Човек едноставно не може да прифати дека во некои ситуации е сосем немоќен, а судбината е кучка.[/QUOTE] За ова , горенаведено што е .... Има една теорија која вика вака: Колку повеќе моќ и контрола мислиме дека имаме , толку повеќе немаме и губиме. Та не сме саде ние, та не сме саде тука за да бидеме контролфрикови . А во однос на таквите ситуации, нема поголема доблест од тоа да се прифати состојбата и моментот . Таков каков што е , со цела суштина.
Сигурно многумина ќе си помислат дека сум откачила, ама ич не ме интересира кој што ќе помисли и ќе ми каже. Јас си запишав втор факултет, паралелно Возбудена сум како прваче. Едвај чекам да почнам со предавања, и да почнам ново поглавје во студентскиот живот. Вака нетрпелива и возбудена не бев кога го запишував првиот. Ептен лабаво ми беше. И како поминуваше време сфатив дека ми е piece of cakе и не се замарав, ни се залагав премногу. А сега, треперам, се тресам, нервозна сум, едвај ги предадов документите без да се онесвестам. Ииииии го чекам понеделник нетрпеливо. Си земав голем предизвик и искрено голема желба имам да успеам. Па и тетратки сум фатила да бирам. Овој пат нема да дозволам никој да ме спречи да си полагам на време, да си учам на мира и да си положувам со ред. Доста беше ставање на други личности пред себе си. Најбитна сум си, а богами и доволна.
СДК .... се извинувам ако некој се затекне од кажаново, ама морам, алармот веќе е ОН. Безобразни деца се повеќе, поради безобраноста на родителите и бабите или дедовците ( не верувам машката страна да е толку вмешана во воспитувањето). Крај. Прво превоспитување и учење ... како да се биде вистински родител. Со авторитет, а не со удоволување и штитење по секоја цена!
Да ти е алаф. Еве ти еден срдечен поздрав. https://33.media.tumblr.com/4b4908d272168a9cbcef18e8f7507629/tumblr_mrjhqlKD7J1rheqhwo1_250.gif
И ете,си помина првата недела откако почнав да одам на факултет. Се чувствував како изгубен Германец ,нит знам кај да одам,нит знам што каде е... Ах,тешко е кога студираш во друг град. Првите неколку денови додека се снајдов ми беше многу тешко,дури се каев што се запишав на факултет,па сакав да се вратам дома и веќе да не доаѓам. Почнав и да мислам дека нема ниту првиот испит да го положам,дека ќе ги разочарам моите,ќе се засрамам пред професорите...типична бруцошка криза,i guess. Бев скроз сама,не познавав никого,ама лека-полека ќе стекнам нови пријатели. Ете зошто ми се допаѓа кога одиш на друго место каде не ги познаваш луѓето, имаш прилика да почнеш одново,да речеме. На сето ова ќе гледам како на еден нов почеток,ќе се трудам да останам позитивна и покрај се'. Почнавме полека и со некакви активности на часовите,баш креативно и интересно ми се чини. Друга работа поради која баш се израдував е тоа што конечно и во живо,после година и пол(можеби и повеќе) допишување на нет се видовме со @Someonespecial! Штета што на само неколку минути се видовме,разговаравме за факсот малку и морав да заминам на следното предавање.Сепак и за тоа кратко време ми остави супер впечаток,исто како и прв пат кога ја читав на форумов. Специ,да знаеш и за на кафе ќе те барам ,само да се среди распоредот,па да знам точно кога ќе имам повеќе време. На сите потешкотии кои ги имав првите неколку дена заборавив веднаш штом пристигнав денес во родниот град,директно од автобуска станица си појдов кај баба ми. Душичка,како се израдува дека дојдов,па баба како баба,веднаш почна да ми досадува за јадење. Ќе престанам себеси да се сметам за дете кога мајка ми и баба ми ќе престанат да ми велат дека треба повеќе да јадам и нема веќе да ме нарекуваат ,,сине" . Конечно викенд доаѓа,вечерва една рок свирка таман за опуштање пред да заминам пак во Скопје. Вие што допрва треба да одите на факултет,само бидете опуштени и не се плашете,нормално е првите неколку дена да ве фаќаат кризи за дома да си одите,ќе бидете збунети итн итн...Ќе помине,just think positive.Сето тоа е фаза низ која секој бруцош минува.
