За да се работи правилно како чистачка (или чистач) треба исто да се има добро здравје, знаење, умешност и доволно средства за чистење. Не ги разбирам газдите кои вработуваат чистачки а не им обезбедуваат доволно сјај, функционална правосмукалка и доволно крпи.
Денес бев кај најдобрата другарка нагости после подолг период ( затоа што не сме од исто место ) и баш ми годеше времето поминато со неа Инаку решив од пред неколку дена да сменам нешто во врска со мојот карактер и многууу добро ми оди , се надевам така и ќе продолжи
Истата личност што пред четири години ми правеше пеперутки во стомак, ги прави и сега. Некои работи не се менуваат.
Постојат неколку типа на луѓе кои никако не можам да ги разберам,ама овие два се чудо... Првите се оние кои бараат некаква услуга од тебе (притоа велејќи дека не знаат како да се снајдат со тоа,а повеќе од очигледно е дека причината е мрзата),завршуваш работа и се трудиш се' да е погодено и средено како што треба,а на крај добиваш критики зошто нештото си го направил на оној начин,па таа личност сметала дека ќе било подобро на начинот на кој што таа мисли дека треба да се направи...Навистина? А да речеше едно ,,Благодарам за услугата" наместо да упатуваш критики? Или па,како за промена,да се потрудеше најпрвин на свој начин да го направиш тоа,па ако навистина треба помош да прашаш некого? If it's different,it doesn't mean it's wrong. Вторите се оние луѓе кои прават машко-женски дискриминации ,а и споредуваат некого со другите. Конкретно ќе кажам за женските,но не да испадне по муабетов сега застапувам строго женска страна и префрлам се' на спротивниот пол. Постариве луѓе со конзервативни размислувањамобично многу напнуваат за тие работи. Најчесто мене некои од постариве роднини ми префрлаат зошто нешто не сум направила,јас сум била женско,МОРАЛО да знам да го направам тоа(во повеќето случаи зборуваат за готвење,чистење и слично),што ќе речеле луѓето,ќе зборувале,па утре-друг ден во туѓа куќа ќе одам,што ќе речеле и таму роднините,мажот... После им текнало зошто не сум запазела останатите девојки од моја генерација какви биле,па замараат и критикуваат за облека,места за излегување,дружење,музика и слично. Порано знаеја и да речат и ,,Угледај се на Петкана и Стојмирка,види ги тие какви се" . Едно време поради тие префрлања и замарања многу се грижев за туѓото мислење,па за жал еве и до ден денес понекогаш тоа се случува. Од ваквите луѓе кои споредуваат,бараат маани во се' и пазат што ќе речеле комшиите си патиме. Јас не сум другите,не гледам која што носела,со кого се дружела,каде одела,а критики и коментари за разноразни ситници не ми требаат освен ако сама не побарам од вас мислење. Ќе носам облека во која се чувствувам удобно,ќе слушам музика која ми одговара. Мора ли да се вклопам во шемата која според вас е добра? Не смеам да бидам своја? Не се споредувајте со никого,бидете си свои,не се мешајте онаму каде што не треба,не коментирајте ако не сте доволно информирани за нештото и не гледајте по туѓи дворови. You have your own life,живејте го и терајте си напред.
Се прашувам, како живеат и дали се среќни девојките што на факултет беа присутни на секое предавање, секогаш средени и дотерани, што дипломираа во рок и веднаш се вработија, што имаа долги врски кои завршија со брак и веќе имаат семејство. Не прашувам иронично или од љубомора, туку им се воодушевувам. Со задоволство ги гледам на фб, насмеани и среќни... И си викам дали само мојот живот е шпанска серија... Или пак, нивниот навидум среќен живот има и друга темна страна...
Maмурна сум цел ден. Па како и да бидам после журката која траеше до раните утрински часови. Во глава сеуште ми одѕвонуваат реченици за кои едвај наоѓам логично објаснување. ''Ми исчезна средната нога'' ''Мачката тигар игра танго'' ''Водкава е солена'' се само дел од низата небулози кажани како последица на вишак алкохол у крви. Кулминација беше играњето чочек на хауба, додека свиреше ''It's my life'' од Бон Џови. Дефинитивно вредеше ваквото одлепување. Ај што ми наврати еден куп спомени од тинејџерските години, па и друштвото се погоди. Како и да е, битниот моменат, (ја би рекла и пресуден у цела прича) е будењето со фен за коса до мене, а јас утоп мокра. Молим вас ко бога, не питајте ме око детаља.
Знам дека кога ме дрмаат хормониве јадам уши и на што не треба, па затоа тогаш и не сакам многу контакт со луѓе. За нивно добро, пошто знам да се испонашам идиотски...мада често е оправдано. Ми ги скокотка нервиве кога одоколу ти вртат прашања само за да искочи дека они го имаат одговорот и сакале да испаднат паметни...као, кажи си одма де што си научил/а, не мора вртење. Ама врв е кога тоа е откривање топла вода. Буквално нешто у стил: - Абе, знаеш што се дешава кога ќе пуштиш бојлер? - ...? - Водата се загрева по одредено време. Сва среќа па ми кажат пред да зинам, ја ќе одговорев дека ќе оди ако го пуштиш.
