Многу ми е мило што во Скопјево се почесто гледам парови со изразена разлика во висината. Поготово симпатични ми се оние случаи кога девојката е повисока од дечкото. Па така бе луѓе, такви ве сакам! Изгледа дека конечно почнавме да се ослободуваме од глупите предрасуди дека двометрашите мора да искачаат со „караконџули“, а малите да се групираат меѓусебно како „штрумфови“. Од сите предрасуди во однос на нечиј физички изглед, отсекогаш оваа ми била најглупа. Демек, не идело висок со ниска или обратно. А бе, све иде, и тоа како, ама само ако не си ограничен у главата. Само напред парови со различна надморска висина, ја ве поддржувам!
Дома седи по цел ден, ништо не работи, студира вонредно, живее со дечко што ја издржува и оди на јога за да се ОПУШТИ. Од што ќе се опуштиш ти жити се? Тешко е дома да се седи и да ти е во глава само што ново да си купиш? Абе не ме заебавај бе. Не знам некои луѓе како можат така да живеат. Цел животен век така си го вадат. Да имаш обврска да направиш еден ручек на ден и тоа да ти паѓа тешко. Ооооукеј оди на јога да се опуштиш.
Вчера, во еден маркет, пазаруваше една жена со својот маж и син. Бидејќи поминаа баш покрај мене, не можев да не го чујам разговорот. " Мамо, а за кого купуваме толку леб?" - "Toa e сине за оние кои немаат, зашто не е фер некои да немаат што да јадат." "А мамо тебе жал ли ти е?" "Жал ми е, сине." "И мене ми е, мамо. Знаеш, и мене ми е." Душата ми ја наполнија.
Смешна случка во еден филм, каде девојката пред секое искачање му го бара новчаникот на нејзиниот дечко. А тој секој пат на тоа, чудно ја прашува " Извини, чив новчаник? ! ",но на крај секако дека и го дава, но останува вчудовиден, а и помалку наивен. Жалосно е што ова го нема само на филм. Во денешницава е се поизразено. Се повеќе машките се недоволно паметни, а девојките ниски. Гордеење стана трендот каде дечкото целосно ги издржува, па затоа изгледа и се фалат со тоа. Јас за ова имам еден епитет само, кој би ја опишал ситуацијата целосно.
СДК ... Мене не ми е во домен на интересирање кој каде живее, како живее, колку поседува, не поседува, како се однесува со себе и другите ... итн. Ако се побара од мене можам ако имам можност да помогнам на било кој начин.Тоа е единственото мешање во нивниот живот. А има дотични ми се чудат како тоа јас незаинтересирана за туѓиот живот?! Ма бре имам јас свој единствен живот, гледам да го живеам за себе не за другите. Ни сакам туѓиот живот да има влијание на мојот. Многу подобро се чувствувам како индивидуалист кој со секого скоро има коректен и позитивен однос. Дистанцата е најдобриот начин за да функционирате добро со другите но и со себе.
Што да се каже, ајде среќен ден на независноста. Happy Independence Day! Сме успеале и ќе успееме, појаки сме од судбината не може нам нико ништа. Да сте живи и здрави сите тоа е најважно, затоа што се останато или се купува или доаѓа само по себе. Само здравје и без стрес пошто со тоа ќе живеете подолго и ќе можете сите желби да си ги остварите.
Денес ми била трета годишнина на Фемина,кога летнаа тие години,жити се Како и да е,поминав и споделив многу моменти со вас и се надевам уште долго време ќе се дружиме. Еве частам торта во таа чест
Била братучетка ми во болница за да си ја види новородената сестричка и кога и ја покажале, почнала да и го притиска рачето. И рекле немој така таа е мала ќе ја повредиш, а таа им одговорила дека ја притискала за да поче да зборува бебето (има кукла дома што кога ќе ја притиснеш на раката почнува да зборува ) Сигурно си помислила дека е кукла. И ми се јавува после сама братучетка ми и ми вика: Убаво е бебето ама тоа кога ќе дојде дома ќе спие долу со баба и дедо, а јас со мама и тато...и реков на мама да ми роди уште една сестра ама да биде поголема, да биде колку тебе, а ова бебево нека си го чуваат баба и дедо Од сега љубомори, а уште не е дома бебето... Инаку искрено ми се повраќа од "патриотите" не можам да ги поднесам со сликите, со знамиња македонски..добро луѓе оладете, која независност? 95% од луѓево мислат дека тоа на гугл цел свет го гледа па и уште му се заблагодаруваат...фала ти google еј ми го разубави денот
Татко ми ме познава најдобро од било кој. Јас и тој иако не разговараме за чувства, секогаш ме приметува кога не сум психички добра. Му благодарам што тогаш знае точно што да направи - ме остава на мира, не ме препрашува за ништо, остава да биде се јас како сакам, држи дистанца од мене бидејќи знае дека сум раздразлива и ќе прснам од плачење во секој момент. Знае дека не сакам со никого да зборам, дека сакам само сама да седам. Па така со денови едвај по збор два ќе си кажеме додека не сум подобро. Од време на време ќе дојде само да ми ја стисне раката како да сака да каже „не се грижи, ќе бидеш добра“ ама не изустува ни збор, само ќе ми се насмее. Со него тишината ми е најудобна, бидејќи знам дека ме разбира. Не е потребно да разговараме за да знае дека не сум во ред.
