Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    I' worse at what I do best and for this gift I feel blessed ...
    Е, баш така.
     
  2. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189
    Во февруари -сонце, а на средина од март - снег :^) Ај ај може и ќе пееме како Северина "видела сам снег у мају" :D
    Ама небитно и сонце да грее и снег да вее.. битно утре полагам :geek: И на моменти имам чувство како се да знам, а потоа мислам дека единствено нешто што го знам е дека незнам... :?: а најдобро да одам да си читнам уште малце :wasntme:
     
    На EMoonlight и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    готово се исклучив од све се изолирав од све,некој луѓе може нема да ме разберат но само така можам да ја ублажам мојата тага да го истурам мојот гнев на мојата кутра перница,само така можам да ја смирам мојата душа да под моето меко топло ќебенце...
    Само овде сега можам да напишам дека сум издадена предадена понижена и дека на никој не му е гајле, многу работи ме чекаат да ги завршам но како кога немам сила, ;( а знам дека ова ми е последната шанса знам,колку и да ми гори душата морам да одам до крај морам овај пат не се откажвам ни заради него ни заради никој ако сака светот нека гори во пламен ќе издржам ќе издржам држетеми среќа феминки да издржам нека стисни некој палци и за мене... :doh:
     
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.738
    Пол:
    Женски
    Лесно ти е тебе... Колку ме нервира кога некои луѓе ја користат реченицава, исфрлајќи ја негативната енергија на другите поради некој нивен проблем.
    Сакаш да утешиш некого кој е во неволја, да го насмееш и да го натераш да заборави на момент за проблемот, едноставно да го ислушаш, а тој некој ти ја пренесува негативната енергија и фрустрациите, дури и виновен ќе испаднеш.
    Многу ме иритираат луѓе кои се себични во својата мака и секогаш претпоставуваат дека тие се единствени кои имаат проблеми.
    Ако гледаш некого насмеан и позитивен, кој сака да ислуша и насмее секого, не значи дека апсолутно секогаш се` му е совршено, дека во неговиот речник не постои зборот проблеми, туку дека не сака да ја пренесува нервозата на луѓето кои не се виновни за неа, дека секогаш пробува да гледа на позитивната страна и да најде причина за насмевка...

    [​IMG]
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Sexybaby86, Elennaa и 10 други им се допаѓа ова.
  5. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    И трпението има крај ;)
     
    На Elennaa, EMoonlight, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Никогаш ништо немам чекано 100% универзумот да ми го исполни. Секогаш се што сум сакала сум го сработувала,обично факторот среќа бил минимален за се што ми се случувало. Освен што ме штител од несреќи и за тоа сум ептен благодарна.

    Ама не знаете како барам овој пат да се склопат ѕвездите и да и дадат нешто на една моја многу драга личност.Тоа е личност што највеќе во живот се трудеше и се направи за тоа што го сака и зошто животов е гаден и се зафркна се и тоа прилично лошо. Е,оваа личност од секогаш ми била пример како човек треба да се бори за она што го сака, ми дала јасен пример што се тоа дефинирани желби уште од најмали нозе, ми дала пример дека стравот не е пречка да добиеш нешто,дека треба да сонуваш многу и да оствариш уште повеќе. И сега ми дава пример ,за тоа што значи борец во вистинска смисла на зборот.

    Дури прави да ми е срам да покажам жал,затоа што јас неумеам така слабоста да ја претворам во нова сила.

    Жал ми е што само не можам да кажам гласно колку сум горда и што не можам да најдам зборови што ќе ублажат болка за нечии срушени сништа.

    Ама знам дека не е се завршено, само треба среќа. Пратете ми среќичка,јас знам каде да ја препратам.И верувајте заслужува за неизмерната ,целоживотната посветеност што ја има.
     
