СДК дека навистина останав без зборови http://www.mirror.co.uk/news/uk-news/meet-six-year-old-twin-6427411
Најужасно нешто на Светот е да не се чувствуваш дека ти си ти, да ти е поудобно да носиш машка облека ако си женско или женска ако си машко. Нема што да се суди тука... си сфатило детето дека е женско и нека си биде среќно сега. Тоа е животот
Многу добро ги познавам децата на 7 годишна возраст и не верувам дека се толку созреани за да сватат дури дека не се тоа што всушност физички се.Незнам можеби грешам ама мислам дека ова е пред се неостварена желба и хир на родителите кои сакаат да бидат во тек со денешните модерни текови.
Обично гранчињата рузмарин ги поставува негден близу мене, да му го осеќам мирисот. Да ми го буди умот. Го ставам во чашка , чоканче.. како било . А за денес на менито , есенцијален мирис од рузмарин, една шака berries, некои желби за запишување. Некои , реков. Море, сите , рој желби . Желбата е придвижувачка сила на душата . Душа без желба е и бајата . Андреј Курпатов , тебе ќе ти посветам еден цел ден. Убав , светол ден.
Се слушнавме, добар е. Од гласот му се познаваше колку е среќен и возбуден. Така слатко се смее, посакав да сум таму до него, да го гушнам уште еднаш. Се срамам луѓе да ви признаам колку сум себична, колку само не сакав да замине. Не му кажав колку ми е тешко, не сакам да знае. Се смеев и јас, му реков дека сум многу среќна за него. Се шалев на моја сметка дека ќе го чекам да се врати а во меѓувреме ќе му пишувам писма. А да знае само каков хаос остави во мене... А да знае само колку не сакам разделби и далечини. Колку не сакам вакви непроспиени ноќи. Колку не се сакам себе си таква расплакана, на ништо не личам.
Секој дом има специфичен мирис кој не го чувствуваат само луѓето кои живеат во него. После точно три месеци, сестра ми си доаѓа дома, влегува низ врата и ми вика: Еееј, можам да го почувствувам мирисот на сопствената куќа! Викам: Тоа значи дека премногу долго си била отсутна. Сега сè ѝ е чудно. Ми вика: Леле бе, јас заборавив дека овде водата од чешма се пие, барам флаширана во фрижидер Ај викам не туку аздисувај Ова лето ми помина експресно брзо, не можам да се свестам кога помина пола септември. Како вчера да беше 13 јуни кога ја испраќавме на аеродром. Ја искарав зошто не купила патрони за кафе што ги нема кај нас, а таа: Ана, ти се верува дека немав место во куферот за мојата четка за заби? Ај викам батали куферите, не можат да ти бидат толку полни како душата после многуте прошетани места низ Германија и Данска. Не зажалив што ѝ го дадов апаратот, се врати со преубави фотографии Ноќеска на полноќ правев чизкејк, иако бев станата пред 5 и цел ден го поминав по планини и ридови. Ама сè за сестра
Ако во сеќавање не ти се наоѓа ниту најмала лудост на која те навела љубовта, тогаш никогаш не си сакал.
Чуството кога доаѓа недела... Тишина, мир, спокој, депресија... Клише ми е бе луѓе. Воопшто не ја сакам неделата, се губам и во времето и во просторот, се ми е негативно, се ми е иронично и безвезе.. Се менувам уште од рано изутрина па се до ноќта, негативност, глупави мисли, стресови. Уште од мала не ја сакав, и така и остана. Кај и да сум во неделите јас сум друг човек..не личам на себе. Многу се иритирам луѓе кога не знам буквално на што сум во животот, чекам само едно нешто и тоа нешто ми зависи од се во животот, и така си тапкам во место и се нервирам и иритирам кога ќе помислам дека животот ми тече а јас се туфкам секојдневно. Многу е лошо кога незнаеш што и како со животот..загубена си и во времето и во просторот, неможеш ниту да планираш ниту да продолжиш со нешто во животот што го сакаш или пак ти значи, сета оваа ситуација претворена во животно искушение ми ја рони душава. Неможам да дишам..
Секогаш позитивно и само позитивно Ајде да ве видам, насмеани, сите! СДК дека пред неколку дена се возев во такси и едноставно дечкото што не возеше со мајка ми , да го најдам сега ќе му понудам брак.Е овака. Абе толку позитивно,насмеано,душичка полна надеж за подобро утре! Ни ја раскажа приказната за животот негов .. како бил оставен од неговите кои се развеле..сега живеел со девојка му, работел во Скопје па му дале отказ ( иако му ветиле дека ќе работи и во странство) и се вратил во Велес и веднаш нашол работа како таксист и почнал.Кажа дека му е тешко, но рече : "Мене ништо не ме руши во животот.Јас сум си позитивен секој ден и насмеан.Ќе се борам до крај во животот." И ми ја исполни типот душава со радост,надеж,позитивни чувства и среќа.Гооолема среќа. Девојка му е дефинитвно многу среќна особа имајќи таква личност покрај себе..секој ден. Благослов.