Пред нешто помалку од година се договоривме со другарка дека во наредната година ќе посетиме пет нови градови во странство. Јас посетив шест, таа ниеден. А и не се дружиме веќе. Ама затоа си вратив некои стари пријателства кои очигледно не згаснале, дури и покрај сите поминати години. Пред една година, се двоумев дали да започнам со блогот. Благодарение на него животот ми е толку поинаков денес, не ми се верува колку ми беше страв. Пред година ипол, мислев дека сум среќна. Не сум била, само сум се задоволувала со помалку. Мислев дека ми е океј да бидам во мал, затворен круг на луѓе, ама сега сфаќам дека најголемо богатство ми се сите нови познанства. А пред еден викенд, играм во дискотека и размислувам: десетина луѓе се со мене, јас ги споив заедно. Играм, слободна сум. Не се плашам од туѓи погледи и сум со луѓето со кои сакам да бидам. Не ми е страв да зборувам со непознати, немам грдо чувство пред да се јавам на телефон некаде и не делувам срамежливо и исплашено. Мислев дека проблемот е што сум премногу депресивна, премногу досадна и лошо друштво. Додека не сфатив дека вистинските луѓе нема да ти замерат за тоа, пријателите не се само за журки и убави моменти, туку и за сите денови кои порадо би ги поминала скриена под ќебе. Не треба да глумиш совршен пред блиските, најблиските како и да е ќе видат подалеку од насмевката. @marama и @mirandaa ви благодарам. Сродни души не постојат, а јас не ни верувам во души, ама сигурна сум дека нешто многу добро сум направила некогаш штом имам некои луѓе покрај себе.
Зависни од кредити од ЕУ Зависни од пензијата на родителите Зависни од партијата Зависни од 200 евра плата Честит Ден На Независноста!!!
Многу ми е мило коа некој успеал у животот со знаење. Глеам фудбал пред некој ден и на полувреме гледам реклама. Си го глеам школскиот од 5-8 одделение. Добил грант од 30 000 евра од фонд за иновации и технолошки развој. http://fondzainovacii.mk/?p=470 Ко вчера да беше, памтам заедно седевме у клупи и 5то и 6то немавме тест математика под 100 бода. Одевме и на натпревари, за него не беше изненадување, татко му е професор на машински. У 6то памтам бевме на регионален математика, ја трето земав он второ, па отиде на државен, па балканска олимпијада зема медал мислам. После тој натпревар, ко да изгубив воља за математика, неам појма зошто, не се ни пријавував за натпревари. Не се жалам, го биваше и верувам дека заслужено го земал и грантов. Не ми текнува кој ми кажуваше пред 2 години, немал просек додека студирал на електро. Ете зашо не е се во просекот. Не научил се напамет за 10ка, пошо имал попаметна работа. Зашо имало кој да му покаже и кој да го турне у животот. 30 000 евра нема да видам у 2 животи шо се вика. Мада имав и ја еден чичко физичар у средно, на тато прв братучед, не бевме којзнае колку блиски, али многу беше чуден човекот. Го заебаваа сите ученици и ваљда мене ќе ми беше срам да не ме заебаваат и мене. И не учев физика и не се запишав на електро. А се трудеше типот да ме научи, дури кога ќе ме испрашуваше, викаше зошто не учиш ќе те кажам на твоите. Али дете, шо разбира на 15-16 години. Да го послушав и да учев, може немаше да добијам грант од 30 000 евра, али сигурно немаше да работам работа по струка колку да се рече.
Зошто е потребно да почекаш и да бидеш пред вратата на смртта,па да ги цениш малите работи кои даваат привлечност на животот?
не признaвaм среќни крaеви oд безнaдежнa ситуaцијa нa книги/филмoви, oсвен aкo не стaнувa збoр зa Бегствo oд Шoшенг. Се другo ми е мaчкaње oчи. и aј зa мнoгу гoдини дa ни е денoв, .
Овој ист пост го имам прочитано пред некое време на форумот Кајгана. Се надевам дека имаш и таму профил, а не дека копираш туѓи мислења за да добиеш лајкови.