Губиме луѓе во животов. Па као патиме по нив. Па не требаше вака. Најчесто си ја бараме и вината во нас. Не требаше тогаш така да направам. Може јас згрешив. Ете, може грешката е во мене. Па не знам како сега да постапам, а да му пишам ли? Да почекам може е подобро? Еве он нека ме побара. Може јас не треба сега да пишувам. Абре не! Луѓето што не сакаат и на кои им значиме наоѓаат време. Наоѓаат начин. И што е најинтересно, нема да не доведат до ситуација да се размислуваме каде сме згрешиле и зошто ги нема да се јават. Напротив, ќе бидат тука, ќе се јават и ќе не побараат. Никој, ама баш никој не треба да молиме. Оној кој треба да е во нашиот живот, ќе биде, без разлика на сите околности. Толку многу ме погоди што морав да го споделам
Никогаш нема да ми бидат јасни луѓето кои раскинале, а чекаат да се доведат во алкохолизирана состојба за да соберат храброст наталожените чувства и емоции со неартикулирани звуци проследени со плач телефонски да и ги соопштат на саканата личност. Као, зошто бе луѓенца? Зошто ви е потребен вишок алкохол во крвта за да го кажете она што ви лежи на срце? Всушност, се прашувам од каде воопшто потекнала идејата дека на овој начин треба да се решаваат проблемите? Еве не знам, ама јас кога се опивам (што се случува екстремно ретко), бар гледам да се апстрахирам од гнездото на проблемите, за во потполност да можам да уживам во моментот. Башка, утредента јаките фраерЧИНИ, експресно од рукав ти ја вадат онаа стара добро позната фора - - не бев јас, водката беше. Не бе златен, не беа водката коњакот, ниту било што од она што си го гутал и превривал во стомакот. Ти тоа можеби навистина го мислиш, но срамот од сопствените чувства не ти дозволува да се изјасниш, и те прави кукавица која една зрела личност не би ја посакала во своја близина. Е да, скрос офтопик сакам да ја споделам и оваа брилијантна реченица со која се согласувам, и пронаоѓам во потполност:
Е, тачно поради оваа работа. Алкохолот не им служи како средство за охрабрување, туку како алиби, за да откако ќе си ја отворат душичката и кажат што им лежи на срце, а притоа сепак бидат одбиени, можат да кажат - не мислев така, не сакав тоа да кажам, пијан бев. Кукавичлук и срам од сопствените чувства, ништо друго, апсолутно се слагам.
Морам да го цитирам ова. Слично нешто, добро не е баш слично ова е ниво погоре од вулгарни муабети, ми се деси лани на дипломска кај колешка. Се плеткавме 3-4 месеци, ми спомна еднаш дека има роднини од моето место, али кој да обрне внимание на тоа. Не ги ни знаеше по презиме, ми кажуваше кај работеле, од кај толку да ги знам луѓето ја во град од 40 000-45 000 жители. Mе викна на дипломска заедно со колегите на факултет. Положи во канцеларија кај менторот и членовите во комисија и влегуваме у друга просторија и честитаме, наздравуваме и мајка и прашува кој сум јас. И кажувам презиме и ми вика, ааа па вие сте роднини? Лелеее шо напраивме викам. Ја и оваа само се погледнавме а и едната колешка од нејзиниот град што знаеше за нас онака шокирано не погледна. И ми објаснува мајка и, очи ми крвават шо се вика, се праам дека слушам, а си викам ова ни у турско-индиско-шпанска серија го нема, ако излезе точно. И ме праша на крај дали татко ми бил роднина со нејзин братучед кој живеел во моето место или мајка ми. Не знам викам онака со подотворена уста ко некој лудак, а и стварно не знаев. Викам морам да излезам на 2 минути, татко ми на час беше му ѕвонев и му објаснувам шо како и цел насмеан ми вика, не сме бе роднини можеш да ,,напаѓаш". Колку ми олесна еј Не знаев што да направам, ми се идеше да си го акнам мобилниот од глава. Се вратив расположен на дипломска. Али замисли стварно да бевме роднини............
