СДК ... Сфаќам дека, со одредени персони треба ... ако ве удриле по едниот образ, вие свртете му шамар на неговиот образ. Затоа што сечие трпение и сечија толеранција и сечие разбирање има граници. Со безобразниот само по безобразно. Да види и осети како е со свој куршум да гаѓаш. Точка.
Животе ку*во ситуација, број - ниту јас веќе не знам кој. Чекам такси и проверувам дали сум ја понела со мене здравствената картичка, а баба ми по обичај се вртка околу мене и ми мрмори. Минува некоја баба која патем, ја гледам прв пат во животот и ме гледа така фино, па ја прашува баба ми: „Ова снаата е?“ Ми се стемни. *** Влегувам во такси, по кратко време таксистот ме прашува: „А кое одделение си ти?“ Куку, леле.
За првпат се чувствувам среќно, исполнето без причина. Среќна сум што живеам. Животот ми е далеку од убав ама сум среќна. Дај Боже сите денови да се вакви! Имајте убав викенд!
Само сакам да имаме мир. Мака ми е од се веќе..ама не од тебе. Зашто не може се да биде во ред еднаш засекогаш? Не можам повеќе да плачам , немам солзи веќе верувај..секој ден се молам за нас ..со солзи во очите му се молам на Бога...само..сакам да бидеме среќни. Имам планови со тебе еј ! Не сакам нашето да заврши никогаш..не си ни свесен колку многу те сакам, колку се трудам се да е ок.. Те молам не биди како дете, а знам дека ме сакаш..Зашто криеш од мене што те мачи? Зашто не ми кажеш? Јас сум тука за тебе секогаш, не заборавај. Уште еден месец и неколку дена правиме 2 години ! Не откажувај те молам , потребен си ми. Повеќе од било кога. Само јас и ти. И никој друг..Сфати дека НЕ МОЖАМ без тебе. Не можам ..
А добро кажале дека срцето и разумот не настапуваат на сцена заедно. Кога ќе постапиш според едното, сфаќаш дека не требало така, секогаш е контра. А многу сакам да си го слушам срцево, ама глупаво е... Никако не одат заедно, едното тера на таа страна, другото на таа. И што му останува на човек, ништо?
Си ги признав сама на себе и оние чувства кои упорно ги одрекував, ги кажав на глас најголемите стравови. Нов предизвик, за мене најголемиот. Ќе издржам ли!?
Психички умор..носталгија..осаменост..немир.. Не би знаела да одговарам зошто постои толку голем психички замор што тера на уништување..буквално ја цеди секоја капка од телото и душата.. Посакувам да сум тврда ко орев, да неможе лесно да ме скрши никој.. посакувам да исчезнат мислите и гласот во мене.. посакувам да ми олекне на душава бар за еден миг.. Да почуствувам слобода..среќа.. Кога срцето и душата се празни.. кога ја нема топлината во нив..мирот се е џабе, секоја утеха и надеж се безуспешни, и позитивноста е без успех и се останато.
Знаете што е смотано девојче? Вчера облеков штикли за кафе и испадна после кафето да морам да цртам за работа. Место кафе пиев пиво и после во штикли испив три кафиња за да се одржам будна додека цртам. Дојдов дома и не ми се спиеше зашто нели, испив три кафиња. Браво Сара, ко за некој со толку високо мислење за себе, имаш очајни одлуки.
Се мучев..не спиев и свашта пројдов ама си легнаа 10ките во индекс.. Се радувам луѓенцаа.. И торта дури направив за домашните, па бујрум ајде хохо
Аристотел изнел мисла “Секој може да се налути –тоа е лесно. Но да и се налутите на вистинската личност, до вистински степен, во прав момент, поради вистинска причина и на вистински начин –тоа не е лесно”. Кога би ја следеле мислата на Аристотел и кога тоа би ни било лесно. Но зошто другите не го прават ова ? Ако е толку лесно , не би имало расправии .... Ова е дел со кој се појаснува поимот емоционална интелегенција , која е позната и како социјална интелегенција која означува способност за решавање на ситуациите и проблемите кои вклучуваат меѓучовечки односи. * Да се поседува, па тек да се развива овој вид на интелегенција според мене тоа означува моќност. Моќ која не е само допир со чудото , туку и алатка за учество во убавината , создавањето-креативноста, преобразба на мракот во светлината , минливото во вечно, смртното во бесмртно. Ова го може секој , но го нема кај секој. Факт е дека го нема . Затоа и има толку несреќни луѓе, лути , бесни , тажни , неисполнети ... Луѓето не работат на себе, не гледаат за себе , не се развиваат. Го укривуваат животот, другите .... Нема убавина за овие луѓе.. Само убавин која е сфатена само како краткотрајност , која зависи од некоја нивна личност во животот, или е поврзана со некакви материјални добра.... Тоа не е убавината, длабочината. Го разбираат животот како една нишка, една права линија. Линија по која мора да се движиме , така е запишано , така мора и треба!. А пак животот, животот сам по себе нема дефинирана смисла. Смисла му даваме самите. Само живеењето е фасцинантна креација на спознавање за нас самите .Зошто и како ? Па кога на својотживот му давате смисла, тогаш сфаќате КОИ СТЕ ВИЕ! Смислата која ја давате , не ви го дефинира животот туку вас самите. Знаете , како оние три врати кои во приказните ни се познати . На едната има запишано Љубов , на втората Богатство, на третата Среќа. И што ќе одберете? Недостасува најважната врата. Врата во која би влегле и би ги добиле сите три останати. Тоа е Спознанието. Тоа е врата која треба да ја отварате и врата преку која учите. Љубов без себеспознание , не е љубов. Среќа без себеспознавање не е среќа, исто е и за богатството.. . А кога сте создале себеспознание, тогаш живеете среќни и богати затоа што вие сте љубов!!!!!!!!!