Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Не верувам дека имаш, не верувам дека тој член би пишувал овде и дека би ставал пост од пред некое време, обично тие што имаат акаунти на повеќе места во исто време ги постираат постовите, но добро ти си знаеш, јас само пишав за да знаеш дека си фатен на радар, чисто онака да си имаш во предвид [​IMG] .
     
    На galapce, cresa-jagoda и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.271
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    @Priroden, а која е потребата да го пишеш истиот пост на два форуми? Таму се покажа успешен?
     
    На galapce и sesilija им се допаѓа ова.
  3. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    2.963
    Пол:
    Машки
    @sesilija доби пасворд од мојот профил таму
    можеш приватните пораки да ми исчиташ и да прашаш со кој кога сум пишувал
    се надевам нема да ми го злоупотребиш профилот

    така ми падна. и на трет форум да го пишам, шо е штетата? :D

    @sesilija како што е ред треба да се извини? или да ти дадам фб.
    на кајгана има една тема кај шо имам поставено слика од мене и женската, да споредиш дали сум истиот?


    @sesilija кај те снема бе?

    http://forum.kajgana.com/threads/Драга-Кајгана-виртуелен-дневник.76971/page-304#post-7298961

    од овој коментар ветувам дека кога ќе си идам дома за една недела отприлика, ќќе го сликам чекот со потпис на трендо од Милионер.
    кога веќе ме фати на радар нели ;)
     
    Последна измена: 8 септември 2015
    На Kukla994, cresa-jagoda и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    ^ што има врска на колку форуми го поставил истито пост..сака да сподели искуства...а ако не е негов тогаш тоа е друго прашање...
     
    На Kukla994, kjukli, Mishela и 12 други им се допаѓа ова.
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285

    Еве јас ти се извинувам и биди сигурен дека само се најавив и одјавив не ме интересира твојата кореспонденција, ама секогаш можеш да си ја смениш лозинката нели.

    Сепак не сфаќам што е финтата да постираш овде пост од 12ти август? Нели си го пишал тогаш, си ги искажал чувствата и толку, или целта е друга?

    Што е сатисфакцијата стварно не можам да сфатам, си велиш еј чекај таму имав 23 допаѓања, можеби овде ќе имам повеќе, жените се посентиментални?

    И не сакам слика од тебе, не ме интересира, никогаш не ме привлекувале луѓе кои со нивните судбини пробуваат да собираат поени.
    Уште еднаш извини што мислев дека постот ти е копиран од друг член, едноставно пре би го мислела тоа, отколку дека некој сака да си става на тапет дел од личен живот повторно и повторно, само за да добие некаква виртуелна симпатија.
     
    На galapce, Candid, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    2.963
    Пол:
    Машки
    Ама каква виртуелна симпатија? Имам профил и на црнобело ако ми текне и таму ќе го пишам. Не гледам што е проблемот?
    Кој дел од личен живот? Може сум го видел деновиве другарот па пак ми текнало на него. Еве и сеа го праев истиот муабет со една на фб шо ја знам 5 дена од чатување. И се удварам ли ја со ова? Или како не те сфаќам? :)

    Уживај нема проблем, пиши и ти. анонимни сме тука, што и да пишеш останува на форум.

    Инаку за сликата мислев, за да се увериш дека сум јас, не за да те привлечам тебе или било кој или да те цитирам тебе ,, никогаш не ме привлекувале луѓе кои со нивните судбини пробуваат да собираат поени'' .
     
    Последна измена: 8 септември 2015
    На cresa-jagoda и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Не е важно, не можеш да ми ја сфатиш поентата на муабетот.


