Жално е тоа што човековата висина почна да се мери со вакви апсурдни, крајно алтруистички и летаргични хирови кои единствено служат за ничие билдање его. Сепак прстот не треба да биде вперен во Никол. Никол е само производ на општествената креатура чија задача и е да ствара фабрички амбалажи. Пожално од горе споменатото, е што некои душебрижници се полнат со тоа што те навредиле што ти рекле дека изгледаш како свиња пред клање, иако дома се фукаат со таблети, опсесивно вежбаат, и целиот свој живот фактички го сведуваат на изгладнување од страв да не качат некој килограм заради лепота. Така да комплексите и фрустациите во повисоки размери не произлегуваат од дебелината, туку се општествено наметнати од стравот да не почнат да те лејбрираат. Така да согласувам со репликата на ова видео од девојката погоре - - ''Aко некој ти рекол дека изгледаш одвратно и дебело, а ти си се навредил тогаш заслужуваш да патиш''. А дека критики увек има и ќе ги има си стои, но само од тебе зависи колку ќе им отвориш простор да те срушат. Башка што евалуацијата според внатрешен квалитет е далек поим за овие простори. Особено за психички сјебаните копуци на кои од дома им фурале филм ''Сребран не си ти циган, ром си''. За крај дека дебелината не е океј, не е. Џаба се тешиме, пошто дефакто не е. Али, пристапот е погрешен. Бидејќи повеќето денес фураат слабоќа од естетски причини, а не здравствени.
Свежа убава вечер, јас филм гледам, мачето до мене преди, ме опушта, но се чуствував празно, ми фали нешто, ми фали прегратка
Полова дискриминација левел Балкан Некој си решил да му прави веридба на синот. Ја поканил првата сестра да дојде со мажот, синот и снаата...ја поканил и втората сестра да дојде со мажот, синовите и снаите....ја поканил и третата сестра да дојде сама, а зошто сама? Зошто е вдовица и има 2 ќерки мажени (во истиот град, значи не се Америка), па знаете тие сега се кај мажите и имаат нова фамилија, а фамилијата по мајка им не постои повеќе. Кога ќе се омажиш автоматски немаш повеќе вујко, тетки и чичко т.е. имаш ама само по мажот...а крвно поврзани твои немаш But why??? p.s Прееска решила баба ми да дојде, ни носи нешто за јадење со кашкавал и печурки....и вика: Абе јас сакав да земам бурек ама си мислев да не сте на диета, на вас младиве сегa ништо не ви се знае............nice try old lady.............речи пензијата ти се потрошила....и фала за навредата
Ме гледа стрина ми како го јадам десетиот оброк за денес и ме прашува како можам толку слатко и со апетит да јадам ,многу пати на ден,а не сум дебела.Која ми била тајната на тоа. Ова е инаку прашањето што ми го поставиле многу луѓе до сега. Дури некој не ни верувале, туку си мислат дека јадам, но се тепам од вежбање. А јас пак, има и со денови некогаш, не вежбам, но го практикувам тоа колку можам, за кондиција и добро здравје. А за јадењето одговорот не го знам. Битно многу сум среќна поради тоа, премногу! Грев би било ваков гурман како мене да се стиска и не јаде. Грев!
Би сакала да сум птица, па да одлетам некаде далеку од целиов хаос и суровост,да го напуштам животниот стрес и без размислување да шетам и шетам некаде далеку од се и сите. Секогаш сум спремна за нови прдизвици и поразличен живот, во секој момент би ги спакувала куферите и би заминала било каде на било каков начин, моментот на еуфорија и возбуда секогаш е тука и постои, со мене е е авантурата и духот. Обожавам да шетам и да живеам турбулентно, секој предизвик нова среќа, секое лошо за добро, секој копнеж нова приказна. Имајте пријатна вечер и убави сништа, секогаш борете се за она што мечтаете во себе, ако се сака се се може.
Оној кој вели дека не му треба партнер или лаже или никогаш не почувствувал љубов. Не им верувам на таквите луѓе. Убавината да се потпреш на некого, да споделиш убаво и лошо, да потонеш во нечии прегратки, очи, зборови... И еве го напнувам другар ми цела вечер што ми фали по ѓаволите? А тој ми вели: Марина престани да мислиш дека нешто ти фали, само налетуваш на погрешни момци. Луѓево мислат дека постојано се смејам. Не ми е јасно како, не сум забележала дека го правам тоа. Можеби затоа некои не ме сфаќаат сериозно кога сум лута, нервозна и се карам.
