Сите во животот имаме по една или две другарки и некои од факултет со кој сме многу блиски, знат се за нас, секогаш се тука за нас, да ни дадат совет, да не утешат. Како беше она, баш читав пред некој ден на нет, кога имаш некој да ти каже дека се ќе биди во ред, значи се е и во моментот во ред Другарка ми со која делевме се, ме разбудваше насабјле, заедно јадевме смоки со играчка и се радувавме на играчките ко мали деца, јадевме чипси со кечап, шо сега ги јадам и си плачам замина на работа во друга држава на 2 години, не знам каде ќе ме однеси животот после факултет и што ли се ќе правам, јас сум чоек шо не планира во животот, но знам дека секогаш ќе сме тука една за друга. Штотуку исклучив од скајп и и уште повеќе сфаќам дека претерано ми недостига, но нека ми е жива и здрава ако е среќна и јас ќе бидам ако и неа и е убо Да ми се живи и здрави двете, да ми се среќни шо и да одлучат јас ќе бидам тука за нив,, а и знам и тие за мене Интернетов чуда прави на денешницава па и ќе се осеќаме како да сме блиску. Добро утро Пипл, јас си пијам кафенце и ве читам и да поуживам во слободните денови кој ми преостанват, се додека не започнал семестарот. Убав ден имајте, насмевнете се и за вас поарно а можи и на некој ќе му го разубајте и денот, Ве љубам
Веќе подолго време утринското кафе ми е претворено со сладок чај... па што? И чајот има вкус и топлина.... Многу ме нервира фактот што никако не започнува свежата есен и нејзините убавини, беше време да уживаме во есенската магија што сеуште се мачи да простигне.. Се борам со мисливе, со секојдневието, негативноста и мелахонлијата, се борам... Не, не ми е добро признавам... Колку и да се обидувам да ги посочам мисливе на позитивност и подоброто утре, толку повеќе мелахонлијата ме потиснува...секојдневието ме убива.. А знам оти е период, знам оти овој период наскоро ќе исчезне... Ќе си го спакувам куферот и ќе одам далеку... ќе одам во поисполнер живот...во радости ... Знам дека ме очекува возбудлив период ... претчуствувам. Пријатен ден дами, жени, девојчиња и студенти, зачекорете секогаш кон патот на успехот и никогаш не се откажувајте, животот ни е борба а наше е дали ќе бидеме губитници или победници!
Од комшии најмногу ме нервираат тие што знаат се за тебе, кај одиш, со кого, кога одиш. Дај бе имате свој живот, не замарајте.
Додека ги расчистував купиштата фармерки, си најдов еден пар на кој не се ни сеќавам и како нови ми дојдоја Ми хепи
Инспирирана од вчерашниот шопинг го пишувам ова. Бев со другарка со која почнавме да дискутираме дека сум била ептен комплицирана кога било во прашање купување обувки и фармерки. Да, точно, комплицирана сум. Не купувам инцидентно како нејзе 2 мин пред затворање на продавница. Не значи дека ако е последна мода мора да ми се свиѓа, мора да го купам и дека е прекрасно, ако јас во него не се осеќам удобно, грд ми е материјалот или не ми се свиѓа како ми стои. Ако се осеќам ко робот во фармерките и не можам да седнам ко човек, јас мора да ги имам модерна да сум. Ако не ми се свиѓа моделот и е премногу шпиц и осеќам оти прстите внатре ми се еден на друг, ЈАС МОРАМ ДА ГИ КУПАМ, ОТИ СЕ ПОСЛЕДНА МОДА. Ако чизмичките што ги гледав прекрасни на изглед, кога ќе згазиш на нив ти едвај ја виткаш ногата, ѓоа дрво ѓонот, две недели ги поносиш и пукнале на пола. После цел ден да кукам ко неа како тоа имам рани на пета, прстите плускавчиња ми имаат, ноктот ми испаднал, не се поправале на чевлар штета ги платила 30-40е, зашто нели се последна мода и мора да ги имам. Ама неее, таа се осеќала убаво оти е модерно, сите нејзе ја гледале, знаела дека сите ќе ја прашаат аа ова од таму го зема лелее и јас сакав.. Човече, мене ако ме стега кај прстот, ако ми е грдо не ми е гајле што последна мода е и Џенифер Лопез, Миранда Кер, Лима и остала багра го носат ако не ми е удобно. И ај доста е, еве дур пишувам се нервирам за ова.
Значи мене коа ќе ми се деси нешто добро во животот едноставно не ми се верува или мислам дека е сон.Жими се.И не можам да уживам во моментот.До таму ли стигнав да очекувам негативно, а доброто да ме изненадува ? Is it too good to be true ? Денес ми е убав ден.Сабајле мерачки си станав, со музиче си го испив мерачки кафето па уз него и благ кроасан мх мх.. Полека си се спремив и отидов на факс по триста формулари и чуда, и си ги видов најмилите колега и колешка.Милина..пред некој ден зборував како сакам да почнам со факс.Ми фалело се. И вечер на кафенце со другарка ќе одам.Е така, ги сакам овие убави и исполнети денови.Ви пожелувам и вие да имате еден таков денеска
Луѓенца, да ми помине утрешното полагање, па викендот ќе си славам ПОЛУ-дипломска. Сум го положила најтешкиот испит, а не можам да си го уживам моментот во целост поради испитот утре. Ми иде да си заплакам од среќа! Ве честам сите што сакате. Имајте убав ден, со убави вести како мојата. Јас се враќам над книги, па утре ќе си земам доза уживање. Поздравче
СДК ... период чудно молчалив. Период кој или ќе изненади добро на крајот од патувањето или ќе почне да убива тивко ... Ќе видиме. Друго, да не заборавиме колку животов знае да не издигне до небо и да не лупне од земја добро. Секогаш да ни биде ова во глава. Еден ден си најсреќен, да ... ама другиот ден можеш да се испразниш целосно, да гледаш во една точка и се чудиш што ти се случило. Затоа бидете спремни секогаш дека се' е во животот релативно. Радувајте се умерено и тагувајте умерено ... Најважно не се споредувајте со другиот, не летајте високо, ни себе не се закопувајте длабоко. Тркалото наречено живот сепак се врти константно. И изненадува!