Со некои луѓе ти е доволно да сврзеш 10-15 минути муабет и да знаеш дека има основа за нешто повеќе од најобично познанство. Ризик е, да, но ако дадеш се' од себе, слободно надевај се на најдоброто. И да не испадне како што си сакал, знаеш дека не зависело од тебе... ... And then, there are those who just can't take a hint... па на крајот, се' што преостанува е да си максимално студен (и отсечен), и да се надеваш дека што е можно побргу ќе се тргнат настрана... за обострано добро. Да, таквите луѓе обично завршуваат повредени... Но, лесно би било да се раѓаме со 100% гаранција дека сме ликови кои нема (не)свесно да повредат никого... лесно, да не речам и монотоно. Физичкиот изглед привлекува. Смислата за хумор (еднократно) фасцинира. Но, интелектот и карактерот се она што може да задржи човек... make them come back, again and again, wishing for more... Ми се има случено девојка што физички не ми оставила wow ефект, со тек на време да ме заинтересира и зграпчи како некоја птица грабливка. Но, се' уште го чекам денот/месецот/годината кога некоја што физички ме привлекла ко магнет, со нејзиниот мувла карактер да ме задржи долготрајно ... На таквите им давам 3-4 недели... месец и пол, преку сила.
Викаат се што е убаво кратко трае, па така и викендот. Петок излези, сабота излези, кога ќе видиш дошла недела. Во недела некако се се случува во брзање, да средиш некои обврски, да се избањаш, да видиш што ќе носиш наредниот ден и одма лета времето. А за време на викенд ништо интересно нема на ТВ, буквално ништо...
Кога силно посакуваме нешто, без разлика дали е исполнета желба или успех во остварување на долго време зацртана и посакувана цел, посетување на некое место, време поминато со личности кои ни значат - во нашата човечка природа лежи една лоша навика... Пред да ни се оствари таа желба, анализираме и разглобуваме, ѝ дозволуваме да ни ја одзема концентрацијата. Ја внесуваме целата возбуда во максимално фантазирање, со идеализирани бои во умот си ја цртаме замислената атмосфера на среќа... до тој степен што кога навистина ќе дојде тој момент, целата убавина на истиот во реалната форма во која сме го дочекале - сега, во реалноста не ни ја пружа онаа јачина на чувството на пријатно изненадување што сме го очекувале. Затоа, дејствувајте и борете се за своите соништа, но и препуштете ги работите да се одвиваат во својот тек. Не дозволувајте нетрпеливото фантазирање да ви ја истроши возбудата и да ве лиши од целосно уживање на убавината на моментите во реалноста...
Мислам дека вака исто се чувствувам веќе неколку години ....... А толку работи можеа да се направат тие години. А што е жално, продолжува чувството ....
Би го честела сѐ што ќе посака оној кој ќе успее да ме насмее денес....или утре...или задутре. Еј.... Мислев дека сум посилна. До кога ќе ме држи ваквото расположение? Немам воља да станам од кревет, да излезам на кафе. Немам воља за ништо. Не ми требаше толку болен начин да научам дека за некои луѓе единствен збор да ги објасните е разочарување. И не е битно сами ли се виновни за тоа или моите превисоки очекувања. Ќе помине....или нема....едно од двете мора. А си ветив нема да мислам на него
Дефинитивно најлошто нешто што може да го чувствува човек е празнината. Ма сто пати подобро би било да чувствувам болка отколку празнина. Знаеш ти фали нешто, знаеш ти фали некој ама не знаеш што и кој. Боли кога треба да се преправаш дека си во ред, бидејќи нели сите мислат дека тебе животот ти е супер, демек мене ништо не ме боли, демек сум имала што ќе посакам. Депресивни мисли ме маваат во глава, не можам да почнам да правам нешто и да си ги оттргнам тие лоши и неубави мисли. Секоја недела ми е таква, буквално секоја. Не знам што да променам веќе, не знам дали е во мене проблемот или во средината во која живеам. Животе, не те сакам кога си ми ваков досаден. А хороскопов ми пишува убави работи, а реалноста сосем обратното. До денот е, секоја недела ми е таква. Подобро да ја обвинувам неделата отколку да си признаам дека таков ми е животот, празен. Монотоноста ќе ме убие еден ден, да!
СДК ... Ах @vitamina , Витаминче те разбирам ... Не сакаш да се откажеш, а знаеш дека чекањето може да не донесе ништо или пак да донесе многу. Ако се откажеш, си мислиш да не изгубиш многу ... Најлошо е кога си во ваква неизвесна позиција. Не се откажувај, ризикувај ... ама не дозволувај животот да ти се сведе само на чекање на она што знам неизмерно го посакуваш. Ако нешто треба да биде, ќе биде без разлика на се". Веројатно ... Инаку мојата позиција е пак иста, на моменти променлива со тенденција да се враќа во иста положба. Викаат сама сум си кривец за истото, сум давала погрешни вибрации на универзумот ... А не сфаќаат дека премногу сум свесна за тоа како функционира се' и затоа сум така "ладна". А грешат! Многу грешат ... Се штитам себе од нови разочарувања. Се чувам себе од болка. Знам ризикувањето е пола успех, ама премногу свесност не може да ти дозволи да ризикуваш. Ќе чекам ... ќе го чекам моментот кога ризикот ќе ми биде единствена опција, а верувам желбата и емоцијата, мотивација за да успеам во нешто што ми е многу важен дел од животот.