Избришете ја датата на раѓање од facebook. Вистинските пријатели и блиските роднини сигурно ја памтат датата и каде и да се и каде и да сте ке најдат време барем за една честитка и да ви го направат денот поубав. Ако не добиете честитка од некој што го сметате за пријател слобосно преместете го во групата на познаници но не и пријатели, тој само ви се умилкувал во случај да не му затребате или само имал некоја корист од вас.
Сите сакаат да си одат од државава, сите се гневни и бесни на Владата или не знам на кого, сите од нешто незадоволни сите се жалат дека земаат мали плати и немаат пари... И на крај кога ќе дојде некој празник истите тие се најголеми патриоти со знамиња по сите социјални мрежи,поздрави и честитки,горди Македонци. Што глумите лудило навистина не знам Јас јавно признавам не сум патриот,сакам да си одам па ако сакате бесете ме...(по можност блиску до Аце или скалите)... За малку ќе ги заборавев оние "патриоти" што од многу љубов заминале во странство,па од таму носталгични поздрави,честитки,колку ми недостига мојата мила и драга Македонија...не можам солзи ми потекоа(се прашувам само дали за нив или за нас што остануваме тука)...
Среќен роденден мамо! Цел ден те прашувам зошто не си расположена. Некако си замислена, тажна.. А знаеш дека многу сакам кога сме собрани сите по повод роденден. Среќни, насмеани, навраќање моменти од минатото.. некако ме опушта, заборавам на стресовите и работата. Ама само едно место останува празно секогаш на овој ден. Да беше и ти тука со нас дедо. Да можеше да се напиеме по една жолта, да се радуваше и да ги видеше сите наши успеси досега постигнати. Се надевам дека си со нас постојано и се гордееш. Ми фалиш.. посакувами барем уште еднаш да ми побараше чашка за ракија, да ме погалиш по коса и да ме гушнеш. Само уште еднаш.
Имаме еден куфер дома, со еден куп стари слики, документи и што не во него. Спомени од младоста на баба ми и дедо ми. Барав една слика во него од мајка ми, кога била малечка ми требаше за нешто и баба ко баба, дојде да ми помогне. За секоја од сликите ми кажа по нешто. Уживав дур ја слушав. Ама имаше една, дедо ми кога бил војска, пред 50 години со посвета назад. Служел војска 3 години, во Србија некаде, незнам. Пишуваше дека ја сака и дека ветува дека ќе се врати и заедно ќе го поминат остатокот од животот. Душичка моја, гледаше во неа 5 минути молчејќи, со очи полни љубов. Ја скри во џебот и ме остави сама да си ја најдам сликата што сум ја барала. Замина да му ја покаже неговата, со посветата.
Мислам дека е редно време апостол Мијалко овај Михајло да отворит една тема само за мене и @Kukla994 оти крајот во бан ни се гледат.
...шо има ново, има многу ново. Среќно верена, не баш тазе, во фаза на реновирање на НАШАТА дома. Да, со истиот што го хејтав овде за секој проблем, за што ви се исповедував и замарав, епа ете се исплатија нервозите. Ќе почнам некаде Јануари да замарам во темите за свадба, па после и планирање деца итн. Шо да ви кажам, среќна, пресреќна сум.
сдк ...кога некој ке побара совет од вас утешете колку и да е тешка ситуацијата ,колку и да го осудувате тоа нешто кажете некој убав збор,за тоа сме тука да си помагаме ,зошто ако на некој му се случила некаква ситуација може и тебе да те снајде истото....а не веднаш зошто така,не требало така ,некој побарал совет од вас помогнете му,ке додје ден кога и вас ке ви треба некој совет е тогаш ке нема на кој да се обратите... П.С ништо лично
Мобилните им станаа поважни од се" околу нив...се трудиш да го одржиш разговорот,зборуваш..ама џабе,има нешто на мобилниот што е поважно од тебе..и така после саат време зборување со себе сфаќаш колку е се отидено за никаде и колку луѓето станаа зависни од некои безвезни апликации кои се поважни од нивните пријатели.