    На Hipster, Sexybaby86, julie77 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Mrs.Carter

    Mrs.Carter Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Ние сме сите исти , иста раса , иста сорта , ист крој , некој сме со педигре а некој не , некој од нас живеат во удобни куќи со раскошни дворови , а некој на улица изложени на секакви временски непогоди . некој се храни со разновидна храна , работат за него додека тој одмара , патува каде што ке посака , додека други се радуваат на парче леб , работат за да поврзат крај со крај , незнаат за одмор ....Безразлика на тежината која ни ја наметнува животот и секојдневието , ние треба да се бориме до крај , да сме задоволни со тоа што го имаме и да сме среќни затоа што сме живи и здрави !
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, EMoonlight, Barbie20 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Убаво си кажа, сите сме еднакви!
    Да го знаеа ова сите убаво ќе беше и ќе немаше никакви поделби, зар не? :)
     
    На Mrs.Carter и Maria.Vampire им се допаѓа ова.
  9. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    Сите станале дизајнери, почнале да прават накит, да прават гелни нокти и да шминкаат. Ама заборавиле да научат да прават.
    Фустан од чаршав не бидува.
    Ланчето навезено со купишта бисерчиња и на средина ставен еден лампион за да биде помасивен ѓерданот, нели во мода е.
    Ноктите се најпреценета работа за која девојките се препукуваат: "Твоите се убави, ама моите најпрекрасни." А га*от кој ви го брише?
    А новите шминкери се сите со ист стил, единствена разлика е тоа што некои повеќе го бојат веѓите.
    Толку.
     
    На Sexybaby86, Doozy, EMoonlight и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Сите сме еднакви е само парола, ако излезете на улица веднаш ќе приметите огромни разлики помегу лугето во било кој поглед и веднаш ќе се запрашате каде е тука еднаквоста.
    Наместо да се тешите со еднаквоста подобро пронајдете си го спственото место во општеството и бидете со оние кои се приближно на вашиот статус, образование, финансиска состојба.... Во спротивно само ќе се измачувате доколку сте во друштво со повисок статус или финасии, нема да се чувствувате лагодно, оти само ќе каскате позади нив и дури тогаш ќе ја сватите нееднаквоста.
    Исто така, дали би се чувствувале убаво доколку вие во секој поглед отскокнувате од вашите пријатели?
    Сигурно не. Затоа не залажуајте се со еднаквоста која ја нема дури и овде во виртуелниов свет.
     
    На julie77, LittlePinky и Claire им се допаѓа ова.
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.978
    Допаѓања:
    90.448
    Пол:
    Женски
    Сакам да успеам,да си ја остварам мојата цел,да дојдам до посакуваното нешто без ниедна грешка,и кога најмногу ми е потребна сила мене ме фаќа некоја депресија и одново и одново ја повторувам истата грешка :( Шо ми ее ]:)
    Каде ми е паметот во такви ситуации ?Што е тоа што ме тера да посегна по онаа што не треба онаа што не е дозволено ,како да се контролирам и да не патам од моите грешки :?:
    Сама на себе си правам лошо,а се трудам и мачам да стигнам до целта и ништо ,се одново и одново ]:)
     
    На Desert.Rose, SparkyAngel, Barbie20 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Пред неколку часа дознав дека го убиле кучето на баба ми. Многу ми е жал, многу. ;( ;( ;( Солзи ми надојдоа во очите веднаш кога ја слушнав веста. Дали сериозно постојат толкави монструми кои повредуваат невини животнинчиња? Па добро што им сметало баш кучето?
    Гадови, нека цркнат, нека патат. Луѓе без душа. :@
     
    На Mrs.Carter, EMoonlight и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  13. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38

