Vremevo od sabajle do sega se smeni sto pati.. okej e so e poremeteno ama neka ne ne remeti i nas..u sekoj slucaj GOOD DAY PEOPLE NA SITE
Денешното утро ми почна со телефонски повик проследен со една радосна вест, споделена среќа која ми рашири насмевка на лицето за цел ден. За првпат станав тетка, семејството ни се збогати за едно мало душиче кое го донесе на свет мојата најдрага братучетка. Нека е живо, здраво и среќно цел живот, само гордост и радости да им носи на своите родители!
Сабајле станав т.е. ме разбудија уште во 7 по телефон и денот ми почна со дерење и кавги уште рано-рано. Ама еве ме, си уживам сега. Во комшии група има генерална проба за свирката вечер изгледа, па се изнаслушав музика по мој вкус, мераци. Испрчена на тераса, на нишалка, кафето, лаптопот и уживанција. Имајте убав ден
I jas da si kazam deka denes bas sum so ful energija I toa pozitivna Od koga se nemam vaka cuvstvuvano luge zlatni Ne pamtam.. Super sum, taka I se cuvstvuvam a ne samo da kazuvam Ve sakam site bee, site ve sakam. I tie so me sakate I tie so ne me sakate, ejj vie sto ne me sakate, posebno vas ve sakam @Someonespecial Da e zdravo I zivo bebeto I ubavo ko tebe
Ако нешто нajмногу мразам е гужва пред шалтер и луге што се пикаат преку ред. Три саати изгубив за еден извод. Аj што беше спор тоj на шалтер, туку тие што се пикаат им се брзало. И мене ми се брза па чекам ред. Секогаш било гужва ама се надевав дека барем денес нешто помалку луге ке има. Да не спомнувам дека жива вода се направив дури завршив работа. Друго што ми било чудно од секогаш. Се почесто се срекавам со млади луге кои не си ги знаат годините на раганjе на своите родители. За мене тоа е несфатливо или jас секогаш сум памтела датуми и броjки.
Спојлер: Ништо паметно Не разбрав и да имам уште 100 живота нема да разберам која е сатисфакцијата што ја постигнуваат луѓево наводни пријателки со тоа што ќе се изебат со дечко на пријателка и што сатисфкација има тој дечко што цела љубов и радост што си му ја подарил и што си се трудел да го направиш среќен уништува се за едно ебење со твоја колешка.
Изгледа лошо искуство си имала не се труди да разбереш сатисфакцијата е добро е*ење кое мисли дека ќе го има колешкати а тој како машко отишол со мисла а зашто би пропуштил кога ми се нуди и не те сватил сериозно (опмрсил мустак и кај тебе и со сливка на колешкати)
Сакам да си најдам пристојна и стабила работа. Сакам да се оженам. Да имам деца и да си ги бацувам секој ден.
Не ми е потребно ниту друштво ,ниту повод за чаша убаво бело вино Добра музика , голема чаша со ладно вино ми е најубавата релаксација во било кој момент од денот секако без претерување На здравје
Ден исполнет со активности е еднакво на два дена... Оваа недела ја планирам да ми помине така... Што требало да започнам, започнувам, а што да завршам ќе завршам!
Ете,си помина уште еден турбо викенд,свадбарски расположени . Две свадби од втори братучеди. Јас лично и не сум баш по свадбите,по народното не сум баш,па средување и двоумење околу облека,едно друго...Ама,како што напоменав во еден претходен пост,омилен дел од свадбите ми е првиот танц на младите ...иии тортата де. (лакома сум по благо ).Повторно како и на повеќето свадби солзи на очи ми надојдоа од среќа кога ги видов зетот и невестата како играат заедно. Па и супер избор на песни имаа и двата пара,уживав додека слушав. Секој ден на сите да им е вака весел,исполнет со музика и милион искрени насмевки. Туку,имав конечно прилика да ги видам мајка и татко ми како играат валцер. Обично татко ми ретко игра на свадба,за валцер воопшто и да не зборувам,вели дека не сака такви работи,аааама вчера како беа развеселeни тој и мајка ми,машала. А денес ,еве пред малку се врати од работа,и и' донесе ружа на мајка ми .Сакам секој ден онака да ги гледам,распеани,насмеани и разиграни. Вујко ми,па,и тој понесен од музиката и таа весела атмосфера,малце и од винцето, седи,му дојдоа солзи на очи и ми вели: ,,Анабел,за твојата свадба,здравје дa сум жив и здрав, топови ќе пукаат, ти си моја душа и гордост! " Ете толку е голема љубовта на еден вујко кон внуците! Прва внука сум му,многу е приврзан за мене и ме сака како да сум негово дете.Човекот го обожавам,секогаш кога ми требала некаква помош од него тој бил тука.
