Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Па си работела како и секоја друга сабота, не знам што си придонела за да се китиш со перјата на овие две жени, барм на ТВ уште не те спомнале како некоја посебно истакната жена што работи во сабота.
    Поентата на постот не ми е омраза насочена кон тебе, толку си сфатила, туку тоа што се воздигнуваш себеси за една обична работа.
    Работеше стриктно за да се пофалиш или што?
    Толку жени познавам што работат и во недели, па еве уште не сум чула глас од нив како другите одат во кафана, додека тие рмбаат.

    Мишката не ми беше запотена вчера во кафана, затоа што не сум жена ниту сум од оние девојки-тетки што се чувствуваат како жени уште на 17 години.

    А ако сакаш да ти кажам за какви права и полова еднаквост сум се борела вчера, некој тоа тука ќе го оцени ко вулгарно и ќе го избрише постот.
     
    На sweet-star, anuskaNESTLE, Hipster и 5 други им се допаѓа ова.
  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Знам дека прашањево е тешко клише, но зошто секогаш ме „дува“ некој напад на смеа во погрешни ситуации?
     
    На Lella, Antoninaaa, sweet-star и 3 други им се допаѓа ова.
  3. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Колку прекрасен ден :sun:
    Си видов две најмили личности така неочекувано,си бев на неделен ручек кај тета и еве сега си ја чувствувам топлинава во срцето.Многу сум среќна денеска убаво ми започна ,а и ќе ми заврши денов...
    Мој предлог Секогаш очекувајте го неочекуваното... :inlove:
    Имајте убаво попладне и смејте се :*
     
    На Lella, Papillon.Papi, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Ииии денес добро сум расположена :rofl:
    По дома само ги тролам.
    Некој ден на бесилка ќе ме стават, гарант. :D

    Мајка ми уште рано рано почнала да пее песни, а татко ми како што си поспива до касно не сакал да ја слуша па фино-лепо си бутнал од тие за во уши, да не слушаш.. :D Знаете што де..
    Човекот заборавил што направил и таков узбуџен ми се дере.. „абееееее нешто не слушам добро“ :^)
    .. додека се разбравме се стемни. :rofl:

    А надвор ветар дуваа дува.. ладно ми е да одам да се бањам.
    Пола час се молам да станам. |(

    Имам и за учење, имам цела лектира да прочитам и плус да цртам нешто.
    Еј, имам еден предлог. ;)
    Перницата да ни биде како усб меморија, и тоа во мозок да ни се вметне.
    А под перницата книгата... сфаќате нели ? ]:)
    Да не мора да учиме вака.. што има да се мачиме па 21 век сме. :rofl:

    Убав ден, убав. :talk:

    Туку имам уште едно прашање што ме мачи со денови..
    Ако се удрам самата себеси и тоа ме боли, дали сум јака или слаба?
    [​IMG]
     
    На Barbie20, lana.del-rey, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.258
    Допаѓања:
    136.691
    Ти, правиш нешто друго освен она вулгарното од вчера за кое треба да ти се избрише постот и ме потценуваш за напишано мислење?
    Јас мислам дека е подобро да работиш, отколку да се кинџуриш у кафана, дека е подобро да учиш отколку да се шминкаш и дека подобро е ако не ти се дошаѓа некој пост, да продолжи понатаму, отколку да шириш омраза, поради вулгарностите кои уште ти смрдат од вчера.
    Имаш 17 години, и не ти личи ни у кафана да рипаш, ама ни да навредуваш постари, чисто од култура. Продолжи со вулгарните работи од вчера, според стилот на пишување, само таму можеш да бидеш добра.

    Ко вистинска жена :) :D :D


    На темата - Сакам да кажам дека денеска спремив материјали за утре, ке зборувам 8 саати, ми треба добра подготовка. Никако да го средам плакарот со алишта, ама барем мисливе ги средив. Ја дочитав книгата, сега ке одам да ги запишам битните реченици. Ми треба нова книга да ја почнам од утре, мислам дека Ферид еднаш не го дочитав, а баш убава беше книгата, за Сократ и Аристотел. Секако ако имате предлог, дајте. Само да не е некој бестселер.
    Мака ми е што луѓето поретко си подаруваат книги, а многу повеќе шминки и накит си даваат. Душата се бои од внатре, а не од надвор, на кожата. Убава е жената после бањање, не предотерана со тон шминка на неа, а глупост се дере од внатре.
     
