Здраво Феминки,сакам да прашам дали некоја од вас има слушнато за агенција за промоции,реклами...TOTAL GROUP od Скопје?
Значи проблемот до мене ли е, краток ли фитиљ имам... Зашо луѓево бе ги интересираат туѓите животи? Абе едно излегување на улица одма дознаваш кој каде бил, кога се вратил..уствари дознаваш и работи за тебе што не си ги знаел Да не зборувам простаталак и невоспитание колку ме вадат од кожа и луѓе ограничени во размислувањата. Чекајте другари а сељанки левел штикли повисоки од нивнатата интелигенција што секој викенд ги гледам пред дискотекине, шљокици насекаде, извештачени у тело па и персоналити,тие што знаат се за цел град и се као "фаци" е тие драги мои први влагаат затоа што нашите исфрустрирани менаџерчиња и набилданине типци на врата нормално од глава до пети мораат да те измеркаат и ако личиш нешто на ова горенаведеново топ, а ако си дошол по патичиња онака лабаво ,е драги мои тие менаџерчиња се дрзнуваат да коментираат за твојот изглед, како тоа ти си можел така да се појавиш.Извини ти богу, што нешто си постигнал у животот па си нашол да збориш. И со турбофолкот отидовме у неповрат луѓе. Се чудам на тоа како единствените интереси на некои девојки се каде ќе искочат, што ќе облечат и какви нокти ќе си направат.Се е тоа океј али идете образовајте се , и тој малце памет што го имате ќе ви се исуши. Е затоа, I don't wanna live on this planet anymore !
Добро сељачка буржоазијо и тазе богаташи шо најмувате вединг и парти планери, не ли ви е срам бе кога ќе ве опељуши планерката со ебано многу пари за вкупно 10те срциња што ќе ви ги стави на посебен сталаг за колачиња? Не, сериозно ми треба поише вино јас ко гостин да го преболам тоа, а воедно и да не се изнасмеам и да бидам брутално искрена колку е безвредно сето тоа... И сето тоа евтино клише со тегличиња, знаменцинја, врагови ... Вединг планер... роденден планер... па и тие што така си се нарекуваат... ало у кој филм сте? Вединг планер? Ресторан им најдовте? Бенд? Ја истрчавте цела свадба? Ау извини, знаменцињата ги печатеше ти, добро. Сега немаше вакви ствари, ама со другарка ми си го коментиравме... пошо бевме и на таква. Ама сите овие шо демек организираат настани, толку се неинвентивни, толку се копи пејст. Што е тешко тоа сам да си го направиш? Нашле проста раја па ќе бричат. Ама буквално едни со едни се исти, разликата е во боите и на едните има маша и медо на другите фроузен. Истите сталази, истите колачи, балони се балони... Вкусови? Ок, за некого и кичот е вкус... Туку на поромантичната страна од животот, знаете што најќејф? Кога ќе те зграби во групата која лудо играте по свадби и ќе ти рече - не те мењам за ниедна. Таков, никаков, подраскопчан и блесав, знаеш дека ќе го носиш до дома и полупијан, ќе му ги отвориш сите прозори синуси да го фатат, па да не знае утредента од што го боли глава. Ама па мил е, мил е кога те гледа низ пивски наочарчиња, а утредента низ мамурни. Стално ми вика со пивските, што си грда нашминкана, а со мамурните насабајле, најубава си овака. Пусто швалерство у него, од никад не знаел како да се удвара, ама го сакам бе... И последна реченица пред спиење кога му е - па јави ми се некад...знаеш дека е у икс. И финко е кога ќе дојде на 300 км поблиску зошто не може да почека уште 6 саати... и си викаш, дали е здрав и дали треба да продужам со него, пошо...стварно не е здрав. Ќејф ти е, ама ... не е баш потег од соништата, си го вагаш, ама нели, пак го сакам... до суштина. Па се прашувам... какви ли деца ќе испаднат од ваков човек укрстени со чудак ко мене? П.С. Сељанка стартер пакот го видов комплет (манијачкиот дел, машката екипа одма ја најде на фејсбук да си ја додаде за да ние женската екипа се спрдачиме ко што е редот, другарка ми прогнозираше дека сто посто има розеви дреч адидас патики за трчање - и има!!!) после тетоважата на бут која вулгарно ѕиркаше под џиж црвениот фустан. Змеј! Јер она била змеј... Ти душо си централно амерички гуштер, ништо поише. Некоја сваќа, зашатираното косиче подзатапирано со церада шишката особено ме пленеше... Многу јадам трицички, ама што се тиче свадби, после толку, профи станав за оценување на свадбарски стајлинзи. А башка што треба и некоја диплома да ми се издаде, стекнав и мултинационално искуство со истите и во суштина сфаќаш дека ретко која свадба ја слави љубовта на младите, а повеќе го слави куропецањето на родителите и тоа е! Точка! Имам уште една свадба за сезонава и се надевам дека до крајот на годината нема да остане уште некој труден...овај да добие желба за брак пошо стварно нема смисла, не друго, ќе останам уште јас...и онака имам доволно притисок од сите страни. П.П.С. Годинава само на една свадба не фатив бидермаер.Ви ги сакам згужваните фаци после тоа, као бу хууу никад нема да се омажам. Он више онака нон шалантно ги прифаќа тие моменти на мојот сладок триумф, мислам коментира - вака комплетно го докажуваш бичи бич мудот, да ти дадам сега прстен на малото прсте на ногата ќе го ставиш. Прав е, шо да му реча више не знам!!! Ама они сериозно мислат дека ако го фатат бидермаерот ќе му текне на дечкото им као ај после 10 години врска ете фати бидермаер, ај да ја земам... тугоооо...
