Најмногу ме нервираат негативни луѓе. Не знам што ќе постигат ако постојано се намутрени, само мрчат и се нешто не им е погодено...а па да не правам муабет дека воопшто немаат смисла за хумор. Значи ок е, сите имаме проблеми, нервози ама ајде зошто барем со сила да не се насмевнеш, за полесно да ти биде на душата? Што е толку тешко устата малку нагоре да ја придвижиш? Јас се обидувам, горе долу, со сите исто да се однесувам (добро нормално имам граница за со постари, за професори, или за непиознати) ама со другите во главно исто се однесувам. Позитивна сум, насмеана и се обидувам секој момент да го доловам со шега. Ама брате мили кога ќе го видам тој до мене дека располага со негативна енергија колку за цела Македонија, и мене автоматски ме прави негативна, со лицето надолу обесено Бегајте подалеку од мене такви, нејсериозно....негативните, тажните и тие што немаат чувство за хумор. И ајдеее нека се истура нека врне, за инат на брат ми пошто не сакаше чадор да носи дека ќе престанело да врне Да, да...кај и да е, до утре попладне ќе престане да врне....така е кога не ме слуша никој
Сдк какви антиталенти сум сретнала последниот месец, господ нека им е напомош и нив и на тие што се дружат со нив.
Среќа е да имаш таков однос исполнет со љубов и почитување кон родителите, во кој тие за тебе претставуваат пример и идол за сè во животот, а ти за нив - најголема гордост и успех... а притоа во животните раскрсници се и секогаш присутна поддршка на твоите лично одбрани одлуки, и најверни пријатели со можеш во секое време да поразговараш отворено за она што ти лежи на душа. А никогаш не сум толку исполнета како после кафенце проследено со долг, пријатен разговор со мајка ми. Особено кога се работи за оние времеплов - разговори, во кои при листање на нејзини стари албуми се задржува на раскажување на моментот на некоја слика и временскиот период околу неа. Слатката смеа на нашите лица гледајќи во малото, симпатично и од оваа временска дистанца смешно облечено детенце во тие далечни години кое гледа од црно - белите фотографии, се прелева во горди насмевки за нејзините награди и успеси на разни полиња со кои таа ги правела горди нејзините родители. Од најмали нозе пред да ми дојде време да искусам лично јас нешто во животот, како од некоја поучна книга или подвижна енциклопедија на животното школо, сум научила и сè уште учам за вистински вредности во животот преку нејзините ислушани искуства за пријателството, љубовта, сега и за нејзините доживувања на факултет и тоа во друг град... Секогаш ќе ми биде пример за вистинските вредности во животот, за интелигенција, постигнување сè во животот благодарение на сопствениот труд и квалитети. Туку, очигледно не сум навикната на неисполнети денови во вакви временски услови. Никогаш не сум мислела дека ќе го кажам ова, ама ми затребуваат обврски да ме раздрмаат од летаргија и од есенски сон. Не им верувам на луѓе коишто (тврдат дека) времево не ги тера на хибернација под покривка со книга и топла напивка во раце.
Само јас ли по сонување на некој чуден и сосема неприкладен сон за некоја личност, во реалноста не знам како да се однесувам со неа, иако таа нема поим што сум сонувала? Друго нешто, не можам да ги разберам луѓето кои кога ќе видат дека има тук-там некој облак, одма чадорот, дури и на кратки дестинации како до продавница или аптека. Во ред, некој не сака да накисне, разбирам, сосем оправдано. Сепак, јас чадор влечкам со мене само кога уште пред да излезам истура дожд, а ако не врне или роси, колку и да е тмурно, не земам чадор, попрво нека ме накисне.
Ова сакам да кажам. Не е со цел да ги критикувам оние кои се разнежија на другата посочена фотографија. Спојлер
За убава вρсκа се потρебни двајца, за ρаспад доволно е само дејствието на еден! За совρшен бρаκ е доволно само одново и одново двајца луѓе да се заљубуваат еден со дρуг меѓусебе!! Жал ми е што ова го знам, но исто таκа знам деκа од заедницата сум само една личност, за жал онаа втоρата во наведеното!
Не ја гледам потребата некое девојче да се начука, да се влече по улици, да не знае што прави, што збори и кај се наоѓа. Колку невкусни коментари се шират после таква глетка. Нели ви е срам сите да ви се смеат и да покажуваат со прст кон вас? Ужас.