    На Lella, vodolija123 и kikav им се допаѓа ова.
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.026
    Допаѓања:
    36.085
    Пол:
    Женски
    Интуицијата е како патоказ кој не води кон целта.
    Мислите и чувствата не секогаш се добри сојузници,но се вешт индикатор за да препознаеме кога не треба да дејствуваме.
    Ни успехот,ни неуспехот не се бесконечни.
     
    На Papillon.Papi, Barbie20, EMoonlight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.330
    Можеш да бидеш јогин и без час јога, со разуздан живот и ниту едно намасте.
    И можеш да не бидеш јогин и покрај макотрпното вежбање и внесувајќи го тоа во рутина.
    Како и се останато.
    Може да бидеш пушач,а цигара да немаш запалено и да велиш дека мразиш цигари и обратно.

    Можеш многу и најверојатно не си ништо од се што мислиш.
    Затоа нека не ве изненадуваат луѓето кога се вака или онака и си мислите дека ви глумат. Збунети се и растргнати меѓу сите свои личности, како впрочем што сте и вие, но вашето его секогаш сака да посуди за другите, од хоби и ќејф.
    Колку се познаваш и колку си искрен пред себе си?

    Уморна сум веќе од џагор на ега. Ова е таков ден кога сакам да се склопчам, да изгледам некој тед говор, да си ја дочитам книгата и да отерам некого во пизде материне.
    Ебате лицемерите ебате.
    Сега јас се прашувам што мислам за вас или некого. Ми се смучи веќе од муабети кој кого и зошто поштува и сака.
    И ми се смачи од недухoвноста на жените и нивните утроби кои носеле деца кои ги воспитуваат сакато. Не дека моето е мерило,ама простоќата е очигледна. Смачено ми е oд неосвестени луѓе...

    Сакам само ладен воздух, лабава прошетка, со еден човек, да си молчиме. Да си купиме кока кола од трафика. Да наидеме на расцветано дрво, да го вдишам толку длабоко што ќе му испаднат латиците. Да се прибереме дома, да се стоплам под туш, да направиме вечера. Ладните раце да му ги пикнам во врат и да бега, да поплачам кај него на рамо, да позборуваме за идеите...да земеме здив за цела возбудлива недела која следи, да заспијам некаде пред полноќ.
    Ете тоа сакам.
    Сакам и да го планирам годишниот одмор. И да ми рече каде сакаш одиме. Да го однесам на пример, на пример некаде северно и да видиме свет и се тоа што е тој, а потоа да одиме некаде јужно на море и да се видам себе си. Да играме танго на двен под и да му кажам најгласно да во целиот свет.
     
    На mims-89, Markusa2, Johny и 7 други им се допаѓа ова.
  8. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.023
    Допаѓања:
    16.141
    Добро,покрај ставените маси за тримир,славење имиња и уште си ги промовирате родителите на ФБ?
    Аман бе луѓе...татко и е ова,мајка и е она...една е мајка....каде замина приватноста? :!: Што има на маса,па каков мебел,какви чаши,каков чаршаф,кожени фотељи.... :wasntme: некој нема леб да јаде,а некој веќе не знај што да напрај... :^)
    Можеби јас грешам,што не сакам да се прикажувам себеси и целата моја фамилија...
     
    На Lella, SparkyAngel, Dvolicen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Драга пријателке..
    Ти благодарам за убавината која денес ми ја понуди,
    Ти благодарам за убавите моменти.
    Ти благодарам за времето кое го поминавме заедно.
    И ти благодарам што ми излезе во пресрет.
    Знаев дека можам да сметам на тебе.. :inlove:
     
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Се осеќам многу моќно и среќно :geek:
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.254
    Допаѓања:
    140.619
    И покрај презирот што го чувствувам кон начинот накојшто се слави вчерашниот ден, вчера за миг си помислив дека на Балканов така и треба да биде.

    Замислете, вчера еден сељак ми го отстапи местото што секако требаше да биде мое на еден преполн паркинг. Сакам да кажам, не ми се бутна преку ред само затоа што беше 8 март, инаку сигурно би го сторил тоа, како и секој друг ден во годината.

    И си викам, ако, нека е празников, затоа што барем еден ден има осет, иако погрешно поставена. Не затоа што местото е твое, туку затоа што си женско, а тогаш е 8 март. Инаку ни тој ден не би си го добила тоа што секако треба да е твое сите 365 дена во годината.