Los period, taka si se tesam... Gi mrazam postovite vrska so nemaat. Koga ke vidam ubavo, mojov e eden od niv...#seslucuva
Дебелината стана болест на денешницава.Само повеќе психичка отколу физички што се забележува.Млади сте, здрави, убај што си ја мачите душичката за некое килце повеке.
Во принцип, донесувањето на одлуки подразбира вклучење на сите распололожливи лични механизми што е обратнопропорционално од учеството на другите да не поколебаат во донесувањето на истите. Убедувањето дека некоја одлука значи грешна разрешница е туѓо мислење кое во најголема мера има толкава “позитивност” колку што може да им верувате во зборовите во споредба со делата. Некои се перфектни манипулатори и сакаат да ве збунат и поколебаат во изборот на вистинското решение, некои се подмолни интриганти и настојуваат да го попречат патот и да ви покажат други знаци на движење... Не дозволувајте нечија игра од фрази да ви биде патоказ низ реалноста. Бидете сопствено мнозинство и сами гласајте си ги одлуките. Нивното реализирање е избор на насоката кон која ќе чекорите без оглед дали ви престои пад или успех... И тоа е дел од биоритамот што треба да се преброди или прослави... Сите перипетии и достигнувања ќе бидат само ваши како што е и животот само ваш.
Во овај момент, се што посакував е да го испијам моето утринско кафе пред компјутерот и да уживам во моите 5 минути. Ама не бре, ко ќе ти дојде со таа смрштена фаца кафе не ти оди Му велам во гроб фирмава нема да ти ја стават море будало, отимај од животот некој умрел ринтајќи Вели ти со тој памет до 101. Кој ти е крив кога си програмиран на куќа посао а од скржавштина не видиш ништа Е, до тука ми дојде
Растроеното понеделничко расположение се лечи со кафе бе! Какви антидепресиви, кога ќе ги седнам на една психотерапија со едно блашко, млечно кафенце - цветаат луѓево. Психички позитивен стимулатор NO-1 е кофениов, ама без конкуренција!!!
Секогаш сум сметала дека бившите си се бивши и треба да си останат таму во минатото. Ниту ме интересирало што прават и како се. Ама. .... Никогаш не вели никогаш и Марфи е секогаш тука кога не треба нели? Вчера со последниот бивши разврзавме муабет до сабаjле шго се вика. Фино се разделивме и сеуште си го имаме муабетот. Понекогаш знсеме да се прашаме еден со друг до каj сме со животов. И самата не верував во тоа дека со бивши можам муабет да терам, ама ете и тоа се случи. Сдк убаво е човек да има ставови и да се држи до нив. Ама некогаш направете некоjа отстапка од некоj став, може нешто позитивно да ви донесе.
@mirandaa браво, многу исполнува кога можеш да помогнеш на некого што нема. Мене овој петок и сабота ми беа акција ден за донирање. И онака ги вадев зимските работи па се што не облакав и дури и работи што можеби ке ги носев а беа доста дебели ги ставав во големи вреќи и ги донирав за емигрантиве. Не ме кошташе ништо а чуствотот е бесценето. Слушам од луѓе што биле на терен и што помагале, купувале храна и ми се полни душата кога слушам дека има сеуште хуманост а слушам дека има такви што продаваат кебиња и топла облека 5 пати поскапо од тоа што вреди. Срамота! Па утре (да не даде господ) можеме ние да бидеме на нивно место. Човечки е да помогнеш и да им олесниш малку на сиротите кои бегаат од пеколот на војната.
"We are what our thoughts have made us, so take care about what you think. Words are secondary. Thoughts live, they travel far." - Swami Vivekananda Ова е мојата животна мантра. We are our thoughts and our words. Choose them carefully. Имајте убав ден!
Меѓу првите два-три збора од странските јазици кои што најчесто се учат на почеток е зборот "Благодарам". Merci, Thanks you, Hvala и така натаму. Штета што зборот веќе не е толку употребуван во секојдневниот живот. А да не зборуваме за "извини"..
Не ми се јасни маркетинг кампањи за пижами, на кои девојките носат комплетна шминка и се фризирани до бескрај. Ова штотуку го видов. И што е сега ова? Пижами? Casual комбинација за по дома? Ама зошто накитот, шминката и фрузурата? ЗОШТО? Се чудам како заборавиле штикли. A нашиве па, црпат инспирација.
Бре значи што убаво понеделнички ми тргна денот ,велат ако е така и цела недела ќе ти била убава,па сееее надевам )
Многу си ги сакам колегите. Уствари ги сакам сите луѓе околу мене, сум научила да бегам од негативна енергија.