Моментот на чуството кога предчуствуваш среќа, многу среќни моменти и возбуда. Убаво ми е ... бидејки сум човек што разбира од трпение. Се чуствувам емоционално среќно и возбудливо бидејки инстинктот ме тера кон чуството. Се стремам да зачекорам секогаш кон светлината гледаајки во позитивата...во мотивацијата на позитивните емоции во мене.. Колку и да е лошо, секогаш се стремам и имам надеж кон позитивноста, кон добрата мисла и еланот за работата. Сабајлево ме раздрма невремево кое неуморно се бореше против топлиот ден, толку силно нешто од природава не очекував... се тресеше се околу мене. Денов го започнав со шолја топол чај а така еве и го довршувам.. Се утокмив под врелиот туш и топлото ќебе, а потоа заминав малку од секојдневието... А сега, сега ми фали добар сон, пријатна вечер, добра мисла и убав сон!
Една кратка приказна Една од прекрасните жени ,дервишки се вика Рабија Аладавија. Во суфизмот исто како кај богомилите и катарите , и жените може да бидат учителки, светителки. Арабија Аладавија има свој парник , огледало во машкиот свет и тоа е Хасан. Двајцата се ашици, вљубеници во Бога.И двајцата имаат некоја чудна интеракција, но никогаш не се допираат. Како Шекспир кој ги опишува Ромео и Јулија. Е сеа , се сретнале овие двајцата и Хасан да покаже колку е он ашик и колку е вљубен во бога... ја фрла својата черга у водата , застанува на неа и и вика" Елај Арабијо да се молиме на бога , гледаш можам и на вода да стојам". .. Арабија пак , со еден потег го завлекла чергичето во воздухот , па го повикала да дојде , да бидат поблиску до Алах. И Хасан се шаштисал, почнал да размислува што ново да направи. Арабија само се симнала и му рекла "Елај ваму Хасане, ова што ти го направи може и жабата и рибата и сите да застанат на водата, а ова што јас го направив го може и една мува да го направи. Ај да се симниме на земјата да правиме како обичните луѓе што прават, оти ова е само натпревар на нашите суети и еготрипови"
Мислам на секој во животот му треба барем една вистинска пријателка, ако не друго барем знаеш дека имаш потпора, не си сама. Не сум таква личност што се отварам и зборувам за моите лични проблеми пред фамилијата или роднините, ама затоа пред другарките секогаш се искажувам. Кога седнеме заедно, како да сме на психијатар, си се искажуваме, ислушуваме, ќе се исплачеме и исмееме и се е во ред. Убаво е кога имаш такви личности во животот, едноставно знаеш дека можеш да им веруваш. Тоа ми е отсекогаш била и целта, да пронајдам личности пред кој ќе се покажувам вистинската јас, без лажни маски и без лажни зборови. Многу ми е битно пријателството, знам колку многу личности ги има што немаат вистински пријатели и морам да кажам тоа е нешто што најмногу боли. Супер ми е кога сама си донесувам одлуки, супер ми е кога сама си ги решавам проблемите, ама сто пати поубаво ми е кога знам дека имам некој да ме ислуша без разлика колку е часот. Фала ти Боже. Можеби немам се што ќе посакам во животот, ама имам подршка, не сум сама. Имајте убава вечер и слатки соништа. Мене сега ме чекаат книгите, ќе си се дружиме. Така е, кога спијам по цел ден и навечер излегувам. Ама па, кој има време за учење? Нели нема спомени од учење.
И мене ми се има случено нешто слично. Машково ме симпатизирало, и се распрашал за мене т. Е. прашал негов вработен ( мој братучед што не го познавам лично, по фамилијата на дедо ми) за мене бидејќи имаме исто презиме со него. И тој исто така ме знае на име и почнал да го зафркава ааа братучеда ми вака-така.Е, ај океј тоа и почнавме да се гледаме, по едно 5-6 месеци сестра ми на наш трет братучед( по фамилијата на баба ми) му честита роденден и ме прашува :'Што му е П на М? ' Јас појма немам. Му се јавувам и ми кажува дека му е братучед Сватови Ја знае братучеда ми и внука ми што јас знам дека постојат а не ги познавам... После ги видов како си играат со малата на слика Неговиот татко има сестра што е мажена во наша фамилија т.е. На баба ми брат..... не сме во контакт со нив. И гратис... Овој братучед што работи кај него е женет. Неговата жена има сестра и таа ќе се мажела за некој од фамилијата на баба ми.