    За којзнае колку жени тоа е уште една можност, покрај роденденот да добијат подарок, кој инаку без повод никако не би го добиле.

    И самото значење што му се придава на празникот ни кажува колку многу сме далеку од она што го празнуваме.
     
    На Peppermint, imelda, Mama25 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Bad times..Baaad,baad times.
     
  13. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Конечно една година откако се дружам со вас! :party:
    Фактички вчера наполнив, ама како што бев зафатена со жените, фактички денот на жените- не успеав да ве почестам по едно парче торта :( ама... успеав да ви зачувам за сите :lol:
    [​IMG]

    Ви благодарам на сите што досега што на секој начин ме подржуваа, ми даваа совети како повозрасни и им благодарам на сите за вашите корисни мислења од сите области каде што научив мноогу работи.. сеуште учам. Ми станавте опсесија, моја втора фамилија. :*
    И да знаете дека иако не давам мислења толку често,сепак скоро се читам :)
    -Ве бакнувам СИТЕ :*
    :inlove:
     
    На Lella, Anabelle.Amorette, sweet-star и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Зошто плачам? Мразам кога плачам... тоа мене не ми е олеснување на душата... солзите ми се жешки и очите почнуваат да ме печат од нивната жештина, слепоочниците почнуваат да ме болат од очите што ме печат... како вам тоа ви е олеснување на душата?
    Поубави сме кога сме насмеани, тоа секој би го кажал, а и така е... но зошто тогаш плачам? Изгледа дека е од сево ова што го трпам... не, не се тинејџерски проблеми... семејни... болни, тешки за 13 годишно девојче... некогаш незнам како да реагирам за да не бидат моите родители вознемирени поради мене... мајка ми ќе ми каже да го средам бирото на татко ми, а потоа тој дознава дека во средувањето сум му фрлила во канта потребни работи... а ако не го средам бирото, мајка ми се нервира и ме кара. Немам што да правам... најдобро би било да го трпам ова и да ставам една лажна насмевка, колку да се усреќам, да ми каже таа насмевка дека постои и светлата страна. Црвените очи од плачењето може да се измијат со вода, да се освежат од поранешните солзи што гореа.
     
    На Lella, LittlePinky, Anabelle.Amorette и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Се мразам себе си кога во тесна ситуација не знам да реагирам смирено, кога сум попотресена од болниот во ситуацијава, и се изнервирав уште толку. Главата ме искина, и апчиња не ми помагаат.
    Ја мразам таа немоќност во битни моменти, како муле сум некое, а поголема алапача и поубедлив човек од мене не можете да најдете.
    Вајда е нормално, ама не е прифатливо, неместо мотив да му дадеш на човека јас уште толку ќе го доутепам со фаците. И после он се секира зашто ни се секираме, тоа е тој чаробен круг.


    Туку сакам и јас како во Хер, да пишувам љубовни писма за други, не знаете колку инспирација се собрала во мене таква романтична. Душава ми се топи кога гледам некои такви мили парови посебно во постари години, колку спокојство и топлина има собрано во тие душички. Ќе се откостам од плачење, како што не плачам со месеци, кога ќе ми се собере има крокодилски да ронам, од што ми се најмилни бре, најмилни...
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Peppermint, imelda и 4 други им се допаѓа ова.
  16. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Ќе успееш само ако веруваш во себе и не се откажуваш. Конечно сфатив дека е така. Успеав! Не се откажав од мислата дека ќе го нацртам она што го замислив. Цел ден работев на цртежов и се исплатеше. Пореални нацртани невистински суштества не сум видела. Пресреќна сум. ^_^ Никогаш не се откажувајте од тоа. што ве исполнува и ве прави да бидете вие, една единствена личност :* :angel:
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    .. кисела вода во новата омилена чаша и Аврил на слушалки: умствена ретроспекива.
    Назад кон времето кога со мама пиевме мноогу кисела вода, секој ден, и кога бев заљубена во Аврил и нејзините песни и постојано ја гледав под стаклото на старото биро.
    Денес мама скоро и да не пие кисела вода. Ја зезам дека наместо во плодова вода, сум пливала во кисела вода - зашто таа кога била трудна на мене пиела по 5 литри на ден. :lol:
    А Аврил сега во мои очи е драг спомен на кој понекогаш знам да му се навратам со цело срце.