    Тоа е затоа што велиш без ниедна грешка.Не е можно.Секогаш барем еднаш ке паднеш,ама најважно е да станеш.Не е важно дали си и колку грешки си направила,важно си научила и си се поправила.Како велат од грешките се учи.
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.043
    Допаѓања:
    81.407
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто, но во последно време нескромно посакувам пак да бидам средно, само за да ја почувствувам „магијата“ на средношколската заљубеност и залуденост. :wasntme: :D
    Не важам за некоја која имала полно љубови и со дечко ми постојано се зафркаваме дека сме го фатиле последниот воз за да ја почувствуваме фамознава средношколска магија.
    Ми фалат различните смени во средно, посебно делот каде љубениот те чека пред или после часови и си правите мала прошетка, разменувајќи заљубени и изгубени погледи, па седенки во парк и грицкање сончоглед до бесвест.
    Ми се чини дека нашите љубови не беа такви како овие денешниве, тоа потпишувам и со лева рака.
    ... во близина на зградава има школо и секој ден гледам мал милион парови кои се враќаат после часови, фатени за раче, најчесто разлапани до максимум. Се користи секој проклет момент за да се расклештат и разлигават, ко да небаре утре нема ден, смак света и останати апокалиптични моменти од тој тип.
    Одвратни сте и никој не ви љубомори, скраја да е, туку само сте патетични и ужасно жалосни, па затоа луѓе ве гледаат така ромбоидно со благо кренати веѓи.
    Се трудам да најдам некакво жарче, некаква лав уана би искричка ама ... слабо. Го уништија и другарското во љубовта и баш ми е жал што никогаш нема да ја сфатат суштината на најубавото нешто кое некогаш било создадено.
    Чувајте се, што да ви кажам друго ...
     
    На bubac, Monna.Monna, ilipili и 22 други им се допаѓа ова.
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    тежак је овај живот.... Кога мислите, срцето и се друго ти е таму далеку !
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.326
    Поштовам што ми пишуваат по фејсбук, читај ФЕЈСБУК илуминатски побратимства и секти или што и да е.
    Кога ќе ги разорам профилите сфаќам дека у нив се сите оние несфатени кои си мислел дека имале грам разум у себе гледајќи ги ваму и онаму, со овие и оние низ постоењето во државичкава
    Тоа коката што ја шмркаат и таблетите што ги маваат не им се од квалитетен добавувач.
    Еј гледам те предложи во пипл ју меј ноу, па си рековме да те здружиме во нашата илуминатска дружина и заедно да владееме со светот. |(

    Ми се блуе више од загадени егоисти кои лажат дека имаат виша цел у животот освен тоа да се стават себе си на пиедесталот, макар лажно. Белег на мојата генерација...
     
  17. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Тонеме побрзо од Титаник.. :(
     
  18. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Со филџан кафе и чаша вода го завршувам овој ден.
    Мислите ми се раштркани.
    Од една страна битката помеѓу разумот и срцето, а од друга ни едното ни другото.
    Дали постапувам правилно?
    Дали е во ред што се откажав од се` или требаше да се борам?
    Што ако изгубам? Како ќе се чувствувам тогаш?
    Што ако не се исполни ни пола од она што сум го замислила?
    Што да носам утре, со каков лак да се налакирам, што да и правам на косата...?
    Премногу битни, а и небитни прашања ми се вртат во главата.
    А одговор нема. Само по некоја можна варијанта.
    А подобро и да нема, бидејќи ќе се појават и други прашања и така до бесконечност.

    Денов ми започна со нервоза, која морав некако да ја истурам и зедов цела куќа ја чистев, само да не мислам на тоа.
    Мислев дека така и ќе заврши, но фала Богу добив добри вести, кои не се сјајни, ама сепак се добри и ми се опорави расположението.

    Зедов тетратка со дебели корици и почнав да ги препишувам мислењата што некогаш сум ги пишувала во темава. За да се сеќавам.
    И да се потсетам колку некогаш сум била среќна, но и тажна. И да сфатам дека се` во животот е минливо.
     