Не сфаќам само како може да постојат вакви гнаси од луѓe. Што му прднало се добило и пак да те јебе у здрав мозок. Ахх да можев да зборам, аххх. Све би ти испоплескала во тоа фацата одвратна, ама не. Ќе ќутиш да не правиш кавги и да не те напраат дека си луд. Да даде Господ се што си земал до сега да го даваш по болници. Се!!! Што убаво ми почна вечерва. Реков конечно се решивме од проблеми и нели кога најмалку очекува човек од тебе ќе се појавиш. Значи мора нешто да ти ја јаде и копа душата. Мора. Да цркнеш да бог да.
Неможам да сфатам како некои луѓе со години не ти зборел, одеднадеш иронично и злобно да се распрашува дали си положил или не. Неможам да ги сфатам, се хранат со несреќата на другите или што. Ми се гади од такви луѓе, што не си гледаат за себе јас незнам и неможам да сфатам.
Добро утроо луѓенца. Ви посакувам убав и пријатен ден. Мене ми изгледа бетер од хенговер(оти никад се немам испијанчено а главата тупан.) најверојатно ради непреспиената ноќ уопште и дружбата со саканите ми друшки тука. Но, денот ми изгледа убав. И тие се убави. Ги сакам. Ми го прават форумот поубаво место него бучниот кафич. Чирс ту дем
СДК... Децата се најголемото богатство кое чини богатство за да им овозможите пристоен раст и развој низ епохата наречена живот.
Убавината на септември не е во првиот школски ден, ниту во гроздоберот, убавината е во совршените сончеви зраци кои повеќе не ја горат кожата, туку ја милуваат и прават човек да се чувствува како да е на плажа дури и додека утрински мамурен оди на работа или во училиште. А пак оние попладневните, кога од работа речиси со потскокнување одиме пеш кон омилениот локал на пиво и чипс... ех, да е цела година септември... Туку, ги знаете оние луѓе кои имаат неосновано превисоко мислење за себе? Особено оние длабоко возрасните кои парадираат наоколу со својата ароганција? Крајно ми се антипатични. Сигурно мислат дека кога одат во тоалет, виножитца паѓаат во шољата, а испуштаат самовилски прав место нормални човечки гасови. Смешни се... знаете зошто? Затоа што речиси редовно немаат апсолутно никаква основа за да се чувствуваат посебни и да бараат од останатиот свет да ги гледа како божество. Умислени фаци, самопрогласени цареви на интелигенцијата, богатството, стилот... што ли веќе... Големи риби во мала баричка, па се чувствуваат доминантни, тоа се тие горди шефчиња во фирми со 20 луѓе... кредитоспособни за редовна исплата на ратата од новиот автомобил. Патетични снобови, се надевам секој ден треба да доаѓаат за услуга со истиот однос, да можам редовно да им ја гледам експресната смена на фацата откако ќе им кажам дека нема да добијат ништо заради односот, па веднаш после тоа да гледам како вртат телефони под прозорецот од канцеларијава да најдат некој друг пријател директор на сектор, шеф со мев и газда на некоја фабрика за печурки или склад со керамиди. Иииинаку, најголемото промашување во ризницата „мудри мисли“ е она - Секој има право на свое мислење. Не бе брат, не е така. Го читам случајот на @Sanjichka007 и професорот што ги нарекол сите муслимани „невредни“ и веднаш ми текнува дека такви неинтелигентни професори се на иста бранова должина со оние илјадници нехумани доктори кои ги имаме, агресивни полицајци, алчни политичари, неправедни судии... и по толку многу примери сфаќаш дека на луѓето мора да им се ограничи да размислуваат како сакаат, бидејќи едно е да си дома и да имаш став и мислење за случувањата во Велики Брат, ама друго е тоа мислење широко да го распространуваш на маса млади умови подложни на сугестии и со тоа да шириш омраза. И најстрашното е што ниту имаме механизам, ниту имаме желба и потреба да ги смениме овие нешта, тотална апатија за и од општествените случувања, комплетно преживување на оној краток период додека трепкаме со очите и романтичарски го нарекуваме - живот. Не