Многу долго размислував и дојдов до еден заклучок. Сите се луѓе (добри, чесни, лажговци, злопамтила, дружељубиви.... сосема небитно), и ако ти не знаеш да се поставиш пред другите, ако не знаеш да си го направиш животот поднослив (не можев да пронајдам друг збор) и ако не знаеш да живееш како што сакаш не ти се другите криви. Всушност, на никој не му е гајле, секој си се бори за себе што е многу нормално. Никој не те спречува да бидеш среќен. Иако, можеби изгледа дека, другите имаат влијание врз нашиот живот тоа не е е така. Не за џабе рекле ако сам не знаеш да си направиш да ти биде убаво, никој нема.
Форумов ми стана место каде можам да си ги искажам и најдлабоките рани и болки. И да не беше веројатно немаше уште долго да сфатам дека не сум ја пребродила депресијата. Дека со години се залажував како ми е подобро и само на моменти и подклекнував. Ама не е така. Време е да си признаам дека не сум добро, и тоа е океј. Време е да сфатам дека сепак не ми треба само нов почеток далеку од тука, туку и помош конечно да го затворам поглавјето од минатото и сите рани на душата да успеам да ги закопам длабоко во себе. Си посакувам спокој во душава. Да се изборам конечно против ова зло што ме надвладува и не ми дава мир. Ништо повеќе. Е, тек тогаш можеби ќе успеам да си ги исполнам соништата. И извинете ми што не можам да ги исполнам вашите високи очекувања. Не можете да ме разберете се додека не сте зачекориле во мои чевли ок? Не можам веќе да се правдам и да задоволувам туѓи желби. Од тој притисок денес не знам ни која сум ни каде сум. Не сте веќе вие битни. И не не ми е гајле што ќе кажете ни што ќе помислие. Битна сум јас и моето здравје.
Ti blagodaram @vitamina секое добро и на тебе ти посакувам од се срце,се надевам дека се ќе биде добро,те гушкам
Јас навистина повеќе неможам да го поднесам летово. Значи во ред и сонце и +40 и потење и плажи и море коктели фустани лепези китки и тракатанци, се во ред ама ова веќе нема крај здосади и препукна на цело. Значи навистина е неподносливо и штетно дур болно.
Денес дома беше еден од оние ретки денови кога моите имаат чест да пробаат зготвено јадење од мене,направив повеќе јадења,додека да се вратат сите и масата ја подготвив и се на свое место,а тие сите насмеани влегуваат дома и велат,што да превртиме наопаку ти си зготвила,јас се смешкам потајно и не би била вистинската јас ако на крај не зезнам нешто т.е не се подружам со вечниот мој придружник Марфи,си истурив врело масло на рака,среќа имам една ефикасна маст,ставив веднаш,ама се уништи и ручек и се со моите лелекања,за неколку дена ќе бидам како нова знам,ама денес денот се прокоцка покрај маста доста ефикасно ми делуваа и прегратките на Внук ми,кутрото цело време вртеше околу мене и ме галеше по рака гледајки ме нажалено ,а јас му викав види Тета тука има бо( демек болка) Немам свое дете да,ама исто како да имам,толкава љубов ми дава и му давам ,што не знам како еден ден ќе се разделам од него...го сакам пренајмногуууу
Роденден е денот што го чекаме, цела година, цела година... Епа конечно дојде и мојот ден, полнам 14 години, се ослободив и од баксузната 13ка. Уште 4 години и јас полнолетна. Физички растам, но во мозокот сум како мало дете. И тортата ми е готова. Омилен дел од родендени ми е тортата. За сите има по едно парче, повелете на гости.
Не знам што ми е периодов, пред спиење секоја ноќ ми доаѓаат мисли "а што ако не се разбудам!?" Па така си седам обично уште долго во кревет без да заспијам бидејќи страв ми е дека нема да има утре за мене .. Држете среќа побрзо да заспијам оти веќе ме убива несоницава.
Isto i jas imam nesonica veke podolgo vreme,ne mozam da zaspijam pred 4 za ziva glava,a imam dete sto stanuva okolu 9casot.Spijam samo 4do5casa,a od vtornik koga ke krene vo gradinka ke treba vo 7 da go spremam i nosam,Gospod neka mi e na pomos
Читајќи ве сфатив дека не сум единствена што поминува низ срање период. Да, поминувам. Овој пат не парафразирам, нема потреба од тоа... Само верувајте, не е до вас, нешто стварно се случува. Правев муабет и со блиски пријатели, и во доверба потврдија дека веќе извесен период не се чувствуваат баш најдобро. Освен тоа, најпозитивните луѓе кои ги знаев, како од шала почнаа да се впуштаат во канџите на депресијата, бараат стручна помош, и трујат со таблети чиј плацебо ефект е евидентен. Не знам како последица на што е овој меланхоличен бран, ама се надевам дека наскоро ќе не одмине.
Oh... Fala mu na Boga son bilo... Sonuvav loso I samo da znaete kako se obiduvav da se razbudam I dobro sto uspejav Ah, srceto kako mi brzat ama ke se smirit E taka..
@Cka Секоја чест на секој твој збор напишан и суштински објаснет. Толку искреност вистина и жежок шамар одамна не сум слушнала нит прочитала. Твојот пост ме замисли многу, и да ќе бидам искрена како и јас верувам дека бар во делови се препознале и многу други. Вака навидум не ни обраќаш толку внимание на овие работи, едноставно понекогаш ти пука филм и сето тоа, но сепак упорно си убеден како што кажа дека така треба да биде, па затоа молчиш и молчиш и живееш на тоа "така требало да биде" . Се уништуваш себеси и на крај се прашуваш зошто ми е толку лошо? Затоа верувам дека долго време ќе го паметам овој текст и неговата суштина.
СДК ... мал пост за машкиве ... Почитувам машки личности што не се држат до принципот морам да имам девојка, жена до себе само за потребите на моето ЕГО. Почитувам машки личности кои можат и добар период да се сами и не по секоја цена да се со некоја по случаен избор, само поради потребите на егото. Почитувам такви кои знаат да одберат, знаат да се борат за она што вистински им одговара и им треба за да се осетат целосно. Почитувам машки личности кои се чувствуваат удобно во една врска, однос ... само затоа што до себе ја имаат личноста која комплетно ги надополнува. Почитувам такви машки личности што знаат да направат добар избор, компатибилен. Не прават компромис само поради потребите на егото, туку поради својата потреба, желба и емоција. Упорни се да го имаат она што ја исполнува секоја нивна машка клетка, а не само ЕГОТО.
Велат музиката има моќ да те однесе на други места. Еве, на пример, седиш во кафич, пуштаат тек, тек, тек ти је 16 година...и фино, лепо, си идеш во друг.
Близок си со некој кога му го знаеш секое парче облека од плакарот. Еј, дали да ја носам онаа блузичкана црната со новите фармерки? Која блузичка? Онаа црната де, со преклоп што е. Еј не, подобро носи ја онаа другата, мааалку поголемо деколте што има.