Spoiler Седам на тераса и со восхит ги гледам луѓето во куќата подолу како играат, пеат, се веселат, се смеат, пресреќни, навистина им ве восхитувам, блазе си им како си го отвориле срцето и уживаат во животот. Ми протекуваат солзи од очите додека слушам одредени песни и си велам зошто јас не сум среќна, зарем ја не заслужувам убав и радосен живот, зарем никогаш нема да бидам среќна и вечно се ќе се урива врз мене, зарем така животот ќе ми мине во празнина и тага. И не ова не е ПМС, не е ниту лош ден ова е нешто како лоша година, нешто како личен неуспех, огромен товар и болка која се собирала во мене со години само што сега испливува на површина. Налет нека е што јас не сум среќна ама ме боли што знам дека никогаш повеќе на никој нема да можам да донесам среќа, ниту да направам радосен затоа што преголем товар од несреќа и болка носам со себе,
На здравје Џинџер, сигурно какаото било многу вкусно. Ме потсети на времето кога баба ми секогаш ми правеше и заедно си пиевме секое попладне. Летото помина премногу брзо. Како вчера да стигнав дома, а сега сум пак назад. Нека се редат успеси само и за ништо нема да ми е криво. Нека поминат побрзо уште овие две-три години и повесело ќе биде. Многу ми се живее во иднината ахахаха.
... кога пред долги години беше нормално нешто во целиот свет луѓето да се сакаат а материјалноста да се користи, денес во денешно време се доведовме до дереџе да се сакаат материјалностите а да се користат луѓето ...
Јас па , долго време живеев за иднината и во иднината , така и се осеќам како од таму да доаѓам . Сега сегашноста ја живеам , поубава ми е некако , по на дофат . Ама ако , кој како милува . А за минување , се минува . Еве и оваа саботна вечер, така по дома сме си .
Не ги можам стокиве од професори значи... За еден испит ме турка милион пати и покрај непреспиените ноќи и вложениот труд. Ме препрашува за тест со одлични поени, само затоа што не ми верува дека немам препишувано без апсолутно никаква основа. На консултации доцни дур јас си губам вреден час пред нов испит кај друг професор. На меил не враќаат кога е потребно. Моите дома немаат разбирање, ама кој ги врти. Као и увек си терам свој филм. Мој живот мои грешки. Доста е веќе со репресии... Само беше прашање на време кога ќе ми пукне филм за да речам збогум факулету. Крај краева свесна сум дека сето ова ќе повлече низа несакани импликации. Бидејќи веќе и онака сум заглавена до гуша дома со финансии, а ова ќе биде само јаготка на шлагот ама гајле ми е. Зошто со глава во ѕид не се иде.
Абе ај ништо не ни фали јас си гледам кој што последно си купил Убава тема за пред спиење. Пред накоја вечер сонував некои штикли имало во ГТЦ кожни за 100 денари, претходно ги видов во темата, па вечер можеби некоја блузичка ќе сонувам или шминки за 20 денари хахахах
I konecno se uspa moeto najsakano,najubavo i edinstveno since .Mi znaci poveke od se na ovoj svet,sto e normalno,taka i treba da im znacat decata na roditelite no iskreno me iscrpuva,eden son eden mir za mene..kolku mi fale tisinata i mirot sto gi imav,no sepak dovolno e da go poglednam i da mi se nasmee i znam deka za nisto na svetot ne bi se menuvala
Готово е Кјукли. Оде воз у кукуруз народски кажано. Во понедеделник здравје одам да си соберам документи. Не го бива веќе, смачено ми е.
Се повеќе машки членови гледам на форумов.. Нели беше за џенцки де? Кај и да е, малцинство ќе бидеме на своја територија. Eх.
