Лзвот и прасето седнале да пијат, пиеле што пиеле и лавот рекол дека ќе си оди затоа што го чека жена му, прасето намуртено му рекло: -Лаву, ти си крал на животните, цела шума ти го има стравот а ти со една жена се замараш. Јас сега ќе пијам до сабајле и жена ми ништо нема да ми рече. На тоа лавот му одговорил: - Прасец, разликата е во тоа што ти одиш кај свиња, а јас кај лавица!
Читам утрово на портал-Пензионери се степале во автобус за место. Тепачката ескалирала и почнале да се маваат со компири.ЕЕЕЕЕ мојата чудесна земја Македонија. Срамота.Ги плукам старците и не се срамам.Немам почит према нив ,воопшто немам. Веке не знаат кај тераат од што се збеснати и не знаат што со себе да направат. Порано кога ке видев некое постаро лице со мерак ке земев врата во зграда ке им отворев или ке им ги однесев кесите до дома. Сега само дрско ги одминувам и превртувам со очи. И они се избезобразија.Што веке не добија во државава и пак се дрски и безобразни. Безобразни се во автобус,безобразни се во продавница,безобразни се додека чекаат ред некаде. Осет немаат према другите.Крајно себични и егости,бетер од мало дете се. Пу јазк !
Насмевката не секогаш докажува дека си среќен.Како и озбилното однесување што не секогаш покажува дека не си среќен.
Колку сум среќна што сум запознала личности кои ретко се наоѓаат на светов! Сакам засекогаш да сум заедно со нив, се би направила за нив! Тие ме тераат да мислам животот е прекраток за да бидеш тажен! Не ми е гајле ако се тоа само 2 личности... и да имаш еден таков пријател, ќе бидеш најбогат на светот, не во пари, туку во среќа.
Ги имам најдобрите другарки на светот .....и секако најдобрите виртуелни пријатели (вие) . Ве сака вашата самер имајте убав ден
Колку слатко.Никогаш незнаеш кој ќе ти го разубави денот. Дури и непознати кои се бакнуваат. We asked twenty strangers to kiss for the first time.... http://www.youtube.com/watch?v=IpbDHxCV29A#t=18 Глава стално ме боли од што не сум станала од пред компјутер од фемина не се одделувам..Прекрасни сте
Чуството кога кај најлошата наставничка во цело школо, ќе добиеш 5ка + единствена во клас + со сите можни поени на тест и неа не и се верува и 2-3 пати проверува да не утнала во пресметувањето и да не сум згрешила нешто, како е можно без грешка да ми бил. Е така шарено со шарки на главата. Фацата и беше како да ќе пукне во секој момент. Баш вака: . Конечно и докажав дека заслужувам 5ка. Не дека сакам хемија, ама од инает седнав и научив. Наставничке по хемија слободно можете да пукнете и цркнете! Не верувате во моите способности? Епа од сега почнете да верувате! Се чуствувам среќно.
има ли некој што му е досадно?? Се сликав вчера за табло ама осеќам дека сликата ми е страшно грда, е сега сите ми прават фаца убава ми била па ми треба некој објективен да ми каже искрено ама стварно искрено Јунакот нека се јави во ЛП, благодарам однапред
Веќе одамна сама си купувам гардроба што ми треба. Но татко ми подсети на времето кога бев мала и кога ке дојдеше од работа и ке ми донесеше некое парче. Прееска повикна НАНААА и јас истрчав и гледам кутија ми вика отвори кога гледааааам преубави патики Благодарам татичко ме израдува
Боже дај да будем јаак, да ми проџе утораак! Нешто не е во ред со вторнициве. Речиси секој вторник, мене ми се случува нешто. Ме имаат ограбено во вторник, паднав по скали, малку фалеше нога да скршам, исто така во вторник. Ретко доцнам на учиште, ама кога доцнам - секогаш е вторник. Или алармот не ми се уклучил или сум се изгубила во Скопјево или сум имала сообраќајна незгода во автобус или ради пензионерите и преполните автобуси. Во вторник, пред да тргнам во школо, цела се прелеав со чај, кога отидов со мокра чорапа, затоа што немав доволно време за да се исушам. Бев како исфрлена од вртлог. Минатиот вторник, на физичко во соблекувална ми се скинаа фармерките и го изгубив копчето. Дома си отидов со опремата по физичко. Денес, не знам како сум успеала и КАДЕ сум успеала да се улепам цела. И фармерки и дуксер. Од глава по пети, со нешто лепливо. Потсетува на мастика, ама нема шанси да постои толку голема мастика. И така и денес си се вратив дома, со опремата по физичко. Најтешко ми е што мора да го облечам капутот, плус тоа да го закопчан до горе, на ова според мене, топло време. А криво ми е за дуксерот. Од шесто одделение ми е, фактички околу шест години го носев. Го изнаносев! Најомилен ми беше. И толку од него. Почнав да си прелистувам мислења, што се` ми се случувало во вторник. Дали можеби треба да почнам да постам тој ден или да не излегувам од дома. И искрено почна страв да ме фаќа. Сите ме прашуваат како може се` мене нешто да ми се случува? Е па и јас ги прашувам тоа истото. Овие решеткиве на грбот, уште си стојат. Немаат абер да се тргнат. На левата нога, имам тро поише модрици. Од каде излегле, каде сум се мавнала... поима си неам! На десната рака, во декември се исеков со конзерва, белегот си стои. На десна рака имам белег од прстен, не знам како успеав да си го забијам во кожата. На истата рака, се изгорев со пегла. Во близина на левото око, имам белег, ради тоа што како мала сум шетала по штикли и сум се удрила со главата во ќош од маса. Ако вака продолжам... ќе си останам одбележана до крај. А колку пати имам паѓано во вторниците? Тоа да не зборам. Особено по скали.