    Како и да е, ајде да се спремаме да гледаме фудбал. Или кошарка.
    [​IMG]
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  8. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    34.607
    Пол:
    Женски
    „Причината зошто ќерките најмногу ги сакаат своите татковци е во тоа што постои барем еден маж на светот којшто никогаш нема да ги повреди.":angel:

    Те сакам тато :l:
     
    На Lella, b.u.tt.e.r.F.L.Y, Antolinaa и 10 други им се допаѓа ова.
  9. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    зошто мислите дека некој нешто што ке сподели му е да собира поени еве мене не ме интересира дали ке има 1 или 1000 лајкови..не е до тоа..човекот сакал споделил со нас некои може не се зачленети на др форум ....и не ми се верува дека си проверувала дали е вистина или не ....стварноо немам смислааа:x:x:x
     
    На Kukla994, cresa-jagoda и Priroden им се допаѓа ова.
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    А ти знаеш ли колку многу личности копираат други мислења за да добијат лајкови?
    Овде пред некоја година една девојка си имаше измислено дека доживела сообраќајка и веќе не е жива, не се ни сеќавам веќе како беше и што беше, ама знам дека сите ја оплакувавме, така што ништо веќе не ме изненадува. Ако ти лично не си таков тип, има луѓе што би направиле сѐ за да добијат симпатии, макар и виртуелни.
    Честопати некој ќе си пронајде некое мислење на друго место, потпишано од друг, а верувај чувството не е убаво, посебно кога си споделил дел од тебе што некој друг си го присвоил.
    Секако дека ќе проверам, како инаку ќе знам дали да се извинам или не, ако не проверев сомнежот ќе останеше.
    И не ми е чудно ако споделил овде, чудното е што истото го споделил после речиси цел месец откако го споделил таму.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208

    те разбирам ама не треба толку сериозно да ги сфаќаш работите ...па и да не е негов постот што има веза...тој што копирал или измислил нешто на негов грб нека е ....и сите вака ќе ги проверуваш ..мислам дека нема потреба ...сепак ти си знаеш...позз
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.848
    Допаѓања:
    142.456
    @Priroden пишувај си на два и на три форуми. И јас имам исти ставови на различни форуми по исто прашање, иако никогаш не сум си копирала цел пост. Твој пост, твое право, ако сакаш можеш и тука секој ден истиот да го ставаш, твое право, не си украл ништо. НИКОЈ не може да ти замери оти си помислил на нешто лани, пред еден месец и сега, никој не може да ти каже што да правиш со свои дела. Ако издадеш книга, ќе ти забрани некој зошто правиш второ издание? Или повторно ја објавуваш ама кај нов издавач? Твое дело е твоја работа. Ти барем си покажа и докажа дека е твое дело, една феминка тука цел пост копираше од Кајгана на моја другарка и кога јавно ја опоменав исчезна од форумов. Немаше лице ни да се извини, ниту да објасни. ТИ немаш никаква обврска да се објаснуваш за твој пост зошто си го помислил минатиот месец, а сега пак.

    На темата... СДК дека иам бурен живот деновиве, сменив многу работи почнувајќи од место на живеење, до статус, до тело, до јадење, дури и до дишење. Истата сум, ама многу посреќна. Не дека не бев и порано, ама сега живеам со полн здив, како велешанка на Пелистер :) Е толку многу дишам :)

    Немав време да пишам деновиве, ама ве читам од таблет, за жал без да се најавам оти уште имам мака со пасвордот :) Може и ќе се реши набрзо.

    Како ми се облекува есенски, со шарени хулахопки, штиклички, широка сукња, марама, чадорче...И да почнат лисјава да паѓаат. Другата есен ќе биде сосема поинаква, искрено се надевам посреќна од оваа. Најверојатно има среќа поголема од сегашнава, не знам, не сум искусила...
     
    На Lella, Daleron, Captain-Omni и 20 други им се допаѓа ова.
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Леле Пресиоса, аман, кој сфаќа сериозно, нели гледаш дека паралелно си пишував во темите за шминки. Затоа и не му одговорив веднаш, имав започнато друг пост.

