Се мислам цела минута дали сакам да ги измијам рацете со топла или со ладна вода. Е до толку сум нерешителна.
Животов е премногу краток за да се помине со негативности.Доста ми е од се.Уживам.Како сакам и не ме интересира ниту еден коментар од некој друг!
Се извинувам ако сум на погрешното место, ама ми треба итно помош: Знае ли некој/а од вас каде можам да најдам кригла од литар? Фала ви!
Едно прашање до велосипедистите кои возат по улициве облечени „а ла“ Тур де Франс – добро бе луѓе, у кој филм сте ставени? Овде секако не ги рачунам оние кои професионално се бават со велосипедизам. Пред(и) се, ова се однесува на оние кои мислат дека ако купиле точак од 1000-2000 евра, автоматски стануваат Ленс Армстронг. Зошто побогу ви е потребно бициклистичко оделце за рекреативна вожња по кеј или уште бетер, у град? Дали мислите дека ако се облечете у трико побрзо ќе возите, ќе делувате попрофесионално (да не речам, поспортски) или можда со тоа што ви се опцртува таквото автоматски живеете поздрав живот и побрзо слабеете? Еве, ја ќе ви кажам – све што сте постигнале е да изгледате како сперматозоид од рекламата на Дурекс. Нити мене, нити некој друг сте убедиле дека сте некој јак спортист или точакџија, само од километар се гледа дека имате поише пари него памет. Али, добро е – за среќа, за чување на тоа малце памет у главата си носите и шлем – аеродинамичен, секако, за да не ве успорува. Луѓе, дајте опрајте се и облечете се нормално – вашите муда, а и сите ние што ве среќаваме, ќе ви бидеме многу благодарни. Кога сме веќе на тема точаци, збор-два и за т.н. „bike Nazis“, кои се повеќе ги среќавам. Од една страна, мило ми е што се повеќе луѓе се решаваат да возат точак – како превозно средство или за рекреација, небитно – ама од друга страна, ми се темни што сеа и по тротоари морам да се среќавам со надркани фаци. Се качил на точак и мисли цел свет е негов. Порано такви беа само возачите на коли – ама, барем као пешак можеше да биде човек раат од нив. Ама сега човече, куртул нема. ОК, разбирам дека низ градов нема скоро никакви услови за возење точак. Ама, барем таму кај што има, вози кај што е наменето. Онолкава стаза на кеј, он со точакот се качил на делот за пешаци. Обележана патека на Партизанска, он вози у пешачкиот дел, па уште дрнка со ѕвончето – извини бате што те терам да прикочиш и што те ометам у вожњата, следен пат ќе рипнам у жардињерата за да не мора да подзастанеш. Управувањето со возило – точак, мотор, кола и што и да е – не ти дава за право да бидеш кретен и не треба да се користи како психотерапија или начин за ослободување од стрес. Никој од учесниците у сообраќајот не ти е крив што жената не ти дала, шефот ти се дерел на работа, продавачката ти дала бајат леб или затоа што имаш мало куре.Значи, без ѕвонење, свирење, викање и пцуење, молам. Малце се расплинав со мислењево, па да резимирам – малце поише сообраќајна култура и помалце вакви работи:
Да се надоврзам на муабетов на @Bender Rodriguez, баш вчера шетам навечер со мојов мажјак и се разминуваме во една споредна уличка, очигледно со татко и ќерка - тинејџерка и овој и ' вика: „Ама С... застани, не можам да трчам со хеланки“, од хеланките му виси средовечно пивско меше, а чоекот оди како, не дај Боже, нешто да му спикале ректално. Најјакото беше што девојчево го тролаше, па не застануваше. Не е за смеење, знам, ама колку што ми е познато, тесна облека не е баш здрава по машките гениталии. Така да... Се сложувам со горниот муабет.
Бруцошки ентузијазам левел бирање тетратки со таков мерак што би му доликувал на возбудено основче, и секако проучување на првиот купен учебник до толку што скоро со ниеден текст што ќе го учиш во текот на полугодието (семестарот де ) нема да се сретнеш за првпат. А кога си личност која има обичај да ужива во разгледување учебници секоја година откако памти за себе, знаеш дека си го направила вистинскиот избор кога за твоја идна професија си го избрала она по што учебникот секогаш ти бил најдолго во раце на почеток на учебната година. Simply priceless!
Требаше на една девојка да и продадам неколку книги што ги имам дупликат пошо сестра ми била на саем и од 6те книги шо ги купила 4 сум купил и ја. Девојкава требаше да ми даде 950 денари. Она имаше 1000 и викам ај ќе купиме еден сок од некоја трафика. Ко за беља, 5 трафики поминавме ниедна немаше ситно. И на оваа и здосади да шета и ми ги дава парите и ми вика ај почасти се. Почасти се? За момент се осетив толку мал, никаков, за никаде....... Фалеше уште да ми ги фрли парите и да ми рече you go girl !!!! Седи викам ќе пиеме едно кафе, ќе ми дадеш помалку и ќе ги продискутираме книгите.
