Ова беше еден убав ден... Некако почнуваат сите денови да ми се убави. Чудно. Порано не беше така, тогаш само дремев и чекав да дојде петок, па да уживам. А и во петок...не уживав. Пола ден броев секунди да заврши денот, а останатата половина онака. Едноставно се влечкав низ животот. А потоа, пред да си легнам, мрчев за сите „глупости“ што ми се случиле во текот на денот. Можеби минатата вечер ме фатија некои „бубачки“ па, паднав во „полу-депресија“ но тоа траеше само некои 15 минути. Ај чао (со уста полна пуканки), готови се пуканките!
За троличните кај мене на школо се СТОЛИЧНИ!Така да полошо е кај нас. За тестовите утре германски правам држете ми среќа! А и јас како тебе сакав побргу 8мо да завршам,сега ми се плачи кога ќе помислам дека ќе си се разделам од децата со кои сум веќе 8год. Верувај ми кога ќе завршиш 8мо ќе сакаш,да го вратиш времето,ама нема! Април,мај и јуни се најубавите месеци на школо сите сме весели,среќни се зафркаваме со професорите и така има смеа во нашата училница .А март кај и да е ќе помини уште 2 и пол недели . Да се пофалам Хемија на тестот одбив 5ка со 37 од 40 поенчиња
Предвреме им се извинувам на сите кои ке ми замерат, само сдк дека во последно време претеравте бе на овој фејзбуков со слики од новороденчиња, па тоа мало бебе кое го сликате на секој 5 минути и прикачувате слики... уште црвено па може некаде и модро на главчето, не му се гледаат ни очињата .... едноставно претеравте бе ... Ја сфакам вашата среќа, ама имајте респект кон вашето бебе, а милиони слики има на вашите профили ... жал ми ако навредив некој ... но тоа е . Барем нека една две недели поминат барем да се исчисти и да добие боја... жалам што сум горзна за некој со постов, ама некаде морав да напишам ...................
Издржливоста, упорноста и трпеливоста кога и да е ќе се покажат како значајни. Верувајте во себе, трудете се, истрпете, сето тоа вреди! Вреди и да вложувате во себе! Кога некој ќе ми каже што ќе ми е школото, глупости јас се знам, сакам ова да му го кажам, ама ајде некогаш е подобро да преќутиш.
Исповед: Се обидувам да ги прескокнувам твоите мислења бидејќи шириш негативна енергија. Ама ете, ова не можев, а да не го прочитам. Како може некој на свои 15 години да биде толку депресивен? Ако не можеш да решиш некој проблем, тогаш смени го твојот пристап кон него. Секогаш има безброј опции.
Си добив сестриче и братче денеска Повелете на мекици.Конечно и јас по толку време станав дада, редно беше.
Значи стана дадичка, честитам Блек. Ми кажуваше ти нешто, ама сега ми текна. Честитам уште еднаш, само среќа нека ги прати. Нема нешто поубаво од тоа да имаш брат или сестра, секогаш ќе имаш некој до тебе кога и да ти треба, секако нели освен ако не се раскарате, има и такви случки. Нема поубаво чуство од тоа да станеш дада, а понатаму и мајка, претпоставувам и тоа е убаво чуство, хаха.
Секој глеа максимално да те исцица...значи да искористи колку што може, цел твој талент и вештина и притоа да не каже ни фала.А па утре тебе коа ќе ти треба нешто, никој од тие нема да биде тука да ти помогне.Нема ни да се сети дека 80480 пати му имаш работа завршено бе.И притоа на сработеното бесплатно маани ти наоѓа..ова нечини, ова не вака, она не така.Па идете у мичку матер и згора на се личниот материјал си го трошиш за друг оти он нема доволно услови да го средиш. Арно рече чокерот...АКО СИ ДОБАР ВО НЕШТО НИКОГАШ НЕ ГО ПРАВИ БЕСПЛАТНО - feeling frustrated.