    Сфаќам, и се фаќам во неверување. Ги наполнав 17, сега дури и вишок имам. Уште една година и матура, а другарката која си ја сакам како помала сестра на пат е да си фати еден прекрасен дечко. Сè минува толку брзо. Учи, оди на часови, читај книги, гледај по некој филм, наоѓај време за себе и пријателите, и оп - средното скоро завршило. И сфаќаш дека не е толку фамозно како што сите ти кажувале. Изнауживај се додека си средно, тие се најдобрите денови. Да, ама ела доживеј ги како такви. Во постојаната трка со времето, напорите за успех на училиште (и во други активности), трудењето да направиш од себе човек и постојано да се подобруваш и надоградуваш, не останува многу време за уживање.
    А пак кога ќе ти текне на проблемите кои ти висат над глава, тебе и на семејството, ти се смачува. Семејни, здравствени и финансиски проблеми, чат-пат по некое пријателство во минус и по некоја љубовна конфузија, и нормално, плановите за иднина.. па така и тоа малку време што остана не можеш да го доживееш како што треба.

    Од друга страна, кога не ти останува многу време за сè што сакаш да направиш, за големи нешта.. си помислуваш дека секогаш има некој во полоша состојба од тебе и се учиш да уживаш во малите нешта. Дури и во оние ситните, микроскопските, што понекогаш само ти можеш да ги видиш. Зашто ти се единственото бегство. Им даваш нова насока на мислите и му даваш на срцето шанса да здивне, да одмори, бар на миг. Понекогаш тоа е омилената песна или филм, прошетката покрај твоите омилени места, понекогаш и едно лежерно испиено кафе со пријател или кратка игра со миленичето.

    Тоа се тие мали моменти кои можат да ви симнат голем товар од срцето. Сфаќате дека покрај сите тешкотии кои ги носи ова време, сепак имате некои местенца -во околината или спомените- каде што можете да се скриете и да одморите од сè, а потоа да им се вратите на секојдневните предизвици со обновена сила и волја да го направите нештото подобро овој пат, и повторно да се вратите на вашите омилени места, овој пат задоволни и горди.

    Тоа се тие мали нешта кои сите ние се трудиме да ги зачуваме за нас, за да ни бидат тука кога ќе ни е тешко повторно, по којзнае кој пат.

    Тоа се тие мали убавини кои го прават животот полесен и поподнослив и често, им даваат смисла на сите наши напори; за нас и за нашите најблиски.

    За нив дозволете си да бидете скржави. Чувајте ги. Тие се нешто свето.

    .......................................... :f:
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, MandyLane, Buttterfly и 8 други им се допаѓа ова.
  18. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    За ова ќе бидам многу искрена,тоа го чувствувам. :D
    Многу,многу ме исполнувате вие тука на форумов.Секој ден ми го правите поразличен,поубав,среќна сум кога ги читам вашите мислења,среќна сум кога заедно решаваме некој проблем,помагаме.Секој ден сум тука со вас,а ако случајно не ве посетам во денот многу ми недостигате,искрено. :(
    Многу се навикнав на вас и ве сакам. :D :D
     
    На Lella, LittlePinky, Anabelle.Amorette и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Конечно по 2 месеци се видов со братучетка ми. Од Коледе ја немам видено. :(
    Откако се пресели во друга населба никако да се видиме, а ми фали. :D
    Братучед ми не го видов, ај следна прилика. Тој па другиот постојано доаѓа кај баба ми и дедо ми, со него често се гледам. :D
    Колку подолго не се гледаш со личност која и така ти е значајна уште повеќе сфаќаш колку многу ти значи. И така си се расприкажавме разно - разни муабети, па имаше и пеење, многу ,,убави‘‘ гласови имаме, па цела зграда ечеше. :D
    Ама битно убаво ми дојде на душата, ми се пееше, иако освен под туш не пеам на друго место, срам ми е. :$ :D
    Битно немаше учење овој викенд, иако имав многу за учење, ај утре не можам денеска, хаха. :D
    Се ќе правам, само да не учам, ама дете сум јас бре чудо. :D
    И така деновиве воопшто не знам што да напишам, ниту пак како да се искажам, пак некако сум изгубена, овој пат не од љубов, уште тоа ми фали. :yawn: :D
     
    На Papillon.Papi и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  20. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.405
    Допаѓања:
    126.848
    Заеднички планови за уредување на станот,започнување со реализација,ќе има ли некое изненадување наскоро,се радувам истовремено и се плашам,многу се плашам :|
     
    На LittlePinky, Sexybaby86, Purrinn и 2 други им се допаѓа ова.