@lunicka Не е единствен збор, има и други. Еве сега ми текнува на пример: ножици, панталони, фармерки...
Дома не знам точно колку касички имаме, во најразлични големини, форми и бои. Од прасиња и бубамари, па сè до јајциња и срциња. Некои од нив се отвараат од долниот дел, некои мораш да ги скршиш за да ги извадиш парите. Во таквите не ставаме пари, жал ни е да ги кршиме Синоќа решив да ја отворам мојата каса, веќе до врв се наполни. Исеков парчиња хартија, ножиците и селотејпот со мене, па ги сортирав по 10 парички, ги завиткав и обележав во кое купче колку денари има. Тоа ми останало уште од мала кога со татко ми ги броевме денарчињата. Овојпат пребројав точно 770 денари. Си мислам, па не се малку како за од кусур Помини-замини, ќе оставам нешто ситно, зашто мразам да влечкам железарии со мене. Татко ми ми ги земал вчера парите за да ги укрупни, а денес гледам ми оставил илјадарка на маса. Му викам: Абе тато знам јас колку си собрав, повеќе ми е мерак тоа што сум собрала да си потрошам, не сакам да ми даваш. А тој: Тие 230 плус, ти се за навиката за штедење Ај викам така нека биде. Да сум знаела дека така ќе биде дарежлив, немало порано сама да ги носам во продавница
Не знам како да објаснам. Тоа е необјасниво. Сакам врска со некого но во исто време знам дека сакам врска само за да ги почитувам правилата на социјализацијата. Јас не сакам да бидам со некој кој не го познавам. Туку така без причина. Сакам да бидам посакувана. Од илјадници. А моето срце да чука за еден. Сакам тој еден да се жртвува за мене. Сакам да бидам со некој за кој ќе чувствувам дека е мој правилен избор.Со некој за кој знам дека би го сакала и илјадници наредни животи. Со некој со кој ќе можам да се чувствувам слободно додека го држам за рака. Ете таков сакам.Но кога те прашуваат милиони личности зошто си сингл ти доаѓа да полудиш и тап во погрешна врска со погрешна личност во погрешно време. Грешка по грешка.Тоа правиме.Само за да бидеме во чекор со денешнината.
@Bender Rodriguez твoјaтa зaбелешкa зa гaрдерoбaтa нa велoсипедистите спoред мене не е нa местo...зa oстaнaтиoт дел oд твoетo мислење не кoментирaм, не сум билa вo тaквa ситуaцијa. Не свaќaм кaкo мoже дa Ви сметa кaкo е некoј oблечен? Уште пoвеќе штo тoкму тие штo ги стaвaш нa тaпет се сooдветнo oблечени. Рaбoтaвa е истa кaкo дa купaчи ВС смее дa нoси сaмo Лимa или дa се дувaме aкo вo грaд сретнеме девoјкa oблеченa кaкo зa нa мoднa пистa. И се мoже, нoси...Пa тaкa и нa oние oд твoјoт пoст, им се мoже П.С. се сеќaвaм кoгa @mirandaa вo сooдветнaтa темa пoчнa дa пoстирa свoи кoмбинaции. Нa некoј дo тoлку им пaднa вилицaтa штo прaвеa дрaми кaкo е крaткo, бледo, ширoкo
Епа слатко си се насмеав после долг и напорен ден кога видов "трофејчево" Кога поминаа две години... Лета времето Епа ај нека ми е со среќа, повелете на лимонада ( и/ли пиво )
од дома престанаа да форсираат брак кога ја видоа благодарницата се смешкаа(особено мајка ми) ама па јас размислувам како до 34 години да останам немажена(до тогаш сите другарки семејства ке оформат) што ке правам јас сирота-причина е факултетот кој трае 4 години освен за закоравен ерген или за разведен а може и вдовец ке ме дадат ова се само размислувања и да знаете дека на вас ви пишувам почесто оти немам на кого да кажам другарките секоја по свој пат ретко се гледаме(блиските) а моите дома за секоја ситница скандал прават
СДК..... 1.Нели е културно кога некој ќе го прашаш 'Како си?' да ти одговори и да те праша исто? Или јас сум грешка нешто? Значи, толку ми е тоа... Некултурно, нецивилирано. 2. На некои луѓе не треба да им се објаснува.. Колку е добро само молчењето и не трошењето енергија... Злато вреди.... 3. Ова важи за прилепчани.... Не секој ја има привилегијата да речи 'ЧЕ'. Така да си знаете кога некој ќе ве исмее за тоа.. Чистина на јазикот ми е тоа... Отколку од она скопско, шмизловско' ЌЕ' 4.Не му правете многу чест на другите.. Атери. Ако чувствувате дека не сакате, не правете... Ако не се чувствувате добро, не правете напори да ги задоволувате другите. Ретко кој ќе ви рече фала. 5.Btw Грешам дека јас секогаш правилно мислам. Peace JK