Таман си станал полнолетен, дошло време за нова лична карта. Не можам да се свестам кога поминаа овие пет години... Летнаа! Во меѓувреме ми истекол и пасошот, па еве сега носталгично си го разгледувам и се потсетувам на патувањата. Со надеж дека здравје новиот ќе го испишам со уште поубави дестинации. Си ги анализирам сликите на сите лични документи и визи и можам да заклучам дека најмногу личам на себе на возачката и визата за Австрија. Па еве сега гледам како сум се наместила, колку и каква шминка сум имала, каква фризура, за да знам како да се спастрам за новите сликања. Некој да ми ги спореди документиве, веројатно ќе помисли дека е различна личност во прашање Туку, дојдов до заклучок дека и најмалите промени во куќава позитивно ми влијаат. Ходникот ни е а ла стаклена градина со сите можни видови растенија, па вчера додека чистев малку ги разместив и им го сменив распоредот. Доаѓам денес од факултет и веднаш ме фати некое чувство дека имам нешто ново дома. Одвреме навреме си правам такви промени во распоредот. Ефектот е ист како да сте се подновиле со нешто, а истовремено не сте потрошиле ни денар
Искрено вакви постови тоооолку многу ме радуваат исто како јас да сум дипломирала, ама ми остана уште малку.Едвај чекам и јас да го напишам овој пост исто тако тебе и сличните бравосссс!!
Колку убав ден Денес по техничко правевме оригами цветови и се сетив во 1-2 одд. кога бевме заедно со поранешната наставничка кога ни покажуваше како се прават и сите ја слушаат само јас си бев убедена дека може на мојот начин да се направат, демек тоа ќе бил нов начин ќе се викал по моето име. Кога ја гледам сестра ми се потсетувам на мене кога бев мала и јас бев инает како неа кога нешто ќе ми влезеше во глава, никој не можеше против мене. Па и за роденден ни порачува да и купиме замок за кукли но голем да може и нејзин да биде. А да, се скарав и со класната демек на 24 ден на розата било па да сме направиле цвеќиња ајде ок тоа, но требало денеска најмалку 5 секој да направил а ние по едно и се дереше, па до 24 цела армија цвеќиња ќе се направат. PS. Одам да го завршам 2то цвеќе и до 24 ќе успеам цела армија
Чувството кога се трудите да бидете блиску до успех,а таа скала што ве дели од можноста е лизгава за вас е исто како да гледате висококатница и да посакате да го скинете цветот на последниот балкон
Со сите сили се борев да зачувам едно пријателство, веќе со месеци, но не ми успеа. Се осеќам глупаво, никаде не згрешив, а треба да трпам. Во ред е, ќе и текне и на таа личност дека би и било подобро да ме има во животот како некогаш. Трпение-спасение. Кругот се врти сепак...
Претурав по старите работи, па си најдов кутија над плакарот што сум ја заборавила неколку години таму, куп прашина на неа.. а и на спомените закопани во неа. Отворив и најдов еден куп детски сништа и желби кои веројатно никогаш нема да се остварат. Потоа го кренав душекот и го извлеков сегашниот дневник испишан со омраза и болка. Неверување на секоја втора страна, негодување. И она што најмногу ме погоди беше што не најдов ниту една позитивна мисла, ниту една желба.. Зарем е можно човек да живее без надеж за подобро утре? Што го движи тој човек низ животот? Што го тера да стане наутро.. или пак како успева да заспие дури откако ке излезе сонцето од зад хоризонтот? А за да излезе треба прво хоризонт да постои.. Бесмислици.. кои значат повеќе и од најлогичната реченица некогаш составена. Не ни очекувам да бидам разбрана.. и не разбирам зошто оваа тага стана толку популарна меѓу луѓево? Зарем мислите дека тагата ќе ве направи подлабоки личности? Да, подлабоки.. но истовремено и попразни. Не ја форсирајте само поради недостаток од внимание, како крлеж е.. еднаш кога ке ја закачиш, тешко е да се ослободиш од неа. Бидете оптимисти, затоа што реалистите се еднакви на песимистите. Оптимизмот ја задржува надежта која е толку проклето потребна во ова време на очај и беспомошност. Го затворив дневникот, без да свртам нова страна.. се што оставив на него беа неколку солзи плус.