сме ништо повеќе од расадник со цвеќиња несвесни за своето постоење, група растенија кои единствено своето семе ќе го измешаат со останатите за да го продолжат својот вид. Многу луѓе септември кој го спомнав, го доживуваат како нов почеток, како Нова Година. Но уште повеќе луѓе своите желби, соништа и планови ги имаат маргинализирано, само понекогаш и кратко помислуваат каков сакаат да им биде животот. Ако сте и вие еден од тие луѓе за кои септември е добар повод за остварување на сопствените соништа, започнете веднаш чим го изгасите прозорчето каде го читате овој текст. Ставете ги желбите, мислите и идеите најнапред, пред сите други размислувања, пред она дека сте гладни, дека професорот е злобен, дека немате ниту за автобус, дека дечкото ве гњави... ставете ја идејата што сакате да бидете најнапред и тргнете напред. Ништо повеќе за денес, само оптимистички дајте ѝ приоритет на таа мисла, дека сакате да сте писателка, дека сакате да сте професорка, да имате велосипед со реси, автомобил со сончев кров, две деца од кое едното ќе се вика Матеј или Ана-Марија или како и да ви е замислата, дека ќе бидете сè она кое сакате да бидете во животот. И потоа, секој ден, самата таа мисла која не сте ја изолирале од вашиот живот, туку напротив, таа е ваша најдобра пријателка со која пиете утринско кафе, со која појадувате, се возите заедно во автобус и ги потпевнувате омилените рефрени од песните на радио, таа е пријателката која ќе ви помогне малку по малку, навистина да ги остварите замислите и плановите. А сите кои успеале, знаат, дека добрите писатели спијат со книгата под перница, добрите кошаркари спијат гушнати со топката, добрите адвокати спијат и во сон ги рецитираат законите, зашто цел ден минале мислејќи на оној едниот закон од граѓанско... кој го подзаборавиле и ги мачи тоа што не можат да се сетат на него. Септември и за мене, сакал или не е нов почеток. Нова панорама пред мене, но исти очила. Ист пат, иста цел... нема застанување, нема откажување.
Предобро кажано!!Се согласувам потполно.Не е постот воопшто хејтерски,само ја кажуваш вистината и гледаш реално на работите.Браво
Никој во животот не постигнал ништо големо сомневајќи се во себе си. Сите ние сме створени за големи ствари. Ослободете го срцето. Истражувај те, барај те, просветлувајте се. Неуспехот не значи крај. Тој е само дел од почетокот на успехот... оти никој успеал уште првиот пат. Имајте убав ден и ширете позитивна енергија.
Предмалку во маркетот слушам една до мене: "Една таква и чекај да земам една поразлична од киви"...за штрудла од смокви Ако је зелено, онда мора да је киви Имајте убав ден
И браво сокот од зелено јаболко е од киви,и зелениот орбит што нема никаква допирна точка со овошен вкус е од киви Ме потсети колку пати сум била сведок на таков муабет
Ви кажав колку часовите по салса ме исполнуваат? Едвај чекам понеделник и среда да танцувам и да научам по нешто ново. Се чувствувам преродена. Со години одложував да одам, и се нешто ме спречуваше, ама од овој септември конечно почнав. За ништо не би се откажала. Тие два часа во неделата сум најсреќна, се чувствувам како да лебдам, како никој и ништо да не може да ми ја одземе насмевката. Танцот проследен со омилената музика, и јас сум непобедлива. Јас сум друга личност, силна и спремна да се борам против гладијаторите кои ме предивикуваат. Да можам секој момент би танцувала. Сакам секој момент така да се чувствувам. Нежно и силно во исто време. Убава и недопирлива. Заштитена, а своја. Танцот е мојата страст, тоа што ми дава храброст и верба. Тоа што ме воздигнува на некое друго ниво, далеку од секојдневието и човековата глупост. Ех, да си можев така бар секоја вечер, не мора преку ден. Уште партнер ми фали. Некој кој ќе умее да го почувствува движењето на моето тело и да ја разбере мојата душа. Е толку сакам.