Ги обожавам ваквите исполнети денови. Прво школо, па потоа ручек, си славев година и еден месец со најмилиот и на крај помагав при правење ајвар кај баба и дедо. Милина, сега чекам да ми пратат неколку теглички.
Здраво се хранам до девет и потоа во темната ноќ драматично вадам се' што имам во фрижидер и јадам....Човек сам да не ме остави. Сакав да кажам... што осаменост? Едно време мислевме дека не сме за оваа држава, па сега рипна глобализацијава и сфативме дека не сме ни за планетата. Секаде е исто, каде и да одиш - тука си. Затоа сакам да заглавам во некое африканско племе и да бидам на нивните локални тревки некој месец. Цивилизација бре мех.
Децата се возбудуваат за многу нешта. Секоја активност е нова авантура, нова можност за истражување, нов забавен и интересен предизвик Замислувам како би било кога секоја возрасна индивидуа ќе ја внесе таа детска енергија во својата работа, во потрагата по личните цели, во социјалниот живот и што е најважно во семејното функционирање. Многумина од нас ја изгубија возбудата за животот и едноставно само ги оставаат деновите да ги одминуваат. Летаргично, пасивно, студено, како и да не постоеле во нивната сложувалка. Склопени часови и минути како пропуштени можности за нови откритија, пронаоѓања, дружења. Завртете се кон чистиот мал лик и користете ја перспективата на децата со цел да ја разгорите онаа страст за животот која некогаш сте ја поседувале во себе.
Наjбедно чувство според мене е кога помагаш на некоj за нешто, се трудиш максимално да дадеш се од себе, за на краj да кажат дека сето тоа не чини и си крив што помагаш. Дефинитивно тие што велат не можам и не знам подобро си поминуваат.
Hahaaaa, a be ima, ima sekakvi moznosti, ic ne se sekiram. Pa moze do togas alistata site ke bidat od onie so ne se peglaat ehee
Чуството кога наоѓаш мотивација во стара, чуствителна лагана класична песна...се придружуваш кон добрата и искрена мисла, дишеш свеж и ладен ветер кој те олабавува и покрај се... Оние луѓе кои носат горчина и негативност во себе, кога на секоја работа гледаат со црнило, кога ги обвзема гневот и очајот, се токму тие луѓе кои не умеат да живејат, кои никогаш не се потрудиле да го погледнат животот и да му подадат рака... Жално но вистинито секојдневно се повеќе постојат и се одаваат кон дното на психата. Луѓе секогаш сакајте...љубете од душа искрено и чисто. Секогаш обидете се да ја пронајдете позитивата и топлата енергија во вас... Никогаш немојте да живеете со горчини и гнев, секогаш неизмерно црпете и дарете добрини... помагајте и заблагодарувајте се... Животот е прекрасен токму ако ги поседувате овие добра... ќе бидете секогаш убави и однандвор и одвнатре....ќе знаете да живеете!
Ооооо... Да знаете колку во животов не ве кочи стравот,туку тагата што ви виси на рамце секој момент... Со милион прашања кои ги наметнува и прави да се осеќаме мали. И не, нема врска со моменталното задоволство и убавина во животот, со некој моментален настан, туку има корени длабоки колку и најстарото дрво на светов. Што правите кога сте тажни? Јас се чувствувам здрвено и и да сакам да правам нешто, телото ми дава отпор.