    Едноставно сум го читала постот порано, и сега ептен ми беше познат.
    Поради тоа пишав овде, дечкото ми пиша лп со корисничко име и лозинка без ништо да му барам, и само се логирав да видам дали е точно тоа што го тврди или не.
    Не знаев кој член пишал таму, само напишав таму во барај неколку збора од реченицата од овде и ми излезе постот и таму.
    1 минута работа беше се. Да не мислиш дека си ставам мислења во букмаркс па споредувам?
    Не, само имам добра меморија.

    Тој што копирал или измислил доколку вака ми падне во око ќе го предупредам и тоа е тоа.
    Ама ајде да не продолжувам, кажавме сѐ, се надевам дека доколку некој копира, а не е приметен досега, или некој планира да копира, после ова ќе се замисли малку:D.
     
    На bittersweet, galapce, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.738
    Пол:
    Женски
    Променливо време, а и се шири некој стомачен вирус.Изгледа, почна сезонава на разболувања.. :(

    пс. Паднаа малку температурите, толку треба..
     
    На Kukla994 и mia993 им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Сo цел пaмет и дaде кoрисничкo име и пaсвoрд, пa уште и чек oд милиoнер ќе сликaл, кo дa нaс дo тoлку ни е гaјле. Нoрмaлнo е дa некoј изреaгирa aкo сретне ист пoст нa рaзлични местa, a зoштo некoј би кoпирaл свoи мислењa и би ги стaвaл нa рaзлични фoруми не знaм, мене ми изгледa тoтaлнo безвезе.
     
    На galapce, eloves, Kukla994 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.828
    Допаѓања:
    62.056
    СДК... Што се случи со ЕНТУЗИЈАЗМОТ на МАКЕДОНЦИТЕ од пред 24 години??? Што се случи од денот кога сите со растреперено срце одевме да се изјасниме за НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА до денес??? Зошто имам чувство дека од референдумот на 8,09,1991 до денес, премногу „спласна“ патриотизмот и љубовта кон татковината???
    Прашања многу... одговори???
    Мноооогу работи се случија во меѓувреме - транзиција, стечајци, бегалци, војна, терористи... Забот на времето ги „доуништи“ патиштата, училиштата, болниците... Се затворија еден куп фабрики кои во социјализмот беа „извор“ на заработка, а со тоа и живот за илјадници семејства... Се неубави нешта...
    Еден куп влади, „избори“ за пратеници... Илјадници потрошени пари за работи кои што ни се неважни на повеќето граѓани... Но, и илјадници пари за кои што не се знае за што се „потрошиле“!!!
    Добро, имаше и убави работи... Се отворија многу факултети и се овозможи студирање за секого... Се реновираа дел од училиштата, градинките, патиштата, болниците... Се изградија индустриски зони... Се даваат субвенции за развој на земјоделството, поволности за отварање на нови работни места, за самовработување...
    Но... недоволно!!! Сеуште се чека со месеци за некое снимање што за некого, ЖИВОТ значи... Сеуште се возиме по „дупки“ и си ги кршиме автомобилите... Сеуште има илјадници невработени кои не се надеваат на скоро вработување!!! Економијата ни тапка во место...
    Се отворија еден куп модерни „молови“ со прекрасни, светкави излози... Но... Дури и цените во маркетите се „превисоки“ за поголем дел од населението... Па, секако дека се превисоки, кога еден човек од семејството работи за да живеат четворица!!!
    До пред година - две мое мото беше „свои на своето“ и заминувањето по „подобар живот“ некаде далеку од МК не ми паѓаше ни на крај памет... Но, денес, би сум ги пратила моите деца некаде во „белиот“ свет... Не за друго... За да ЖИВЕАТ достоинствено... За да имаат ИДНИНА!!! Тоа некако не го гледам овде, кај нас...
    Затоа што во МК „без врски“ неможеш НИШТО!!!
    Ете, ова САКА ДА ГО КАЖЕ Феминка која не гледа вести, која не ја интересира политика, која е „обичен“ граѓанин на оваа наша убава и напатена Македонија... Која со ЕНТУЗИЈАЗАМ беше на референдумот во 1991 година и заокружи „ЗА“ за независна Македонија...
    И... За крај... СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МАКЕДОНИЈО :inlove:... Голем дел од нас немаат „резервна“ татковина!!!
     