Убави времиња... И покрај дождот кој понекогаш ми делува депра, се чувствувам убаво и спокојно. Подготвено. Желно. Горам за нови предизвици, старите ги прифатив и добро поминаа. Или сеуште траат. Новата страница официјално започна и по две недели секојдневно пишување редови на токму таа страница можам да ви кажам дека не беше лесно, но упорноста секогаш се исплати. На секој тунел пронајди ја светлата точка, ми е пораката. Дружења, добри ( но и лоши , со зли намери) луѓе во куќа, фина интелектуално подигната средина, желбата за учење нови работи - уште посилна, но и се полни. Добро ми е луѓенца. Живеам.
Она кога ке сонуваш некоја личност и ке се разбудиш со комплетно друго мислење за таа личност - позитивно или негативно! Треба да престанам да сонувам.
Денот ми беше никаков се додека не начекав една кошула и еден корсет на попуст што беа преубави и си ги купив. Видов и два пара убави фармерки ама немав пари во моментот, утре морам да си ги купам, се заљубив поготово во едните, одма си направив комбинации во глава со што би ги носела. Мислам дека нема женско на кое шопингот не го смирува.
Ај да помрчам малце и јас , а после ќе се поправам ветувам Не сфаќам зошто некој не сака да направи муабет за себе, што - како е, како оди со љубовта, како е. На работа, што има ново. Јас разбирам дека се не се кажува до детал, ама барем дај кажете што правите со своите животи, а не да се интересирате само за другите. Споделете среќа, несреќа, тага, радост, успех пад. Боже мили, луѓе сме. Што ќе ни остани од животот? Пример еве жив пример, една другарка ми кажа дека е анксиозна со сите симптоми и решив да и помогнам.. И дадов совети и се надевам ќе биде подобро. Знам низ што поминува бидејќи јас бев во многу лоша состојба и завршив многу лошо. Не сфаќам зошто од кога ќе замините во тоа Скопје и ко че се вратите во Прилепов одма скопска шема : Леле човеЧе На келнерот шо до пред 3 недели му викаше 'ЧЕ можи вода? ' , сега му велиш :Ќе можЕ ЛИ вода? 'Зборите'наместо'зборувате ' Уат д фак ис ронг вит ју?? Сакам да имам нормални другарки, другари.. Нормални, реални бе... Реално гледаат... Ова е вака, ова е така.... За крај... Слатки сништа. Бидете свои онакви какви шо сте. Јас заминав да читам нешто лесно пред спиење
Вчера дечкоми ме праша дали би сакала да одам со него и да му помогнам при изборот за купување на ламинат за новата куќа која е за него. Милото мое се изненади денес кога виде дека давам пола пари за ламинат. После долго натегање ги прифати. Заминавме, после долго шетање го направивме нашиот избор. Потоа заминавме во куќата. Влегувам внатре гледам празен ходник,празни соби, во глава одма ми се појави јасна слика каде,што, како ќе стои. Една топлина во душа ми дојде. Неговата насмевка и само еден допир ме прави мирна,спокојна. Влегував во сите соби,иако се празни мене душата ми беше полна. Знаеш дека тој е тој. Сигурна си дека тука припагаш. Ти си негова,тој е твој. И оваа куќа ќе биде еден нов почеток.Никогаш не сум имала вакво чувство на среќа. Ова е нешто посебно. Леташ од среќа. Здравје, се во свое време.
Убавината на спокојот и среќата е во малите нешта. Испиено кафе, сам или во друштво, испиен вечерен чај пред спиење, убавината во природата и цвеќињата, сончевите зраци, силниот дожд, добра книга итн итн.. Убавината на нашите мисли е во надежта што ја имаме, мислиме и замислуваме, силно се држиме и чуствуваме, дека еден ден ќе биде подобро, ќе има промени во нашиот живот и многу среќни моменти. Денес посетив драга личност што со нејзини 70 и кусур години седеше на седмоседот покриена со ќебе и читаше длабока литература, кога ја погледнав ми стана милина во душава бидејки сепак луѓево на нејзина возраст не се така способни и вешти во тоа. А сум се чудела воопшто за пооделни луѓе како тоа успеваат да бидат толку културни, фини, воспитани и добродушни. Значењето на прочитаната книга воедно литература е непроценливо, поимот на напишаниот збор, суштината на еден пасус, значат живот и вешта надоградба како личност. Испиен чај и добра книга Добра ви ноќ
СДК дека најголема насмевка на лицето и радост во срцето може да ми донесе веста за стварање на нов живот,нечија најголема радост и остварена желба
"....дури и сеќавањето на радоста има своја горчина, а сеќавањето на задоволствата носи своја болка..." Епа, живот!