    На Jenniffer му/ѝ се допаѓа ова.
  19. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Знаете, она кога има работи кои едноставно не ти идат?
    Мислам од оние што секој човек си има по нешто, што има нешто што те прати стално. Нешто налик карма.
    Е тоа ме мачи. Никогаш не сум знаела да се договорам нормално за нешто, секогаш јас некого зафркнувам, а верувајте, оо о верувајте колку се трудам да не е така.
    Не знам зашто така ми е стално, едноставно веќе и паника ме фаќа од поголеми собиранки.
    Денов ми помина некако тешко, во мисли, запознав прекрасни луѓе изминативе 3 - 4 месеци...
    Животот ми се смени. Со солзи ми тргна 24тава година, ама сепак го сметам тоа за добар знак, не беа ни толку трагични солзи колку што јас ја издраматизирав ситуацијата, а не ни имаше некоја ситуација.
    Луда Марта, толку ќе кажам.
    Нешто што најтешко ми падна, е што ја повредив личноста која дури од како ја повредив сфатив дека ја сакам. Дека не би можела животот да си го замислам ако не ми е тука, до мене.
    Се извинив, иако сакав да глумам јака, сепак претерав, и се извинив.
    Се расплакавме, ама ми лежи тешко сеуште на душата. Не ми е ни проблем до сабајле да се извинувам само да не се осеќам вака, мизерно. Јас згрешив знам, и не требаше тој да плаче, требаше само јас.
    Али ајде, жена сум, ќе ми се прости.

    И се така лесно ја си се оправдав, и се е тоа во ред, доколку од утре припазам малце.

    И за крај, единствено нешто добро што ми се случи и што се надевам ќе остане на добро до крај, е тоа што ми се оствари една долгопосакувана желба, скоро и предолго. Убаво кажав, желбите не се кажуваат, тие се посакуваат - доволно силно за да се остварат сами по себе, без никакви средства или со помош од некого.
    Затоа, сакајте од срце, било да е личност, или било што. Сакајте го доволно многу, и самото време ако требало ќе ви го пружи сето задоволство што ви следи, дури и ако ете, не секогаш и го заслужувате.
     
    На Barbie20 и julie77 им се допаѓа ова.
  20. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Уште една типична вечер кај нас.
    Дечко ми спие, и во полусон ми вика, донеси ми јабука, а јас испружена на лаптоп си гледам The biggest loser, и се правам на Тошо, знам дека за некое време ќе заспие одма пак, и ќе заборави шо рекол, арно ама, ногу му се јадело јабука, и за едно пола саат заминав до вц јас, па кутрето го пуштив надвор до вц, и како влевам во соба, одма пред вратава како ја отварам, овој на земја превртен, искривен целиот, како во филмот со сцената со Емили Роус :sweat: , која е опседната од ѓавол, од која се ежам до ден денес сеуште! :rofl: :rofl:
    Леле кога вреснав, леле кога екнав, ааааААААААааааААААААААААА, може 10 секунди ечев на цел глас, и одма срцето мислев дека ќе ми избега од гради! Абре ќе умрам му викам, нервозна и преплашена, а сепак се виткам од смеење, значи ќе ме умре некој ден, е така да знаете, ако ме снема, ме преплашил до смрт!
    Е ако не ми донесиш јабука следен пат, пак ќе те плашам ми вика. :o
    А најјакиот дел е шо нели кутрето си спие во друга соба, и кога екнав на врата, кога ме исплаши, ова скокна знам, почна да лае и оно се исплаши, и замислете не го приметивме кога искористило гужва и си легнало на двоседот до креветот кај шо спиеме. :rofl:
    И си седам јас сега, и почнува она да сонува и да испушта крици, и што да видам, Луси моја. :lol:
    Пошто не исплаши и двете, оваа вечер Луси тука ќе спие, е така!

    А јас во двоумење и дилеми дали да одам на апсолвентска ексурзија.... Не сум тип на човек кој може мирно и спокојно да иседи толку време во автобус, со оглед на мојата приказна со анксиозност, иаку сум добро, и сакам да одам со сите сили, и сакам се да видам, сите тие прекрасни градови наеднаш, кога ако не сега не за џабе сите викаат, незнам, ете, незнам ич, ако не одам знам дека ќе ми е жал, а ако одам па ако ми е мачно патувањето толку долго, на раскрсница сум...
    Како и да е, и да не одам, сите пари што ќе си ги соберам за апсолвентка оваа пролет, и со помош од мајка ми и татко ми, со најдрагата ми колешка, ќе си одиме на егзотично патување, летово, или пролетта, зависи како ќе биде времето, ем кратко летување, ем долг престој, удобно, без брзање, релаксирано впивање на мајка природа и нејзините убавини.
     
    На ana-girl, Ann.94, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.