Форумџика на годината

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Ме боли.
    Ме боли душава,ме болат и сите солзи.
    Ме боли што дозволив толку лоши работи да се случат.
    Што дозволив некој да гази и да се иживува врз мене.
    Што дозволив да се однесува кон мене како ѓубре,како да сум сираче фрлено на улица без да има кој да ме заштити.
    Ме болат сите шамари,сите шамари кои не ги заслужив.
    Како можев да дозволам,како можев да дозволам некој тоа да ми го прави.
    Како можев да дозволам некој да врши таква тортура врз мене.
    И секогаш се враќав назад,секогаш без да размислам дека повторно ќе се случува истото.
    Неможев да избегам од тој пекол,имам рани,рани кои никогаш нема да зараснат.
    Рани кои сеуште ме печат,рани кои кога ќе се сетам на ова,повторно крварат и крварат ..
    Толку крв тече од нив што се чуствувам беспомошно.
    Ми теба некој да ме извлече од овој беден живот и овој црн тунел.
    Тунел кој има ли крај? Постои ли таа светлина?
    Но сепак се борам.
    Се борам со самата себе,и морам да успеам.
    А сега се појави и тој,тој кој направи повторно да се чуствувам жива.
    Да се чуствувам како другите луѓе.
    И да разберам .. да разберам дека постојат и убави чуства,а не тие лошите.
    И се чуствувам убаво,уште малку ќе правиме и месец. Најубав месец.
    И ме чува,и се труди околу мене,и прави се за мене.
    Прави се за да го заборавам тоа пеколно минато,како да сум друг човек.
    Но ете ми доаѓа понекогаш вака,ми доаѓа криво и ми навираат солзи во очите.
    Ми плаче душата,па плачам и јас ..
    И ме кара,ме кара да не плачам бидејќи не заслужувал да плачам поради него.
    Но тој неможе да разбере дека јас не плачам поради претходниот,туку поради тоа што сум се погазила себеси,сум го погазила достоинството и гордоста. Сум се погазила сама себе,и не разбира дека имам рани кои сеуште ме печат. Ми треба време,многу време се ова да помине.
    Да ги немам веќе овие гадни чуства,да не ми навираат толку солзи во очите.
    А се чуствувам среќно со него,и убаво ми е,мило ми е што се појави во мојот живот.
    И мило ми е што го нема овој претходниот.
    Но како понатака,како веќе да се изборам со самата себеси,со оваа личност внатре..
    Ми треба помош,помош од него,а богами помош и од другите.
    Само таа среќа што ја добивам во преголеми колични и таа љубов ќе ме спасат.
    Го знам тоа ... многу добро го знам ...
     
    На julie77, Mama25, Desert.Rose и 8 други им се допаѓа ова.
  2. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Го знаете тоа-Умрело дете за баничка?
    Епа јас сум-Умрело дете за леб и маргарин :D
     
    На Lella, LittlePinky, Mermaid90 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Кога подобро ќе размислам, сфаќам колку многу сум се променила.
    Порано, не можев да издржам ни најмал пораз и за секоја ситница ронев солзи.
    Сега, фала му на Бога, сум многу посилна.
    Најверојатно, ова се должи на сите порази кои досега сум ги доживеала.
    Некои со солзи, некои без. Но, ги имаше многу.
    Од грешките се учи, нели?
    Јас, научив и повеќе од доволно.
    Некои од нив сеуште ги повторувам, но овој пат постапувам поинаку.
    Да ми се случеа порано некои од работите што сега ми се случуваат, најверојатно ќе го достигнев дното. Ќе се уништев.
    Само јас и никој друг.

    Сега, веќе се навикнав и сето тоа го поднесувам стоечки.
    А и солзи веќе немам. Извор да беше ќе пресушеше.
    Не дозволувам небитни работи да влијаат на мене, моето расположение и здравје.
    Од толку што се замарав порано, сега веќе се` ми е сеедно, бидејќи кога тогаш ќе сфатам дека сум ги изгубила најубавите години од животот во солзи и нервози за некој кој кур не го боли за мене.
    И ќе ми биде криво.