Непишано правило кое се провлекува низ целиот мој живот. Ми е страв да се опуштам, да речам задоволна сум, благодарна на она што сум го постигнала, на она што го имам. Дали сама си ја предизвикувам судбината? Но секогаш кога и да помислам дека ништо повеќе од животот не барам , се случува нешто што ме вади од рамнотежа, што ми го нарушува балансот, турбуленции, нешто што ме тера да вложам огромни напори да се вратам во нормала. Премногу турбуленции, премногу промени, очекувани и неочекувани, секоја од нив преемотивно доживеана. После долно време клацкање на тасовите, после многу вложувања за враќање на изгубената самодоверба, душевен мир, соочување со сопствениот разум, мене пак ми се случува истото. Само што овој пак не зависи ништо од мене, овој пат сум само нем сведок на ураганот,кој се молам да не го зафати мојот мир. Немам веќе сила да се борам со предизвиците на животот. Се препуштив како низ немирна река, незнаејќи на кој брег ќе ме исфрли. Ќе биде ли се во ред или овој пак животот за мене има друго изненадување?
Абе глупости живи еј,ми беше избришано мислење во темата дали да се легализира проституцијата,и тоа ради една погана членка,која нема воопшто вокабулар и култура најде таа да ми кажува сум била вулгарна ,а всушност таа беше,па уште побара да ми биде избришано мислењето,со мојот став сум вреѓала,а всушност не навредив никој Христијанин,токму затоа што и јас сум Христијанка и си кажав само мислење на фин начин,ОК и ми беше избришано и моето и нејзиното мислење,а за да биде посмешно,другото мислење ми стои, во наводници ако грешам нека ми биде избришано и првото,оти се целосно исти,само што морав ради одбрана да и појаснам по втор пат на таа што ме нападна..и може и ова мислење ќе ми оди во канта,ама морав да си кажам сепак ова е СДК се почуствував глупаво во моментот искрено,како да бев нападната некаде од толпа народ а не од обична виртуелна типка со неколку букви,плус повеќе болеше и тоа што ми ги изврти и зборовите ама нема врска,ионака наскоро планирам да си земам мал одмор од форумов најдобро ќе ми биди
Некој друг е среќен со многу помалку од она што го имате вие. Затоа бидете благодарни секогаш! Не бидете алчни и со гладни очи и константно да барате повеќе и повеќе. Вистинската среќа и исполнетост е во тоа да се радувате и на најмалите нешта. Благодарна сум за све што имам,а и горда што и покрај тоа се радувам и на најмалото нешто. Таа вредност на тоа мало нешто никогаш нема да ја заборавам и да замижам пред неа.
Само мене ли ми доагаат луди идеи во ова време? И се смеам кo некоjа нетокму. А да ме прашате зошто се смеам не знам.Ама ако, така ми треба кога пола ден го преспивам.
„Најубаво нешто во животот е да сакаш и бидеш сакан“ Клише или не,реченицава со секој изминат ден ми станува се појасна. И се друго е безмислено. Имајте слатки сништа и сонувајте ги љубените
Се гледаме и очите ни блескаат. И се смешкаме додека се бакнуваме, и се однесува како дете ама ми годи. И ме прашува дали со сите се смејам така. О колку е будала, одамна се немам смеено од срце, а камо ли да се смешкам додека сум во нечија прегратка. И стравот се појавува во истиот момент а помислам колку ми е убаво. Па нека биде што ќе биде, барем блескам и сум среќна.
Татко ми многу често гледа документарни емисии, за него постојат само тие канали на телевизорот. Некогаш знам и јас да му се придружам ако нешто ме заинтересира, под услов да не сум ја гледала емисијата претходно, зашто татко ми знае и репризите да ги гледа Пред некое време заедно гледавме емисија за тоа како се прават фармерки. Огромни фабрики, многу вработени, од кои повеќето носат маски на лицето. Работата се врши брзо и махинално. Дење и ноќе. Секој си ја знае својата задача, а фармерките одат од еден на друг, додека не се добие финален производ. Еден го сече материјалот, друг работи на машина за шиење, трет ги избелува, четврти ги пакува и така сè во круг. Една бескрајна лента на која поминува секој пар фармерки додека не ја добие својата етикета. Притоа, кажаа еден интересен податок - во изработката на еден пар фармерки во фабриката, учествуваат вкупно 85 работници. 85! На крајот ние купувачите одиме во бутик и ги разгледуваме поминувајќи од една на друга закачалка. Ги бираме според нијанса, модел, според тоа како ни стојат, што е модерно, или едноставно според расположение. Некогаш ги носиме додека не се искинат, а некогаш завршуваат во некоја фиока и само фаќаат прашина. Не се сеќавам колку чинеа последните фармерки што си ги купив, ама пред некој ден загледав еден пар од 600 денари. И ми се врати филмот од тоа како тече целата изработка на пар фармерки кои во бутик чинат помалку од 10 евра. Не знам, можеби нешто не е во ред со мојата математика...