Се во животот поминува, а останува само емоцијата.Човек мора да помине низ пекол, за да научи, ако никогаш не згреши, нема да знае како е.Некогаш некои ситуации на човек му делуваат како да се вечни, како да немаат крај, а завршуваат токму тогаш кога е подготвен за нови нешта во животот.Скоро секогаш животот знае да биде голем манипулатор, да го малтретира човека на некој начин, се додека не му излезе душата, само за да научи да биде цврст, за потоа откако ќе ја научи лекцијата, полесно да поминува во животот.Особено на начин на кој самиот ќе разбере како да продолжи понатаму.Може да биде и самиот премногу суров кон луѓе кои помогнале некому, ја дознале целта, зошто уствари живеат, за на крај истите тие да си поминат лошо, да не речам на фатален начин.Не заслужиле, таква болка. Боли, кога такви луѓе страдаат, кога човек се осеќа не моќно за да помогне на тие луѓе, како да му се врзани рацете и останува само да занеме пред реалната суровост.Нема рецепт за тоа како човек да го живее правилно животот, да имал, веројатно немало да ја дозволи суровоста на животот.Некои велат „ човек што и да направи, пак ќе згреши“. Страшно е што животот е само секунда, здив, ништо повеќе. Некои работи човек не може да ги смени, да бидат онака како што тој сака да бидат.Џабе не рекле “ скршениот леб, не може повторно да се залепи“.Останува човек да се надева само подобро да преживее, без да се замара со тоа дека мора секогаш да ги држи работите во свои раце.Бидејки и онака не може, секогаш ќе има нешто кое што ќе му излезе надвор од контрола. Живот, додека трепне човек, заминал.
Морам да прокоментирам дел од една од поновите статии тука (на фемина) Самоувереност, цврст став и решителност. Жените кои самоуверено го искажуваат своето мислење и се директни и решителни често се сметаат за нападни, агресивни или арогантни, додека мажите со исти карактеристики се сметаат за лидери. Колку само е точно ова... и тоа не само наведеното, туку и себични и бесчувствителни и ред други работи. Да, да, за таква ја сметаат жената што искрено и директно кажува што мисли,а оние жени што се преправаат и лажат и што немаат свој став се прекрасни Ете јас сум од овие првите - "нападна, арогантна, бесчувствителна" и не ми е нешто во план да прејдам во другиве Едноставно повеќе сакам да кажам што навистина мислам отколку да смислувам некоја слатка лага која ќе ја ублажи не толку убавата вистина или пак да кажам нешто само за да угодам некому...
ништо не боли повеќе од рамнодушноста во очите на оној што ти значи се.. а проклета да сум, што е тоа што секој пат пред очиве мои те носи.. што сум згрешила толку да не можам да издишам мирно...
Многу го мразам периодов (а и сегашниот месец многу некако ми се одолжува....31 ден ),кога се ми е мачно,не ми се учи,не ми се оди на училиште да ги слушам и гледам секогаш истите луѓе,да се нервирам за овие мои дволични ма не тролични „другари“ од одделението..Па уште кога зборуваат дека ќе се маскираат во нешто за прв април ми доаѓа да им плеснам во лице како оди маска на маска..?? Буквално се ми е мачно,сакам само да седам дома,да гледам телевизија,да шетам надвор,без да мислам дека утре имам испрашување,тестови....бла...бла...бла.... Па и уште ова време,поим немам како да се облечам наутро ми е ладно а ако облечам нешто подебело потоа ќе ми биде топло Издржи,издржи....Само уште три месеци....три проклети месеци.....
Се е добро кога добро ќе се сврши. Рече директоров на предузечево Како најстара морав да го поправам Директоре, мислиш заврши Да, да, тоа мислев Озбилна цело време дремеше ама крајот го фати Па ќе дремам бе, говоров ти го знам ко оче наш Гревче, не му е лесно со толку жени на едно место. Влажни коловози, по кој пат се поминати, во раните зори на запад снег.. Си држиш твоја страна, па поминува со двеста нека будала, ти пее Бајага, водка није ракија...
Се случи чудо. На еден муфлосаните ѕидови во студентски дом во Скопје, се појавила слика од Александар Македонски. Страшно !!! Па и се заебаваат
Не ги разбирам луѓето што се мешаат во туѓи животи. Плус знаат се за тебе, а од тоа што го знаат ќе ти извадат 110% друга приказна. Па како имаат живци. Јас не се мешам во туѓи животи, едвај на крај можам со мојов да излезам!
Овие на работа мажиштава ако не ме полезбејчат јас Еве! Кинам гла! "А, А, Што велиш? Убава е? Е како за мене? " - Да да моја оцека 9 од 10. Другиот - " Ма шта је ово бреее? Ја познаваш? " - Не , па не сум јас биро за информации или матичар.