    Има толку убави работи кои би не исполниле и толку многу луѓе кои би дале се` за да бидеме среќни, а ние губиме време со луѓе кои не вредат ништо.
     
    На lana.del-rey, anggell, LittlePinky и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.088
    Допаѓања:
    179.221
    Пол:
    Женски
    Добро утро феминки :)
    Ме немаше некое време, можеби сте ме забораиле...

    Почнав ново поглавје во животов.
    Решив се што можеше да се реши, остаив зад себе се, на кое не му е местото во мојата сегашност.
    Кошмарите веќе ги нема. Веќе некое време мирно спијам.
    И среќна сум. Не целото време...ама сум. :)

    Некои работи сеуште ми недостасуваат. Веројатно научив да живеам и со тоа.
    Сфатив дека апсолутно џабе се трудиш околу некои луѓе, тие секако нема да видат ништо подалеку од носот. ..а тој...тој е приказна сама по себе...

    Поздрав :)
     
    На Trnche, Rubiii, kala21 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Од толку машки, од толку прекрасни машки таа го избра него.
    Никој не знае што беше толку посебно во него..
    Можеби беа неговите очи, глас, не е битно.
    Тој го имаше тоа нешто посебно..
    Беше посебен на едноставен начин.
    А таа, таа беше секој ден по заљубена.
    Само со него во мислите и во срцето.
    Го сакаше, а тој беше ладен, нешто што не му доликува.
    Сега таа продолжи напред, а тој, тој тек сега сфати што изгубил..
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, lana.del-rey, LittlePinky и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Знаете што е најтешко?
    Кога човек кој со години не мрднал подалеку од своето родно место и не видел ништо во животот, се преселува во поголем град, поради работа.
    И тогаш кај него се јавува чувство дека цел живот припаѓал таму, дека тоа е животот што го заслужува и постанува друг човек. Човек кој не го познаваш.
    Човек кој плука по родното место и се` поврзано со него.
    Човек кој заборава каде поминал дел од својот живот, а што е уште потрагично, поради големиот број на нови познанства, ги заборава луѓето кои цел живот биле со него и пробува на секаков можен начин да прекине комуникација со нив, без никаква причина. Бидејќи нели, не се дружи со секој.
    Па нова средина, ново друштво и поголемо его.
    Гордоста до в небо.
    И тогаш кај него се истакнува тоа сељачкото, што го носел во себе цел живот.
    Ваквите луѓе и на крај на светов да појдат ќе си останат такви какви што се.
    Не ги менува ни средината во која живеат, ни луѓето со кои се дружат.

    Е од вакви ми иде да си скокнам од повисоко, ама како што сум малер ќе преживеам.

    Тешко је кад се сељак покондури.
     
    На Monna.Monna, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  8. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Ние молчиме,а погледите ни зборуваат :inlove: .
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    :)
     

    Прикачени фајлови:

  10. Mrs.Carter

    Mrs.Carter Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    http://www.motika.com.mk/index.php?...amp;catid=8:2011-03-26-19-23-19&Itemid=23
    ...вакви моменти во животот на еден човек има многу малку ...и замислете, го имате сето право на овој свет токму Вие , само Вие и никој друг , да го направите тој Ваш момент поголем...НЕЗАБОРАВЕН ...со големи или мали ситни нешта кои би го збогатиле сеќавањето на тој момент... во било која смисла ...и .коклу повеќе го ,,зачините,, толку сеќавањата на тој момент ќе бидат поголеми ... побогати... со многу нешта... кои верувајте кога во животот ќе се раздуваат и други ветришта , СЕКОГАШ ... ама баш секогаш...повторно ја враќаат магијата
    Епа МОМЧЕ , КОЈ И ДА СИ ... СЕКОЈА ЧЕСТ , ЈА СИМНУВАМ КАПАТА... БЛАГОДАРЕНИЕ на ТЕБЕ, бидејќи ТИ и никој друг го ,,зачини,, ВАШИОТ ЖИВОТ со нешто магично кое ќе Ве следи ДОДЕКА ВЕ ИМА. ...НЕКА ВИ Е СО СРЕЌА :inlove:
     