Колку се радувам кога ќе прочитам вакви убави вести .... Нека се живи и здрави големи нека растат и само среќа и здравје да ги прати цел живот Не само едно туку 2 наеднаш а Бравоо почни да уживаш во твојата нова улога на поголема дадичка
сдк ... Имам голем проблем сега,поради некои грешки во минатото кога сум била мала.Морам да се сетам на личности и се со тие личности од минатото,ама не ми текнува искрено.Не можам да се сетам,не ми доаѓа ќе пукнам луѓенца.Личноста на која што треба да и кажам,не ми верува дека не се сеќавам на ништо,дека не можам да кажам некаква лага само за да кажам нешто.Какоо,како да се присетам...како за инает не ми доаѓа ништо,го молам Господ цело време да ми помогне.Се работи за живот или смрт...како ? Ах,многу не убаво се чувствувам,ме боли,тешко ми е.
Гушни ме и не зборувај ништо,само молчи... знаеш секогаш се разбиравме без зборови... Болка до коски... плач и самотија...љубов и солзи... велат секогаш одат заедно... Копнеж за среќа и прегратка.... Спојлер ме убиваш,полудувам
Овој форумот почна и негативно да влијае на мене.. Си се зачитав во категорија „свадба“ па и си пуштив песни свадбарски, мислиш цел оркестар имам дома. Комшиите можеби се чудат кој прави касното свадба. СДК сакам да одам на свадба, да играм, да пијам, да јадам и пак да играм. Опседната сум со свадби, со бебиња. Чудно нешто се случува со мене. Добро, немаше да е трагично да не сум 15 години. http://www.youtube.com/watch?v=I_juk-Hhjrc Боже помагај!
Мозоков ми е оптоварерн со еден тон работи. Дел се битни, дел далеку од тоа, дел се мрачни и тажни, а дел убави и оптимистички. Период на промени и депресии. Одсекогаш сум се плашела од промени иако промените се добри. Одсекогаш паника ме фаќало околу тие промени. Јас многу лесно се навикнувам и прилагодувам на нови нешта, очајно се трудам да ги придобијам и целосно се врзувам со нив и им се посветувам, а сега знам дека треба да прекинам нешто, дека морам да продолжам напред, дека таа глупава работа само ме кочи во животот и неможам поради тоа да си ги средам побитните работи ама пак ми е тешко. И пак од една страна несакам, и неможам и ми се плаче. Плачам пред промените, еве ја, кај и да е треба да се случи и треба да напуштам едно место и тажна сум, иако знам дека веќе не е добро за мене ама живот... тоа е. Периодов многу ме мачат такви морничави мисли, песимистички, депресивни, сонувам одвратни работи, многу мислам на смртта и на тоа што ако загубам драга личност. Ме боли тоа и си плачам тивко и без никој да ме види. Се измачувам самата без да имам некоја причина, а ме плаши и тоа да не е некакво пречуство. Сакам да помине периодов што побрзо, знам дека ми е само некој тмурен период, ќе заврши... Еве утре ќе правам куќички и хранилки за птици, ќе го исечеме дрвото во двор кај што си се собираат, па ќе немаат каде ако не им направам нешто ќе се вдомат во другите домови. Ми треба нешто така позитивно што ќе ме окупира, нешто корисно за општеството и нешто што би ме одалечило од материјалниов свет. Веќе почнаа луѓево меѓу себе ко валути да се гледаат, а и денес на факултет професорката го спомна истото: „Вие треба да правите пари„ - ма немој, јас сакам на пример да го спасам светот од отпад и тоа не за пари!
Зошто толку внимание обрнувам на ситници, зошто ?? И зошто се нервирам за истите и дозволувам да допрат до мене неможам некогаш ни самата себе да се разберам, а не пак некој друг да ме сфати ама си знам и јас дека не треба така, ама и не е толку едноставно да го избегнам тоа..