Студентскиот живот ми беше (ептен ситно бројам до крај, затоа во минато време.... и тоа намерно потурнато за да се влечам како студент уште некој месец) еден од најубавите периоди во животот. На крајот искрено малку ми се смачи, мислам дека и на другите така некако им беше и веројатно почна веќе монотонија да ме тепа, почнавме сите да се нервираме меѓусебе, а богами и секој почна да си го средува дел по дел патот по кој сака да се движи во иднина... па вака секој настрана повеќе се сакаме. Дури не ми се верува и дека ме нервирале до пред некој месец со некои постапки, ху керс, секој си прави како што мисли дека е правилно, сега сите ги сакам оти сфатив дека ме полнеле со позитива и тоа многу. Едни од најдобрите и најблиските луѓе во животот ги запознав во факултетските клупи! Толку позитивно пристапив, што не беше можно исходот да биде негативен! Немав ама баш никакви очекувања, а богами ни предрасуди, отидов прилично самоуверено и насмеано, се акнав сама, а испаднав со едно ново и откачено друштво што ми тропа глупости и ме анимира додека сум тука на едно приватно групиче на фб.... толку дружби, смеи, пијанки, кафе-паузи, па заедно демек ќе ,,учиме,, а од нас цела зграда ечи, па глупости триста... кога ќе ми текне, ле-ле, мадре миа, таква група се собравме, значи реткост некој толку да дружи со колеги како што ние дружевме! Идење и одење по гости, фамилијарни пријателства, деноноќни дружби, помагања за испити и тоа несебично, ама тивко, меѓу најблиските. Каде и да одиме, макар и едно обично кафе, мора да падне некој муабет од кој те боли стомак од смеење. Еве ме чекаат сега да си дојдам, тупкаат, ајде да сме пиеле, абе ќе пиеме, ама пиењето во студентските денови ми има некој подруг шарм. Затоа бруцоши, уживајте и зграпчете ја секоја можност за пијанка, дружба, учете деее, без учење ништо не правиме, учете си за вас и навистина научете нешто оти после факултет е борба и има огромна конкуренција, само најдобрите ќе успеат.... гледајте да искористите секоја можност за шетање, во државичкава и во странство, ем ќе видите свет, ем ќе се запознаете подобро самите себе, ќе видите какви се' луѓе има и нема по светов, а и некој денар плус ќе ви тропне во џебот, малце по малце ќе си соберете убава заштеда за во иднина... Само напред, со отворен разум, бидете паметни, селектирајте, не е веќе средно, ви то можете! Нек ви је са среќом, па да не частите за вработување, их! Ииииииии така, дадава од преку океанот ви соли памет а тука се улавеам.... фала Богу на Нетфликс, на пивото и на чипсот, така одржувам здрав разум. Битно одам и трчам како ненормална, тука со цимеркава нешто се спремаме за на плажа во октомври, па ќе си дојдам, ќе се истуширам, и ќе си отворам 1-2-3 пива, ќе мезнам чипсчиња и како права америчка фуфа ќе бинџ-уач нетфликс.
Ќе си ги собереш силите и ќе се вооружиш со позитива.Изминуваат часовите, се враќаш изнемоштена.Ти ја цицаат енергијата, лигави и манипулаторски створенија.Ги држат конците, а ти си само обична кукла во нечии раце.И онаа трошка надеж пак од утре те крева на нозе, пак не се даваш лесно. Животе, бетер од црн си. И најосновна комуникација се изгуби.За најопшти теми не се зборува.Се губат контакти.Се‘ се сведува на два-три збора, чисто колку да се изусти нешто.После вината автоматски се префрла на тебе, зашто сакаш да зборуваш за нешто.Ама тоа нешто е нешто повеќе, не само обичен поим. Тоа нешто, може да е и обичен проект.Вложуваш труд, креативност. Тоа нешто, може да се и чувства.Да заплачеш, да бидеш разбран. Делиш среќа, делиш тага. Разбра некој што сакам да кажам? Оти овие околу мене, ко загатка ме гледаат. Што ви е двигател во животов тогаш? Смартфоните? Се сече лентата
Ако crimson е доволно смотана да свитка нога и падне пред Луна Парк и сите дискотеки, и си седне на земја, нормално дека целото нејзино друштво седнува на земја од солидарност. Дури ни се придружи ромче што ми пееше македонско девојче. Браво Сара. По не знам кој пат.
Не ми се верува дека за брзо време ќе станеме малцинство. Ама дека се почесто си се` шеткаат жедни ку*ати чиченца и патолошки болесници низ ле форумот си стои. Моето досегашно искуство зборува дека еден просечен машки член држи најмалку три профили. Еден за да изигрува интелектуалец у покушај, друг за да се пушта на дами и трет за да трола. Мада има и исклучоци со по десет, али тие се предаторски, ендемски видови.
Добро утро Убаво неделно утренце. Се будам во 7 ипол, толку нетипично за мене, која важам за најголема спанка која постои , ама обврските си го прават своето. Јас веќе си го испив своето утринско кафенце, ве частам и вас. Имајте убав неделен ден, одморете и наполнете батерии иде понеделник.