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Колку е убаво кога наместо погрдни зборови меѓу себе си разменуваме комплименти. :inlove:
    Денеска со една другарка со која што пред неколку години многу се дружевме, но ете сплет на околности се раскаравме, денеска си делевме комплименти една на друга. :rofl:
    И многу поубаво се чуствувам за разлика од пред 3 години кога се испокравме, исповреѓавме и испотепавме, иако јас немав никаква физичка последица. :angel: :$ :D
    Е така. :D
     
    На SparkyAngel, lana.del-rey, BlackMistery и 5 други им се допаѓа ова.
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.501
    Допаѓања:
    23.112
    Пол:
    Женски
    Овој викенд главно ми помина во пакување :) Да го спремам брат ми со торбицата, потоа и мајка ми со нејзиниот куфер... И сабајлево ги испратив и двајцата на пат - брат ми во Скопје, а мајка ми во Австрија. И еве сега сосем сама си седам дома, и тешко ми е некако да ви кажам. Не ги сакам разделбите, макар и да се за убава причина, како што е случајот со моите сега. Ама и таа заслужи да се прошета, да се одмори малку од сите домашни обврски, да се видат со татко ми :)

    Ако некој има вкусен ручек, слободно нека ме повика - секако не знам да готвам јас речиси ништо :$
     
    На Yowannty, Doozy, kikav и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Свиткан тутун и Тофајфи.
    Црвена јабука и носталгија кон тој град.
    Нова, долго очекувана промена и тоа таму, кај него. Тргнав да ги избришам трагите, а оставам нови.
    Прва си ти! Платонска си! А боли, јеботе. Боли ко појава.
    Дома им наговестувам нешто. Некој ќе прави бељи, некој ќе бега. :angel:
    Се гледаме, во ново руво.
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Ние жените сме навистина необични ствоерења,кога некој ќе не праша како сме,нашиот одговор секогаш е-добро. Или во најлошиот случај -малку уморно,ама не е ништо страшно :wasntme:
    Недај Боже на друга жена да и ги откриеме своите слабости...Поголем критичар од друга жена сме си једино ние самите,затоа што само ние знаеме колку високо си го поставуваме скалилото и колку пати само сакаќи го рушиме. Или пак сами се рушиме од преголема исцрпеност оддкога сме успеале успешно да се качиме.

    Скалилото е највеќе подигнато тогаш кога ќе станеме мајки,кога сите од нас очекуваат по дифолт,дека све знаеме и можеме. Додека бев бремена настојував што подобро да се припремам психички и физички за првите денови со моето најмило. Ја знаев скоро цела теорија напамет и одвај чека да ја преторам во пракса. И бев толку среќна кога моето мало дојде на свет живо и здраво и се чекаше моментот кога ќе почнам да ја играм улогата на Супер Мама.

    "Упатства за употреба" беа едноставни: да се дои по желба, менување на пелени по потреба, здраво да се хранам и за кој ден-два сеќе биде ок :) Освен ако...како во мојов случај не почне да е боли раната во исто време ве чеша во пределот кај конците. Наредните дав-три дена ви е мака од вртење де на една па на друга страна додека као спиете, а уше поистраматизирано додека седите и стоите. Од кога тоа ќе го пебродите,ситуацијата сеуште не е вратена во првобитна сосостојба уште најмалку 6 месеци. А кога докторот ви тврди дека се се супер,е тогаш кога ќе побарате второ мислење она ви утврдува фактот дека проблемот е вашата глава и заради тоа многу бракови се распаѓаат. Е тогаш ви доаѓа да и влепите една наопачки,но се воздржувате,зошто таа сепак е една угледна докторка а и вие сте толку исцрпени и физички и психички да би мавтале таму па нечија ординација. Треба да се штеди снагата за носење на малиот зошто и не е баш така лесен ...