Кога ќе рече некоја дека сите машки биле исти ми иде да ја фатам и да ја акнам од земја Еве ова бебенце овој дечко и овој маж исти се? Ете машки се, и? Ти личат на исти? Освен што имаат ист полов орган, друго што е исто кај нив? Си се облекла ко стриптизерка за на роденденско изненадување да одиш, провоцираш, сакаш сите погледи да се кон тебе завртени, 3 кила пудра, газот ти се гледа од кратките панталончиња, градник не носиш или имаш предлабоко деколте, се пијаниш, ќе те фати некој за една вечер, а после негово задоволство ќе те фрли ко искористен кондом....одиш дома, малку се прибираш, пак се облекуваш исто, пак пиеш и така се во круг и на крај пак ќе плачеш и ќе викаш СИТЕ МАШКИ БИЛЕ ИСТИ Не бе мила, ти си курва.... Исти се за само за тебе и таквите ко тебе, пошто немаш ни гордост, ни однесување, а културата ти е во минус. Никој не те почитува, никој не би сакал врска со тебе туку само секс за една вечер....ако биде во врска со таква ко тебе тоа ќе биде срам... ете затоа сите машки ти изгледаат исти.... За жал таквите никогаш нема да сфатите дека не се сите машки исти. Никогаш нема да ја запознете добрата, нежната, љубезната страна на машките, туку секогаш ќе бидете корисни само за нивно празнење....а машките нека си користат додека има такви лесни, и нека е*ат без пари секоја вечер...
Без разлика на што и да сум ,во која и да позиција дал добро дал лошо сакам да кажам на себеси и на таа можеби виша сила што постои фала...сепак понекогаш се жалиме за како немаме ова она ,неможеш вака така.. или сл... но сепак постои нешто меѓу нас или околу нас што ќе не свести да си кажеме фала и за волку пошто од тоа што го имаш ,може некој ни 1 % го нема..
Девојки, само што наидов на едно видео кое ја ширеше/рекламираше странава, и мислев дека ќе биде совршено ако го споделам тука. Јас никогаш не се откажувам, секогаш имам во себе барем малку надеж, така да кога го слушнав ова се изненадив дека всушност ќе се проба да се изведе ова, ама верувам дека може да биде направено. Сега за сега целта им е да го распространат ова насекаде, за сите да бидат информирани, па предложуваат да се сподели. Доколку сакате дискусија, може да се отвори посебна тема, ама ете мене би ми значело барем да го прочитате ова Не знаете колку се надевам во себе дека нешто ќе биде направено, за да имаме поквалитетен живот на земјава. "On September 25th 2015, 193 world leaders will commit to 17 Global Goals to achieve 3 extraordinary things in the next 15 years. End extreme poverty.Fight inequality & injustice.Fix climate change." http://www.globalgoals.org/
Човек сум што рето се жали, или подобро да речам бев таква. Бев спремна да премолчам, да преќутам ама нема шанси да се пожалам или најдам примедба на некој или нешто. Каде и да се соочев со некои особи, без разлика на кафе, вака уз пат муабет, автобус, постројка, чекање ред на шалтер, се нешто незадоволни, се нешто баш на нив ко за инат им се дешава, некој малер ги мава, се некој нив ги гледал намќорски, намерно им правел замки, немале работа, немале преспектива, па професорот не ги сакал, како некој ги оштетил, останале покуси и тн. Сето тоа се кажува со огромна доза на агресивност и најсилна експресија на сите негативни чувства насобрани врнатре у нив. Во такви ситуации имам улога на смрзнат слушач, слушам и како демек одобрувачки им климам со главата, демек "да у право си, баш на тебе, намерно е се ". Никогаш не ми се допаѓале такви луѓе, од секогаш сум гледала на нив како во празна рамка. Сега, од неодамна, се фаќам себе како знам да почнам да промрчам за нешто. И не се чувствувам своја и воопшто не сум добро во тој момент. Во тој момент само сакам некој да ме прекине, да ми рече shut the fuck up, ако треба и да ме плесне по образот за да се освестам и да замолчам. Исто, пар пати ми се случува да се испонашам на некој, а и самата да не сум свесна за тоа, да изреагирам бурно или така го сфаќаат другите, ИАКО не ми била таква првичната намера. И одеднаш само кога ќе ми кажат " еј, полека, смири се, што си напната, што си нервозна ". Останувам подзината и зачудена и прашувам "а направив нешто сега, зарем се издрав, па немав таква помисла ". Е тогаш се разочарувам, пошто сум станала несвесна за моите постпки, несвесна за сама себе. Како што го почнав овој мој пост, човек сум што ретко се жали, и ќе речам сеуште сум. Пошто и покрај стварноста во која се фаќам себе си, јас сакам да останам на своето и ќе кажам деке мене таа "особина" не ми се допаѓа. Сакам да ја искоренам додека сеуште не нашла добро легло.