Си ги симнав сите сезони од Два ипол мажи, сега уживам и пливам на суво. Почна да ме загрижува, тоа што ништо не ме загрижува. Сум станала ептен неодговорна, мрза светска. Неподвижна амеба, ништожен, мрзоволен створ, рамнодушна влечуга. Не се поднесувам. Ама од друга страна, па убаво ми е вака. Што. Чукни во дрво. Чукни трипати.
Толку сум лута, гневна, бесна, тажна, изреволтирана на животот! Зошто бе, само сакам одговори кои како и секогаш, ама баш никогаш не ги добивам. ЗОШТО?! Не ми се живее, не и не. Толку гнасни луѓе немам запознаено во животот. Има ли некој кој е добар во овој свет? Сакам среќа, сакам работа, сакам љубов... Луѓе верувајте не можам да бидам среќна ако личноста која најмногу ја сакам во животот е тажна,а не можам никако да помогнам. Дали премногу барам? Да си цел живот добар, а со лошо да ти се враќа, можно е? Овие солзи најмногу ги мразам, солзи полни со тага, гнев и очај. Денеска сите ми се виновни. А, јас? -Јас сакам само да избегам некаде далеку, далеку од се и од сите. Никого не ми треба денес, ни утре, ни друг ден. Еден ден да ти биде среќен, друг тажен. Тоа е животов мој... Ќе се запрашам дали постои среќа на денешницава или се е вештачка глума? Не сакам совршен живот, сакам НОРМАЛЕН. Олку нервозна никогаш не сум била. Не знам како се собра оваа негативна енергија во мене. Се надевам дека еден ден се ќе се среди, ако постои тој ден... Иако остана уште 1% надеж во мене, се надевам дека ќе е доволна. Веќе имам главоболка од многу грижи.
Борби. Борби помеѓу разумот и срцето. Борби помеѓу тоа што знаеш и тоа што осеќаш. Цел живот ни е борби. Се бориме за подобро утре, за правда, за поголеми оценки итн.. Животот ни е сведен на борби. А не треба така. Само е потребно да се сакаме и чуваме. Се друго е пролазно. Среќата е пролазна, несреќата исто така. А последиците ни се трајни, оставаат лузни по срцето а во некој случај и по цело тело. Ги мразам тие лузни. Без нив, се би било полесно. Лошо се чувствувам во присуство на некој кој е причина за сите мои невидливи лузни. Еден ден сакам да и вратам, да останеме рамномерно. Тоа ми е потребно. А сакам да ги задоволам моите потреби. Тогаш ќе сум среќна, бидејќи мразам кога треба да остане долг. Мразам долгови, одмаздата е решението. А најголема одмазда, т.е одмазда што најмногу боли е заборавот.