    Што уште може да тргне наопачки? Па... Се. Секогаш ко за беља се наоѓа некој дежурен душебрижник со совети од типот "треба да престане да цица па доста му е" , или "не доиш??? Страшно!!! " или "преслаба си, ужас!" или "предебела си , ужас!" Сакајќи или не ти се всадува црвот на сомнежот. А тој црв опако момче ровари по твојот мозок во се она во што не сте сигурни. И нормално, се прашувате потајно каква сте вие тоа мајка кога ви е тешко да го носите малиот расплакан, кога млекото неможе бас секој пат да го утеши и успие ,кога немате снага да му ја испеглате гардеробата и да зготвите ручек,кога на крајот од денос се осеќате како исцедена стара крпетина...

    По некој ден вуцарање, доаѓа ден кога све заедно ќе ти допизди,па се средуваш од глава до пети и излегуваш фамилијарно со својата мала фамилија у "шема", за сите да видат како е кај вас све идеално ко сцена од филм. И на сите и кажувате како сте супер,како мајчинството е лудница и како уживате во секоја секунда. Ги посматрате своите расчупани познанички,со подочњак до земја како љубоморно ве гледаат... Нормано дека ве мразат,что друго. Такви сме ние жените,нажалост!
    A како би било да не е така? Еве ќе ви признаам куцкам расчупана, во развлечена и удобна стара маица,додека мечека куп алишта за перење и уште еден куп за пеглање (или реално за редење во шифоњер), додекеа мали растура што ќе му падне под рака (сега е у фаза на проодување и растење на 3 заб) . Големото мое чудовиште ми е у градинка кај и да е ќе пристигне.
    Ручекот за денес е склепан успат,колачите беа у план али се откажаа затоа што едностано неможев да постигнам. Изгледам помалку застрашувачки и се осеќам одприлика исто така, али не жалам позади мене е поминат убав викенд исполнет со многу гушкања и смешки и баш ме брига за се друго.
    И се надевам дека заради долгит пост ниедна мајка нема да ме мрзи,и нема да има грижа на совест. Затоа што знам дека тука има повеќе расчупани отколку совршени? Совршено што е тоа?

    што се десило со форумов,детска градинка ли е или FEMINA? Со исклучок на некои членки кои се вредни за читање. Да се разбереме немам ништо против децава ама во секоја тема саде тие се активни фали учте и советници во Брачни неверста да станат :o Луѓе форумов замре,не ми се ни отвра веќе.
     
    На Antoninaaa, Doozy, Sexybaby86 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Колку ми е мило што им паднаа маските на некои ''фини,и добри личности''значи немам ни потреба да се замарам со нив сами си се издадоа :rofl: :rofl: .шта речи а не заплакати :lol:
     
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.719
    Пол:
    Женски
    Треба да се прокади форумов со темјан .
    Го запоседнале зли сили .
    [​IMG]
     
    На mal.ecka, Doozy, lana.del-rey и 2 други им се допаѓа ова.
  17. NineTailedFox

    NineTailedFox Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    157
    Ми се јаде сладолед :*
     
    На Elennaa и vitomir им се допаѓа ова.
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Наместо да им го гледаме минатото, можеме да им бидеме иднината. ;)
     
    На Barbie20 и kikav им се допаѓа ова.
  19. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.968
    Не знаев дека малоумниве луѓе уште постојат, не дека мислев ги нема малоумните, ама тие што се крајно малоумни мислев се изретчиле, кога они.. се размножиле! :swear:
     
  20. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Сакам да се пофалам,конечно дипломирав. :bow:
    Па како што е редот да ве почастам и да си посакам на себе си да си најдам убава работа.Скромно нели? :)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На happygirl, LittleChili, summer-lover и 23 други им се допаѓа ова.