    На ph.orhideja, Valerin, Kukla994 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.848
    Допаѓања:
    142.456
    Прочитав еден твит, ама не можам да го најдам сега да го постирам, ама беше нешто - сите што наседнаа на фотошопот на Сител и Цаци за Гугл, се истите оние кои се исмеваат на: сподели икона и ќе имаш среќа цел живот.

    Луѓе бре, зарем секој фотошоп може да ве измајмуни, да ве направи да поверувате, па уште и анализи да правите? Еднаш се смеев за Министерство за Џус, како наседнаа на фотошоп, сега ова... Не знам на уште што ќе наседнете, како мали деца на трик со паричка. А верував дека има возрасни со поголем степен на интелигенција. Истите тие ке седнат кај Мелита на профил и пола саат ќе мислат дали е фотошоп или ослабела, ама за друго - нема мозок уклучување.
    images.jpg
     
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.227
    Пол:
    Женски
    Види, од Шител човек се може да очекува.
    Не знам дали се сеќаваш на легендарната изјава дека центарот на земјата е Македонија, бидејќи секогаш кога ќе стартуваш Google еarth се отвора Македонија (facepalm)
    Жална ни е нашава држава со вакви национални телевизии.
     
    На simoncelicius, kjukli и Avokado им се допаѓа ова.
  19. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Да честит роденден Македонијо...
    Пред некој час го заслушав говорот на драгичкиот ли наш премиер за денешниот ден, паметел се до детал тој ден, паметел дури и што проговорил...Конечно имаме наша држава!!
    Да имаме, но мал едит на тоа погоре, конечно имаме своја држава со која што некој се е*ава со години!!!
    На прашањето денес на мајка, какво ти беше чуството кога се случи тоа, таа само ми одговори "па не знам, ние и не ни знаевме што е тоа свое..." .
    Ете тоа драги мои ми дава одговор на сите филозофски прашања поврзани со нашето ли минато.
    А сега откога го имаме своето со години се обидуваме да го уништиме свесно, и сета таа прашина за гугал и логото е заблуда, тоа го има само на Македонски IP адреси, тој што е доволно свесен да влези на википедија и потроши барем 5 минути од своето драгоцено време ќе свати за што станува збор, останатиот свет не ни е свесен дека гугал нас ни честита роденден а сите наши "умни" глави веќе дигнаа преголема прашина за тоа...
    И да сумирам, какво е моето чуство како подмладок на оваа држава?
    Па искрено не би фаќал магла од оваа држава, само ако би имал моќ би направил огромни промени, првиот чекор е отстранување на сите срања од оваа држава, главниот чекор отстранување на тој погоре споменатиот...
    Лека ви ноќ на сите!!!
     
    На eliesaab, Valerin, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Loretta

    Loretta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    639
    Низ сите теми читам, по едно десет постови по ред како анализирате дали оваа трол била, дали онаа измислувала љубовни или домашни проблеми, дали навистина татко и има швалерка или сака да привлече внимание, дали копирал туѓо мислење од друг форум за лајкови... Мислам, who cares? Јас доаѓам тука по информација, за парче рает, за совет. Ако сметам дека ми се допаѓа мислењето ќе го лајкнам, ако можам да помогнам ќе искоментирам, ако не, игнорирам. Ако мене лично не ме засега или недај боже не ми штети мислењето, зошто воопшто би размислувала за тоа дали е вистина или само празна приказна? Уживајте, и пред се дружете се.
     
    На eliesaab, Kukla994, kjukli и 9 други им се допаѓа ова.