Шта речи, а не заплакати Не знам од кај да почнам, а ни како да завршам. Имам 1000 работи да кажам, а не знам како. Многу работи се случија во меѓувреме, многу промени, големи промени... По малку дури и страв ме фаќа. Најбитно е дека сега имаме ново бебе во потесното друштво, мојата најдобра другарка вчера се породи Горда е, горда сум и јас на неа, горда сум на тие малечки сини очиња што збунето гледаат наоколу, на тоа малечко усте што везден се смее Прееска бев да го видам и... Луѓе, преслатко е, тоа е едно толку минијатурно бебенце со бела косичка и светол тен и очи, толку нежно и кревко, со главче помало од мојата мала дланка... Не можам да го опишам чувството како е да се држи во раце едно толку минијатурно суштество, не можев солзиве да ги сопрам... А тек па којзнае како е тоа мало суштество да е твое, да си го родила ти и да знаеш дека само од тебе зависи Се разнежнив, и колку и досега да го велев спротивното, сепак ќе признаам дека посакувам и јас едно мое... Во не толку далечна иднина Плановите за нашиот иден дом полека се реализираат и едвај чекам да биде се' готово. Ќе биде прекрасно, го градиме полека, малку по малку, со срце, по наш мерак. А тој решил и да ми ја исполни најголемата желба поврзана со нашето заедничко катче Како да ви кажам, убавината не e ни во парите, ни во имањето добра работа, ни во новиот пар чевли или новата чанта. Убавината е во малите нешта, се додека ги правите со луѓето што ги сакате, како на пример да издвоите момент со саканиот и заедно да го испиете утринското кафе пред работа, или попладневната дремка на неговите гради, или која мајка ви ќе ви посака да имате убав ден Многу сум емотивна, ќе ми простите, ама оправдано ми е. Возбудена сум, overwhelmed што би се рекло Полудена сум, очиве нон стоп ми се насолзени, а не знам ни точно зошто. Ми се плаче, а насмеана сум од уво до уво Од среќа е де, не од нешто друго
сдк... Денес првпат донирав за повредено кученце на кое ноџињата му беа смачкани скроз од нечија кола( ) и сум преееесреееееќнааа ,не можам да ви опишам колку.Не можам да опишам како се чувствувам и колку ми е криво што до сега не сум можела тоа да го направам . Не беа многу пари ама знам дека ќе и значат на таа душа многу многу многу повеќе отколку на мене. Пријатна вечер
Завеа снег ко гром од ведро небо, кога веќе сите чекавме да дојдат птиците од југ и почнавме да ги буткаме монтките и капутите подлабоко во плакарот, се појави овој снег... Така од возбуда за сликањето за табло денсе, доцни такси, бавна фризерка, непогодена фарба,коњ од фотограф... ми се собра се и заборавив да одам да го земам лебот од продавничката па нели ми остава чичкото секој ден тргнав во 19:35 да си купам леб , нормално вратена од сликање изнервирана од фотографот и нефотогеничноста, немав ама никаква желба да се погледнам во огледало пред да излезам до продавница... И така облечена во угг чизмички, доволно широки тренерки за да ги покријат 3те пара пижами кои одоздола ги носев , нагоре пижама и елек од оние крзените, а врз сето тоа монтката од трето одд и шминка- размачкани кет ајс ... мислам замислете ми го само стајлингот и намуртената фаца со размачкана шминка... Е во сета оваа ситуација како што се појави снегов од ведро небо така и тој... Мораше баш ваква да се сретнам со него еј замислете, во земја пропаднав кога го видов, ма какво пропаѓање во земја, и тоа ќе беше подобро од фактот што ме виде во такво издање
Ок универзум, сфатив. Дај олајбај ме сега, ок? Хектичен период со многу школо. Може ли малце да си гувеам ете така? Не? Добро. Туку, ја љубам другарка ми. Ок, позз... И ги прогласувам за најбоље оние дечки кои лоу профајл честитаат роденден строго во инбокс на фб, па ти се јавуваат, па дури и пораче имаат. Јавно, од женските не смеат, а женските истакнато велат - јас не сум љубоморна, ниту една не може да ме замени. Одете бре!
Отворив Активни теми и ми се прочита: „Предизвик за наголемите пиромани“ И останав вака во таа секундата додека сфатив дека мозоков си игра со мене. Очигледно ми требаат повеќе саати спиење
Многу луѓе треба да намалат тон а да зголемат осет!!! И малце акција бе нема да е на одмет! Ај да се збереме сите и на фејс да ја шеруваме сликата за тоа како се мизерува во студентските домови во МК и при тоа да ццкаме само! Не знаеш што е помизерно...