Мешањето на луѓето во туѓи животи, колку подла и одвратна работа... Оставете ги луѓето да си ги живеат животите, нивни грешки, нивни одлуки, нивен живот, вие немате право да коментирате отстрана кога не знаете како е во нивна кожа. Без разлика дали се работи за славни личности, блиски „пријатели“ или некој чии мислења, ставови и постапки ви се тотално нелогични. Никој не ви дава за право да судите, како што и никој не може вас да ви суди. Секој што си прави, си прави за него. Не знам зошто упорно сакате да им ги смените мислењата на луѓето и да ги убедувате да променат некои одлуки. Како беше: Молчењето е злато. Не зборувајте ако некој не ве праша за мислење. Убава, стара поговорка вели: Пред да го вадиш трнот од окото на другиот, извади го тој од твоето око.
Сонце исполнето со благи хоризонтални зраци кои ѕиркаат низ дрвените шуплини од прозорецот, споени и исполнети со благ студен и свеж ветер. Чуството на свежата и темната соба проследена со жолто светли зраци кои вешто дизајнерски се простираа низ белиот простор исполнувајки го моето срце со милина и свежа емоција. Непроценливи чуства и емоции проследени од благите и есенски температури... Се занесов во градината, пчелите и цвеќињата... Интересен и занимлив спој на колоритни бои и свеж мирис, убава и исполнета глетка за хармонијата помеѓу ветерот и цвеќињата, нивната мелодија и исведен танц кои галеејки се си ги доживуваат последните денови од овагодинешниот летен период.
Цитатов има поента, со една мала замерка. Што не важи за нашата богу иза леџа државичка. Затоа Френк брате, у следечи живот кога оставаш вака срцепарателни пораки кажи дека не се за македонштинава клета, да не се лаже народ.
Ве молам кажете ми дека не сум единствена која освен што си наоѓа симпатии во книги, филмови и серии, си наоѓа и во видео игри !? Да, моментално имам нова симпатија и е од видео игра. Cheers to me.
Не искина она никого, самата се искина пред цел свет. Ќе кажеш неком да не јаде, и пази ќе те послуша. Ако кажеш на некој слаб да ги покрие ребрата зошто ти бодат очи, ќе ги скрие? Не. Никој нема право никому да наредува на луѓе што да прават. Особено не вакви однесени без грам интелигенција. Али што си бараше, си доби, со утре нема да памтиме ни како се викала и ќе си се вратиме на нашите животи ко да не ни била.
Глуп ПМС. Се скарав со другар ми, и уште истиот момент ми се идеше да го гушнам од што ми стана жал. Менувам расположение и емоции од секунда во секунда. Се тешам, ќе помине уште малку... барем за овој месец. @Someonespecial , честитки за новиот член во семејството. Да биде жив и здрав бебушот Ви посакувам убава вечер на сите
Ајде де. Па нашла да коментира за тело некоја којашто не успеала прописно да се погрижи за нејзиното. Баба ми да се распафта со рацете сега како нејзе, помалку висулци ќе видам. Да се стегнеше малку, да повежбаше малку... бидејќи да си слаб не е доволно за да имаш убаво тело, а ни таа не ми е некој пример за гладување. Не знам што досетливо направила дотичнава, освен што покажа дека не ја надминала фазата на high school bullies, a тоа, ниту една диета не може да и` го среди.