во споствениот дом да бидам засрамена и да ми биде премногу незгодно Климентина...стварно? Убаво е името ама од кај слушнала таа за Климентина? 100 годишна жена..... п.с. уште еднаш некој да ме праша за совет и на крај да ми рече ЕЕЕ МНОГУУ ФАЛА ЗА СОВЕТОТ (иронично) и ќе биде отеран кај мајка му во ......
Се што треба да се случи нека заврши добро.Колку сум возбудена уште толку исплашена,чувствата ми се испомешани.Се нека заврши добро.
Најхрабрата жена што ја познавам е мајка ми . Некогаш си мислам какви нерви има за да ја поднесе целата работа, целиот товар кој е на неа, грижата кон семејството, секојдневните обврските ... никогаш не се пожалила или да крене раце од било што. Секогаш се труди се да биде како што треба , и секогаш е насмеана... Уште додека бев мала бев блиска со неа уште од дете ми ги знаеше сите тајни,сите маки како растев така и таа се отвараше со мене и разговараше како со пријателка а не како со ќерка. Горда сум што сум нејзина ќерка,горда сум затоа што никогаш не и го оцрнев образот и не патела заради мене. Денеска и е роденден и многу ми е тешко што не сум до неа Ми недостига многу и таа и целото семејство,ме боли тоа што сум далеку од нив ,но времето лечи се и жив човек на се се навикнува - шта каже Цеца И така сакав да ви кажам дека кога ќе пораснам уште малку и ќе имам деца ќе ги воспитувам како мајка ми што ме воспитуваше мене Па да сме живи и здрави сите, само да сем среќни друго се ќе биде како што треба. И да ,мамичка да ми е жива и здрава уште толку години колку што полни денеска