Сдк ме нервираат луѓе што нешто се договараат те организираат и после ќе им излезе нешто и пу пу не се важи договореното, или ај попосле ај утре. Е нема, таква зезанција скапо ги чини. Луѓето треба да се држат за збор, најмногу почитувам стабилни луѓе кога ќе кажат нешто кажано и сторено да биде. А оние другите тие ретко добиваат втора шанса за било што.
Зашто луѓето мораат толку да оговараат? Добро немаат живот? Најлоши се оние на училиште кои по цел ден само ти бараат мани -_-
Не ми е јасно како можат да исмејуваат некој само за тоа што го работи?Всушност,како може да им е гајле за тоа што го работи,а не се ниту роднини ниту блиски пријатели со човекот? Не разбирам како е срамота да се работи помалку платена работа.
Најбитна е упорноста. Не успеваат паметните...само упорните.Никогаш не е касно за ништо. Сакам упорноста да ме води низ животот и ме води, ке бидам упорна и ке ја исполнам својата цел, можеби малку подоцна, но најбитно е никогаш да не се откажуваме од поставените цели.
Секогаш кога ми е убав периодот страв ми е дека нешто ќе тргне наопачки. Ya Allah, не ми ја зимај овој пат среќата.
Убав ми е денот се радувам за сестра ми. Го пројде најтешкиот испит, а со тоа и ја ичисти прва година. Утре си доаѓа дома да прославиме. Едвај чекам да ја гушнам. Ми фали премногу, празно ми е без неа.
Како работам, како комуницирам и со онаа страна на светот, се повеќе сфаќам дека секаде е истото... И се повеќе сфаќам дека луѓето се ѓубриња. И дека оние бајни муабети за страст кон работата се безвредни. Мислам да, заради такви луѓе светов напредува, ама да бидеме реални - грото луѓе се морони без трошка емпатија, саможиви. Неемпатичност е и кога мислите дека заслужувате нешто, а не го заслужувате и ве вработуваат преку врски. Па вашиот гз седи на столче на кое би седел многу поспособен од вас. И еве вака заради такви како вас, ќе ми пропадне работа која е надградувана 2 години. Значи да повторам - 2 години... Па дури и да сте ок во она што го работите, ако сте седнати на столчето по пат - врска, истото важи за вас. Прописната селекција ќе го избере најдобриот, а самото ваше седнување таму не значи баш ништо, вие сте само една тачка со врски, а не успех сам по себе. Сега баш се осеќам сеедно. Какво време дојде, нема ни што да изгубиш достоинствено. Совеста ми е чиста... Колку и да е неверојатно, никогаш во животот букално за ништо не сум имала врски и не знам какви пријателски неосновани препораки, па дури и преку барата. Се со пот и труд... може не е премногу, ама брате, знам дека е лично мое. Само мое! И секое заработено денарче не е благодарение на нечија милозливост, туку со мускули. И пак ќе речам, не е само тука тоа - треба да имаш врски. Ох братко, секаде е така и за секоја професија. Со се оние инспиративни приказни дека нашите успеваат во странство. Позадината на нештата...е сосема друга. Профи сме во лижење задници та дури и на месечината. Кој знае да се пикне во задник, секаде ќе го биде. Општествено прифатливиот назив за истото е - нетворкинг. А во позадина се вика и - секс, дај да те частам ручек, јас сум подкажувачот, ти си ми топ другарче, дај да делиме, нејм ит. Може мојава мука не е таа, ама тоа што ми упропастиле се должи на вработен кој е вработен преку врска, ми го приспомна одговорната... демек пушти таков е... ахам. Ај здраво.
10 месеци во годината примам доста солидна стипендија од фирмата кај што е татко ми. Не е дека тие пари на готово ги примам, има услови со полагањето на предметите, секако. Не е тоа толку важно, здравјето е пред се ,но мило ми е кога ќе видам дека до сега сум ги исполнувала тие услови и со тие мои пари сум подпомогнала доста. Си го плаќам факултетот сама, книгите ,но секако и за мои лични желби. Добро за личните мои желби одат најмногу, но и не е толку важно. Но мајка ми, а и моите заедно, еве повторно си мислат во тие два месеци кога не примам, дека треба да ми даваат џепарлак и ми нудат упорно, за што сакам да земам. Но повторно, денес, се изненади мајка ми кога и одбив, бидејќи не сум трошела само туку имам и заштедено нешто. Добро, некој можеби и покрај заштеденото свое би си земал, никогаш не се на одмет , но јас ете не можам. Само кога би немала би си земала од нив, секако. Сакам да сум независна до крај и да биде како што јас сакам! А и таа карактеристика во мојот хороскопски знак ми е најмногу погодена. И си ја сакам де.